СЈО го влезе во кучата за Ифтар... Видели су непријатеља.
За дивоградбите во општината разгледуваат ова-она
Ленче незнам дали била, ќе претрчав до општина на 5 минути ми е одалеченост
Ме интересира мене дали ќе направат нешто и со двоглавите орли со УЧК посвета на нив. Ако и таму замешаат прсти, можеби за некој грам ќе покажат легитимитет, со оглед на тоа што има две албански партии на власт со симпатии кон УЧКашка делотворба.
Мора целосно да се смени името и веднаш преговори, како и менување на историските книги, не треба да се занесуваме со Хеленистичкиот карактер на МК, било кое име ќе е добро, не се потресувам многу за тоа. Исто така и не треба толку тврд став према БГ мора да има заеднички празнувања на хероите. Тоа е единствен пат за оваа земја за економски просперитет.
Дали си ти нормален!?
Ко да го читам Геровски.
Па не е лоша идеја, гледаш на Американците воопшто не им е гајле дали потекнуваат од Германци, Прусијци, Шкоти или некои банту племиња од Африка.
Најголемата промена им е од зависна колонија во независна држава, а ние не сме ни колонија не сме биле ни само зависни, него под окупација на кој како стигтнал до полуостровов. Македонија и Америка не е исто. Американците како независен народ си измислија нов национален идентитет, и бричат на суво секој кој ќе го стави под знак прашање. Немале искалемен претходен состав со иста тежина па да го менуваат во нешто ново. Воопшто не ни се слични ни историите ни ситуациите.
Не само што ова е лоша идеја, него е Мајката на сите лоши идеи. Буквално пуштање на крв у вода а имаш барем три-ипол ајкули како директни соседи. И тие 145 земји што не признаа под националното име? Што да правиме со тоа? У ѓубре? Пу-пу не важи, ај отпочеток? "На, потпишете билатерални со нашево ново име, имавме епифанија од космички карактер и решивме да се редефинираме, нашите добри соседи ни помагаат околу тоа."
Па тоа ќе се реши само со влез во ЕУ и НАТО каде ќе нема толкава слобода да имаат политичарите, ќе бидат во служба на Брисел, а јас сум убеден дека да се решеше ова порано до сега ќе бевме членка, ако не грешам од 2004та чекаме датум. Да беше СДСМ ќе го решеше ова многу брзо, наместо патриотите, кои не уназадија.Но тоа е во минатото треба да гледаме во иднината и сегашноста.
Значи политичарите што ќе ги избираме тука нема да му служат на народот туку на интересите и агендите на Европската Унија и НАТО силите, на група луѓе кои никој тука нема да ги има изгласано, нити може да ги казни на било кој начин со негласање на нов мандат или да бара да напуштат функција ако не им се допадне што одлучиле да се спроведе во нашава држава. Комплетно си свесен дека вака функционираат ЕУ/НАТО структурите и ти се уште главечки сакаш влез таму? Лоботомија е најблаг збор што можам да го употребам во ситуацијава.
Прашај ја Полска што мисли за нивниот Доналд Туск. И на кои се начини сакаат да го линчуваат.
Игнорирајте ги вмроидите. Само така ќе се изгубат од темава.
Да, повик за херметички затворена echo chamber заедница многу ќе помогне во ситуацијава.