Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Можеше да се реши многу брзо постепено како се отвараат поглавјата од преговорите, слично како што прави Србија или Бугарија (знам, лоши земји како пример), доколку ги почневме преговорите 2004. Бидејќи без помош од странската заедница нема никаде да стигнеме.
Тоа ќе го решат големите глави од горе а не некои си истории и глупости, напротив добра соработка (научна) и дијалог имаме со сите соседи па и пошироко.

Инаку ни сме во НАТО само не формално нели, за ЕУ ќе почекаме кога ќе научиме калкулус, алгебри а не сендвичи на рабуши.
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Еј дечки, ај малце посериозно.


Немаме намера да ги трошиме парите на граѓаните за уривање на спомениците од „Скопје 2014“, но сакам барем една фасада да „соблечам“, рече премиерот Зоран Заев во денешната дебата со новинарите.

- Тоа се само желби на човек, но немам намера да трошам пари за уривање и за дислоцирање на споменици, за отстранување на врбите. Го ветив бројчаникот кој ќе врти при секоја украдена пара и тој ќе биде поставен кога ќе ја има првата правосилна пресуда дека се потрошени пари на криминален начин пари - рече Заев.

:гик::свиркам::pos:

Утре очекувам autistic screeching од Шарадата.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Еј дечки, ај малце посериозно.


Немаме намера да ги трошиме парите на граѓаните за уривање на спомениците од „Скопје 2014“, но сакам барем една фасада да „соблечам“, рече премиерот Зоран Заев во денешната дебата со новинарите.

- Тоа се само желби на човек, но немам намера да трошам пари за уривање и за дислоцирање на споменици, за отстранување на врбите. Го ветив бројчаникот кој ќе врти при секоја украдена пара и тој ќе биде поставен кога ќе ја има првата правосилна пресуда дека се потрошени пари на криминален начин пари - рече Заев.

:гик::свиркам::pos:

Утре очекувам autistic screeching од Шарадата.
СДСМ да го направеше 2014 - ДПМНЕ веднаш ќе го срушеше.
Одма, веднага.
Пронто!

Исто немаше да коалицираат со терористи.
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
СДСМ да го направеше 2014 - ДПМНЕ веднаш ќе го срушеше.
Одма, веднага.
Пронто!

Исто немаше да коалицираат со терористи.
Па не веднаш, ама полека полека, ќе го дислоцираа.
Особено ако Груевски го води ВМРО.
 
V

viktora

Гостин
Мислам дека тоа е реториката на нашиве патриоти, глупаво е да зборуваш за поделби во 21век. Доколку влеземе во Нато и Еу верувај дека никој нема ни да помисли на ова.
Гледаш што убаво си напишал.ДОКОЛКУ се откажеме од историјата,од нацијата,од јазикот и територијата ќе нема со што да влезиме во ЕУ и НАТО зошто нема да постоиме.Не те разбирам,кои ние?Колку што памтам ние не блокираме него блокирани сме од други.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Особено ако Груевски го води ВМРО.
И сонда на Јупитер ќе прати само на машински факултет да стави некој стиропор.

Не дај Ѕевс уште некој споменик на Александров или Михалов има портал да направи за да го најдеме Gordon Freeman и да потврди дека Бранко е крив, и дека Заев ќе ја продаде Македонија преку Албанската платформа и дека ЕУ е зло и ќе се распадне каде и да е.

Но, Gordon Freeman кога ќе го потврди ова тој ќе биде во Германија, таму работи и живее.
Благодарение на Бугарскиот пасош.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Заев вели дека ќе ја руши оградата околу Влада
Рандом вмровец - ееееј копиле муртинско, наместо да гради он урива

Заев вели дека нема да троши пари за да дислоцира споменици и остали срања од СК2014 пошто сме убер сиромашни и такви издатоци се непотребни
Рандом вмровец - еее пичко, значи ти се свиѓа проектот
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.349
Поени од реакции
18.230
https://www.invest.com/

Заев под итно да го тргни овај срам, сите превозници ја рекламираат страната, а на неа нема А за Македонија ...

Ете тоа се непотребни трошоци за стопанството и како капак тотално без цел и корист.
 
Член од
16 февруари 2014
Мислења
343
Поени од реакции
198
Да ама имало 6 милиона и он одма исплаќа субвенции, стипендии и такви не итни расходи. Ова не треба да се дозволи кога имаме толкав долг. Како ни бесплатни возења за пензионери, студенти, возови (замисли овие штрајкуваат а некои се возат бес пари), бански лекувања, субвенции за се и сешто-многу нечесно и ги зимаат со разни измени, да се послужам со една изрека ние немаме за леб а купуваме чоколади. Мора да се стегне ременот колку и да е тоа непопуларна опција.
Samo Nikola Popovski. :)
 
Член од
1 ноември 2005
Мислења
2.142
Поени од реакции
1.256
Pa ne ke bide losho da frli nekoja para i na Bejli nekoe spomeniche da se krene. Chovekot e najzasluzhen za Novoto Sonce na Slobodata.
 
Член од
3 март 2013
Мислења
2.678
Поени од реакции
1.357
Заев вели дека ќе ја руши оградата околу Влада
Рандом вмровец - ееееј копиле муртинско, наместо да гради он урива

Заев вели дека нема да троши пари за да дислоцира споменици и остали срања од СК2014 пошто сме убер сиромашни и такви издатоци се непотребни
Рандом вмровец - еее пичко, значи ти се свиѓа проектот
Мене најаки ми се коментарите на курир ко ќе ги читам :D

- Заев го укина екстерното.
И долу лавина коментари: Овај ништо не знае освен да укинува и кради.

- Заев ја руши оградата околу влада.
И долу лавина коментари: Овај ништо не знае друго усвен да руши, а да изградеше нешто? (y)

Многу ме интересира какви коментари ќе има радиодифузна ко ке му напишат дека ќе се укинува :D
 
Член од
20 декември 2015
Мислења
226
Поени од реакции
84
Еј дечки, ај малце посериозно.


Немаме намера да ги трошиме парите на граѓаните за уривање на спомениците од „Скопје 2014“, но сакам барем една фасада да „соблечам“, рече премиерот Зоран Заев во денешната дебата со новинарите.

- Тоа се само желби на човек, но немам намера да трошам пари за уривање и за дислоцирање на споменици, за отстранување на врбите. Го ветив бројчаникот кој ќе врти при секоја украдена пара и тој ќе биде поставен кога ќе ја има првата правосилна пресуда дека се потрошени пари на криминален начин пари - рече Заев.

:гик::свиркам::pos:

Утре очекувам autistic screeching од Шарадата.
Барем Војнот на коњ и споменикот на Душан мораат да се срушат.
 
S

silmarillion

Гостин
Треба да си од Центар за да те боли стварно и да не жалиш пари да го срушиш сељачкион кичерај на кој се палат џиберите немиени кои од Врање Перник и Платамона подалеку не отишле. Заев ти идат локални у Центар, не ти е ич паметно ова што го кажа.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
СЈО го влезе во кучата за Ифтар... Видели су непријатеља.

За дивоградбите во општината разгледуваат ова-она :)

Ленче незнам дали била, ќе претрчав до општина на 5 минути ми е одалеченост :love:
Ме интересира мене дали ќе направат нешто и со двоглавите орли со УЧК посвета на нив. Ако и таму замешаат прсти, можеби за некој грам ќе покажат легитимитет, со оглед на тоа што има две албански партии на власт со симпатии кон УЧКашка делотворба.

Мора целосно да се смени името и веднаш преговори, како и менување на историските книги, не треба да се занесуваме со Хеленистичкиот карактер на МК, било кое име ќе е добро, не се потресувам многу за тоа. Исто така и не треба толку тврд став према БГ мора да има заеднички празнувања на хероите. Тоа е единствен пат за оваа земја за економски просперитет.
Дали си ти нормален!?

Ко да го читам Геровски.

Па не е лоша идеја, гледаш на Американците воопшто не им е гајле дали потекнуваат од Германци, Прусијци, Шкоти или некои банту племиња од Африка.
Најголемата промена им е од зависна колонија во независна држава, а ние не сме ни колонија не сме биле ни само зависни, него под окупација на кој како стигтнал до полуостровов. Македонија и Америка не е исто. Американците како независен народ си измислија нов национален идентитет, и бричат на суво секој кој ќе го стави под знак прашање. Немале искалемен претходен состав со иста тежина па да го менуваат во нешто ново. Воопшто не ни се слични ни историите ни ситуациите.

Не само што ова е лоша идеја, него е Мајката на сите лоши идеи. Буквално пуштање на крв у вода а имаш барем три-ипол ајкули како директни соседи. И тие 145 земји што не признаа под националното име? Што да правиме со тоа? У ѓубре? Пу-пу не важи, ај отпочеток? "На, потпишете билатерални со нашево ново име, имавме епифанија од космички карактер и решивме да се редефинираме, нашите добри соседи ни помагаат околу тоа."

Па тоа ќе се реши само со влез во ЕУ и НАТО каде ќе нема толкава слобода да имаат политичарите, ќе бидат во служба на Брисел, а јас сум убеден дека да се решеше ова порано до сега ќе бевме членка, ако не грешам од 2004та чекаме датум. Да беше СДСМ ќе го решеше ова многу брзо, наместо патриотите, кои не уназадија.Но тоа е во минатото треба да гледаме во иднината и сегашноста.
Значи политичарите што ќе ги избираме тука нема да му служат на народот туку на интересите и агендите на Европската Унија и НАТО силите, на група луѓе кои никој тука нема да ги има изгласано, нити може да ги казни на било кој начин со негласање на нов мандат или да бара да напуштат функција ако не им се допадне што одлучиле да се спроведе во нашава држава. Комплетно си свесен дека вака функционираат ЕУ/НАТО структурите и ти се уште главечки сакаш влез таму? Лоботомија е најблаг збор што можам да го употребам во ситуацијава.

Прашај ја Полска што мисли за нивниот Доналд Туск. И на кои се начини сакаат да го линчуваат.

Игнорирајте ги вмроидите. Само така ќе се изгубат од темава.
Да, повик за херметички затворена echo chamber заедница многу ќе помогне во ситуацијава.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom