Имам едно анкетно прашање и би ценел доколку го образложите вашето мислење во однос на 4-те главни барања на албанските партии, барања кои ќе бидат бетонирани утре на нивна сеалбанска лидерска средба кај Ахмети:
1. Албанскиот да стане втор официјален јазик (како уставна и законска категорија на ниво на цела држава)
2. Редефинирање на уставно-правниот поредок (кантонизација и федерализација - барање на БЕСА и албанската дијаспора)
3. Консензуално одлучување за сите битни општествени и политички прашања ( + премиер/претседател/спикер на собрание да биде Албанец, министерски и директорски места во највиталните државни институции)
4. Рамномерна распределба на буџетот (ова ми е најнејасно но претпоставувам се мисли на нешто слично како вработувањата по рамковен клуч за албанците, односно по закон или по клучот на некој нов рамковен, директно од буџетот на РМ кој го полнат сите правни и физички лица од територијата на цела МК да им се префрла пари на сметките на локалните самоуправи со кои раководат Албанци или каде што имаат мнозинство или можда каде се над 20%...или со други зборови цела држава а особено македонските граѓани и општини да работат за албанците и за албанските општини, како што е случај со рамковно вработените албанци за кои знаеме дека огромен дел (чест на исклучоци) не ни се појавуваат не ни знаат за каде им е решението за работа)
Ме интересираат вашите размислувања во насока на тоа дали овие барања се оправдани, дали се добри и позитивни за Македонија и македонците, дали ќе придонесе за „подобар живот“ на „сите граѓани“, дали ќе придонесат за нови работни места, подобра економија, враќање на иселените, поголема демократија, мир, безбедност, просперитет, еднакви можности за сите граѓани, просечна плата од 30.000 а минимална од 15.000, соживот, слобода на говор, слобода на медиуми, живеење во недиктатура и без режим итн итн?