Вчера на утакмицата Пелистер - Шкендија, покрај што клубот мој најсакан го освои купот, имаше интересен момент на кохезија на знамињата на двете навивачки групи и тоа шо посебно ме радува, тоа беше во градот на идниот наш премиер, кој најави дека доаѓа ерата на зближување на Македонците и Албанците.
Се споија орелот на жолта и орелот на црвена позадина!
Зошто, ќе праша некој - со воведување на ново знаме! Кога толку многу и на едните и на другите ни значи орелот, дај да го ставиме во знамето и едните и другите да бидеме задоволни! Ем ортодоксија и танатос ем орело на браќата, дури можи и друг елемент да се додаде, како на владемкд знамето што е на пример, само со лав и ѕвезда и сонцето нормално да свети! Ете задача за хералдичарите - македонски јунаци! Башка и Србите и Грците и Бугарите погодени, ама за арно погодени!
Да ти пукни душата Грујо, да беше поербап досега ќе го дотераше ова, а не сега да се шеташ по тавани ...