Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
24 април 2008
Мислења
10.684
Поени од реакции
11.915
добро, како да ги квалификувам и да ги земам предвид овие твои изјави? Дека се шегуваш? Затоа и зборам дека си бил отсутен последниве 2-3 години. Контрапротестантите за црквата, за шарените, ...

и за ова не си сериозен. Прочитај за сите случаи како се одвиваа, документи како се криеја. Или ете ти го последниот Труст, укинување на притвор за осомничено лице за 17 милиони евра. Тоа е саботажа и блокада на работата на сјо.

но ти тврдеше дека ова не е ништо невообичаено. Ја спомена Јапонија. Па тврдеше дека сите се исти...Дали вакво нешто се случило во нормални држави, ете и кај нас, дали порано се случил ваков напад на парламент? Да или не? Дали досега имало вакво предавање на власта? Со оружје, насилство? ниту во социјалистичка Македонија. Јас не паметам.

Многу добро знам, подобро од тебе пошто сум прилично постар ама да не разводнуваме муабет. Ова е прва ваква шанса да се гони криминал од вака големи размери. Сјо тргна добро, за жал другите институции го блокираат. Ако е се исто, избори не треба да има во иднина. Тогаш поддршката од протестантиве за барањето на вемерето за нови избори е непотребна и непродуктивна. Но за да се заштитат криминалите, вакви протести беа потребни.
Да не сакаш и потврда дали паднал секс во тоалетите во парламентот во Јапонија, па да правиме споредба со македонскиот парламент - за кој сеуште немаме потврда дека паднал секс во некој од неговите тоалети ?

Не можам да ти одговорам на прашањето дали и во други држави се случувал напад врз парламент со оружје и со насилство бидејќи не сум запознаен со историјата на сите парламенти низ светот.

Помнам дека во Русија болшевиците го распуштиле првиот демократски избран парламент со апсење на пратениците кратко време после октомвриската социјалистичка револуција во 1917 година, но тоа било надвор од парламентот, па не се важи за твоите критериуми.

Но останувам на ставот дека ѓубрињата од луѓе наречени политичари во целост заслужуваат и ќотек и јавно линчување за сите гнасотии кои му ги имаат направено на македонскиот народ, а единствено жалам бидејќи не сите 123 ѓубриња од луѓе во Собрание не кркале еднаква количина од стапот.

И да, останувам на ставот дека и едната и другата криминална страна на паричката се исти.

Ако навистина си постар, тогаш ептен си за жалење бидејќи негуваш надеж за правна разрешница, за која јас ти повторувам дека нема да ја има, или ако ја има, само ситните риби ќе го кркаат стапот, а големите ќе си продолжат како досега, или во најлош случај ќе им се придружат на Владислав Тамбурковски, Владо Димов, Драган Даравелски и бројни други - за кои веќе имаш судски пресуди, но тие не се ни на македонска територија, а камо ли па позади затворски решетки. Го имаш и Владо Бучковски за кого веќе има правосилна судска пресуда, но никако да заврши зад затворски решетки.

Очигледно разликата помеѓу мене и тебе е во тоа што ти си селективен во поддршката за СЈО, додека јас сакам правна разрешница за сите криминални дела, а не само за тие за кои СЈО има отворено предмети. И бидејќи знам како завршија судските предмети за сите бројни криминални дела низ децениите, воопшто не негувам надеж за правна разрешница за предметите кои ги има отворено СЈО, бидејќи знам како функционира партиското судство.


@Dexter26 Ти ги читам постовиве и ме нервира што со Ireal ти праат споредби, посебно the headmaster параноја, ама ќе ми акне бан на лична основа ако продужам. Во некоја мерка се согласувам со твоите постови, мада мислам дека негде ја губиш, како ланс си ми сличен. Јас интензивно го критикувам обидот за воспоставување на режим на паторот и во тоа многу штабски ментални инвалиди гледаат прилика да ми закачат етикета, што е нечесно. Сакаш да држиш неутрална страна во однос на двете лоповски групи што ја узурпираат власта и тоа е легитимно и многу нормално.
Е сега - пошо ти е добро познат политичкиот контекст, што е идејата понатаму? Револуција овде не се случи. Нема ни да се случи. Ти не предлагаш никакви решенија, ниту насилни, ниту ненасилни (ај да не ги нарекувам демократски, излитено е).
А еве да ти го земам постов за пример:

Една година владата на чие чело беше паторот им немаше канцеларии дадено - као за почеток. Барањата за притвор на лицата што се осомничени се одбиваат на шала. Една брколинда со десетици обвиненија против себе нема ден у притвор поминато, истото важи и за Горан Груевски, миле и сите од прв до последен. Од друга страна надлежните судии земаат годишни одмори у март, април, боледувања, фрчат казни за обвинителките за навреди, а во седниците во собрание на кои главниот обвинител од СЈО поднесува извештај истите се пцуени, навредувани, исвиркувани. Ова е само тревка од купот. Истите материјали се доставени и до кумашинот-јавен обвинител и типчето три години нема составено ниедно обвинение - 0, компир. Ова не е блокирана работа на СЈО? Како овие работи ти промакнале жити све?

Пошо неќам да сум за жалење, дај кажи ја разрешницата. Да си купиме цел народ капсули со цијанид и да напраиме групно самоубиство? Да дигаме револуција? Кој ќе дига револуција?

Жално е што оправдуваш партиско-мафијашки напад врз собрание. Во тие земји кои што ги зборуваш, пред да влезе во парламентот, толпата три дена се тепа со полиција по улици, полиција која врши должност, а не наредба на фамилијарни џелати како чавката, што не дига телефон на министерот под кој е потчинет, туку само на jefe на мафијата, паторот лично. Тука не влезе „народ“ во парламент, влезе орда од платеници и избегани од Бардовци низ отклучена врата со намера да убие или тешко повреди легитимно избрана нова власт (колку и на мене и на тебе да не ни е по кеиф).
Најлесно е критикување од страна на сите инволвирани во настаните и грицкање семки, без некоја конкретна идеја.
Во ред е да го критикуваш пастирот на пвеводбениците, но не е тој единствениот проблем во Македонија, проблем се и племенците со кои пастирот беше во коалиција додека беше на власт, а со кои и зајковците-кукурајковците планираат да прават коалиција за да дојдат на власт.

Настрана режимот на пастирот, има и режим на племенците од 2002 година па наваму, за кој ниту една влада од 2002 година па наваму не покажала интерес и волја за да ги спроведе пред суд и да им суди за нивните злосторства.

Не оправдувам партиско-мафијашки напад врз Собрание, само спомнав дека воопшто не ги жалам тие кои го кркале стапот, туку жалам бидејќи не сите 123 ѓубриња од луѓе во Собранието не го кркале стапот.

Дали мислам дека тепачите треба да завршат зад затворски решетки ?

Секако дека да, но лично мислам дека на тие кои не` тепаат со долгови и парализирано општество треба да им се даде приоритет за заминување позади затворски решетки.

И да, во право си, најлесно е критикување од страна на сите инволвирани, но тоа е проблемот со кој се соочува нашето општество - имаме народ кој знае да чита и пишува, но сепак на интелектуално ниво е неписмен, бидејќи на сите избори гласа за едните или за другите криминалци, а на мене лично тоа воопшто не ми делува како прифатливо решение, симнување на една криминална банда од власт и нејзино менување со друга криминална банда на власт, за мене тоа е неприфатливо.

Кое е решението ?

Па го спомнав поназад - гласање за некоја трета опција, бидејќи веќе знаеме дека со овие две опции нема мрдање од место, треба интелектуално описменување на неписмената раја, бидејќи во спротивно ни СЈО, ни Пржино, ни ништо не го спасува овој народ.
 
Последно уредено:
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Ѓорѓи мисли дека јазичната наука завршува со поделбата -- наши и туѓи зборови. :D
А ти мислиш ли воопшто. Една нормална реченица, која не е погрешно напишана ја протолкувавте како неписменост, неписмени едни. Ајде да е лошо напишано, ОК, ама не е.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Боље рат него пакт:D
Па потоа Србите кукаат дека во Втората светска војна изгубиле скоро 1 милион луѓе.
Србите за тоа и служат, да бидат нечие топовско месо, како шо бугарите имаат историска улога да бидат слугите на злото.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Да, можам.
Ти спориш дека не беше дотичниот во бегство? Дека Зврлевски како ненадлежен обвинител има право да поднесува жалба до Врховен? Дека искомпромитирани дудлачици Лаличич, Бахчованџиевака имаат кредибилитет да ја преиспитуваат одлуката?
Тебе не ти се дискутира од други причини, не дека ти е страв да не ја "оштетиш" темава со неквалитетна дискусија, туку дека јасно ти е дека случаите кои ги трерираат СЈО и тоа како имаат подлога, за што прееска си призна, а до скоро (и уште) фрлаш со дрва и камења по нив.
Слободно игнорирај го случајот и пикирај си некој за кој курир и република ќе имаат спремено пропаганда полна со лаги и измислици, па ќе можеш тука да ни ги сервираш.
1. Ништо не спорев.
2. Ништо (ниту лаги, ниту вистини) не сервирав.[DOUBLEPOST=1494923601][/DOUBLEPOST]
Додека не сфатиме дека не се членува во партија за партијата да ни обезбеди работа, нема да не биде.
Новите вработувања (на новата влада) ќе бидат со „амин“ на „чадорот“.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.684
Поени од реакции
11.915
Србите за тоа и служат, да бидат нечие топовско месо, како шо бугарите имаат историска улога да бидат слугите на злото.
Тоа е жалосно, ама никој не ги тера ниту едните, ниту другите да прифатат такви улоги.

Проблемот е во тоа што многу се лесни за манипулирање со евтини националистички приказни и ветувања - типичен балкански идиотизам, како што кога над Мариово се спуштила магла, Итар Пејо им рекол на мариовчани "волна, селани, волна", и цело Мариово се стрчало по маглата.

Националистичкиот шовинизам е најлесна приказна за продавање - бидејќи секогаш е бесплатна, оти немет платно. :D
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
@Dexter26 , треба да ти стане јасно дека имаат партиска насока да не се навлегува во дебата во која нема контрааргументи, мислиш дека не знаат која е поентата на дискусијата?
Точно знаат, проблемот е што ако се прифати дискусија од тој тип, тоа отвара прашања што не одат во прилог на шаблонот.
Следен чекор е да те дискредитираат, веќе започнуваат со дефокусирања преку некој саркастични досетки.
Еве напиши дека се согласуваш со тоа дека потребна е да се понесе одговорност за цтниот понеделник и црниот четврток, за цеолкупниот коруптивен и партизиран систем...и?
Следен чекор кој се избегнува е конкретни решенија за конкретни проблеми, а тоа не може со шаблонски флоскули.
Дисксуија за трета опција се сведува на не госитни отпорот, и дека една единствена опција за промена на сегашната власт е таа, нивната што е точно, но одењето чекор понатаму е проблемот и преземање на одговорност заедно со власта...
Одлично.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.733
Поени од реакции
12.162
Да не сакаш и потврда дали паднал секс во тоалетите во парламентот во Јапонија, па да правиме споредба со македонскиот парламент - за кој сеуште немаме потврда дека паднал секс во некој од неговите тоалети ?.
ти тврдеше, да те цитирам
во развиени држави како Јапонија и Јужна Кореја се случува барем еднаш годишно, во Украина дури и пратениците ...
Да се потсетиме -Ти тврдеше дека е или ќе биде исто. Очекував конкретен пример каде тоа се случило секоја година. Со Украина споредбата не е адекватна. Наместо да се угледаме на нормални држави, ние критериумите ги спуштаме на дно. Значи засега е без преседан барем во Македонија и европските држави и не е точно она што ти го напиша.
Ако навистина си постар, тогаш ептен си за жалење
пак да ти повторам-ниту барам од тебе да ме жалиш, ниту темата сум јас.
Со овие примери самиот гледаш дека не е исто. Дека економските параметри се лоши. Дека ниеднаш досега, до пред 1 деценија, вака масовно не се влечеше администрација на улица. Не збориме за двајца, 50 или 500. Збориме за илјадници административци на кои некој им дозволува да излезат од работа, им организира сендвичи и превоз. Контрапротести од овие размери со административци ако имало, те молам потсети ме каде и кога, јас ќе го повлечам моето тврдење. Ако не, значи и во тој контекст си тврдел нешто погрешно.

Очигледно разликата помеѓу мене и тебе е во тоа што ти си селективен во поддршката за СЈО, додека јас сакам правна разрешница за сите криминални дела, а не само за тие за кои СЈО има отворено предмети.
неколкупати ти повторив-поддршка на сјо за борба против криминалот. Заради општиот хаос во кој е судството, по заслуга на довчерашната власт, ние сме во оваа каша во која сме. Не заради некој трет. За селективност согласен сум. Но треба да го впериш прстот во сјо и во довчерашната власт, не во мене. Јас немам моќ да селектирам, но се надевам криминалот ќе биде санкциониран.
Но дали тебе не ти сметаше овие 2 години (откако постои сјо) па и претходно, селективноста на ојо и на довчерашната власт?
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.684
Поени од реакции
11.915
ти спомена, да те цитирам

очекував малку посериозно да ми дадеш конкретен пример каде тоа се случило. Со Украина споредбата не е адекватна. Наместо да се угледаме на нормални држави, ние критериумите ги спуштаме на дно. Јапонија и Ј Кореја не знам дека имало упад на насилници во законодавниот дом. Значи засега е без преседан барем во Македонија и европските држави и не е точно она што ти го напиша.

пак да ти повторам-ниту барам од тебе да ме жалиш, ниту темата сум јас.
Ти тврдеше дека е или ќе биде исто. Со овие примери самиот гледаш дека не е исто. Дека ниеднаш досега, до пред 1 деценија, вака масовно не се влечеше администрација на улица. Не збориме за двајца, 50 или 500. Збориме за илјадници административци на кои некој им дозволува да излезат од работа, им организира сендвичи и превоз. Контрапротести од овие размери со административци ако имало, те молам потсети ме каде и кога, јас ќе го повлечам моето тврдење. Ако не, значи и во тој контекст си тврдел нешто погрешно.

неколкупати ти повторив-поддршка на сјо за борба против криминалот. За жал селективност очигледно има. За селективност треба да го впериш прстот во сјо, не во мене. Јас немам моќ да селектирам, но се надевам криминалот ќе биде санкциониран.
Но дали тебе не ти сметаше селективноста на ојо и на довчерашната власт? Барем за овие 2 години откако постои и сјо те немам прочитано да се изјасниш дека ти пречи нивната селективност. Ако сум грешка, посочи ми каде.
Зошто споредбата со Украина не е адекватна ?

ЕУ го поддржа присилното симнување од власт на демократски избран претседател во Украина во 2014 година, и досега не ги осудила нападите врз пратениците во украинскиот парламент, а како што знаеме, молчењето значи одобрување.

Па не знам колку навистина ова со административците е без преседан, помнам дека како што пвеводбениците ги снимаа и ги етикетираа средношколците и студентите кои протестираа против екстреното тестирање во 2014 и 2015 година, така и СДСМ ги снимаше и ги етикетираше граѓаните кои протестираа против приватизацијата на ЕСМ. Но тие не беа административци, па не се важи согласно со твоите критериуми.

Како што јас гледам на работите, пвеводбениците само го копираат тоа што нивните претходници го правеа, со разликата што го прават на многу повисоко ниво, а тоа е уште еден доказ дека нема разлики помеѓу едната и другата криминална страна на паричката.

Немој да си спомнал дека немало партизирана администрација кога СДСМ биле на власт, бидејќи во тој случај прекинувам секаква дискусија со тебе. А тоа што администрацијата не учествувала во протести или контра-протести кога СДСМ биле на власт е оправдано само со тогашната големина на администрацијата наспроти денешната големина на администрацијата, која денес е 10 пати поголема, ако не и повеќе. Кога СДСМ биле на власт имало помалку партиски пулени во администрацијата, па затоа и помалку бирократи учествувале на протестите и контра-протестите, за разлика од денес. Но бидејќи лично познавам некои од тие партиски пулени и од едната и од другата политичка партија, можам да ти потврдам дека и порано учествувале во протести, со разликата што не биле забележани, бидејќи ги имало помалку наспроти денес.

Секако дека ми смета селективноста на ОЈО, а причината зошто немаш прочитано мои коментари за СЈО е бидејќи немам доверба дека нивните обвинителни предмети ќе резултираат со правна разрешница и барем засега сум во право. Жал ми е ако си разочаран од ваквиот исход, но тоа ни` следува со неписмена раја која на сите избори гласа за едни исти криминални групи на двете страни на паричката.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.733
Поени од реакции
12.162
граѓаните кои протестираа против приватизацијата на ЕСМ. Но тие не беа административци, па не се важи согласно со твоите критериуми.
.
пак истото. Не се тоа мои критериуми. Една работа е протест на граѓани, друга е контрапротест на буџетари, административци. Не да не е исто туку е ептен различно. Башка, додека траеше шарената, која беше целта на контрапротестантите (сега протестанти), и тие поим немаа.
Немој да си спомнал дека немало партизирана администрација кога СДСМ биле на власт, .
најголема партизираност започна од Љубчо. Мене 1989-1992 во државни комбинати не ми барале книшка. Од 1998, едните почнаа (И хигиеничари и шофери), другите продолжија. За да од пред неколку години, скоро единствен критериум стана поседување книшка и мафтање на протести дури и за инкасатор.
помалку бирократи учествувале на протестите и контра-протестите, за разлика од денес.
контрапротести во класичен смисол, како овие години, немаше. Оваа злоупотреба во Македонија е патентирана од последниве. протестанти и контрапротестанти, патриоти и предавници, соросоиди и антички, хунзи и словени...такви и толку поделби не се сеќавам дека имало во поблиската историја.

Но ајде да видиме како би одело со тоа што ти спомена-сите се исти. Што треба да се стори во тој случај? без да ги мешаме малите партии, левици, демократски сојузи, еколози...затоа што немаат капацитет. Дали не треба да имаме влада, парламент, претседател, општини...? Дали не треба да постојат избори? Затоа што ти со тоа тврдење влегуваш веќе во фикција.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.684
Поени од реакции
11.915
пак истото. Не се тоа мои критериуми. Една работа е протест на граѓани, друга е контрапротест на буџетари, административци. Не да не е исто туку е ептен различно.

најголема партизираност започна од Љубчо. Мене 1989-1992 во државни комбинати не ми барале книшка. Од 1998, Љубчо партизацијата на буџетарите (и хигиеничари и шофери), сдсм продолжи. За да од пред неколку години, скоро единствен критериум стана поседување книшка и мафтање на протести дури и за инкасатор.

контрапротести во класичен смисол, како овие години, немаше. Оваа злоупотреба во Македонија е патентирана од последниве. Значи ги подели протестанти и контрапротестанти, патриоти и предавници, соросоиди и антички, хунзи и словени...такви и толку поделби не се сеќавам дека имало во поблиската историја.

Но ајде да видиме како би одело со тоа што ти спомена-сите се исти. Што треба да се стори во тој случај? без да ги мешаме малите партии, левици, демократски сојузи, еколози...затоа што немаат капацитет. Дали не треба да имаме влада, парламент, претседател, општини...? Дали не треба да постојат избори? Затоа што ти со тоа тврдење влегуваш веќе во фикција.
Па не баш, Белгија помина 1 ипол година без влада и за Белгијците тоа беше најубав период, масовни протести низ целата држава и подеднакво маваа со дрва и камења - фигуративно, не буквално - по сите, и од власта и од опозицијата.

Па можеби колку подолго време остануваме без легитимна влада, можеби ќе почне да и` доаѓа паметот на неписмената раја. Во спротивно, ќе си останеме тоа што сме изминативе 30 години - нефункционална провинција со државно знаме, државен грб и државна химна, но сепак провинција во начинот на кој нефункционираме.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.404
Поени од реакции
7.857
не мораше да има ни замена на власта. Доколку лицата одговараа секој за своето. Не знам, не ти е јасно дека како граѓанин не ми е проблем кој е моментално на власт се додека работи за интересите на државата и сите граѓани. Но ниту работеа за државата ниту за народот. Рушвет се подразбира, нема држава без рушвет, ама со усул. Ова што го слушаме што се се случувало...? И видеото погоре јасно кажува. Ниту ги санкционираа оние кои во минатото работеа на овој начин, ги спуштија на дно дна сите државни сектори и државата во политички и економски смисол. Затоа, со помош на сјо, треба секој да си одговара за своето. Ако ова не се случи, има простор за корекција. Засега не знаеме.
Тоа што не доведе до тука не е некоја конспирација бе друже не знам каква, се се случува околу нас и го гледаме сето тоа, проблемот е немање критична маса да се промени тоа, т.е да бидам попрецизен, неутрализација/пацификација на истата.
Трендот на разбивање на системот и институциите започнал поодамна, не битно кој сега, што е тоа што ти го гледаш на повидок кое ќе го промени тоа? Истите ликови се влечат со децении веќе...не е проблемот да се осудат дузина видни ликови од властодршците, проблемот е насекаде, имал локални функционери и раководители кои имаат капитал кој е 100 пати несразмерен со примањата, ниту пак се трудат да го скријат тоа, напротив, по наши критериуми они се снашле и се паметни.
Кажи ми која тоа инсоекциска служба функционира како таква? Зошто сите се тепаат за инспекциски служби ,УЈП, МВР, не се тоа баснолсовни примања? Ама има нешто др, позади сето тоа, знаеш така?

Ајде обичниот граѓанин што го гледа сетоа тоа и еве е немоќен, каде се бе опозициските партии да обелоденуваат криминал и кои се тоа и како успешни бизнисмени, кој ги добива тендерите, не се само десетина луѓе? Ама тие се пикирани.
Со останатите не сум јас, а верувам ни ти во бизнис, ниту пак некој од улица е таен партнер и што не со таквите, се дисперзира коруптивно стекнатиот капитал и се создава спрега, затоа не постои сносење одговорност.
По наше тоа како доаѓа?
Еве гледам напнуваш со СЈО, навистина е светол момент кај нас, меѓутоа неоптизмот можеше да почека, требаше предност да се даде на квалитетот, трнапарентно да биде, покажи дека може поинаку со дела, не биди како...другите.И најтрагично е што МФ е иницијатор за СЈО, не опозицијата, пошто никој не сака да направи преседан па после менување на власта да има гонење за корупција и криминал.
Веројатно е точно саботирањето на работата на СЈО, не само од институции туку од поединци итн...имаат поддршка од МФ, нека ја капитализираат, да не се сведе на обичен лост...објективност и транспарентност во работата.
Едноставно, никој не покажа на дело драстична промена, ниту во кадровската политика, ниту пак во начинот на делување, а со тоа ниту реални понуди-решенија за конкретни проблеми...
И цела хистерија дека Здравко од Левица напиша колумна во која изрази скептичност во поглед на новата власт, и изрази критикадо опозицијата што не беше поддржан протестот на работниците од Леарница поради банкарско политичка спрега.[DOUBLEPOST=1494929432][/DOUBLEPOST]
пак истото. Не се тоа мои критериуми. Една работа е протест на граѓани, друга е контрапротест на буџетари, административци. Не да не е исто туку е ептен различно. Башка, додека траеше шарената, која беше целта на контрапротестантите (сега протестанти), и тие поим немаа.
најголема партизираност започна од Љубчо. Мене 1989-1992 во државни комбинати не ми барале книшка. Од 1998, едните почнаа (И хигиеничари и шофери), другите продолжија. За да од пред неколку години, скоро единствен критериум стана поседување книшка и мафтање на протести дури и за инкасатор.
контрапротести во класичен смисол, како овие години, немаше. Оваа злоупотреба во Македонија е патентирана од последниве. протестанти и контрапротестанти, патриоти и предавници, соросоиди и антички, хунзи и словени...такви и толку поделби не се сеќавам дека имало во поблиската историја.

Но ајде да видиме како би одело со тоа што ти спомена-сите се исти. Што треба да се стори во тој случај? без да ги мешаме малите партии, левици, демократски сојузи, еколози...затоа што немаат капацитет. Дали не треба да имаме влада, парламент, претседател, општини...? Дали не треба да постојат избори? Затоа што ти со тоа тврдење влегуваш веќе во фикција.
Ова со ЉуБчо е јако, пред тоа не доаѓаше до израз затоа што немаше др партија која била власт едно 50г претходно.
Префрлаш топка само, без навреда.

Еве едно прашање @Lurtz , ако некаде 2008 се формирање внатрепартиска критична мас во ДПМНЕ, ќе стигневме до ова дереџе?
Внатрепартиска критика се третира мнооогу полошо од критика од надвор, затоа што може да биде разорна, посебно ако е основана.
Врати се наназад и да видиш што значи иста кадровска структура со децении и евазија на одговорност.
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2006
Мислења
17.733
Поени од реакции
12.162
Тоа што не доведе до тука не е некоја конспирација
а каде јас тоа спомнав конспирација? тоа што го цитираше многу е едноставно напишано. Ако си одговараат за своите дела (од меѓународна до економија), што се однесува до мене, не ми е битно кој е на власт.
И цела хистерија дека Здравко од Левица
тој е интелигентен човек. има ли некое чаре напишано?
Ова со ЉуБчо е јако, пред тоа не доаѓаше до израз затоа што немаше др партија која била власт едно 50г претходно.
Вмро уште тогаш имаше кадар, се зголемуваше и членството. Таа деценија бев нивни симпатизер од повеќе причини. Тој период освен некое ретко попреку, никој не ми пречеше ниту ми бараше книшка. За вас можи е несфатливо, дека и без протести и книшка се запослуваше. Љубчо направи многу кадровски промени со книшките.
 
Последно уредено:
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691
Воопшто не го ни познавам, а за татко ми и мајка ми можам да ти кажам дека воопшто не пратат Интернет форуми. ;)
Види,во недостаток на контрааргументи сега ќе те нападнат дирекно тебе!Веќе позната и здодевна тактика!
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.404
Поени од реакции
7.857
а каде јас тоа спомнав конспирација? тоа што го цитираше многу е едноставно напишано. Ако си одговараат за своите дела (од меѓународна до економија), што се однесува до мене, не ми е битно кој е на власт.
тој е интелигентен човек. има ли некое чаре напишано?
Вмро уште тогаш имаше кадар, се зголемуваше и членството. Таа деценија бев нивни симпатизер од повеќе причини. Тој период освен некое ретко попреку, никој не ми пречеше ниту ми бараше книшка. За вас можи е несфатливо, дека и без протести и книшка се запослуваше. Љубчо направи многу кадровски промени со книшките.

Прво немој во манир на куририте да вадиш од контекст фрагменти, реченици и врз основа на тоа да реплицираш, со тоа не знам дали свесно или не ја дефокусираш дискусијата,тие фрагменти не се поентата, сеедно,

Да не биде поимено, еве Левица се осврнаа на работничките права како такви, посебно на текстилна индустрија, тоа е е пандан на sweat shop на Запад, и е нелегално. Поентата беше опозицијата да даде поддршка на работнички протести и борба за права на истите тие работнци, подобрување на легислатива, јас лично пред да заминам пред две години какво искуство сум имал со трудова инспекција тоа е срамота да се напише, на трудов иснпектор да бараш да постапи по закон, и на крај...то е то.

Дава битни моменти, велиш чаре за сево ова:

Патриоттие наметнуваат националистичка реторика, дефокусираат од корупцијата, а од другата страна се дефокоусира од националниот проблем ставајки акцент на антикоруптивниот.Не гледам квантна физика тука.
Проблемот е корупцијата и криминалот на сите страни, тоа е единствена причина што не може да се создаде кохезија. Сега се бара некој да понесе одговорност за досега изнесеното, тек ако се отворат китапите ке има смеење што се правело, ама не дека никој ништо не виде, само добро беше подмачкано и c`est la vie.
Вистина е дека сме во прилично уникатно пиздарија пар екселанс ситуација како држава, ама тоа не е причина да нема никаква антиркорупциска борба и подобрување на животен стандард и се што е нормално за една Западна Демократија.
Јас не видов некој од МФ да поддржи, бар јавно не корупција, кој и да е основано суден и осуден.

Чаре, има бе купишта, имаш Универзитетски професори што веројатно веќе имаат скоцкано предлог решенија за куп проблеми ама нема каде да се обратат, имаат и тие фамилија деца за вработување итн...чарето е чисто легалиститчки пристап кон проблематиката, и тоа пред и над се во еден транспарентен процес, ама кристално транспарентен. Се што е суптилно по дефиниција е основа за цоздавање коруптивен елемент.

Партизација и сл, кратко, ДПМНЕ во нивното владеење не знам дали знаеш пензионира илијадници вработени во МВР и службите, пред се поради искуството што ги прави потешки за манипулција, и благо речено партиската наколонетост кон СДСМ. Претходно едно пола век знаеме која беше партија.
Високо образование е апслоутно доминирано до СДСМ, може не партиска безпоговорност и послушност како кај ДПМНЕ ама сепак, кога сфатија дека не можат да навлезат и да воспостават контрола погоди шо направија? Си создадоа сопствено партиско високо образование, прво со делумна дерегулација а потоа и направија свои универзитети.
Два паралелни системи се создадени во државата, со моменатална апсолутна доминација на ДПМНЕ.
Доминација која дури се создаваше го растргна системот. Затоа што беше борба и тоа внатресистемска.
Попатно се изгуби речиси секоја одлика на здрав државен апарат, и се се сведе наш или нивни...

Сега зборувај ми дека постои еднострана одговорност, или пак @concrete да за светски заговор против антикорупцијата, упс мислев Македонштината. Ова последното го нема баш поради претпоследното.

:oeoeoe:
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.404
Поени од реакции
7.857
Треба да се расчисти кардинално. На темели од лаjна само клозет може да има. Признаванjе на бугарскиот карактер на словенското население во Вардарска Македониjа. Пресуди со задна дата на сите предавници и крвопиjци како Колишевски, Конески и другата србоманска багра. Суденjе и после смртта на сите удбаши и на тие денешните. Закон за борба со србизмите во jазикот. Референдум за споjуванje со Бугариjа што влече автоматско одпагjaнje на сите "права" на албанците.
С`што, един н`род две држави, така ли е брашта булгаристанци? Како бе излегвате вака прави диверзанти падобранци сте.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Треба да се расчисти кардинално. На темели од лаjна само клозет може да има. Признаванjе на бугарскиот карактер на словенското население во Вардарска Македониjа. Пресуди со задна дата на сите предавници и крвопиjци како Колишевски, Конески и другата србоманска багра. Суденjе и после смртта на сите удбаши и на тие денешните. Закон за борба со србизмите во jазикот. Референдум за споjуванje со Бугариjа што влече автоматско одпагjaнje на сите "права" на албанците.
Нема словенско население во Вардарска Македонија. Секој народ кој се доселуваше на балканот си го донесе своето име и си ја нарече земјата која ја насели по своето име, така имаме сега бугарија, србија, хрватска, словенија, албанија...
Македонија си остана како што си беше древна и непроменета. Немаше населување овде или ако имаше беше малубројно и доселениците се стопија во доминантниот Македонски народ.
Со бугарите единствено заедничко шо имаме се сеќавањата на нивните злосторства кое го правеа овде.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom