Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
24 април 2008
Мислења
10.943
Поени од реакции
12.344
од сите криминали се фати за некоја платформа? И велиш дека сшто е исто? Врти, врти, пак истото од 2000 страни. Несериозно, како да си отсуствувал од Македонија последниов месец-два и сега морам да ти пишувам пренесувам вести за двотретинско, за тоа што се бара... абе ти реков, пак се враќаш наназад. Зошто ме цитираш за Кочан, сјо и криминалот и ми споменуваш од сите можни криминали и спинови, некојаси платформа? Ами Мајданот, нападите во собрание, ајда не редам ред криминали од најопасен вид, тебе не те загрижија ами платформата?
Ај на твојата воденица спин мајсторе. кој прифатил таква платформа?
Ај на твојата воденица спин мајсторе. Кој ја отфрлил таквата платформа ?

Знаеме дека пвеводбениците ја прифатија, но зајковците-кукурајковците не ја отфрлуваат, баш напротив, уште за време на изборната кампања во 2016 година ветуваа двојазичност, а сега никако да ја отфрлат националистичко-шовинистичката Тиранска платформа која се темели врз двојазичноста.

Единствена причина зошто ја спомнав националистичко-шовинистичката платформа, е бидејќи таа е главниот аргумент на пвеводбениците против зајковците-кукурајковците.

За СЈО веќе ти спомнав да не негуваш надеж за правна разрешница, бидејќи дури и да ја има, само ситните риби ќе го кркаат стапот, а за пастирот на пвеводбениците и неговите пулени - вклучувајќи го и Сеад Кочан - воопшто да не се секираш, во најлош случај ќе го трошат криминално стекнатиот капитал во странство, но никако зад затворски решетки, прв во редица за таму е Владо Бучковски за кого веќе постои правосилна пресуда, за разлика од пастирот на пвеводбениците кој сеуште не е ни осуден.

За нападот во Собрание, веќе спомнав поназад - жал ми е само бидејќи не сите 123 ѓубриња од луѓе во Собранието не го кркале стапот, воопшто не ми е жал за никој од нив, тие пак ќе си добијат плата од буџетот и лекување на народна сметка, додека деца и стари луѓе ќе умираат од болести за кои државата одбива да им го плати лекувањето.

Ти си тој кој делува како да си од неодамна преселен во Македонија, бидејќи овие идиотизми не се ништо ново, ги имаше и во 1990-те години и во раните 2000-ти години, разликата е во тоа што сега има малку повеќе јавна покриеност на истите тие идиотизми, но не и правна разрешница - за која јас лично не верувам дека ќе ја има.
 
Последно уредено:

Кајганеро

Немој не ме радуј!
Член од
3 јули 2010
Мислења
2.866
Поени од реакции
2.744
Субвенции само за сусамот, за другите нема
Селективно давање на субвенции оди кон стварање на паразит ко Миленко и прв квичач кога ги чувствува маките на оние кои со години немаат земано. Ама патриот важно.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.409
Поени од реакции
7.865
pa ne bash
preku nea se vadeni pari od MPM. 1500 za nea, drugite nazad kaj kamcev.
kamcev ne e budala da plakja 25k na nekoja si drolja
Има др медиумско пропагандни мегафони и во Дневник за плаќање, ама изглеа не може на трансакциска да не има колегијална нетрпеливост после ;)
 

Кајганеро

Немој не ме радуј!
Член од
3 јули 2010
Мислења
2.866
Поени од реакции
2.744

„За заедничка Македонија“: Поднесуваме иницијатива за оценување на уставноста на изборот на Џафери, правната битка ќе биде нашето клучно оружје
На 78-миот ден од почетокот на нашите протестни активности најавуваме дека истите ќе започнат да ја добиват и правната поддршка,односно новата форма која ќе е нашето клучно оружје во периодот кој претстои. Јавноста е добро информирана за сите неуставни и незаконски дејства кои беа преземени од страна на тиранската коалиција при обидот за избор на претседател на Собрание, извршувајќи акт кој е во целост спротивен со Уставот и законските нормативи, истакна на денешната прес-конференција Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.


Хау бе.. истиот тој што беше министер за одбрана......
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.765
Поени од реакции
12.228
Ај на твојата воденица спин мајсторе. Кој ја отфрлил таквата платформа ?

.
Платформата дискутирај ја со некој кој верува во неа, не со мене. Ти реков, за мене тоа се куп глупости. доволно е.
За СЈО веќе ти спомнав да не негуваш надеж за правна разрешница, бидејќи дури и да ја има,
не си ама постојано изигруваш видовит. Јас што мислам и негувам е моја ствар. А да се осврнеше малку на моментот-блокади на работата на сјо? Криминалите снимени на аудиоснимки кои ги слушнавме?
Ти си тој кој делува како да си од неодамна преселен во Македонија, бидејќи овие идиотизми не се ништо ново, ги имаше и во 1990-те години и во раните 2000-ти години, разликата е во тоа што сега има малку повеќе јавна покриеност на истите тие идиотизми, но не и правна разрешница - за која јас лично не верувам дека ќе ја има.
ај малце за Џемал Биједиќ и Абдиќ, Кељменди, фалат во муабетов. Ти реков во што е разликата, тоа е мое мислење, не мислам да се повторувам посебно во разговор со луѓе кои од сите криминали, се фатиле за "зајко" и некоја платформа. Алас
За нападот во Собрание, веќе спомнав поназад - жал ми е само бидејќи не сите 123 ѓубриња од луѓе во Собранието не го кркале стапот, воопшто не ми е жал за никој од нив, тие пак ќе си добијат плата од буџетот и лекување на народна сметка, додека деца и стари луѓе ќе умираат од болести за кои државата одбива да им го плати лекувањето.
Напад на собрание, пратеник,...позната организација, познати ликови, притоа користење оружје и според очевидци и пиштоли, тоа се тешки кривични дела. Не ми се верува некој вака незрело да размислува. Сакаш сериозно да дискутираш или сакаш да се заебаваш, да спинуваш, што и да е? Не знам која ти е целта, ме измори со муабети кои веќе се вртеа овие 2000 страни. Сфаќаш ти дека не ме интересира ни 2000 ни 1990та?

Читај-ме цитираше за Кочан и неговото ослободување од страна на сфарофски. Стигна до платформа, 1990та, Бучко и муабетот сите се исти. Имаш нешто да кажеш за Труст, блокирање на работата на сјо? Зошто ојо ги ослободи скоро сите криминалци од собрание? И сите од случаите кои ги покрена сјо?
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.943
Поени од реакции
12.344
Жал ми е да те разочарам, но јас не гледам разлики помеѓу двете страни на паричката.

Со твоите прашања од типот "зошто ги ослободуваат криминалците" само ја потврдуваш мојата теза дека нема никакви вистински разлики помеѓу пвеводбениците и зајковците-кукурајковците, бидејќи и едните и другите ги штитат и ги ослободуваат нивните криминални пулени.

Александар Верушевски - синот на Зоран Верушевски, за краток временски период си изгради криминална кариера во последните 2 години од последната влада на СДСМ од 2002 до 2006 година, а кога конечно заврши зад затворски решетки, неговиот татко отворено и јавно се закани дека ќе објави разузнавачки документи кои се од витално значење за македонските безбедносни структури доколку не му го ослободат синот. Во држави како САД и останатите развиени западни демократии, за вакви отворени и јавни заканувања по безбедноста на државата и нејзините граѓани следува апсење и кривично гонење за планирано загрозување на јавната безбедност, но во Македонија, Бранко Црвенковски го амнестираше Александар Верушевски и го качи на авион за Италија заедно со татко му - бидејќи отворено и јавно се закани дека ќе ја загрози безбедноста на Македонија.

И сега повторно кажи дека спинувам и го повторувам тоа што веќе е дискутирано на темава повеќе од 1900 страници, е па тоа е суровата вистина - дека и едните и другите се криминалци.

Твојот проблем е во тоа што ти дошло преку глава од едните, но очигледно не ти дошло преку глава и од другите, па затоа бараш одговорност од тепачите. Немој да ме разбереш погрешно, и јас би барал одговорност од тепачите - бидејќи не ги испотепале сите ѓубриња од луѓе во Собранието.

Истовремено, јас сакам одговорност и од ѓубрињата од луѓе наречени политичари кои до денешен ден не` тепаат нас со долгови и нефункционално здравство, нефункционален образовен систем и со бројни други аномалии со кои до денешен ден не` тепаат.

На мене од друга страна, ми е дојдено преку глава и од едните и од другите и затоа воопшто не ми е жал за ќотекот кој го изеле ѓубрињата во Собрание, единствено ми е жал бидејќи не сите 123 ѓубриња од луѓе во Собранието не изеле еднаква количина од ќотекот, кој и тоа како само го заслужуваат.
 
Последно уредено:

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Ментолиптус страјкс аген :lolzz:
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
Жал ми е да те разочарам, но јас не гледам разлики помеѓу двете страни на паричката.

Со твоите прашања од типот "зошто ги ослободуваат криминалците" само ја потврдуваш мојата теза дека нема никакви вистински разлики помеѓу пвеводбениците и зајковците-кукурајковците, бидејќи и едните и другите ги штитат и ги ослободуваат нивните криминални пулени.

Александар Верушевски - синот на Зоран Верушевски, за краток временски период си изгради криминална кариера во последните 2 години од последната влада на СДСМ од 2002 до 2006 година, и кога заврши зад затворски решетки, неговиот татко отворено и јавно се закани дека ќе објави разузнавачки документи кои се од витално значење за македонските безбедносни структури доколку не му го ослободат синот. Во држави како САД и останатите развиени западни демократии, за вакви отворени и јавни заканувања по безбедноста на државата и нејзините граѓани следува апсење, но во Македонија, Бранко Црвенковски го амнестираше Александар Верушевски и го качи на авион за Италија заедно со татко му - бидејќи отворено и јавно се закани дека ќе ја загрози безбедноста на Македонија.

И сега повторно кажи дека спинувам и го повторувам тоа што веќе е дискутирано на темава повеќе од 1900 страници, е па тоа е суровата вистина - дека и едните и другите се криминалци.

Твојот проблем е во тоа што ти дошло преку глава од едните, но очигледно не ти дошло преку глава и од другите, па затоа бараш одговорност од тепачите. Немој да ме разбереш погрешно, и јас би барал одговорност од тепачите - бидејќи не ги испотепале сите ѓубриња од луѓе во Собранието.

Истовремено, јас сакам одговорност и од ѓубрињата од луѓе наречени политичари кои до денешен ден не` тепаат нас со долгови и нефункционално здравство, нефункционален образовен систем и со бројни други аномалии со кои до денешен ден не` тепаат.

На мене од друга страна, ми е дојдено преку глава и од едните и од другите и затоа воопшто не ми е жал за ќотекот кој го изеле ѓубрињата во Собрание, единствено ми е жал бидејќи не сите 123 ѓубриња од луѓе во Собранието не изеле еднаква количина од ќотекот, кој и тоа како само го заслужуваат.
`ama vmro,talat,minster za odbrana...`
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Чисто за инфо, јапонците имаат бдп колку ти што имаш влакна коса на главата, а твојата "античко-библиска" земја Недојдија од бајките на вангел божиновски, дардан венетски и ниче македон ги има сите негативни параметри, што у економија, демографија, култура, спорт...
Знам дека за еден "глоуб-тротер" како тебе што евентуално бил до Халкидики, Банско или у Ксамил на летовање, тие причи со преминувањето на Дунав ти се смешни...е, ама дете, со тие причи у Чешка, Словачка, Хрватска, Словенија...и (да не терам понатаму) со пола Европа ќе се разбереш. И не е тоа којзнае што - што ако си се разбрал, нели, ама другата опција дека некои си Хунзи у Пакистан се исти ко тебе е траги-комичен и тотално погрешен податок. Ниту сум некој пан-славист, ниту имам големи симпатии за руси, срби, пољаци, ама некои работи со гума не се бришат. Можете да се трескате од земја, да дркате дека аце со заробените неутрина со лорандитот од Алшар ги горел персијците, ама надвор од границите на оваа вошка од земја на овие причи по земја се виткаат од смеење и ве гледаат како благо ретардирани. Не сум историчар, ама сум интелектуалец и сум ги преслушал или прочитал сите гледишта и верзии, па сум донел став околу некои историски дилеми. Поточно дилеми ви се на вас, лековерните, наивните што едни Жежов и Ачковска, за дебели пари ве убедија дека врховистите се поголеми Македонци од самите Македонци. И не е за чудење, тоа е светски тренд - се омекнуваат гревови, дела на џелати, па и еден Хитлер ќе стане "лик против кој лошо се зборело, ама имал и позитивни страни". Така "Денот на победата над фашизмот" стана "Ден на Европа", така и тодор александров стана само "десничар". Менувањето на такви податоци си има своја намена - треба да те оттргне од скапаноста на реалноста, од гнојот кој го живееш во real time. Треба да си свесен дека ние, кои не паднавме на оваа пропаганда за политички потреби со многу поголем презир ве гледаме вас, заведените. И кога не можете да расчистите со некои очигледни состојби од минатото, што па да се дискутира со вас за сегашната политичка состојба. Вие сте потполни слепци. Која "силна генерација"? У што си силен ти? У интернет-силеџиство? Ја кога растев, на децата им се нудеше Саган, Атенборо, а не отец Агатангел и Вангелштајн. Сега на вас ви се нудат painkillers, морфиум за да ги сварите полесно го**ата што секојдневно ви ги сервираат со клептоманските, националистички и затуцани политики, а вие сте у филм дека сте во опасен успон и дека небото ви е крај. Уште еднаш ти кажувам да седнеш и потемелно да се информираш па после да тргаш во јуриш.
:facepalm::pos::pos:
Славица-Депресија гомна да јаде!

Види Пантиќу,
Јапонците може имаат висок БДП, ама ако нема Јапонци - нема БДП.
Не знам како поедноставно да ти објаснам, ти си изрежан ко Princo CD од 9 денара,
абе догма бетер од Инквизицијата си, попрво ќе убедиш вахабист дека во рајот не го чекаат 72 девици, него ли да земе да прочита нешто.
Тоа што до осмо одделение си го запамтил, тоа е вистината, и ништо освен вистината.
Каков Саган, каков Атенборо бору низаеден.
Саган го читав кога имав 10 години, цреп еден уште малце ќе се фалиш дека Зоки Поки си го читал.
Не сум историчар, ама сум интелектуалец
Ти си реликвија и нус-продукт на едни дамнешни времиња.
Windows 3.11 без можност за Update.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.765
Поени од реакции
12.228
Жал ми е да те разочарам, но јас не гледам разлики помеѓу двете страни на паричката.

.
Ти реков, тоа е твое мислење. Само те молам потсети ме кога порано се случил напад од вакви размери во собрание и врз пратеници? Кога порано се организирале масовни контрапротести од административци? Кога порано сме имале можност да се гони криминал од вакви размери? Имало само неколку исклучоци. Сега кога имаме шанси, ти не се осврна ниеднаш на криминалите, на она за што ме цитираше (Кочан) ами везден повторуваш дека сите биле исти. Ниту имаш аргументи дека се исти, ниту се осврнуваш на криминалите на власта. Мајдан, ќосето, ножот...сиров муабет. Имаш доста таков материјал. Зошто
И сега повторно кажи дека спинувам и го повторувам тоа што веќе е дискутирано на темава повеќе од 1900 страници, е па тоа е суровата вистина - дека и едните и другите се криминалци.
пак да ти повторам. Ниедна влада досега не вадела за уши администрација на контрапротести и делење ќутек врз неистомисленици (општина центар, патем). никогаш досега не се случил таков напад во собрание. Да не зборам за 5-6 млрд евра изнесени пари, долгови на државата, долгови на граѓаните, блокирани сметки, бојкот на Охридскиот семинар, бојкот во Канада...дека сите биле исти.
но очигледно не ти дошло преку глава и од другите,
кои други? овие 12 години? Тие биле на власт? :unsure:
Немој да ме разбереш погрешно, и јас би барал одговорност од тепачите - бидејќи не ги испотепале сите ѓубриња од луѓе во Собранието.
значи сепак се заебаваш. Ок. Да го повторам прашањето-
Имаш нешто да кажеш за Труст, блокирање на работата на сјо? Зошто ојо ги ослободи скоро сите криминалци од собрание? И сите од случаите кои ги покрена сјо?
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.943
Поени од реакции
12.344
Ти реков, тоа е твое мислење. Само те молам потсети ме кога порано се случил напад од вакви размери во собрание и врз пратеници? Кога порано се организирале масовни контрапротести од административци? Кога порано сме имале можност да се гони криминал од вакви размери? Имало само неколку исклучоци. Сега кога имаме шанси, ти не се осврна ниеднаш на криминалите, на она за што ме цитираше (Кочан) ами везден повторуваш дека сите биле исти. Ниту имаш аргументи дека се исти, ниту се осврнуваш на криминалите на власта. Мајдан, ќосето, ножот...сиров муабет. Имаш доста таков материјал.

пак да ти повторам. Ниедна влада досега не вадела за уши администрација на контрапротести и делење ќутек врз неистомисленици (општина центар, патем). никогаш досега не се случил таков напад во собрание. Да не зборам за 5-6 млрд евра изнесени пари, долгови на државата, долгови на граѓаните, блокирани сметки, бојкот на Охридскиот семинар, бојкот во Канада...дека сите биле исти.

кои други? овие 12 години? Тие биле на власт? :unsure:

значи сепак се заебаваш. Ок.
Имаше напади врз народ во Струга во 2004 година со гумени куршуми, па не те гледам да бидеш вознемирен поради тоа. Оф да, извини, заборавив дека не беа пратеници во Собрание и сепак тоа беше пред 13 години.

Убаво велиш, имаш материјал колку ти душа сака, чист доказ дека нема никакви разлики помеѓу едните и другите.

И сега сакаш да кажеш дека поради вадењето партиски пулени на контрапротести и тепањето неистомисленици одеднаш пвеводбениците се издвоија како поголемото зло, додека овие зајковциве-кукурајковциве како помало зло заслужуваат шанса да дојдат на власт ?

Е па, историјата им се повторува на тие кои не си ја научиле, па ако не си научил досега, Бог нека ти е на помош со повторувањето на историјата.
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
Ти реков, тоа е твое мислење. Само те молам потсети ме кога порано се случил напад од вакви размери во собрание и врз пратеници? Кога порано се организирале масовни контрапротести од административци? Кога порано сме имале можност да се гони криминал од вакви размери? Имало само неколку исклучоци. Сега кога имаме шанси, ти не се осврна ниеднаш на криминалите, на она за што ме цитираше (Кочан) ами везден повторуваш дека сите биле исти. Ниту имаш аргументи дека се исти, ниту се осврнуваш на криминалите на власта. Мајдан, ќосето, ножот...сиров муабет. Имаш доста таков материјал. Зошто
пак да ти повторам. Ниедна влада досега не вадела за уши администрација на контрапротести и делење ќутек врз неистомисленици (општина центар, патем). никогаш досега не се случил таков напад во собрание. Да не зборам за 5-6 млрд евра изнесени пари, долгови на државата, долгови на граѓаните, блокирани сметки, бојкот на Охридскиот семинар, бојкот во Канада...дека сите биле исти.
кои други? овие 12 години? Тие биле на власт? :unsure:
значи сепак се заебаваш. Ок. Да го повторам прашањето-
Имаш нешто да кажеш за Труст, блокирање на работата на сјо? Зошто ојо ги ослободи скоро сите криминалци од собрание? И сите од случаите кои ги покрена сјо?
poso oni kao gonat nekogo, a ovie kao begaat od niv
zarem mislis deka kochan se vrati deka veruva vo pravednosta na SJO?
noup
se spogodija sdsm i vmro i sea sve e okeeeeeeeeeeeeeeeeej
vikaj ura
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.874
Имаше напади врз народ во Струга во 2004 година со гумени куршуми, па не те гледам да бидеш вознемирен поради тоа. Оф да, извини, заборавив дека не беа пратеници во Собрание и сепак тоа беше пред 13 години.

Убаво велиш, имаш материјал колку ти душа сака, чист доказ дека нема никакви разлики помеѓу едните и другите.

И сега сакаш да кажеш дека поради вадењето партиски пулени на контрапротести и тепањето неистомисленици одеднаш пвеводбениците се издвоија како поголемото зло, додека овие зајковциве-кукурајковциве како помало зло заслужуваат шанса да дојдат на власт ?

Е па, историјата им се повторува на тие кои не си ја научиле, па ако не си научил досега, Бог нека ти е на помош со повторувањето на историјата.
Ти на Иреал син да не си му?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom