- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 10.943
- Поени од реакции
- 12.344
Да не сакаш и потврда дали паднал секс во тоалетите во парламентот во Јапонија, па да правиме споредба со македонскиот парламент - за кој сеуште немаме потврда дека паднал секс во некој од неговите тоалети ?добро, како да ги квалификувам и да ги земам предвид овие твои изјави? Дека се шегуваш? Затоа и зборам дека си бил отсутен последниве 2-3 години. Контрапротестантите за црквата, за шарените, ...
и за ова не си сериозен. Прочитај за сите случаи како се одвиваа, документи како се криеја. Или ете ти го последниот Труст, укинување на притвор за осомничено лице за 17 милиони евра. Тоа е саботажа и блокада на работата на сјо.
но ти тврдеше дека ова не е ништо невообичаено. Ја спомена Јапонија. Па тврдеше дека сите се исти...Дали вакво нешто се случило во нормални држави, ете и кај нас, дали порано се случил ваков напад на парламент? Да или не? Дали досега имало вакво предавање на власта? Со оружје, насилство? ниту во социјалистичка Македонија. Јас не паметам.
Многу добро знам, подобро од тебе пошто сум прилично постар ама да не разводнуваме муабет. Ова е прва ваква шанса да се гони криминал од вака големи размери. Сјо тргна добро, за жал другите институции го блокираат. Ако е се исто, избори не треба да има во иднина. Тогаш поддршката од протестантиве за барањето на вемерето за нови избори е непотребна и непродуктивна. Но за да се заштитат криминалите, вакви протести беа потребни.
Не можам да ти одговорам на прашањето дали и во други држави се случувал напад врз парламент со оружје и со насилство бидејќи не сум запознаен со историјата на сите парламенти низ светот.
Помнам дека во Русија болшевиците го распуштиле првиот демократски избран парламент со апсење на пратениците кратко време после октомвриската социјалистичка револуција во 1917 година, но тоа било надвор од парламентот, па не се важи за твоите критериуми.
Но останувам на ставот дека ѓубрињата од луѓе наречени политичари во целост заслужуваат и ќотек и јавно линчување за сите гнасотии кои му ги имаат направено на македонскиот народ, а единствено жалам бидејќи не сите 123 ѓубриња од луѓе во Собрание не кркале еднаква количина од стапот.
И да, останувам на ставот дека и едната и другата криминална страна на паричката се исти.
Ако навистина си постар, тогаш ептен си за жалење бидејќи негуваш надеж за правна разрешница, за која јас ти повторувам дека нема да ја има, или ако ја има, само ситните риби ќе го кркаат стапот, а големите ќе си продолжат како досега, или во најлош случај ќе им се придружат на Владислав Тамбурковски, Владо Димов, Драган Даравелски и бројни други - за кои веќе имаш судски пресуди, но тие не се ни на македонска територија, а камо ли па позади затворски решетки. Го имаш и Владо Бучковски за кого веќе има правосилна судска пресуда, но никако да заврши зад затворски решетки.
Очигледно разликата помеѓу мене и тебе е во тоа што ти си селективен во поддршката за СЈО, додека јас сакам правна разрешница за сите криминални дела, а не само за тие за кои СЈО има отворено предмети. И бидејќи знам како завршија судските предмети за сите бројни криминални дела низ децениите, воопшто не негувам надеж за правна разрешница за предметите кои ги има отворено СЈО, бидејќи знам како функционира партиското судство.
Во ред е да го критикуваш пастирот на пвеводбениците, но не е тој единствениот проблем во Македонија, проблем се и племенците со кои пастирот беше во коалиција додека беше на власт, а со кои и зајковците-кукурајковците планираат да прават коалиција за да дојдат на власт.@Dexter26 Ти ги читам постовиве и ме нервира што со Ireal ти праат споредби, посебно the headmaster параноја, ама ќе ми акне бан на лична основа ако продужам. Во некоја мерка се согласувам со твоите постови, мада мислам дека негде ја губиш, како ланс си ми сличен. Јас интензивно го критикувам обидот за воспоставување на режим на паторот и во тоа многу штабски ментални инвалиди гледаат прилика да ми закачат етикета, што е нечесно. Сакаш да држиш неутрална страна во однос на двете лоповски групи што ја узурпираат власта и тоа е легитимно и многу нормално.
Е сега - пошо ти е добро познат политичкиот контекст, што е идејата понатаму? Револуција овде не се случи. Нема ни да се случи. Ти не предлагаш никакви решенија, ниту насилни, ниту ненасилни (ај да не ги нарекувам демократски, излитено е).
А еве да ти го земам постов за пример:
Една година владата на чие чело беше паторот им немаше канцеларии дадено - као за почеток. Барањата за притвор на лицата што се осомничени се одбиваат на шала. Една брколинда со десетици обвиненија против себе нема ден у притвор поминато, истото важи и за Горан Груевски, миле и сите од прв до последен. Од друга страна надлежните судии земаат годишни одмори у март, април, боледувања, фрчат казни за обвинителките за навреди, а во седниците во собрание на кои главниот обвинител од СЈО поднесува извештај истите се пцуени, навредувани, исвиркувани. Ова е само тревка од купот. Истите материјали се доставени и до кумашинот-јавен обвинител и типчето три години нема составено ниедно обвинение - 0, компир. Ова не е блокирана работа на СЈО? Како овие работи ти промакнале жити све?
Пошо неќам да сум за жалење, дај кажи ја разрешницата. Да си купиме цел народ капсули со цијанид и да напраиме групно самоубиство? Да дигаме револуција? Кој ќе дига револуција?
Жално е што оправдуваш партиско-мафијашки напад врз собрание. Во тие земји кои што ги зборуваш, пред да влезе во парламентот, толпата три дена се тепа со полиција по улици, полиција која врши должност, а не наредба на фамилијарни џелати како чавката, што не дига телефон на министерот под кој е потчинет, туку само на jefe на мафијата, паторот лично. Тука не влезе „народ“ во парламент, влезе орда од платеници и избегани од Бардовци низ отклучена врата со намера да убие или тешко повреди легитимно избрана нова власт (колку и на мене и на тебе да не ни е по кеиф).
Најлесно е критикување од страна на сите инволвирани во настаните и грицкање семки, без некоја конкретна идеја.
Настрана режимот на пастирот, има и режим на племенците од 2002 година па наваму, за кој ниту една влада од 2002 година па наваму не покажала интерес и волја за да ги спроведе пред суд и да им суди за нивните злосторства.
Не оправдувам партиско-мафијашки напад врз Собрание, само спомнав дека воопшто не ги жалам тие кои го кркале стапот, туку жалам бидејќи не сите 123 ѓубриња од луѓе во Собранието не го кркале стапот.
Дали мислам дека тепачите треба да завршат зад затворски решетки ?
Секако дека да, но лично мислам дека на тие кои не` тепаат со долгови и парализирано општество треба да им се даде приоритет за заминување позади затворски решетки.
И да, во право си, најлесно е критикување од страна на сите инволвирани, но тоа е проблемот со кој се соочува нашето општество - имаме народ кој знае да чита и пишува, но сепак на интелектуално ниво е неписмен, бидејќи на сите избори гласа за едните или за другите криминалци, а на мене лично тоа воопшто не ми делува како прифатливо решение, симнување на една криминална банда од власт и нејзино менување со друга криминална банда на власт, за мене тоа е неприфатливо.
Кое е решението ?
Па го спомнав поназад - гласање за некоја трета опција, бидејќи веќе знаеме дека со овие две опции нема мрдање од место, треба интелектуално описменување на неписмената раја, бидејќи во спротивно ни СЈО, ни Пржино, ни ништо не го спасува овој народ.
Последно уредено: