Наезда „неутрални“ „патриоти“ денеска.
Дали е паниката основана или не?
Го имаат ДИК. Го имаат Управен суд. Имаат мандатар - е сеа голема веројатност е да немаат влада. Или ако имаат, таа практично нема правна сила да смени сијалица у сопствена канцеларија, а смее да патува најдалеку до Аеродром Петровец, пошо за полетување нема никакво надворешно признавање и легитимитет.
Конечно треба странскиве кредитори да престанат да го хранат со кредити - ќе го јадеме стапот некој месец, ама за добро ќе биде. Да нема веќе субвенции и за фејкерски фирми на орце што држат огромни површини необработени, ќе нема и за оние неписмени ботови, што за 1000 евра „помош“ газот си го продаваат. Да подзакаснат пензиите па да си видат стариве дека у гроб не тераат сите заедно со нив, со тие нереални покачувања и глупи бенефиции. И конечно онаа армија абдали по македонски шуми, водоводи и разноразни измислени агенции, што нема ни бироа за работа, ни квалификации за теренска работа, а на први си зема плата.
Не знам само со која акал рачунаат на промена на расположение до наредни избори. Возот им јури удолу, сега ќе играат на карта на дестабилизација, само со кој памет. Како бе мисли у судир да му влегуваат пензионери во кои се уби од инвестирање овие 10 години? После да не рачуна дека ќе гинат за него оние 10 души што им ги бараше на секој административец со закана дека ќе го изгуби работното место? Или да не рачуна на дијаспора што освен лаење по фејсбук и форуми за ништо друго не ја бива.
Моментално најпаметна опција му е да збрише од овде. Додека уште има некаква привидна можност. Не сум сигурен дека ќе успее, а искрено и немам идеја и каде би одел. миле и ставревски имаа пар обиди, као прави патриоти нели, ама неуспешни - не ги осуети мвр, туку одвнатре, самата мафија. Тоа би му било во вистински дух на целиот диктаторски мандат што го истера - кукавички. Не излезе на ниедно интервју, на ниеден дуел, измислуваше разноразни громови, г(д)омнари за протести и контра-протести, сечеше дрва у 3 сабајле, гасеше лифтови у Капиштец, се возеше у Мајбах и искачаше на километар пред камери за да глуми Ганди пред нив, бегаше на одмор кога се гласаше амнестија на џелати на Македонците од тетовско и работниците на ГП Маврово, тепаше студенти на плоштад и во библиотека....крај нема на кукавичлукот. Нема да му биде бегството во корист на пиарот, ама и така нема ни да му треба тој веќе.