Слободната воља и религиите!

Член од
2 октомври 2012
Мислења
201
Поени од реакции
121
......
Но и тоа е подобро од ништавило.
Кое е тоа „ништавило“? За кое тоа „ништавило“ зборуваш? Ај потсети ме кои се првите зборови во библијата. „Во почетокот бог......“. Што било пред тоа? „Ништавило“?
Патем, слободна волја не постои, и со и без бог/ови во игра. И со детерминизам и без.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.538
Поени од реакции
6.042
Кое е тоа „ништавило“? За кое тоа „ништавило“ зборуваш? Ај потсети ме кои се првите зборови во библијата. „Во почетокот бог......“. Што било пред тоа? „Ништавило“?
Патем, слободна волја не постои, и со и без бог/ови во игра. И со детерминизам и без.
Само Бог знае што било пред тоа.
Ништавило пост-мортем на прво место, некој би рекол поради страв од смртта, но не може све да се сведува на тоа, верувам дека не е така.
 
Член од
2 октомври 2012
Мислења
201
Поени од реакции
121
Само Бог знае што било пред тоа.
Ништавило пост-мортем на прво место, некој би рекол поради страв од смртта, но не може све да се сведува на тоа, верувам дека не е така.
Би знаел бог (кој и да е од илјадниците) ако постои. Но постоел или не, ти (ни јас, ни никој од над 8 милијарди) тоа не го знае.
Аха, за тоа ништавило зборуваш, ок. Значи според тебе и твоето „не верувам дека е така“ станува повеќе вистинито?
Assumption Is The Mother Of All Fuckups.
 
Последно уредено:
Член од
9 јули 2024
Мислења
38
Поени од реакции
86
А дали сметаш дека слободна воља постои?
Логички не е конзистентно постоење на слободна воља и сезнаен Бог (како субсет од семоќен) со постоење на казна доколку постои грев преку делувањето во рамките на вољата. Тука во игра влегува самото верување како феномен, значи leap of faith при што може но и не мора да постои логичка доследност.
Но и тоа е подобро од ништавило.
Немам некаква афирмативна теорија за било што. Јас сум како духот на неверувањето, истиот оној кој му се јавува на Фауст. Способен сим да разградам било каков наратив, но немам со што да го заменам разграденото. Ако имам некоје стојалиште, може да биде наречено радикален агностицизам. Мислам дека живееме во епистемолошки затвор, односно дека нашите сетила и нашиот ум не ни овозможуваат контакт со некаква "вистинска" реалност. Не верувам во Бог, не верувам во науката, не верувам ниту во неверувањето. Кант го има поделено светот на свет по себе, и свет за нас. Тој сметаше дека науката дава отчет само за светот за нас, но сепак веруваше дека можеме некогаш да имаме увид во светот за себе, преку Доброто и Убавото.

Јас ни во тоа не верувам, осудени сме на нашиот епистемолошки затвор во кој си измислуваме приказни за да го истуркаме денот. Некои од тие приказни се пологични, некои се смешно глупави и навистина е потребен leap of faith за некој да ги прифати. Самиот тој leap of faith нема никакво значење настрана од човекот кој го прави, нема никава вистинита вредност. Како што велеше премудриот Ниче во своета напомена за магарињата, нашата желба нешто да постои не е никаков доказ за постоењето на тоа нешто.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.987
Поени од реакции
7.383
Патем, слободна волја не постои, и со и без бог/ови во игра. И со детерминизам и без.
Да де, уствари ќе излезе ништо не постои, све е илузија.
Не сфаќам како го негирате постоење на слободната волја, а се декларирате како атеисти.... Атеистите се доказ дека слободната волја постои, иначе поповите сеуште ќе беа главните уредници како да живееме.

Бог ни дал целосна слобода во изборот каква активност ќе превземеме, но последиците од таа активност целосно ги задржал во негова контрола. Значи човекот има целосна слобода да избере што да прави, ама нема никакво влијание врз последиците од изборот на активностите.

Сите други организми на планетава функционираат како роботи, една те иста скрипта илјадници генерации.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom