Слободната воља и религиите!

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.903
Поени од реакции
11.904
Зарем во вашата телема не претставуваат догма
Не.
Телема не може да содржи догма, бидејќи тогаш "Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон" ќе е лага.
Еден од четирите зраци на Телема е Слобода. Во догма, нема слобода.

Тоа што мноштвото одбива да не ја следи својата волја, за да загосподари со Законот кој што нели гласи "Љубовта е закон, љубов под волја", ќе доаѓаат и ќе ни кажуваат нам колку ланците околу нивните вратови се ѕвона од рајот.

Седни реши си равенката на животот, не трчи по Телемити да им кажуваш за Слободата и догматските религии. Никаде не стигаш, само си уморен...
 
Лаик

Калдераш
Член од
4 август 2018
Мислења
1.478
Поени од реакции
3.212
Ја немам капацитет да раководам со мојата слободна воља и му ја препуштам на Исус Христос и Светиот Дух пошто тие имаат преглед на ситуацијата а ја со мојот ограничен видик би заглавил кај и да е во некои гомна до колена од кои нема излегување..
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.661
Поени од реакции
6.139
Ние сме само јадни рабови Божји и со нашите скромни капацитети си замислуваме дека сме способни да го сфатиме Боженственото, Духот свет.
Нашата перцепција и рацио се ограничени до таа мера што ниту еден човек не е во можност ниту да замисли што и како би бил Бог, Творецот на универзумот, на све видливо и невидливо.
Машините можат малку да помогнат но сето тоа е попусто.
Некои пак се возгордеале дека "знаат" и се прикажуваат како разноразни гуруа и инстант мудреци кои лажат народ наоколу.

Треба да бидеме скромни пред Неговата воља, да се покаеме за нашите гревови и да бидеме силни и истрајни во својата Вера кон Него и Богочовекот кој беше пратен за да преку своите страданија ја победи смртта за век и веков!

Дадена ни е слободна воља да чиниме добро, да го славиме Творецот и да веруваме во Неговата промисла.
 
Член од
9 јули 2024
Мислења
293
Поени од реакции
424
Дадена ни е слободна воља да чиниме добро, да го славиме Творецот и да веруваме во Неговата промисла.
Елементарната логика вели фека концептот на слободна воља на човекот и концептот на семоќен Бог се исклучуваат меѓу себе, односно е невозможно да веруваш во двата концепти истовремено.
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.661
Поени од реакции
6.139
Елементарната логика вели концептот на слободна воља на ча човекот и концептот на семоќен Бог се исклучуваат мешу себе, односно е невозможно да веруваш во двата концепти истовремено.
Па не е нужно. Семоќен Бог по природата на својата семоќ може да направи да луѓето имаат слободна воља и покрај логичката недоследност на прв поглед.
 
Член од
9 јули 2024
Мислења
293
Поени од реакции
424
Па не е нужно. Семоќен Бог по природата на својата семоќ може да направи да луѓето имаат слободна воља и покрај логичката недоследност на прв поглед.
Тоа е апсурд, или врста на интелектуален мазохизам. Си ги понижуваш сопствениот интелект само некако на мала врата да го протнеш постоењето на семоќен Бог, креиран заради човечкиот страв од смртта. Тажничко е малку, но потполно разбирам. Повеќето луѓе ќе поверуваат во било каква приказна која се коси со логиката и разумот само за да истуркаат уште еден ден без страв.
 
Член од
19 март 2013
Мислења
2.835
Поени од реакции
4.085
Елементарната логика вели фека концептот на слободна воља на ча човекот и концептот на семоќен Бог се исклучуваат меѓу себе, односно е невозможно да веруваш во двата концепти истовремено.
Го разбираш моментот дека Бог ја ограничува својата моќ за да не биде еднакво со тоталитарен диктатор кој мора сите да го сакаат?
Така гледа кој вистински го сака , а кој никогаш нема да се покае, иако пак ќе му биде простено освен ако прави богохулие против Светиот Дух и никогаш не се смени.
Ако ја покаже Бог својата семоќност како што ти замислуваш , на сите ќе ни биде судено.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.661
Поени од реакции
6.139
Тоа е апсурд, или врста на интелектуален мазохизам. Си ги понижуваш сопствениот интелект само некако на мала врата да го протнеш постоењето на семоќен Бог, креиран заради човечкиот страв од смртта. Тажничко е малку, но потполно разбирам. Повеќето луѓе ќе поверуваат во било каква приказна која се коси со логиката и разумот само за да истуркаат уште еден ден без страв.
Па не може да се исклучи слободна воља при постоење на семоќен Бог, значи муабетот е за семоќност, омнипотенција која подразбира и можност за стварање на воља кај рабовите Божји која што воља ќе ја практицираат по свој избор, мимо семоќниот Бог.
Немам страв од смртта, сега да не пишувам лични ствари по форум и години и години гледање на мрачниот косач, поентата ми е дека неможе верата да се сведе на страв од смртта.
Стравот од смртта не може да се смета само како феномен кај верните, имаме и секуларен страв изразен во трансхуманизмот и клаудот, а пред тоа во крионички комори.
 
Па стравот од смртта е универзален, работата е кој како се носи со него. Некој веруваат во семоќен Бог кој ќе ги спаси, некој веруваат во трансхуманизам. Трансхуманизмот барем не се обидува да се скара со логиката и здравиот разум.

Инаку, ако веруваваш во семоќен Бог, не можеш да веруваш во словодна воља кај човекот. Семоќноста е апсолутен, односно on/off концепт. Не постои семоќност до одреден степен, тоа е contradictio in adjecto. Или ентитетот е семоќен, или не е. Или жената е трудна, или не е. Не постои малку трудна жена, исто како што не постои семоќен Бог до одреден степен. Ако постулираш битија кои практикуваат слободна воља, му наметнуваш ограничување на семоќта на Бог, и тука нема бегање освен да ја покнеш главата во песок и да живееш во когнитивна дисонанца.
 
Па не е семоќен до одреден степен, туку ентитетот е семоќен. Семоќта претполага можност за давање на слободна воља на луѓето, премисата за семоќност тоа го дозволува нели? Безвременскиот и сеприсутен Бог може да ги знае одлуките кои човекот ги носи благодарение на слободната воља но одбира да не влијае на донесувањето одлуки. Едноставно го може тоа бидејќи е семоќен. Од друга страна семоќноста може да биде употребена за ограничување на моќта, баш затоа што е апсолутен концепт. Зошто не би можел тоа да го стори семоќен ентитет?
Дали може Бог да створи камен толку тежок што нема да може да го подигне? Сепак да не забегувам пошто сум теолошки не особено писмен со IQ 94, човек треба да си го знае лимитот : (
 
Член од
9 јули 2024
Мислења
293
Поени од реакции
424
Па не е семоќен до одреден степен, туку ентитетот е семоќен. Семоќта претполага можност за давање на слободна воља на луѓето, премисата за семоќност тоа го дозволува нели?
Не, не го дозволува. Премисата на семоќност е ограничена баш во тој еден момент, каде што семоќноста не може да се изададе себе си. Види што е работата, тебе ти е јасно каде е проблемот, што е чекор напред за мене, бидејќе најчесто дискутирам си луѓе кои не можат ниту да го лоцираат проблемот.

Е сега проблемот со тебе е што јас дискутирам со твојот интелект до моментот кога сфаќаш каде е проблемот, и во тој момент престанувам да дискутирам со твојот интелект бидејќи го исклучуваш, и ја уклучуваш својата воља. Тебе ти е јасно дека концептите н а семоќен Бог и слободна воља кај човекот се исклучуваат меѓу себе, но НЕ САКАШ да биде така, па како мало дете измислуваш инфантилни аргументи.

Од искуство знам дека кога дискуртираш со нечија воља, а не се нечиј разум, дискусијата губи секаква смисла, затоа што основните логички концепти се напуштаат, и се сведува на терање инает.
 
Ваљда е случајност што секогаш тие што ги темелат своите ставови на филозофии , многу брзо се нервираат и напаѓаат.
Мал милион случаеви имало во мојот живот до сега во дебати што сега и ти го потврдуваш донекаде.
Доволно ми беше да мавнам еден search за ликов што ти е идол и да прочитам неколку реда реченици. Јасно ми е сега.
Да знаеш само кој каков интелект има , кој колку му фаќа црпката , кој што идолизира итн , тотално небитно.
Исус сите не сака како човечки битија.
Од тебе зависи дали ќе прифатиш или не.
Слободна воља нели?
 
Кој ми е мене идол, не разбрав?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom