Мојата философија се базира на чистата волја, не на слободната волја.
Во
„Книгата на Законот“ (од каде што потекнува целото учење кое јас го инкорпорирам во мојот живот) никаде не вели „слободна волја“.
Ме иритира кога не ја следите дискусијата и што друго е зборувано и тоа од истиот член на кој долетувате да му кажете: е еве кај грешиш со твоите идеи...
Ајде ако сакаш, не да имаш волја, туку ако сакаш
прочитај го ова што го напишав малку наназад, а ти не си го прочитал или разбрал.
Мислам дека ќе се сложиме во врска со Хитлер и останатите и нивните волји. Тие морале така, но исто така и последицата е неминовна за таквите...
Не постои друг начин.
И да, со две острици е слободата (која е поврзана со извршувањето на волјата), може да го ѕирнеш есејот на телемитот Џек Парсонс
Freedom is a Two-edged Sword.
За тоа треба огромна свесност за да разбереме кои би биле последиците од нашите дејствувања, на нашите универзуми со другите итн итн ... и затоа велиме дека да правиш што ти е волја не значи да правиш што сакаш,
тоа е и пораката на Мајсторот Терион !
НЕ ЗНАЧИ ДА ПРАВИШ ШТО САКАШ кога ја извршуваш својата волја! Тоа е многу погрешно размислување... и злонамерно, на оние кои имаат одбивност кон Телема и намерно така проповедаат за да ги заблудат другите...
Затоа велиме дека имаме должност и кон себе си но и кон другите бидејќи не живееме во стаклени ѕвона, посебни изолирани системи!
Ниту еден бог неможе да ве казни за тоа кои сте вие на Земјата. Но ниту еден закон не може да ве ослободи од последиците... ниту физика ниту карма, многу е едноставна равенката но бара многу пракса за да ја изведувате меѓу луѓето
П.С. Што имаш ти со коцкарите и наркоманите? Сакаш да ги спасиш? Те повика некој да си спасител некому? Зошто не си ја гледаш својата работа, па така другарот до тебе, да види како стоиш цврсто на Земјата со темели длабоки до самите пеколи - и тој да почне да дејствува слично како тебе или да побара самиот лекција како да биде подобар?