Хипотетички секој може да биде преносител на секакви вируси и зарази, но паранојата од таквите опасности човештвото почна да ја напушта кон крајот на 19-от и почетокот на 20-от век.
Твоите казни и задолжителна вакцинација можат да имаат влијание врз човештвото, но нема да имаат влијание врз вирусите и болестите, бидејќи за разлика од луѓето, микробите ниту знаат, ниту признаваат човечки закони пишани на хартија.
Науката парадоксално не ги признава вирусите за живи организми, но признава дека истите постојано бараат нови домаќини кои ќе ги заразат со цел да се размножат и да мутираат, а за еден организам да мутира вообичаено треба да биде жив организам. Мртвите организми се исклучоци, бидејќи тие се распаѓаат, но не се размножуваат, па по ваквата логика, науката си противречува на самата себеси бидејќи вирусите не ги признава за живи организми, но признава дека истите се размножуваат и мутираат, а тоа не е возможно кај мртвите организми.
Еве најновата морона приказна од научната заедница е дека новата јужноафриканска варијанта, која можеби сепак е холанѓанска варијанта, а не јужноафриканска, можеби дошла од човек заболен со ХИВ, во кој вирусот мутирал. Ако ова е вистина, тогаш во свет од над 7.5 милијарди луѓе имаш над 7.5 милијарди можни мутации на еден вирус, а за безброј други вируси па да не правиме муабет.
Според ваквата пресметка, твојата теорија дека единствениот спас е во задолжителна и обврзувачка вакцинација паѓа во вода бидејќи секој жив организам е самостојна единка со сопствена уникатна ДНК и РНК структура, каква што може да се повтори кај едвај 2-3 други такви единки на планетава. Или поедноставно кажано, ќе мора да се направат над 7.5 милијарди различни вакцини за над 7.5 милијарди различни живи организми на планетава, а поголема е веројатноста дека стазата за Ф1 која ја ветуваа зајко кукурајко и плавите жолтици да биде готова и пуштена во употреба во наредните 4 години, отколку фармацевтските компании да ги произведат тие над 7.5 милијарди различни вакцини за над 7.5 милијарди различни живи организми.
Не е небулоза да претпоставиш дека кристално истото сценарио важи и за хард кор вакцерите.