Слобода и протест против фашистичките ковид мерки. Стоп за присилна вакцинација и дискриминација

Дали треба да има рестрикции само кон невакцинираните граѓани?

  • Да

  • Не

  • Немам мислење

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
24 април 2008
Мислења
10.500
Поени од реакции
11.565
Во Германија задолжителна вакцинација и локдаун за невакцинирани.
Кај нас се жалат бе.
Не е иста споредбата, Германија ги има над 80 милиони народ, Македонија едвај 2 милиони народ.

Германија ја движат парите и капиталот, Македонија си стои во место и само ја протресуваат партиските криминални структури одвреме навреме за да глуми некакво движење, слично како на инвалид да му ја протресуваш инвалидската количка и да кажеш дека бил во движење.

Во Германија работодавачите се луѓе кои вообичаено вработуваат и плаќаат квалификувани кадри кои си ја знаат работата и ја вршат истата како што треба, додека во Македонија најголем работодавач е државата која вообичаено вработува и плаќа партиски книшки според принципот клати врата - земај плата, без разлика колку неписмен и неспособен е вработениот партиски кадар. РЕК Битола и претстојната енергетска криза се најтазе пример за ова, Бог знае уште колку лежачи ќе бидат откриени на платните списоци низ општините и државните и јавните институции и установи.

За почеток законите во Македонија не важат за рамковнистичките коалициски партнери на плавите жолтици и за нивните гласачи, дури и кога имаше полициски час за нив важеа други правила и закони. Па дури и полицијата не си го пика носот во одредени населени места низ државата во кои важат други правила и закони.

Јас лично познавам барем еден господин кој не е рамковнист, но најдобри другари му се рамковнистите и си организираше игранки со нив на отворено и на затворено за време на полициски час, а бидејќи има лекарска потврда дека не смее да се вакцинира поради здравствени проблеми кои ги има цел живот - а навистина ги има - ете ти барем еден пример за човек кој нема да се вакцинира, а ќе продолжи да се дружи и со здрави и со болни, и со вакцинирани и со невакцинирани.

Понатаму, ако испадне вистина ова за новата јужноафриканска/холанѓанска варијанта дека најверојатно мутирала во организмот на човек со ХИВ, тогаш дури и кај 100% избоцкано население ќе има имунокомпромитирани организми во кои вирусот може слободно да продолжи да мутира и со тек на време ќе стекне отпор кон вакцините.

Во развиените и богатите држави од типот на Германија во кои најчестите проблеми со кои обичниот смртник се соочува секојдневно се каде вечерва и со кого, вообичаено задолжителното боцкање поминува лесно бидејќи им велат дека тоа е единствениот услов за да се врати општеството во нормала.

Во ебиветрите од типот на Македонија во кои најчестите проблеми со кои обичниот смртник се соочува секојдневно е како ќе ги истера утрешниот ден, тековната недела и тековниот месец со мизерија наречена плата, задолжителното боцкање нема да смени нешто многу, бидејќи во пракса не гарантира апсолутно никакво подобрување во секојдневниот живот.

Поголема е веројатноста обичниот македонски смртник да се избоцка со 1.000 дози вакцини ако треба, доколку тоа му гарантира работа во странство, отколку враќање во мизеријата во Македонија.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Во Германија задолжителна вакцинација и локдаун за невакцинирани.
Кај нас се жалат бе.
Смешно и несериозно е да се споредува нашава Балканска дупка, вукојебина и прдешница со вкупно милион - милион и пол жители со држави со популација стопати поголема од нашава како Германија. Ајде да земеме да ја споредуваме Македонија и со држави кои имаат илјада пати поголема популација од нас како на пр. Кина или Индија :icon_mrgr:
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.633
Поени од реакции
38.809

држава е држава, нема никаква врска дали е македонија или германија
 
Член од
7 февруари 2021
Мислења
211
Поени од реакции
621
Чисто информативно, дали има некој што има/очекува бебе зачнато после вакцинација против ковид? Значи не жени кои се вакцинирале за време на бременост., туку мажи и жени што после вакцинацијата имаат зачнато дете. Прашувам бидејќи еден од сомнежите на анти-ваксерите е дека вакцините не прават стерилни или со намалена плодност. Можеби сеуште е рано за прашањево со оглед на тоа кога имавме достапни вакцини.
 
Последно уредено:
Член од
7 февруари 2021
Мислења
211
Поени од реакции
621
Вакцините не креираат стерилитет. :)
И јас така мислам ама сакам информација од прва рака :) Ако чекаш/имаш бебе после вакцинација ја користам оваа прилика да ти честитам и да ги охрабрам другите форумџии со иста приказна да потврдат и да намалиме барем еден сомнеж.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
И јас така мислам ама сакам информација од прва рака :) Ако чекаш/имаш бебе после вакцинација ја користам оваа прилика да ти честитам и да ги охрабрам другите форумџии со иста приказна да потврдат и да намалиме барем еден сомнеж.
Не чекам бебе. Барем мислам дека не чекам. :unsure:

Нема ниту еден научен доказ дека вакцината креира стерилитет. Навистина имаше едно истражување кое го потврди тоа. Така тоа заеби. :)
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.500
Поени од реакции
11.565
И јас така мислам ама сакам информација од прва рака :) Ако чекаш/имаш бебе после вакцинација ја користам оваа прилика да ти честитам и да ги охрабрам другите форумџии со иста приказна да потврдат и да намалиме барем еден сомнеж.
Јас можам да ти потврдам дека вакцинирана мајка не смее да го дои бебето, без разлика со каква вакцина се вакцинирала.

Моја баба се вакцинирала против грип или не знам што во поранешна Југославија, ја вакцинирал некој млад тотален почетник кој стажирал таму во клиниката, жената убаво го прашала дали смее после вакцинацијата да го дои бебето родено пред помалку од година дена, стажантот и одговорил дека може, неколку денови после вакцинацијата бебето починало, потврдено поради контаминирано мајчино млеко.

Јас не сум анти-вакцер, но никогаш нема да им препорачам на доилки да дојат бебиња доколку штотуку се вакцинирале.
 
Член од
17 ноември 2013
Мислења
29
Поени од реакции
106
Босна прва држава во свет да се ослободи од вакциналните пасоши.

Член од
24 април 2008
Мислења
10.500
Поени од реакции
11.565
Овој е помалку познат бидејќи завршил неславно, но поуката на неговата порака е подеднакво важна денес исто колку што била важна и пред повеќе од 200 години.

Член од
13 јули 2006
Мислења
15.174
Поени од реакции
17.968
Прележаните од 2003 од SARS Cov-1 сеуште имаат имунитет на тој вирус, после 18 години. И не само тоа, туку и имаат заштита од SARS Cov-2.

Дај престанете да се лажите на глупости.

Сите прележани што ќе бидат позитивни на Омикрон ќе си поминат поарно од било кој вакциниран со 3 дози фајзер.

Така лажеа и за Бета од Јужна Африка дека го пробивала природниот имунитет, за сега да кажуваат дека не го пробивала повеќе од Делта.
 
Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.133
Поени од реакции
28.879
Прележаните од 2003 од SARS Cov-1 сеуште имаат имунитет на тој вирус, после 18 години. И не само тоа, туку и имаат заштита од SARS Cov-2.

Дај престанете да се лажите на глупости.

Сите прележани што ќе бидат позитивни на Омикрон ќе си поминат поарно од било кој вакциниран со 3 дози фајзер.

Така лажеа и за Бета од Јужна Африка дека го пробивала природниот имунитет, за сега да кажуваат дека не го пробивала повеќе од Делта.
Целава тема ти е утка, за какви забрани зборуваш сите невакцинирани секој ден сторија од кафани и диска ставаат, оди живеј малку не тука се напињај многу.
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.167
Поени од реакции
15.962
Босна прва држава во свет да се ослободи од вакциналните пасоши.

Браво за Босна, тоа е држава.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom