Слобода или сигурност?

Слобода или сигурност?


  • Вкупно гласачи
    69

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Има многу врска. Тоа и ми беше целта, тоа сакав и да го покажам. Овде, затоа што се говори за апстрактни категории, се ставаш веднаш во позиција да ја браниш идеологијата што ја застапуваш и како либерал ја објаснуваш слободата, како таа е битна, правото на избор, ниски даноци, мала регулатива...

Ама во тема како што помалку се апстрактира, каде што се говори за реалните проблеми (како цените и трошковите за живот), каде што во голем дел ни е одземена економската сигурност, толку е од таа слобода (која значи дека може и да банкнотираш и да умреш за јадење) и најголемите либерали и либертаријанци несвесно ја критикуваат таа ситуација и би немале проблем да се откажат од дел од слободите во замена за таа сигурност. Пример за тоа е ставот на населението за животот во бивша Југославија.
Што поголема слобода економска на граѓаните, толку повеќе и економска сигурност ........... помали даноци, помал држ.буџет, а повеќе пари кај народот ...... пошто пази вака како што е сега поголемиот дел од заработените пари на луѓето ги зема државата и го пумпа буџетот .......... и како да ја вртиш топката пак на исто му доаѓа, не се разбирам многу во економија само некои мислења си ги кажувам, не велам дека сум експерт фала богу .......... а што се однесува до ставот на луѓето за животот во екс.ЈУ интересно е тоа што повеќето велат дека тогаш им било подобро, па дури и ситуираните слоеви на луѓе велат дека тогаш било подобро од сега, иако нели било Социјализам, но дали Југословенскиот Социјализам бил навистина Социјализам или нешто помеѓу Социјализам и Капитализам !
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.327
Поени од реакции
26.277
По некој си пат libertarian = слободар= минимална државна власт додека либерал = ВМРО и СДСМ.


И те молам објасни го вториот параграф не те разбрав ништо што сакаше да кажеш.Патем минималната плата е бесмислена и од никаква корист посебно нема право владата да кажува кој колку треба да го плаќа.
Пиратик се има декларирано како либерал, а не либертаријанец. Ја знам разликата и можам да се согласам дека вториве многу подостоинствено држат до своите принципи. ДПМНЕ и СДСМ се далеку од либерали, според начинот на кој го користат државниот апарат додека се на власт, би се сместиле во друга категорија, ама многу ќе забегаме од тема.

Инаку, во вториот параграф само укажував на нелогичноста на ставовите на Пиратик на темава со тоа што го пишува во економија. Кога се работи за реални проблеми најголем дел застануваат на страната на сигурноста. Доколку стварно мислиш дека пазарот треба да биде апсолутно слободен и државата не би требало да влијае врз него дури и кога гиганти пропаѓаат и луѓе умираат за леб, си еден од ретките што стварно ја става слободата пред сигурноста.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Што поголема слобода економска на граѓаните, толку повеќе и економска сигурност ........... помали даноци, помал држ.буџет, а повеќе пари кај народот ...... пошто пази вака како што е сега поголемиот дел од заработените пари на луѓето ги зема државата и го пумпа буџетот .......... и како да ја вртиш топката пак на исто му доаѓа, не се разбирам многу во економија само некои мислења си ги кажувам, не велам дека сум експерт фала богу .......... а што се однесува до ставот на луѓето за животот во екс.ЈУ интересно е тоа што повеќето велат дека тогаш им било подобро, па дури и ситуираните слоеви на луѓе велат дека тогаш било подобро од сега, иако нели било Социјализам, но дали Југословенскиот Социјализам бил навистина Социјализам или нешто помеѓу Социјализам и Капитализам !
Оф море колку сакам сега да се вратат тие времиња каде во маркетите има од се по едно ако воопшто и го има па да ги видам колку добро живееле сите.

Било подобро жими таквото исто како нашиве иселеници ги фаќа носталгија за во Македонија после некоја година па кога ќе се вратат и ќе се потсетат пак зошто воопшто си отишле патот одма под нозе и следен пат за декада пак ќе се вратат пак кога ќе заборават зошто си отишле.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.327
Поени од реакции
26.277
Што поголема слобода економска на граѓаните, толку повеќе и економска сигурност ........... помали даноци, помал држ.буџет, а повеќе пари кај народот ...... пошто пази вака како што е сега поголемиот дел од заработените пари на луѓето ги зема државата и го пумпа буџетот .......... и како да ја вртиш топката пак на исто му доаѓа, не се разбирам многу во економија само некои мислења си ги кажувам, не велам дека сум експерт фала богу .......... а што се однесува до ставот на луѓето за животот во екс.ЈУ интересно е тоа што повеќето велат дека тогаш им било подобро, па дури и ситуираните слоеви на луѓе велат дека тогаш било подобро од сега, иако нели било Социјализам, но дали Југословенскиот Социјализам бил навистина Социјализам или нешто помеѓу Социјализам и Капитализам !
Првиот дел не ти е баш точен. На сосема слободен пазар, 95% од капиталот би завршил кај 5% од луѓето. Државите што имаат најрамномерна распределба на капиталот имаат силна државна регулатива.

Тогаш биле гарантирани економската и личната сигурност. За огромен дел од луѓето тоа било и повеќе од доволно. Иако, комплетно биле одземени политичките права и правото на говор. Ама не им сметало, и денес радо би се вратиле на таа ситуација. Тоа и ми беше поентата. Системот не игра никаква улога.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Пиратик се има декларирано како либерал, а не либертаријанец. Ја знам разликата и можам да се согласам дека вториве многу подостоинствено држат до своите принципи. ДПМНЕ и СДСМ се далеку од либерали, според начинот на кој го користат државниот апарат додека се на власт, би се сместиле во друга категорија, ама многу ќе забегаме од тема.

Инаку, во вториот параграф само укажував на нелогичноста на ставовите на Пиратик на темава со тоа што го пишува во економија. Кога се работи за реални проблеми најголем дел застануваат на страната на сигурноста. Доколку стварно мислиш дека пазарот треба да биде апсолутно слободен и државата не би требало да влијае врз него дури и кога гиганти пропаѓаат и луѓе умираат за леб, си еден од ретките што стварно ја става слободата пред сигурноста.

Да го мислам токму тоа и ако земе и Пиратик да потчитува и да збори со други што имаат повеќе прочитано за либертаријанската идеологија и он ќе смени мислење.

Првин ја сретнав филозофијата пред 2 и пол години кога случајно наидов на едно видео од американски политичар што се вика Ron Paul. На почетокот и јас си бев класичен европски либерал и бев за слобода за се али сепак да си остане државно здравство,забрането оружје и голема влада со време како што читав и посебно литература од Австриската екононмска школа почнав да сваќам дека ПОЛИТИКА и ЕКОНОМИЈА не се мешаат.Секое мешање на политиката во економија секогаш низ истроријата се покажала како катастрофално.Најголемите подеми на цивилизациите биле кога мешањето било најмало.

Меѓу ретките кои мислат така во Македонија можеби во Америка од луѓе со кои што имам комуницирано од таму и зборено не би рекол и во споредба со мене они се навистина до коска.

Еден член на нивен форум иако во Америка социјално е преку 1000 долари + бонови за храна 400 долари + ако немаш дом помош негде околу 300 долари типот имаше спиено до железничка пруга во шатор а за бањање и генерална хигиена во блискиот унвиерзитет каде што и ја користеше библиотеката за да користи интернет.Човекот не беше бездомник имаше работа али го плаќаше недоволно дека имаше и алиментација на дете и најголем дел од парите му идеа за тоа.Едноставно не сакаше да има никаква поврзаност со државната власт е тоа е веќе комплетна идеолошка чистота.Јас искрено кога би бил пред истиот избор не најверојатно туку скоро сигурно би ги земал сите бенефиции кога веќе ги даваат.

Да не биде срцепарателна приказнава мислам дека типот најде пред некое време подобра работа и си купи комбе за живеење ефтино за 600 долари.


Првиот дел не ти е баш точен. На сосема слободен пазар, 95% од капиталот би завршил кај 5% од луѓето. Државите што имаат најрамномерна распределба на капиталот имаат силна државна регулатива.

Тогаш биле гарантирани економската и личната сигурност. За огромен дел од луѓето тоа било и повеќе од доволно. Иако, комплетно биле одземени политичките права и правото на говор. Ама не им сметало, и денес радо би се вратиле на таа ситуација. Тоа и ми беше поентата. Системот не игра никаква улога.

Не е точно.

Впрочем во комунизмот скоро целото богатство било концентрирано во партискиот врв али тоа сите како да го заборавиле.

Хонк Конг и Сингапур се земји со најнерегулирана економија на свет.Немаат скоро никакви даноци освен на имот мислам и никакви регулации освен што во Сингапур се многу строги за дроги поради историски причини ( опиумските војни ).И двете земји ги имаат едни од најголемите стандарди на живеење во светот и еден од најголемите годишни растови.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.327
Поени од реакции
26.277
Не е точно.

Впрочем во комунизмот скоро целото богатство било концентрирано во партискиот врв али тоа сите како да го заборавиле.

Хонк Конг и Сингапур се земји со најнерегулирана економија на свет.Немаат скоро никакви даноци освен на имот мислам и никакви регулации освен што во Сингапур се многу строги за дроги поради историски причини ( опиумските војни ).И двете земји ги имаат едни од најголемите стандарди на живеење во светот и еден од најголемите годишни растови.
Пол е интересен политичар, штета што системски беше бојкотиран на избориве во САД. Би сакал либертаријанци на власт во некоја од помоќниве држави. Ќе покаже практично како би функционирал таков систем, ама и кога располага со реална моќ. Азиските држави сеуште ја немаат.

Инаку, од спротивната страна ги имаш скандинавските држави, Британија, Франција, каде стандардот е висок, а слободата привидна.
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
3.831
Поени од реакции
3.616
Сигурност и слобода не иде заедно. Или имаш сигурност ама не си слободен( во смисол на демократија) Или си слободен ама сигурност немаш ( во смисол екзистенција, безбедно движење итн).
За мене е поважно да се има сигурност него да се биде слободен во демократски фазон(секој да може да тропа што сака).
Само со тврд режим ќе се има сигурност со тра ла ла демократија може да дојде како што е денеска ,безбедност 0 , егзистенција несигурна, љубомора,завист,подметнувања со еден збор хаварија ,секој на секому волк. А додека ако имаш сигурност овие работи ќе се намалат драстично. Од оваа гледна точка секогаш би бирал сигурност пред слобода(демократија итн)
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Пол е интересен политичар, штета што системски беше бојкотиран на избориве во САД. Би сакал либертаријанци на власт во некоја од помоќниве држави. Ќе покаже практично како би функционирал таков систем, ама и кога располага со реална моќ. Азиските држави сеуште ја немаат.

Инаку, од спротивната страна ги имаш скандинавските држави, Британија, Франција, каде стандардот е висок, а слободата привидна.
Британија и Франција се трули држави од внатре.Британија е држава со најголема мрежа на камери буквално се е набљудувано додека Франција е најцентрализираната држава не само во Европа туку и пошироко.Целата популација во двете земји се држи под контрола само со огромна полициска сила.

Скандинавија пак ја има среќата да е многу богата со секакви ресурси ,да има мала популација и да немале војни ( разорнувачки војни ) со стотици години секако освен Финска со СССР али пак и тогаш Финските градови не биле разурнати до темели како нашите што биле десетици пати само последните 100 години.Тоа прави во моментов да можат барем последниве неколку декади да си играат социјализам али одма се покажа во Норвешка како функционира социјализмот во економија добро кога им изгубија скоро пола од фондот од 600 милијарди кои они го чуваа за идни генерации кога ќе снемало нафта за време на економската криза преку лоши инвестиции.

Освен во Америка реално гледано либертаријанци нема нигде барем во поголема бројка.Ги има тие УКИП мислам се викаа во Британија али тие немаат воопшто шанса зошто Британија е фул социјалистичка-полициска држава би им требале генерации да излезат од менталитетот.

Најголема шанса искрено гледам после Америка на балканов дека ситуацијата кај и да е ќе дојде до критична точка како во 90тите тогаш нови луѓе со нови идеи може да се пробијат секако може и ситуацијата да отиде во сосема лош правец па пак да се вратиме на социјализам или национализам и да изгубиме уште 2-3 декади.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.327
Поени од реакции
26.277
Најголема шанса искрено гледам после Америка на балканов дека ситуацијата кај и да е ќе дојде до критична точка како во 90тите тогаш нови луѓе со нови идеи може да се пробијат секако може и ситуацијата да отиде во сосема лош правец па пак да се вратиме на социјализам или национализам и да изгубиме уште 2-3 декади.
Го преценуваш Балканот. Овде имаме тенденција да бираме авторитативни власти кои изгледаат дека знаат што прават и ни кажуваат точно што да правиме. Кога ја имаме слободата на избор, обично не знаеме што со неа.
 

The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
Треба да ја имаат, но мора да оди во комплет со некоја одговорност. Не може слободата да води во деградација.
Може е еволуција, целта е опстанок на видовите нели.:D
Дали фб муцињата ја нарушуваат твојата сигурност чија слобода сакаш да ја лимитираш со одредена нова обврска?
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Го преценуваш Балканот. Овде имаме тенденција да бираме авторитативни власти кои изгледаат дека знаат што прават и ни кажуваат точно што да правиме. Кога ја имаме слободата на избор, обично не знаеме што со неа.
Да бидеш авторитативен и да има народот комплетна слобода се взаемни работи.Лидерот би можела да има контрола само врз војската полицијата и надворешни работи ( како што и би требало ) и да биде попочитуван лидер одколку кој било во нашата историја.

Ние гледаме во моментов како да го се добереме до државната "цицка" зоштоедноставно државната ":цицка" ни е пред лице.Ако комплетно ја издишеме или воопшто ја тргнеме нема да има никаков проблем со корупција.

Дали ти мислиш дека лидер кој комплетно би го средил проблемот со непочитување на законите и правата би ја зајакнал армијата и би ги средил надворешните одноци + би им ја дал назад слободата на граѓаните на личен план би бил понепочитуван од сегашните или поранешните ?

Се е само до харизмата.Има милион начини како формулираш став и тоа што си го кажал иако технички значи истото што го имаш во план кога го слуша друг да звучи сосема различно.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.327
Поени од реакции
26.277
Дали ти мислиш дека лидер кој комплетно би го средил проблемот со непочитување на законите и правата би ја зајакнал армијата и би ги средил надворешните одноци + би им ја дал назад слободата на граѓаните на личен план би бил понепочитуван од сегашните или поранешните ?
Дефинитивно ќе биде попочитуван. Ама ако дојде на власт и ги преживее тие неколку мандати во кои би го направил тоа. Е тука е потребна цела војска на луѓе што би го поддржале. Во Македонија, а и на Балканов нема поволна клима за такво нешто. На последниве избори во САД видовме дека и таму тешко оди тоа. Едноставно, одлучија да го бојкотираат Пол.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Дефинитивно ќе биде попочитувам. Ама ако дојде на власт и ги преживее тие неколку мандати во кои би го направил тоа. Е тука е потребна цела војска на луѓе што би го поддржале. Во Македонија, а и на Балканов нема поволна клима за такво нешто. На последниве избори во САД видовме дека и таму тешко оди тоа. Едноставно, одлучија да го бојкотираат Пол.
Види во Америка се 300 милиони народ едноставно медиумите ако решат да те игнорираат тешко е да допреш до сите да ја слушнат твојата порака.И милијардер да си навистина би било тешко пример за тоа е Рос Перот иако освоил 30% скоро од гласовте на претседателски избори како независен кандидат.

Ние сме 2 милиони земја шака народ.Комшиката во Скопје еден трач ќе каже за тебе до вечер роднините од Гевгелија ќе ти се јавуваат да те прашат дали е вистина.Во секој град да правиш митинг со по едно бесплатно пиво 70-80% од државата ќе знае кој си што си и какви ти се ставовите.

Во секој случај најважен е да имаш харизматичен водач кој ќе може да направи се да тргне.Делот што ти го викаш за мандати потребен би ти бил еден мандат најмногу еден и пол да ги спроведеш сите реформи и воопшто повеќе да не би можел ни Ленин да дојде после тебе на власт пак да почне со социјалистички мерки ако навистина сакаш реформи за почеток.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.327
Поени од реакции
26.277
Ние сме 2 милиони земја шака народ.Комшиката во Скопје еден трач ќе каже за тебе до вечер роднините од Гевгелија ќе ти се јавуваат да те прашат дали е вистина.Во секој град да правиш митинг со по едно бесплатно пиво 70-80% од државата ќе знае кој си што си и какви ти се ставовите.
И овде се потребни пари, медиумска поддршка, теренска поддршка и логистика. Плус, добро подготвен одговор на прашањето дали тие либертаријански идеи вклучуваат и вработување на синот/ќерката кој бил/била најдобар студент (сите се најдобри) во некоја државна институција. :D Јово проба така со шатор стратегија во секој град, па видовме како пројде. Не е толку едноставна работа добивање на избори, дури и кај нас. Само ептен забегавме, доста е за ова, ќе не бришат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom