Слобода или сигурност?

Слобода или сигурност?


  • Вкупно гласачи
    69

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
На кратко за Епл. Фокскон е лош PR за Епл. Да беше некоја но-нејм фирма а ги има многу кои имаат многу полоши услови никој немаше да чуе, тоа е кога си голема фирма. Потешко ќе помине некоја голема фирма од мала кога е во прашање вакво нешто. Тоа што се случува во Фокскон не е добро за Епл но, ако менаџментот смета дека е подобро да остане Фокскон како што е и подобро им е да трпат лош ПР одколку да ги зголемат трошоците за производство ОК. Колку што знам прометот не им трпи многу поради тоа. Работниците работат за пари, Епл исто работи за пари Соу Ват а Фак сите сме за истата работа.
За наследството една од мерките која Маркс и Енгелс ја сугерираат во „Комунистичкиот Манифест“ е укинување на наследството на имот. Но, една од мотивациите да работиш и создаваш е да твоите деца имаат подобар живот. Ако се укине наследството сите ќе се фрлат на лудо трошење додека се живи и нема да имаат никаква мотивација да работат понапорно бидејќи нешто нема да им остане за децата. Секој сака се најдобро за децата а некој луѓе едноставно се поспособни и посреќни од други. Јас не поставувам прашање зошто е тоа така и дали светот е праведен или не тоа само раѓа фрустрации не верувам во вселенска правда. Тоа е тоа таква ни е реалноста...подобро е да се прифати одколку да се мава глава во ѕид. Системот нема да се смени наскоро.
 

Poe

Член од
26 јули 2012
Мислења
2
Поени од реакции
0
Сигурност е нормирана слобода. За да човек каже за себе дека живее во сигурност, нужно треба да чувствува дека има избор да прави работи добри за себе, уште повеќе, во духот на Нешова рамнотежа, и за групата на која припаѓа. Социјалната природа на човека имплицира (ќе си земам слобода да згрешам :) ) етичко однесување, кое како е ограничено со наука, лежи на правила, па отаму правењето добро за себе и својата група е слободно однесување во социолошка рамка, или ако повеќе сакате квази-слободно однесување. Сигурноста е отсуство на страв, па се луѓето (или волците), повеќе склони кон неа наспроти слободата, која нужно не носи сигурност, (затоа што нема објективна, а напротив само субјективна дефиниција за разлика од сигурноста) па отаму не го елиминира стравот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom