Крем сладолед
Овој сладолед може да се прави и со различно овошје,со чоколада, еурокрем и сл.
Потренбо (за 5 порции)
-2 павлаки од по 2 деци
-150 грама шеќер
-250 грама овошје
-2 кесички шлаг во прав
Подготовка:
Направете го шлагот,според упатството на кесичката,додадете го шеќерот,овошјето веќе испасирано,промешајте и додајте ги двете павлаки.
Сладоледот е готов. Ставете го во пластичен сад,кој добро се затвара и оставете го во фрижидер.
Бидејќи павлаката е мрсна,не се создаваат кристали,како кога правиме сладолед со вода,па и покрај подолго стоење во фрижидер,ќе биде кремаст.
Може да се јаде и како крем,пред да замрзне.