Славење полуматура во кафани/мотели/хотели или не ?

  • Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување

Дали го подржувате законот на министерството за образование ?


  • Вкупно гласачи
    82
М

Мартин`

Гостин
Деновиве низ Српскиве медиуми доста е активна ваа тема па да видиме мислење и на Македонците ..

Се работи за тоа дека Српското министерство за образование им забрани на Основните училишта односно на директорите на истите да организираат полуматурантски прослави во кафани, мотели, хотели итн. Според нив адекватно на возраста (во случајов 14 годишни деца) директорите потребно е да организираат полуматурантски забави во самите училишта каде што ќе бидат побезбедни и ќе можат да бидат полесно контролирани. Секако тука ќе се намалат и трошоците на родителите околу подготовките на полуматурата, и генерално идејава е поздравена (се одобрува) од повеќето луѓе (родители) пред се.

Што мислите дали е правилна одлукава или не ? треба ли и кај нас да се воведе вакво нешто ..
 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.609
Поени од реакции
31.424
,, pod hitno ,,vakva odluka ,,,shto e mnogu ,,mnogu e ,,,,fali ushte da se proslavuva i napushtanje na gradinka,,,,,,,,
,,,,ministerstvoto za obrazovanie ,,bi trebalo po skratena postapka da vovede vakva merka,,,vo sluchajov bidejki se raboti za maloletni lica ,,nema shto tuka da se prashuvaat decata ,ili nivnite roditeli,,,,drzhavnite institucii bi trebalo vednash i kaj nas tuka vo makedonija da donesat vakva odluka ,,,,a ima i mal milion prichini zoshto,,,no toa e veke drugo,,,,
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Грешка го прочитав насловот на анкетата и гласав не.Славење за завршување на осмо одделение е глупост.Самото нарекување полуматура е идиотизам.Па и онака одат на дводневни екскурзии во осмо нека си слават таму.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Мене ми е глупости ваквата одлука, ние славевме и во школо, и во ресторан и пак вечерта се вративме во школо (проваливме) и што ни фалеше?
Зошо да не славиме.. сепак 8 години (9 со забавиште) сум бил со тие луѓе (деца), некои од нив не сум ги видел од тогаш, и да ги видам може нема да ги познаам (што и ми се деси).
Божем беља не може да се направи во училиште.. баш напротив во школо и да сакаат неможат да ги контролираат.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.268
Поени од реакции
18.240
искрено ја си пројдов убаво,може од оваа гледна точка било претерано али исто ке биде и за матурата по некоја година.Кој сме ние да им забрануваме коа сме го правеле тоа..
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.631
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Јас не се ни сеќавам дека сум славел полуматура .... Ова со полуматуриве кај нас во струга не се слави ..... некоја скопска шема се почна пред неколку години а и да се слави со што ќе слават ? со чаши млеко и густо сокче ?
Завршил ОСНОВНО и ај сеа ќе славиме ..... јаки муда што завршил чоекот .... ај за средно е океj ама за основно ?
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Јас не се ни сеќавам дека сум славел полуматура .... Ова со полуматуриве кај нас во струга не се слави ..... некоја скопска шема се почна пред неколку години а и да се слави со што ќе слават ? со чаши млеко и густо сокче ?
Завршил ОСНОВНО и ај сеа ќе славиме ..... јаки муда што завршил чоекот .... ај за средно е океj ама за основно ?
а што во средно алкохол ќе ти дадат?
 
М

Мартин`

Гостин
Да не се лажеме - ако е само препорака од страна на министерството никој директор нема да го почитува и спроведе во пракса истото. Гајле му е на директорот дали се ќе се испијанат и има шанси да се повредат или пак тоа што родителите на истите деца треба да дадат 100 евра минимум за една вечер, додуше ова минимално некои трошат и по 200~ евра за 4-5 саати полуматура.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Јас мислам дека е поарно сепак да ги остават да слават полуматура ако наумиле во кафана или хотел.

Доколку се забрани, ќе се самоорганизираат некаде без надзор на професори и родители и повторно ќе се испијанат.

Значи пијанчењето не бега секако. Вака барем ќе има контрола од постари лица, каква таква.

Треба да се смени менталитетот наш, пред се на родителите, дека полуматурата не е настан кој треба да доживее такво одбележување и за неколку години полека да си исчезне таквиот вид славење, и да се врати во училишните сали и дворови.

Џабе се сите забрани, ако самите учесници (родителите и полуматурантите) не се свесни зошто е таа забрана.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Јас не се ни сеќавам дека сум славел полуматура .... Ова со полуматуриве кај нас во струга не се слави ..... некоја скопска шема се почна пред неколку години а и да се слави со што ќе слават ? со чаши млеко и густо сокче ?
Завршил ОСНОВНО и ај сеа ќе славиме ..... јаки муда што завршил чоекот .... ај за средно е океj ама за основно ?
Јас се сеќавам како сум славел полуматура, во една училница во самото школо едно попладне. Имавме сендвичи и грамофон... Главен хит беше: http://www.youtube.com/watch?v=gNyHymEhZmg. Убаво е секој да слави и да си спомнува...
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
Како бе алкохол....Ја ко бев полуматурант пред 3 години се си помина во најдобар ред..Никој не мислеше на пијанчење, одлично беше. Отидовме, мезе, сокче едно друго. Се изнагиравме ора, се изнавеселивме до немај каде..Вечера на крај и си заминавме..После тоа таксито под газ и отидовме на велешко езеро со гитарче, и тоа беше се во глобала.
 

Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.210
Поени од реакции
1.252
Не е само во Скопје славењето, во Гостивар се слави одкако знам за себе, се оди во кафана, 6 сати, мислиш на свадба си... глупости...целосна поддршка за воведување на законот...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom