Скопје 2014 (Генерална дискусија)

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?

  • Вкупно гласачи
    593
Член од
27 септември 2011
Мислења
185
Поени од реакции
96
Ти ги испраша сите по ред?
Чим дошле,чим имаше громогласни аплаузи за фонтаната,кај и да се свртиш имаше пофални коментари, може глобално да се заклучи дека ДА им се допаѓаше.
На оние кои не им чинеше СК2014, не дојдоа , си бојкотираа,и си плачеа...
 
T

Tetro

Гостин

... помислил малиот Радован кога се појавила ѕвездата вечерница што им свети на децата кога легнуваат.

Не, навистина беше интересно, но далеку беше од спектакуларно. И за тоа имаше друга тема, бев присутен колку можев, доставив неколку слики од настанот и имам таму коментирано на таа тема. Не ја валкајте оваа тема толку, па после да се жалите дека некои пишувале оф-топици, молам.
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Лејди(ман),во твојот расказ има многу бес и гнев, што не е својствено кога се гради и создава;)
Стручно мислење не е некој анонимус, странец ќе ми кажува кој бил мојот национален идентитет-тоа дечко/девојко е историска дискусија , а не дискусија на архитекти.Стручно мислење не е, кога е преставено од 5-6 архитекти кои имаат политички бекграунд и за кој се знае дека се исфрустрирани што не добиле некој конкукрс.Што правиме со оние 20-30 архитекти и уште толку историчари, кои работеа на проектот и кој се врвни имиња?Зашто нивното не е стручно миселење.

Дечко/девојко,зар ако немало пред тоа ништо,зар поѓаволите и соросоидите, да го оставиме така?Која е таа глупа логика,така не било порано,па ај тој стил да не се гради.Ристичиева палата извини што е?Кога беше планот за офицерски дом истите тие ,,стручнаци,, врескаа зашто ќе се градела зграда од српско време...
Ете се направило проценка од тим составен од архитекти и историчари кои легитимно си победиле на конкурс, тие 4-5 згради,најсоодветно и најавтетично да имаат таков стил.И сега ако шака од лузери архитекти ,дробат нон стоп дека не е така,треба да земеме чекичот и да рушиме?
А бе Игор Џамбазов кога го прашаа за СК2014, убаво кажа ''Само идиот може да корне коси против нешто што се гради''
Дечко/девојко, Триумфалната порта не ни треба да личи на таа у Париз.Ти ни значењето не и го знаеш а коментираш и замараш.И кој тоа те излажа дека не трпела згради во близина:vozbud:
Тоа е , што и да врскате што и да правите,колку и да плачете,таму се собра 250 000 народ за прославата и сите беа воодушевени.Битно на народот му се допаѓа проектот СК2014,а не што ќе ми каже некој анонимус исфрустриран.Жалам,готов е,завршен,изграден...сеа само ви останува да глумите експерти по архитектура и историја:place:
Колку си ти полн со срање. И упорно верглаш едно те исто. На купот овошје со шлаК, на крај му тури јаготка-Игор Џамбазов! Постручен не можеше да најдеш :D
Јеа, срцка, битно на народот му се допаѓа! Мене па ова не ми се допаѓа, поготово коа ќе се сетам каков ни е народот...

Ја најтопло ти порачувам да си земеш одмор и барем неколку часа од денот да гледаш во зеленило!
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
185
Поени од реакции
96
Колку си ти полн со срање. И упорно верглаш едно те исто. На купот овошје со шлаК, на крај му тури јаготка-Игор Џамбазов! Постручен не можеше да најдеш :D
Јеа, срцка, битно на народот му се допаѓа! Мене па ова не ми се допаѓа, поготово коа ќе се сетам каков ни е народот...

Ја најтопло ти порачувам да си земеш одмор и барем неколку часа од денот да гледаш во зеленило!
Грев,полн/а со гнев:place: Сега сваќам,ти си од онаа баграна на професоркана Најчевска што народот го смета за глуп и шутрачки а вие сте оние со сина крв.
Ја најтопло ти препрачувам да си надеш дечко/девојка, и еден живот у спат:pos:, и да се вратиш да коментираш кога имаш нешто на темава,а не само бесови и фрустрации да истураш.
П.С. Народов на кој нејќеш да се сетиш е, е оној на кој припаѓаш и со кој живееш.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
827
Поени од реакции
101
Колку си ти полн со срање. И упорно верглаш едно те исто. На купот овошје со шлаК, на крај му тури јаготка-Игор Џамбазов! Постручен не можеше да најдеш :D
Јеа, срцка, битно на народот му се допаѓа! Мене па ова не ми се допаѓа, поготово коа ќе се сетам каков ни е народот...

Ја најтопло ти порачувам да си земеш одмор и барем неколку часа од денот да гледаш во зеленило!
па важно е тоа дека на мнозинството им се допаѓа проектот. а зошто да не им се допаѓа кога се работи за голем проект и за многу поубаво Скопје
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
па важно е тоа дека на мнозинството им се допаѓа проектот. а зошто да не им се допаѓа кога се работи за голем проект и за многу поубаво Скопје
Во Македонија одсекогаш на малцинството му се давало големо значење,непотребно
 
Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
Прво бараш стручна дискусија, мислење на архитект, а коа ќе го добиеш-па, ондак добиваш дрскавица од типот-шака архитекти кои даваат оценка (замисли!) за "мојот град", кртови на ААМ, платени карти...паааа, можда од Бранко Црвенјковски?
не мора да разговараме за ААМ, доволен е флаерот, односно коспонзорите подоле.
нема да навлегувам во политика, ГЕМ, книгата, амбасадите, Аритон Груби и Косовската врска, Грчките канали и ЕУ тројката. би било оф топик. но да се знае наспроти ААМ има уште трипати по толку архитекти и градежни институции кој ги проектираа, извршија надзор и изведоа објектите.НЕ гледам како реномирани институции како завод за геодетика или гранит се неважни а некој Босанец од Берлин кој иронично ми држи предавање за идентитет(пази Босанец) е релевантен???

aam sros buld.jpg

2. Значи, звучиш ко кретен коа споредуваш архитектура и архитектонски стилови во Европа и архитектура во МАКЕДОНИЈА И СКОПЈЕ. Поготово, што се однесува на последново. Западноевропските градови имаат поинаква архитектонскиа и уметничка култура (ако сакаш така) низ историјата-романика, готика, ренесанса, барок, нео-стилови (нео-класицизам, нео-готика на пример итн).
какво основно непозанавње на Европа а особено на Скопје и МАКЕДОНИЈА!
само на кратко за СКОПЈЕ, МАКЕДОНИЈА И НЕОКЛАСИЧНАТА АРХИТЕКТУРА. кој имаат далеку поголема застапеност, изворност и континуитет отколку плагијаторите на запад.

Македонија пред 2500 години кога Европа беше ливада

МАКЕДОНИЈА пред 1000/1500 години, кога Европа се молеше на ливада

МАКЕДОНИЈА пред 100-200 години кога Европа се антиквизираше:icon_lol:

Е, за малце ќе заборавев-имаш погоре еден бисер као сме имале ние неокласична архитектура од пред 2000години??? Стварно? Стварно? Чекај, ние сме имале, па дошле германците и ни ги испорушиле, па мораме сеа да си ги изградиме наново? Пфффф....
колку смешно изгледа сега овој коментар...нели? пфф пуфффф пафффф

:vozbud:
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.487
Поени од реакции
7.974
Ајде сефте бањање на странски турист во фонтаната на плоштад.

Кога ќе се изврти видеово по странските сеир сајтови уште поголем публицитет ќе добие Скопје 2014. Веќе може да се размислува за печатење на рекламни материјали и сувенири кои се поврзани со Скопје 2014, а ќе се нудат на странците кои доаѓаат да го видат Скопје.
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
не мора да разговараме за ААМ, доволен е флаерот, односно коспонзорите подоле.
нема да навлегувам во политика, ГЕМ, книгата, амбасадите, Аритон Груби и Косовската врска, Грчките канали и ЕУ тројката. би било оф топик. но да се знае наспроти ААМ има уште трипати по толку архитекти и градежни институции кој ги проектираа, извршија надзор и изведоа објектите.НЕ гледам како реномирани институции како завод за геодетика или гранит се неважни а некој Босанец од Берлин кој иронично ми држи предавање за идентитет(пази Босанец) е релевантен???

Прегледај го приврзокот 34635

какво основно непозанавње на Европа а особено на Скопје и МАКЕДОНИЈА!
само на кратко за СКОПЈЕ, МАКЕДОНИЈА И НЕОКЛАСИЧНАТА АРХИТЕКТУРА. кој имаат далеку поголема застапеност, изворност и континуитет отколку плагијаторите на запад.

Македонија пред 2500 години кога Европа беше ливада

МАКЕДОНИЈА пред 1000/1500 години, кога Европа се молеше на ливада

МАКЕДОНИЈА пред 100-200 години кога Европа се антиквизираше:icon_lol:

колку смешно изгледа сега овој коментар...нели? пфф пуфффф пафффф

:vozbud:
Баш си тотално збркан! И стануваш бајаги напорен.
Прво, да те цитирам, "а некој Босанец од Берлин кој иронично ми држи предавање за идентитет(пази Босанец)"...Ако не беше Босанец, тогаш мислењето ќе беше за читање??? Мене добро ме служи меморијата, а таа допира се до почетните страни на темава (и на уште една друга, слична), кога се колевме околу мислењата на домашните стручњаци. На оние правите стручни стручњаци, ќе си најдеш кои се, пошто гледајќи колку ти сече, не мислам да те "освежувам" наново.

"какво основно непозанавње на Европа а особено на Скопје и МАКЕДОНИЈА!
само на кратко за СКОПЈЕ, МАКЕДОНИЈА И НЕОКЛАСИЧНАТА АРХИТЕКТУРА. кој имаат далеку поголема застапеност, изворност и континуитет отколку плагијаторите на запад.

Македонија пред 2500 години кога Европа беше ливада"

Можда сакаш да кажеш дека ние сме изворот на старогрчката архитектура и уметност? И, дека според тоа имаме право да си играме ставање на класични елементи каде ќе стигнеме и како сакаме? Се прашувам, дали имаш уопште осет за време, осет дека у меѓувреме се слушиле (дури) 2 милениума. За Скопје од поновата историја (а за Скопје збориме) и еден катастрофален земјотрес, кој ја елилинирал и таа трошка неокласицизам што ја имало-и погодуваш, добивме Скопје какво што го знаеш до пред две години. Со примери од модерната (за тоа време) архитектура и со уште помала трошка нео. Е сеа, коа некој локален и современ стручњак ќе стаи на куп и без ред објекти со т.н неокласични елементи во вакво опкружување, ризикува да испадне многу смешен. Дури и во очите на некој-си-таму Босанец!

И па бисер!
Ја ти се смеев (и уште се смеам) за делот со НЕОкласичната архитектура од пред 2000г. Уште ти се смеам за сликата што си ја ставил испод тој цитат. Можда сме имале и железница од пред 2000години???

Лудница!
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Ајде сефте бањање на странски турист во фонтаната на плоштад.

Кога ќе се изврти видеово по странските сеир сајтови уште поголем публицитет ќе добие Скопје 2014. Веќе може да се размислува за печатење на рекламни материјали и сувенири кои се поврзани со Скопје 2014, а ќе се нудат на странците кои доаѓаат да го видат Скопје.
Toнчи што е ова бе :eek:
Циганче ли е ,ич неможам да препознам..
И кое врмеме е ова ? Жив човек нема
 
wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Од цел овој проект најмногу ме радува реконструирањето на улиците и тротоарите, само би сакала во секоја населба секоја улица да се среди и новите автобуси уште трамвај да стават супер ќе биде и секако да инвестираат во магистрални патишта, бидејќи навистина инфраструктурата е важна за полесно да циркулира сообраќајот и секако естестки е поубаво.

А најзадоволна ќе бев барем некои од фабриките да се рестартираа и да заживее нашата економија, а верувам добар дел од парите за Скопје 2014 голема работа ќе завршеа.

Не сум против градење, но во екот на светска криза, а поготово нашата која не стивнала веќе добри 10-15 години и да се инвестира во непрофитабилни објекти е нон сенс.

Во проектот 2014 најмногу ме иритираат објекти кои немаат врска со Македонија како Триумфалната капија која е карактеристична за Франција и Кривичниот суд како и еден објект доле на кеј, незнам која му е намената, а истиот е во грчки стил, не тоа никако не иде, никогаш тоа не било карактеристика за Скопје, а и кога тргнале да прават нешто, макар биле и тоа антиквитети, нека беа само оние кои се карактеристични за градот.

Едит: Исто така примиетив дека претераа со спомениците на плоштадот со тоа само го натрупаа и нема никаков изглед, Александар во средина од страните Цар Самоил, Ченто и ред други, абе кич и шунт, можеа само споменикот на Александар да го остават. Што е премногу, премногу е.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
А најзадоволна ќе бев барем некои од фабриките да се рестартираа и да заживее нашата економија, а верувам добар дел од парите за Скопје 2014 голема работа ќе завршеа.
Умре социјализмот кај нас.

Во проектот 2014 најмногу ме иритираат објекти кои немаат врска со Македонија како Триумфалната капија која е карактеристична за Франција
Пред некое време пишав нешто во врска со портите

Не ми се допаѓа што ќе има порта, но порти како нашата има повеќе во светот и не сите се изградени од цареви односно императори заради нивните подвизи. Дел од нив се изградени како обележје на независноста, некои за уривање власт...
Нашата ќе ја симболизира независноста.
Со таква симболика како нашата се Букурешт, Брисел, Банџул, Лаос...
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.487
Поени од реакции
7.974
А најзадоволна ќе бев барем некои од фабриките да се рестартираа и да заживее нашата економија, а верувам добар дел од парите за Скопје 2014 голема работа ќе завршеа.

Не сум против градење, но во екот на светска криза, а поготово нашата која не стивнала веќе добри 10-15 години и да се инвестира во непрофитабилни објекти е нон сенс.
Ако не си запознаена, земи прошетај по индустриските зони Илинден, Бунарџик, Визбегово, имаш фабрики тазе изградени, имаш фабрики во изградба, а има и простор за уште да се градат. Рестартирање на фабрики кои се наоѓаат во градско подрачје е нон сенс.

Непрофиталбилни?! Имаше студија објавена во Нова Македонија според која парите инвестирани во Скопје 2014та ќе се вратат до 2035 година.
 
wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Ако не си запознаена, земи прошетај по индустриските зони Илинден, Бунарџик, Визбегово, имаш фабрики тазе изградени, имаш фабрики во изградба, а има и простор за уште да се градат. Рестартирање на фабрики кои се наоѓаат во градско подрачје е нон сенс.

Непрофиталбилни?! Имаше студија објавена во Нова Македонија според која парите инвестирани во Скопје 2014та ќе се вратат до 2035 година.
Како и од каде?
Затворените фабрики на кои мислам се наоѓаат надвор од градот.

Кога Грчка со толкав туризам и странски инвестиции неможе да се опраи па Македонија.

Да е толку лежерна работата како ти што кажуваш нема економските експерти во Македонија постојано да алармираат на неправилности и слаба економија.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom