Пред 54 години Скопје го зафати силна природна катастрофа. Неквалитетното градење го чинеше Скопје повеќе од 1000 животи.
После ова, цела Југославија и луѓе од целиот свет се солидаризираа и му помагаа на Скопје.
После скоро 50 години на истиот град и на сите претходни напори и залагања им се испосра инаетот, незнаењето и простаклукот на само една личност. Со својата франкенштајновска „визија“ предизвика масовно исселување на многу млади луѓе од градот и од државата и го претвори во еден дизниленд од кој тие што живеат во него се срамат.
Да знаел кутриот Кензо дека 50-тина години потоа Вардар ќе биде преплавен со фејк-галии кои таложат фекалиите на цело западно Скопје во центарот на градот, дека зградите кои тој ги препознал како вредни да се задржат, некој муфљуз решил да ги прешљака со ефтин гипс (и тоа само од страните кои се гледаат од улица) - кутриот Кензо, немал ни табак хартија да рашири, ни линија да повлече.
На Скопје му треба ново рушење и тоа од човечка рака и здрав разум. Да си го врати зеленилото и чистиот воздух, да си ја исчисти реката и да почне со памет да гради конечно.