Скопје 2014 (Генерална дискусија)

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?


  • Вкупно гласачи
    593
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.052
Поени од реакции
14.942
Мислев дека знаете.Тука ќе се гради административен објект со пред дел кои народот ги нарече `шпански скали` ,а всушност тоа е контрукциско решение колку толку да се зачува погледот кон споменикот на Аце низ портата


 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Мислев дека знаете.Тука ќе се гради административен објект со пред дел кои народот ги нарече `шпански скали` ,а всушност тоа е контрукциско решение колку толку да се зачува погледот кон споменикот на Аце низ портата
И јас во петок забележав дека дупчат на тоа место. Еве сега од тебе слушам што ќе граделе.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.052
Поени од реакции
14.942
Требаше тука да се прави објект за народна банка на РМ,но поради лошото сообраќајно решение се откажаа,и ним им доделија плац позади новото МНР.После се сменија работите,па ове што се одлучи:

Се продава последната парцела на плоштадот „Македонија“

Министерството за транспорт и врски денеска објави оглас за продажба на градежната парцела на плоштадот „Македонија“, атрактивна локација на која најпрвин беше најавена изградба на црква, а потоа Народната банка требаше да го гради своето ново административно седиште. Земјиштето со површина од 1.046 метри квадратни е наменето за изградба на објект со приземје и три ката, со бруто изградена површина од 3.780 метри квадратни. Идното здание во центарот на Скопје е пердвидено за комерцијални и деловни дејности. Почетната цена изнесува 6.000 денари за метар квадратен, а сите заинтересирани субјекти треба да платат депозит за учество на електронската лицитација во износ од 700.000 денари, но и да достават банкарска гаранција во висина од 100.000 евра за сериозност на понудата. На тендерот можат да учествуваат единствено компании што оствариле годишен обрт поголем од 30 милиони евра во текот на 2012 година. Пријавите треба да се достават најдоцна до 28 јуни, а електронската лицитација ќе се одржи на 5 јули.

Најповолниот понудувач е должен да изработи основен проект врз основа на идејното решение за фасадно обликување во стилот на „Скопје 2014“ подготвено од страна на Министерството за транспорт и врски, кој ќе треба да го одобри комисија од министерството, пред да се издаде одобрение за градење. Надлежното министерство пронајде начин да ја пресретне најавата на Општина Центар дека ќе изврши ревизија на ДУП „Мал Ринг“. Ако се измени урбанистичкиот план, тогаш според условите во огласот најповолниот понудувач треба да подготви основен проект врз основа на второ идејно решение за фасадата на објектот, кое повторно е изработено од министерството и ќе треба да ја помине истата процедура како во првиот случај.







Пред склучување на договорот за отуѓување, победничката компанија треба да достави банкарска гаранција во износ од 200.000 евра за навремено и квалитетно завршување на градежните работи. Објектот треба да се заврши во рок не подолг од шест години од денот на добивање на градежната дозвола. Новиот градоначалник на Општина Центар неодамна најави ревизија на донесените урбанистички планови за централното градско подрачје, но и на сите инвестиции со кои локалната власт учествувала во реализацијата на проектот „Скопје 2014“.



http://www.build.mk/?p=25532

„Амадеус“ ќе гради зграда со скали на плоштадот „Македонија“
  • Објавено:пред 1 час
  • Прочитано:845
  • Печати
Сподели со твоите пријатели!




Компанијата „Амадеус девелопмент“ ДООЕЛ – Скопје со понудена цена од 93.100 денари за метар квадратен, односно вкупно 97.382.600 денари победи на денешната аукција за продажба на земјиштето во Центар наменето за изградба на објект со комерцијални и деловни намени, каде што треба да се гради објект со скали.



Почетната цена на електронското јавно наддавање изнесуваше 6.000 денари по метар квадратен, а депозитот за учество на јавното наддавање 700.000 денари. Површината на градежната парцела изнесува 1.046 метри квадратни.



Најповолниот понудувач е должен во рок од 15 дена од денот на завршување на постапката за јавно наддавање да ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена од наддавањето.



По извршената уплата во утврдениот рок, министерот за транспорт и врски склучува договор со најповолниот понудувач за отуѓување на градежното земјиште во сопственост на државата. Купувачот се обврзува во рок од 9 месеци од извршената солемнизација на договорот да обезбеди одобрение за градба на предвидените објекти согласно урбанистичкиот план по кој земјиштето е отуѓено и да ги изгради објектите согласно урбанистички план по кој земјиштето е отуѓено, во рок не подолг од 6 години од денот на правосилност на одобрението за градење.



Најповолниот понудувач е должен пред склучување на договорот за отуѓување на градежното земјиште во рок не подолг од 15 дена од завршувањето на постапката за јавно наддавање, да достави банкарска гаранција за навремено и квалитетно завршување на работите во износ од 100.000 евра, со рок на важност до крајниот датум за завршување со изградбата согласно договорот за отуѓување на градежно земјиште. Во спротивно ќе се смета дека градежното земјиште не е отуѓено и нема да се пристапи кон склучување договор за отуѓување, депонираните средства на најповолниот понудувач нема да му бидат вратени, а тој нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за таа градежна парцела.



Најповолниот понудувач е должен основниот проект да го изработи врз основа на идејното решение за фасадно обликување на објектот и пред издавање на одобрението за градење, и него треба да го одобри посебна комисија.


http://www.plusinfo.mk/vest/109878/Amadeus-kje-gradi-zgrada-so-skali-na-ploshtadot-Makedonija
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Интересно, што на втората слика ја нема зградата на ЕВН
Можеби ќе ја срушат?
Значи ова ќе представува „ шпански скали ’
Смо што Шпанските скали водат некаде
Еве нешто за вистинските Шпански скали во Рим.
http://mk.wikipedia.org/wiki/Шпански_скали

quod licet Iovi non licet bovi - Што му прилега на Јупитер не му прилега на говедото
Штета што го укинаа учењето на Латинскиот јазик.
Се мисли на рогови - Јупитер имал мали рогови
 

OMGWTFBBQ

Bone for Tuna
Член од
3 февруари 2007
Мислења
8.802
Поени од реакции
4.419
Нееее, ја би Рекорд да ја затворат. Од семафорите на раскрсницата до Порта Македонија.
Како што знам од поодамна е тоа во план, со тоа што улицата Даме Груев ќе се среди и прошири. Главна пречка тука е зградата чии столбови се буквално поставени на улицата Даме Груев.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Нееее, ја би Рекорд да ја затворат. Од семафорите на раскрсницата до Порта Македонија.
Znaci moe mislenje e od raskrsnicata kaj Paloma Bjanka pa se do raskrsnicata kaj Sobranieto cel ovoj poteg da bide pesacka zona. A delot od pred sobranie treba da se spusti od zemja za da moze da se koristi parkingot vo trgovskiot centar.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Како што знам од поодамна е тоа во план, со тоа што улицата Даме Груев ќе се среди и прошири. Главна пречка тука е зградата чии столбови се буквално поставени на улицата Даме Груев.
Да де, Даме Груев ќе ја направат булевар. Но заради зградата на Макоил не можат. Не дава газдата на Макоил да му се руши зградата. Т.е. пола од неа.
Јас во Рим сум бил, и таму главните три улици што им биле порано, им се напправени во шеталиште. А кај нас ако ја направаат така Рекорд, тогаш треба да викнат брендови како H&M, Dolce and Gabanna, Reserved...а не ми отвориле све за јадење.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.052
Поени од реакции
14.942
Коце уште лани рече дека се преговара со сопствениците на спорната зграда(во меѓувреме треба да се најди и да се обеси тој што ја изградил среде улица) и дека за овој мандат ќе ја направи `Рекорд` пешачка улица.Сообраќајот ќе се пренасочи кај Беко и зад собрание
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.172
А плоштадот ќе останит плоштад или не? :LOL:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.724
Поени од реакции
12.155
Ако ги забранат за возила треба возачите да летаат. И така кога сите улици функционираат е редовно гужва, на една улица да протестираат тешко се минува, ако заврне е ужас да се стигне до дома, а сега и со пешачки зони. Нема да функционира градот каков што е скроен. А не знам и зошто се потребни тие пешачки зони.
 
Последно уредено:
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Treba da se raboti na kultura na vozenje so gradski soobrakaj i pred se velosipedi. A ne kako dosega po cigari se odi so kola. Mislam deka toa e problemot vo Skopje. Ako mozat ogromni gradovi vo centralnoto gradsko podracje da funkcionirat bez avtomobili , moze i Skopje.
 
Последно уредено:

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.843
Поени од реакции
11.047
Ќе бидам среќен ако некогаш улицата пред собранието се затвори за сообраќај и се претвори во пешачка зона и соодветно уреди.
Тоа задоволство бар еднаш годишно имаш шанса да го осетиш. Кога е Скопскиот Маратон по улиците на Скопје :)
А плоштадот ќе останит плоштад или не? :LOL:
Имаме плоштад? :confused:
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.249
Поени од реакции
5.221
Во 2014-та проектов ќе го подржуваат 80 % од населението.
Беше речено пред 3 години.[DOUBLEPOST=1396447983][/DOUBLEPOST]Проектот можеше да добие 80% подршка доколку не се претераше со објекти и милионски цени на истите.

Тоа што би коштало во денари , некако се претвори во евра.

Многумина заборавија колку вредат потрошените пари , и што се можеше да се изгради со нив.

До пред проектот Скопје 2014 .... со 16-20 милиони евра можеше да се изгради спортска сала Борис Трајковски.




Со 32 милиони евра можеше да се изгради/прошири еден голем стадион Градски стадион/Филип II




Во времето на Скопје 2014 ... толку многу поскапеа работите што се празнеа буџети за дополнителни трошоци , на пример Стариот Театар според медиумите достигна 36 милиони евра потрошени пари.




Во еден наш весник (архива) прочитав на времето како се фалеле дека Филип втори бил најевтино изграден (проширен) стадион. На нашиот буџет тоа му коштало 800 евра по седиште. И онда нормално имаше споредби со останатите стадиони .... најкскапо изграден стадион бил тој на Вембли , дури 15.000 евра по седиште.

Е сега во Скопје 2014 работите се сменија , објектите не коштаа по 800 евра по седиште.
Стариот театар има 937 седишта ... а вредноста 36 милиони евра ... тоа е еднакво на 38.000 евра по седиште.

Со што Вембли останува далеку поевтина градба.

15.000 евра по седиште Вембли
38.000 евра по седиште Стар Театар.


Можеби стварно е ставено скап материјал во театарот , позлатени нужници , позлатена фасада, версаче завеси уникатно рачно изработени , врати од слонова коска (тропам само) .... Ама не разбирам зошто.

Го гледам театарот и замислувам 36 училишта новоизградени. (иста вредност).

Без непотребни споменици и без астрономски цени , проектот можеше да биде многу прифатлив.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom