Скопје 2014 (Генерална дискусија)

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?


  • Вкупно гласачи
    593
T

Tetro

Гостин
Сега не го малтретирај :) Си кажа кратко и јасно човекот.. На гласање ти кога идеш, поред тоа што заокружуваш за кого ќе гласаш,образложуваш ли зашто гласаш за него. Или у матично кога се венчаш поред судбоносното ЗА , на матичарот треба ли да му образложиш..? :)
Опа, адвокат си му ти нему? :) Извинете што прашав, делегацијо. :pos:
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.801
Поени од реакции
3.053
го одобрувам проектот, супер е, заличува градов на нешто. Единствено што се прашувам зошто толкав објект и внатре глупости е музејот на евреите, влеговме внатре пред некој месец онака да разглеаме убаво е среден се, ама не гледам корисност од тоа, само историјата на евреите и некои глупости.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.574
Јас го одобрувам целиот проект освен триумфалната порта. Тоа е стварно безвезално и некој сака паричка да си лапне на глупости.
 
T

Tetro

Гостин
Јас го одобрувам целиот проект освен триумфалната порта. Тоа е стварно безвезално и некој сака паричка да си лапне на глупости.
Не, ако стават јавно ВЦ, ќе биде убаво. И така има простор во столбовите за ВЦ-а две.
 

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
го одобрувам проектот, супер е, заличува градов на нешто. Единствено што се прашувам зошто толкав објект и внатре глупости е музејот на евреите, влеговме внатре пред некој месец онака да разглеаме убаво е среден се, ама не гледам корисност од тоа, само историјата на евреите и некои глупости.
OMG!!!!!
А што очекуваше ти во МЕМОРИЈАЛЕН МУЗЕЈ НА ХОЛОКАУСТОТ!!! Да биде забавно?
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.127
Поени од реакции
788
Грешиш- Анкетата е анонимна со причина. Да се види барем колку сме за или против проектов со оглед дека никогаш не стигна ни на несудениот референдум .
Плус се дебатира бидејќи чини бајаги пари, не го прашале народот воопшто и имаме поитни проблеми отколку “разубавување“ на градот
Гласав со не,иако сум член на владејачката партија,а ќе ти кажам и зошто.
1. Не е потрефен тајмингот,едноставно тоа е добар проект,ама кога се останато ќе ти е таман,а кај нас има бааги работи кои се недовршени и не се таман.
2. Не ми се допаѓа како е начичкан просторот и некомпатибилноста на некои од спомениците,едноставно ми е малце кичерајски,не може да има огромен споменик на Александар,а мали на Гоце и останатите.Требало да водат сметка за тоа,или едноставно да ги распределат на различни локации.
3. Им ја отворија устата на опозицијата да има за што да дебатира и да ја обвинува власта,те лавовите биле трансформерси,те Гоце позеленувал од мака,им напраивме алиби на грците да не ругаат низ корумпираната и расипана ЕУ,те зградите биле прескапи (a забораваат дека кога сдсм беше на власт во периодот 1992-98 ја намалија вредноста на македонските фирми од 5 милијарди на 500 милиона долари,дека само од ТАТ останаа неисплатени и украдени 80 милиона марки итн.),

Наместо сето погоре споменато,мислам дека требаше владава само да го уреди централното градско подрачје со модерен и функционален изглед,со некоја прекрасна фонтана на центарот,со до два максимум споменици на истакнати македонски дејци и со бааги клупи и места за релаксација,Александар ќе почекаше за некои др.времиња,ем ќе собереше поени кај народот,ем опозицијата ќе останеше со прстот во уста,ем ќе глумевме дека сме модерни,додека да влеземе во ЕУ после ќе видат они ;o) итн.ама ајде,бидна веќе,поздрав :smir:
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Нема опција пола-пола, делумно,... Јас некои работи ги одобрувам и сметам дека се доби, но некои дека се невидена глупост.

1. Фонтани во Вардар е глупост.
2. Плажата на кеј покрај Камен мост исто така. Несватливо ми е плажа во ценар н центарот н градот...
3. Ѓомити барокните огради на мостовите воопшто не се какви што ги амислував и сум разочаран.
4. Лавовите од лева страна на Вардар, на мостот Гоце Делчев воопшто не се вклопуваат во амбиентот.
5. Порта „Независна Македонија“ или како и да беше....
6. Жичара на Водно, дефинитивно води во најдебилни работи што некогаш биле смислени.
7. Ски стаза на Водно, прави друштво на бр.6.
8. Премногу скулптури на еден простор. Можеа истите да се расеат во повеќе делови на Скопје.
9. Музеј на Македонската борба и жртвите на комунизмот. Првиот дел од името е ок, но вториот дел е катастрофа. Зошто би се плукало на режим кој до неодамна сите го величеа... Музејот треба да биде на изворното ВМРО, од Карпош до Ченто (мислам на личностите).
10. Мемориален центар на Холокаустот. Убава, модерна градба во покласичниот амбиент кој ќе биде на таа страна од Вардар.
11. Обновување на стариот театар е одлично. МНТ - Центар е барака, МНТ - Карпош слично. Глупаво е таква културна институција да нема посебна градба како секаде низ Европа.
12. Обновување на булеварите, може не е како што треба и доволно квалитетно, но барем ќе се покријт дупките.
13. Ако може да се смета за дел од СК2014 обновувањето на возниот парк на ЈСП, тогаш дефинитивно тоа е најпаметниот потег. Нископодните автобуси се одлични, не може тука да е даде замерка. Даблдекерот е ок, малку чудно за нас, но ќе се навикнеме. Му дава една специфичност на градот по која може да не препознаваат од страна.
14. Александар е доволен на целиот плоштад. Неговата големина и убавина не треба да биде нарушувана со пренатрупаност од други скулптури. Планот за фонтаната е одличен.
15. Уставен суд и Археолошки музеј во зградата во римски стил... Стварно не знам каде ќе им место за сето тоа во толку тенка зграда. Во лице делува величенствена, да ја погледнеш од страна е смешка невидена.
16. МОБ не се обновува, тоа е најголема утка. Само ќе се гради филхармонија....
17. СК2014 не опфаќа ревитализација на Скопската чаршија, средувње на ситуацијта на Бит пазар. Не плнира пзари од затворен тип, што мене не ми е допаѓа.
18. Обновувањето на фасадите на зградите во центар е одлично, вака на ништо не личат.
19. Слабо се работи на хигиената во градот, јавниот превоз,....
20. Како иден туристички град Скопје н нуди ништо од хотелско сместување. Мое лично мислење, може грешам.
21. Градењето на општинск зграда на местото на Водовод сметам дек е грешка, бидејќи под тој дел се наоѓа долниот град Скопје од среден век...
22. Прочистување на водата и поставувње на Вардар на каскади. Едвај чекам да видам како е Вардар чист :)
23. НЕМА ЈАВНИ ТОАЛЕТИ. АЛОООО МОРА ДА МОЧАМЕ КАДЕ ЌЕ СТИГНЕМЕ!?!?!
23. .......

Цел ден може да се набројува. Уште милион работи да се спомнат, колку и да критикуваш, тие тоа што го наумиле ќе го остварат. Јас никогаш не спорев дека Скопје ќе биде срање во 2014, амо сметав, а и сеуште сметам дека е бесчувствително да се дадат огромни суми на пари во време кога невработеноста е огромна. И Скопје 2014 нема да го подигне нашиот патриотски дух. Тој што се одкажал од своето никогаш нема да се врати назад. Тој што ја сака и почитува татковината, знае и за Аце и за Даме... Новото Скопје е за да се убие монотонијата од посткомунистички град на рушетини, испукани фасади, усмрдени квартови и да се прикаже на светот дека на Балканот не живеат примитивцни, туку луѓе што ја ценат сопствената култура и историја.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.728
Поени од реакции
9.837
Не е довршен музејот, само третина е завршен..до 2013 треба целиот да се заврши..И што очекуваш забавно во музеј,каде што се прикажува страотната судбина на луѓе кои страдале во ВСВ..? Ти очекуеше Цеца да пее на звучки..:nesvest: Кукавицааа.нисам знала да си таква кукавицааа.. посветено на Хитлер :nesvest:
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
17. СК2014 не опфаќа ревитализација на Скопската чаршија, средувње на ситуацијта на Бит пазар. Не плнира пзари од затворен тип, што мене не ми е допаѓа.
Или сепак е

19. Слабо се работи на хигиената во градот, јавниот превоз,....
Кога одам на факултет секое утро гледам како се чистат улици. ЈСП добива нови автобуси

20. Како иден туристички град Скопје н нуди ништо од хотелско сместување. Мое лично мислење, може грешам.

Ти да не не си од Скопје?
Плус во самиот проект има изградба на хотел
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.801
Поени од реакции
3.053
Не е довршен музејот, само третина е завршен..до 2013 треба целиот да се заврши..И што очекуваш забавно во музеј,каде што се прикажува страотната судбина на луѓе кои страдале во ВСВ..? Ти очекуеше Цеца да пее на звучки..:nesvest: Кукавицааа.нисам знала да си таква кукавицааа.. посветено на Хитлер :nesvest:

е аман, остајте го мојот коментар на раат -.-

очекувам едни лулашки пред врата или клацкалки кога ќе бидам со некој што му се иде да не ми биде здодевно чекајки ги надвор.

ич не ти е смешно тоа што го кажа со цеца, на вакви глупости ти ставаат зелени ?
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.728
Поени од реакции
9.837
е аман, остајте го мојот коментар на раат -.-

очекувам едни лулашки пред врата или клацкалки кога ќе бидам со некој што му се иде да не ми биде здодевно чекајки ги надвор.

ич не ти е смешно тоа што го кажа со цеца, на вакви глупости ти ставаат зелени ?
Ај нема врска оставен ти е постот на раат..на оваа тема црвени ми делат ,ретко зелени :)
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Или сепак е
Кога одам на факултет секое утро гледам како се чистат улици. ЈСП добива нови автобуси
Ти да не не си од Скопје?
Плус во самиот проект има изградба на хотел
Нема потреба некој да ме цитира на овој коментар и да ме разубедува колку грешам. Тоа е мое лично мислење, како јас ги гледам нештата. Секој обид да бидам разубеден го гледам како рекламација на проектот, обид да се направи едноумие. Скопска чаршија 10 години се ревитализира па ништо. Бит пзар е место на најголем криминал во Скопје. Дали тој дел е во плнот за СК2014? Или и циркузот во тој дел ќе биде специфика на новиот аутлук на градот... За хотел, не гледам нешто посебно од хотелско сместување. Повеќето од хотелите што ги имаме имаат мал капацитет за сместување. Колку имаат 5 ѕвездички, колку од нив ги задоволуваат највисоките светски критериуми? Не знам за Хилтон колку е сигурно дека доаѓа. Едно време се шпекулираше дека ќе гради на плоштад, ајде да видиме. Кога одам на факултет, тоа е обично пред или на пладне. Дали е нормално за еден град ѓубрето да се собира во најголемиот метеж? Зар тие работи не се вршат кога сообраќајот е поредок, пример после полноќ... Новите автобуси нема да ја намалат нехигиената. ЈСП ги доби, но воопшто не ги одржува. Повторно, тоа не е карактеристика на еден Европски град. Џабе грандиозни зданија кога местата каде има најголема фрекфенција на луѓе се покриени со прашина, се валкани и смрдат...
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Нема потреба некој да ме цитира на овој коментар и да ме разубедува колку грешам. Тоа е мое лично мислење, како јас ги гледам нештата. .
Е како нема потреба,тоа им е работа.

Мене проектот Скопје 2014 многу ми се допаѓа,да не речам премногу. Од моментот десет споменици на 5 квадрата,до моментот плажи на кеј, се до Триумфалната порта на глупоста.
Асфалтирањето улици не е проект тоа им е работа. Ако треба за тоа да ги фалиме, да не ставаме градоначалници, што ќе ни се.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Ајде повторно за овој проект. Мене искрено од ден на ден како привршуват проектите се повеќе ми се бендисува проектот. И ако од почеток подржував 70% од проктот сега подржувам 95%. За вкусовите не се расправа но ФАКТ е дека на Скопје му требаше ваков проект зошто Скопје како главен град немаше скоро ништо со што се одсликуваше нашиот идентитет. Единствен карактеристичен белег беше старата чаршија која беше скроз на скроз запуштена. Друг белег беше Калето на кое немаше истражувања и беше направено како ливада а историјата она со што требаше да се гордееме беше свесно со години скривано под таа ливада. Со проектот Скопје 2014 кој директно влијае за заживуање на тој дел од дел од градот Калето и Чаршијата конечно ќе имаме што да покажеме и на што да бидеме горди (сите ние без исклучок). Сетоа тоа де факто му беше потребно на Скопје . беше потребно на Македонија затоа што овој проект е задвижување и на другите градови. Е сега дали некоја скулптура требала да биде повеќе на лево , повеќе на десно , повеќе или помалку скулптури, повисок или понизок Александар , сето тоа е прашање на вкусови и тука никогаш нема да бидеме сите сложни и сите задоволни. И мене не ми се допаѓат некој работи и јас мислам дека има премногу кулптури на премал простор и јас мислам дека објетите можеа дасе изградат на поголема површина покрај Вардар, не моравме сите да ги пикаме околу Камен мост. Но тоа не причина да бидам против проектот кој дефинитивно за 2000% ќе го разубави Скопје и Македонија. И на крај мислам дека е подобро да дискутираме за тоа дека има премногу скулптури отколку да нема за што да дискутираме.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom