Нема опција пола-пола, делумно,... Јас некои работи ги одобрувам и сметам дека се доби, но некои дека се невидена глупост.
1. Фонтани во Вардар е глупост.
2. Плажата на кеј покрај Камен мост исто така. Несватливо ми е плажа во ценар н центарот н градот...
3. Ѓомити барокните огради на мостовите воопшто не се какви што ги амислував и сум разочаран.
4. Лавовите од лева страна на Вардар, на мостот Гоце Делчев воопшто не се вклопуваат во амбиентот.
5. Порта „Независна Македонија“ или како и да беше....
6. Жичара на Водно, дефинитивно води во најдебилни работи што некогаш биле смислени.
7. Ски стаза на Водно, прави друштво на бр.6.
8. Премногу скулптури на еден простор. Можеа истите да се расеат во повеќе делови на Скопје.
9. Музеј на Македонската борба и жртвите на комунизмот. Првиот дел од името е ок, но вториот дел е катастрофа. Зошто би се плукало на режим кој до неодамна сите го величеа... Музејот треба да биде на изворното ВМРО, од Карпош до Ченто (мислам на личностите).
10. Мемориален центар на Холокаустот. Убава, модерна градба во покласичниот амбиент кој ќе биде на таа страна од Вардар.
11. Обновување на стариот театар е одлично. МНТ - Центар е барака, МНТ - Карпош слично. Глупаво е таква културна институција да нема посебна градба како секаде низ Европа.
12. Обновување на булеварите, може не е како што треба и доволно квалитетно, но барем ќе се покријт дупките.
13. Ако може да се смета за дел од СК2014 обновувањето на возниот парк на ЈСП, тогаш дефинитивно тоа е најпаметниот потег. Нископодните автобуси се одлични, не може тука да е даде замерка. Даблдекерот е ок, малку чудно за нас, но ќе се навикнеме. Му дава една специфичност на градот по која може да не препознаваат од страна.
14. Александар е доволен на целиот плоштад. Неговата големина и убавина не треба да биде нарушувана со пренатрупаност од други скулптури. Планот за фонтаната е одличен.
15. Уставен суд и Археолошки музеј во зградата во римски стил... Стварно не знам каде ќе им место за сето тоа во толку тенка зграда. Во лице делува величенствена, да ја погледнеш од страна е смешка невидена.
16. МОБ не се обновува, тоа е најголема утка. Само ќе се гради филхармонија....
17. СК2014 не опфаќа ревитализација на Скопската чаршија, средувње на ситуацијта на Бит пазар. Не плнира пзари од затворен тип, што мене не ми е допаѓа.
18. Обновувањето на фасадите на зградите во центар е одлично, вака на ништо не личат.
19. Слабо се работи на хигиената во градот, јавниот превоз,....
20. Како иден туристички град Скопје н нуди ништо од хотелско сместување. Мое лично мислење, може грешам.
21. Градењето на општинск зграда на местото на Водовод сметам дек е грешка, бидејќи под тој дел се наоѓа долниот град Скопје од среден век...
22. Прочистување на водата и поставувње на Вардар на каскади. Едвај чекам да видам како е Вардар чист
23. НЕМА ЈАВНИ ТОАЛЕТИ. АЛОООО МОРА ДА МОЧАМЕ КАДЕ ЌЕ СТИГНЕМЕ!?!?!
23. .......
Цел ден може да се набројува. Уште милион работи да се спомнат, колку и да критикуваш, тие тоа што го наумиле ќе го остварат. Јас никогаш не спорев дека Скопје ќе биде срање во 2014, амо сметав, а и сеуште сметам дека е бесчувствително да се дадат огромни суми на пари во време кога невработеноста е огромна. И Скопје 2014 нема да го подигне нашиот патриотски дух. Тој што се одкажал од своето никогаш нема да се врати назад. Тој што ја сака и почитува татковината, знае и за Аце и за Даме... Новото Скопје е за да се убие монотонијата од посткомунистички град на рушетини, испукани фасади, усмрдени квартови и да се прикаже на светот дека на Балканот не живеат примитивцни, туку луѓе што ја ценат сопствената култура и историја.