Скопје се гради. Добро ли е тоа?

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
се извинувам што е смешно поради тоа што некои мои блиски ЕГЗИСТИРААТ од тие "инвенстиции":nesum:
другар ги мести столчињата на Филип 2
чичковци (ќе)местат водовод и парно во Музејот на ВМРО/Стариот Театар
познаници кои мешаат малтер за тие објекти
другари и другарки кои помагале во досовршувањето на скулпторите

СМЕШНО Е НЕЛИ,тоа што во државава постојат и други РАБОТНИ гранки освен економисти и правници:nesum:

за некој,овие "инвестиции" се можност да си ја прехрани и фамилијата,а за НЕКОИ политика и џабе фрлени пари:kesa:
Muhahahahah koja dijabola ne mi se veruva hahhahahahaha.....
 
/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
Дали знае некој да направи математика колку би требало да коштат овие објекти што се градат низ центар, ако би се изградиле на поинаков стил?

Пример се зборува дека музејот на ВМРО близу камени мост , кошта 10 милиони евра.

Со тие пари би се изградиле 500 станови, односно 10 згради со по 50 стана.

Или пак 100км селски патишта.

... 20 модерни училишта.
без навреда само...немам воопшто никаква намера

но зашто вие Албанците наместо да градите џамии(имаш статија во http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=33011722127&id=9&setIzdanie=22244 последниве години колку се изградени џамии во МК) дел од тие пари не ги пренасочите за обнова и развој на патишта,села,училишта итн???

--- надополнето ---

Muhahahahah koja dijabola ne mi se veruva hahhahahahaha.....
знам дека ти е смешно...........

но мене ова ми е смешно:
од толку економисти и правници во ДРЖАВАВА.......ЕКОНОМИЈАТА ни е со 0000.1% прогрес на годишно ниво, а правосудниот систем ни е со 00000,1% ефикасност .....и да заборавив со скоро 99% на НЕПОТИЗАМ ВО ТИЕ ИНСТИТУЦИИИ

хахахаххахах.........смешно е нели:tapp:
 
Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.503
Поени од реакции
1.894
Ги заборави и парите за оружје кое го имаат во изобилство.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.881
без навреда само...немам воопшто никаква намера

но зашто вие Албанците наместо да градите џамии(имаш статија во http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=33011722127&id=9&setIzdanie=22244 последниве години колку се изградени џамии во МК) дел од тие пари не ги пренасочите за обнова и развој на патишта,села,училишта итн???

Без никаква лоша намера ти одговарам дека , ако јас сам треба да изградам џамија , сам патишта , училишта итн , тогаш може ли мојата населба да ја избришат од мапата на Македонија?

Зошто јас кога купувам леб мора да платам данок на државата, зошто и за воздух треба да и платам на државата , а таа ништо не сака да ми даде?

Не сакам моите пари да одат во диктаторски проекти , исто ќе ти одговори секој државјанин на Македонија , оди прашај го Прилепчанецот што живее во периферија , сакаш лавови да изградиме или да ти пуштиме канализација , прашај го Беровчанецот , сакаш музеј на вмро или вода за пиење , Охриѓанецот:сакаш фонтана во Вардар или олимписки базен во Охрид , прашај го Штипјанецот сакаш триумфална капија или училишта ... Јас не знам у кој свет живеат овие од власта , дали знаат и слушат што бара народот? За кого се тие на таа позиција , да ги остварат сопствените желби или оние на граѓаните ?!

И не дека не се изградени училишта , патишта , канализациона и водоводна мрежа , цел Полог е со бекатонки , самите селани ги направиле патиштата , можам стотина случаи да ти набројам.
 
Член од
11 јули 2009
Мислења
1.415
Поени од реакции
962

мислам дека градењето на Музејот на ВМРО го плаќа град Скопје , зарем не ?? кога ги спомнуваме Штипјаните , Охриѓаните , Беровчаните итн ... зарем тие немаат општини и месни заедници кои што остваруваат годишен приход кој потоа се троши за вакви работи ( училишта , канализација .... итн. ) ... Поправи ме ако сум грешка
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.327
Поени од реакции
15.582
се извинувам што е смешно поради тоа што некои мои блиски ЕГЗИСТИРААТ од тие "инвенстиции":nesum:
другар ги мести столчињата на Филип 2
чичковци (ќе)местат водовод и парно во Музејот на ВМРО/Стариот Театар
познаници кои мешаат малтер за тие објекти
другари и другарки кои помагале во досовршувањето на скулпторите

СМЕШНО Е НЕЛИ,тоа што во државава постојат и други РАБОТНИ гранки освен економисти и правници:nesum:

за некој,овие "инвестиции" се можност да си ја прехрани и фамилијата,а за НЕКОИ политика и џабе фрлени пари:kesa:
Доколку се градеше автопат пак некој ќе мешаше малтер, доколку се поправаа вц-ињата во училиштата пак некој плочкар ќе лепеше плочки, доколку се купеа нови столчиња пак некој столар ќе правеше столчиња, доколку се поправеа тротоарите пак некој ќе работеше, доколку...
Резултат: Од спомениците ќе се лупаме во гради дека сме Македонци, а за светот ќе бидеме голтари
Друг резултат: Имаме доволно историја за да докажеме дека сме Македонци, а ќе живеевме подобро, и ти, и јас, и нашите деца, внуци и правнуци...
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Доколку се градеше автопат пак некој ќе мешаше малтер, доколку се поправаа вц-ињата во училиштата пак некој плочкар ќе лепеше плочки, доколку се купеа нови столчиња пак некој столар ќе правеше столчиња, доколку се поправеа тротоарите пак некој ќе работеше, доколку...
Резултат: Од спомениците ќе се лупаме во гради дека сме Македонци, а за светот ќе бидеме голтари
Друг резултат: Имаме доволно историја за да докажеме дека сме Македонци, а ќе живеевме подобро, и ти, и јас, и нашите деца, внуци и правнуци...
Е токму тоа е сржта. Дали имате претстава како на нас гледаат странци кои не дошле овде (а па и да дошле нема некоја разлика)? Мислат дека јаваме магариња и дека секој спие со нож под перница. Другарка ми беше на семинар во Франција ми се чини, и вика кога дојде време да зборуваме за култури и како не гледаат нас, ми дојде да се скријам. Буквално не цртаа качени на магариња. А што мислите зошто е тоа така? Па еден круг низ центар ќе видите коњи како пасат по тревниците. И не ги кривам луѓево што го прават тоа. Не знаат за подобро. Нема никаква социјална кохезија овде, се оди кон деградација на личноста. Е кога ќе се создаде повторно средна класа овде, тогаш ќе зборуваме за урбанизација и ќе ми биде ќеф што во земјата се поставуваат споменици. А вака додека во фонтанана во парк ги гледам циганчињана што просат како се бањаат таму зашто не знаат за нормално детство, како просат старци низ град и деца продаваат сунѓери на семафори немој да ми зборите за споменици. И онака не ги ни забележувам покрај просјаците.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.881
мислам дека градењето на Музејот на ВМРО го плаќа град Скопје , зарем не ?? кога ги спомнуваме Штипјаните , Охриѓаните , Беровчаните итн ... зарем тие немаат општини и месни заедници кои што остваруваат годишен приход кој потоа се троши за вакви работи ( училишта , канализација .... итн. ) ... Поправи ме ако сум грешка
Музејот го гради владата , министерство за култура , иначе општинската инфраструктура е под надлежност на општината , меѓутоа имајќи предвид дека ооштините располагаат со сиромашен буџет , од кој половина оди за плати , другиот дел за други трошкови , а за инфраструктура, им останува да асфалтираат 2-3 улици , некое маало ќе снабдат со вода , ваму таму , и толку им се можностите , па затоа е потребна помошта од централната власт, која овој пат , парите ги троши во општина Центар и во неприоритетни проекти.
 
I

Iblis

Гостин
се извинувам што е смешно поради тоа што некои мои блиски ЕГЗИСТИРААТ од тие "инвенстиции":nesum:
другар ги мести столчињата на Филип 2
чичковци (ќе)местат водовод и парно во Музејот на ВМРО/Стариот Театар
познаници кои мешаат малтер за тие објекти
другари и другарки кои помагале во досовршувањето на скулпторите

СМЕШНО Е НЕЛИ,тоа што во државава постојат и други РАБОТНИ гранки освен економисти и правници:nesum:

за некој,овие "инвестиции" се можност да си ја прехрани и фамилијата,а за НЕКОИ политика и џабе фрлени пари:kesa:
Ништо протв твоите блиски ама ако се искористе тие пари за да се "санира" и модернизира некоја болница чичко ти пак ке местеше парно и водовод, другарите малтерот пак ќе го замешеа, ќе се вработеше квалитетен медицински и немедицински(и таков треба квалификувани инжинери/физичари) кадар, кога ќе му затреба на народ ќе може да му биде пружена подобра медицинска помош и нега.
Буџетските пари важно е да се трошат во проекти кои имаат добар мултипликационен ефект. Една статуа без разлика колку и се големи мадињата нема скоро никаков повраток(материјалите се купуваат од странство, се лејат во странство тука само постаментот, т.е. минимални градежни активности и се разбира идејни решенија од ВРВНИ, докажани уметници и секако сечење ленти ).
П.С За домашна задача размислете каков ефект би имала мала хидроцентрала од 15mil евра врз македонската економија:kesa::back:
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562

Не е смешно,туку е патетично. Наместо твоите блиски да се прехрануваат од други сектори,преживуваат од квази проекти на државата кој е еден и единствен давател и потрошувач на средствата.ПАТЕТИЧНО Е.

--- надополнето ---

знам дека ти е смешно...........

но мене ова ми е смешно:
од толку економисти и правници во ДРЖАВАВА.......ЕКОНОМИЈАТА ни е со 0000.1% прогрес на годишно ниво, а правосудниот систем ни е со 00000,1% ефикасност .....и да заборавив со скоро 99% на НЕПОТИЗАМ ВО ТИЕ ИНСТИТУЦИИИ

хахахаххахах.........смешно е нели:tapp:
За ова прашај ги оние што ја водат државата каков вид на правници и економисти ставаат на позиции. Пример ти е Влатко Ѓорчев кој сеуште нема дипломирано.Или премиерот кој стана магистер од кога се здоби со функција,Андреј Жериновски кој 14 години студирал и мал милион на пониски позиции. Од вакви страдаме,од вакви кој не дозволуваат квалитетните кадри да допрат до раководни функции.Квалитетните економисти и правници,оддамна работат само за свој живот,за да можат останатите да ни ги јадат парите преку вакви проекти за широки народни маси.Еве како на пример тој што се смее,прашај го дали еден ден има работено некаде.
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Ништо протв твоите блиски ама ако се искористе тие пари за да се "санира" и модернизира некоја болница чичко ти пак ке местеше парно и водовод, другарите малтерот пак ќе го замешеа, ќе се вработеше квалитетен медицински и немедицински(и таков треба квалификувани инжинери/физичари) кадар, кога ќе му затреба на народ ќе може да му биде пружена подобра медицинска помош и нега.
Буџетските пари важно е да се трошат во проекти кои имаат добар мултипликационен ефект. Една статуа без разлика колку и се големи мадињата нема скоро никаков повраток(материјалите се купуваат од странство, се лејат во странство тука само постаментот, т.е. минимални градежни активности и се разбира идејни решенија од ВРВНИ, докажани уметници и секако сечење ленти ).
П.С За домашна задача размислете каков ефект би имала мала хидроцентрала од 15mil евра врз македонската економија:kesa::back:
120 милиони евра се инвестирани во реновирање на болниците ширум земјава (настрана оние 100 милиони за медицинска опрема) онгоинг проџект кој ќе заврши за година и пол.
200 милиони евра такоџе за изградба и санација на локални и регионални патишта.(+50 милиони кои ќе им се доделат на општините во месец април)
40 илјади клупи и 100 илјади столчиња.
стотици училишта се реновирани, изградени(не стојам добро со бројките),фудбалски игралишта, тениски,до крајот на годинава ќе се изградат и ќе бидат ставени во функција 50 спортски сали.

Види на нет колкав пад во градежништвото имаше во Германија,(За Шпанија да не правам муабет)Бугарија,Унгарија,Србија... ние у сред криза имавме раст на градежништвото од 16,17%

Башка не земате во превид дека веќе трета година Македонија ја чувствува ефектите од кризата, да не беше кризата убеден сум дека до сега ќе имавме најмалце+ 200 километри автопат.
Али Грујо глуп покачуваа плати на дебилната админстрација, нека трпи сега.

Само да не се разбереме погрешно најголем противник на оваа Блада сум токму јас но кога негде работат добро работат добро и тука не можам да им оспорам нешто.
 
/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
Доколку се градеше автопат пак некој ќе мешаше малтер, доколку се поправаа вц-ињата во училиштата пак некој плочкар ќе лепеше плочки, доколку се купеа нови столчиња пак некој столар ќе правеше столчиња, доколку се поправеа тротоарите пак некој ќе работеше, доколку...
Резултат: Од спомениците ќе се лупаме во гради дека сме Македонци, а за светот ќе бидеме голтари
Друг резултат: Имаме доволно историја за да докажеме дека сме Македонци, а ќе живеевме подобро, и ти, и јас, и нашите деца, внуци и правнуци...
поентата ми беше дека секој знае барем по мин. еден човек кој работи на тие проекти...........што ќе беше ако ги немаше тие "инвестиции",каде ќе работеа тие луѓе,како ќе ги издржуваа своите фамилии???!?!?!
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
поентата ми беше дека секој знае барем по мин. еден човек кој работи на тие проекти...........што ќе беше ако ги немаше тие "инвестиции",каде ќе работеа тие луѓе,како ќе ги издржуваа своите фамилии???!?!?!
Што ќе беше...требаше нешто друго да биде,а не ова. Зошто го гледате ова како позитивен исчекор во економијата,наместо да барате она што ни беше ветено -економија и инвестиции.
 
/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
Ништо протв твоите блиски ама ако се искористе тие пари за да се "санира" и модернизира некоја болница чичко ти пак ке местеше парно и водовод, другарите малтерот пак ќе го замешеа, ќе се вработеше квалитетен медицински и немедицински(и таков треба квалификувани инжинери/физичари) кадар, кога ќе му затреба на народ ќе може да му биде пружена подобра медицинска помош и нега.
Буџетските пари важно е да се трошат во проекти кои имаат добар мултипликационен ефект. Една статуа без разлика колку и се големи мадињата нема скоро никаков повраток(материјалите се купуваат од странство, се лејат во странство тука само постаментот, т.е. минимални градежни активности и се разбира идејни решенија од ВРВНИ, докажани уметници и секако сечење ленти ).
П.С За домашна задача размислете каков ефект би имала мала хидроцентрала од 15mil евра врз македонската економија:kesa::back:
точно тоа.......ќе работеше квалитетна работничка класа(која индиректно зависи од некоја моменталната власт,бидејќи ако неговиот газда не е е близок до некоја политичка гарнитура,РАБОТА ЗА НЕГО тешко дека ќе има)

а што правиме со кадарот кој се вработува во државните институции....неквалификуван,партиски,непотизам мултиетничност итн.....тоа е формулата за ефикасна држава???

--- надополнето ---

Што ќе беше...требаше нешто друго да биде,а не ова. Зошто го гледате ова како позитивен исчекор во економијата,наместо да барате она што ни беше ветено -економија и инвестиции.
па ја го барам тоа од засегнатите страни т.е. економистите.......од толку дипломирани економисти од 1990 наваму,да не се направи некој консултантски и експертски тим кој ќе прави проекти за развојот на економијата навистина е патетика............
а реалноста е дека со таков вид на звање скоро во секоја институција во јавната администрација се околу 40% застапени???

што е тука патетика????

п.с. тогаш не го обвинувајте дека оваа власт е диктаторска.....во демократијата/капитализмот владата не е таа што треба да привлече инвестиции,таа е должна да овозможи поволни услови за нејзина застапеност......вината за ова ќе се бара во партиската вработеност,корумпираното судство,неефикасна државан администрација,непотизмот и неизградба на патишта
.....

и дали е во ред според тебе да има над 100 000 вработени во јавната администрација,дали е во ред да им се покачува плата(кога резултатите тапкаат во место),дали е во ред приоритет за работа да имаат правници и економисти во кое било министерство(ОД ЛИЧНО ИСКУСТВО ТИ КАЖУВАМ)???

дали проблемот поради кој стагнираме и не напредуваме е во овие работи или можеби во тоа што се има вакви "инвестиции"??
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
точно тоа.......ќе работеше квалитетна работничка класа(која индиректно зависи од некоја моменталната власт,бидејќи ако неговиот газда не е е близок до некоја политичка гарнитура,РАБОТА ЗА НЕГО тешко дека ќе има)

а што правиме со кадарот кој се вработува во државните институции....неквалификуван,партиски,непотизам мултиетничност итн.....тоа е формулата за ефикасна држава???

--- надополнето ---

па ја го барам тоа од засегнатите страни т.е. економистите.......од толку дипломирани економисти од 1990 наваму,да не се направи некој консултантски и експертски тим кој ќе прави проекти за развојот на економијата навистина е патетика............
а реалноста е дека со таков вид на звање скоро во секоја институција во јавната администрација се околу 40% застапени???

што е тука патетика????
Горе убаво објаснуваш како се стигнува до такви „консултантски“ и „експертски“ тела.А потоа се правиш луд,интересен концепт. :)
Како ние да живееме во Бангладеш па незнаеме какви проекти се бараат,како се задушува било каква иницијатива и кој е епилогот.

Абе Гоне,знаеш и самиот дека се е проблем,се! Од каде имаме рак администрација,па и решение се најде да не плаќале кирии да ги сместиме во нови згради. Плукам по се што досега видов од сите влади кој ги донесовме.Еден не испадна да исече во корен рак и слепо црево.И згора на се овие се дрзнаа и будали да не прават со 165465684654654654 реклами дека така треба да биде. Е нема да биде,ќе дојде ден да платат за секој денар што го пикнаа во џеб,сите до еден.Се надевам само дека ќе бидам жива и ќе доживеам да го видам тоа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom