Скопје низ призмата на еден „провинцијалец“

Член од
26 јануари 2009
Мислења
428
Поени од реакции
519
Во повеќе наврати ја читав темава. Признавам, не ја исчитав целосно :)
Што имам јас да кажам на темава? Незнам ни самиот, но ајде... ќе се обидам да напишам неколку реда, па кој сфати - сфати, кој не...
Вака:
Студирав во Скопје од 1996 до 2001 година. Скопје ми е драг спомен, еден прекрасен период од мојот живот. Никогаш нема да кажам лош збор за Скопје, или Скопјани.
Се дружев со прекрасни луѓе од цела Македонија, цело време живеев во домови, се дружев и со Скопјани. И ден денес, со многу од нив одржувам контакт, било приватно, било службено. И... си го сакам Скопје на некаков посебен, мил интимен начин, разбирлив само, и исклучиво за мене. Тоа не се објаснува.
Мене Скопје или неговите жители не ме навредија. Никако и никогаш.
Но... јас не се навикнав на Скопје. Едноставно јас неможам да живеам таму. Мене ме влече мојата Струмица. И се вратив дома и си го градам животот тука во Струмица.
Тоа не ме прави мене поголем од некого, ниту ме намалува во нечии очи.
Сите сме луѓе, сите сме од некаде. Односите меѓу луѓето се битни.
Е сега... има насекаде некои надркани фаци, обично искомплексирани, кои нешто демек се дигаат до небеса со некакво си скопско (струмичко, битолско, прилепско, рандом) потекло.
Ништо важно. Имало и ќе има.
Само слатко се насмевнувам на идиотизмот.
Ви препорачувам и Вие тоа да го направите.
Браво Струмикс, имам огромна почит за луѓето од Струмица и околината иако сум бил само двапати натаму.
 
Член од
19 јуни 2012
Мислења
4
Поени од реакции
6
Секое место си има своја посебна убавина. Секој треба да е горд на своите корени односно местото од каде што потекнува. Текстот е твој поглед, твое видување и твои доживувања како „провинцијалец“ на Скопјево. Јас сум од Скопје и сум горда што сум од Скопје. Тоа е она место каде што сум се родила, каде што сум израснала и ќе останам горда, исто како што и Струмикс останал горд на своето потекло од Струмица, што е прекрасен град. Порано се дигало огромна прашина ако отидеш во Скопје, нели во главен град идеш бе алоо?! И тука следеле мислења како „Леле, Скопје да видиш какво е, нема што нема и од пиле млеко“- како што имаше наведено во некое од погорните мислења. Но денес Скопје е многу скап за живот, поготово ако доаѓаш од друг град, од „провинција“. Тука автобуска карта ти е 35 денари а еве на пример во Велес за 35 денари го вртиш цел град со такси. Не можам баш многу да споредувам Скопје-Велес затоа што Велес е многу помал град за разлика од Скопје но на крај краева во секој град има и образовани интелектуалци и искретенизирани лигуши. Но нели без тие вторите животот би бил многу поубав! ;)
 
Член од
11 август 2008
Мислења
112
Поени од реакции
14
Конечно најдов вентил за себе си
1. Пред скоро две лета преку ноќ го сменив моето родно место на живеење , живеев во еден мал живописен и опкружен со планини град во југозападниот дел на државата, заминав од него кога ми беше најубаво, бев прилично активен во културно политички општествениот живот во тој град, исто така тоа беа денови исполнети со непрестајно дружење, студирање, работа, забава, кафани, меѓутоа цело време голем дел од младите во него потсвесно имаа инсталирано во себе една цел и мисија а таа е како да избегаат од средина во која се вкоренети бесперспективност , монотонија, летаргија,безработица, пасивност и неможност за факање на чекор со времето,и сето тоа траеше до моментот на моето запознавање со сегашниот животен сопатник и жител на главниот град, и со кој после 5 месеци врска која траеше и зрееше исто така во главниот град решивме да го овековечиме нашиот заеднички живот и заедно да го продолжиме животот повторно во главниот град заради решеното станбено прашање во него и заради стабилната и сигурна работа на мојот брачен партнер во една стабилна финансиска институција. Значи еконосмкиот аспект беше пресуден.

2. Без многу размислување опиен од љубовта и желен за напредок и себереализација, а притоа и среќен што излегов од бесперпективноста си ги собрав неколкуте алишта што ги имав и се преселив кај мојот животен сопатник во нејзиниот сопствен стан во главниот град.
Првата помисла која со себе ја носев и ја донесов во главниот град беше големиот град големи можности, и така после период од неколку месеци ја најдов првата работа, која морам да кажам ја барав упорно и долго заради тоа што ми беше многу важно сам без кругот на луѓе во кој се наоѓав, без сопствен круг на луѓе тука, без некое работно искуство, без познавање на средината во која се наоѓам и без познавање на начинот на живот на градот да почнам од некаде и со нешто. Така почнав во трговија во еден магацин за прехрамбени производи работа која никогаш не сум се надевал дека ќе ја работам, се со цел да се движам да запознавам да учам и нормално нешто да заработам. За доста кратко време запознав одреден број на луѓе тука научив нешто за начинот на живот во големиот град, а во меѓу време го добив најбесценетиот дар заради кој мојот живот се претвори во нешто кое не се искажува ами се доживува заради неговата димензија за која не постои соодветен благопријатен збор.
И така помина една година живот во градот во кој се повеќе сваќав дека има многу можности но малку материјална корист (многу можности за наоѓање работа но малку пари) со почетокот на наредната некаде во тртиот месец од истата си ја пробав среќата во една друга фирма во која за 10 до 11 работни саати никогаш не ја зедов сумата пропишана и уврдена во договорот за работа, после три работни месеци ја напуштив истата неможејќи веќе физички а покасно и психички да поднесам да работам ВОЛОТ ЗА СЛАМАТА напуштив од истата и го поминав цело лето со мојата принцеза чувајќи ја додека мојот сопатник работеше.
На почетокот на месецов почнав една нова за мене работа се внесов во една нова област за мене интересна, влегов како искусен со познавање на градот со колку толку оформен круг на луѓе во истиот, и со полн елан и воља да учам и да запознавам, но сето тоа се руши постепено кога ќе помислам на мојата месецна плата која толку мизерна што е помала од сумата 200 евра, но бидејки сум без избор ке работам додека не најдам нешто друго и ќе се водам по онаа американската поговорка ,, работи си ја работата додека не си најдеш друга,, и се така како во магепсан круг но сум убеден дека вреди да се борам.

3. Градот е суров, луѓето се отуѓени, во зародиш е некој си модрен еврпоски начин на живеење но заради големите социјални разлики и сиромаштија сето тоа изгледа смешно, хаосот доминира, динамиката на животот е со таков интезитет што било кој провинцијалец тука како мене доколку не е флексибилен и лесно прилагодлив од многу споро кон многу брзо тешко би го издржал овдешниот притисок и би го сомлел бубањот, перспективите се отворени можностите постојат но во оваа сиромаштија и без работица човечкиоттруд тука е подценет до најниските можни граници, секој провинцијалец мора да знае дека кога е на крстопат дали во Скопје или Крушево на пример, тој не бира помеѓу арно или лошо туку бира помеѓу два различни колосеци со различна крајна дестинација едниот е иднина другиот тапкање во место едниот е долг и со препреки другиот цист и краток мирен без препреки. Доаѓањето во Скопје е напредок во однос на животот во провинција но доаѓањето не значи и преку ноќ воздигнување во зведите ами многу труд многу борба и комплетна промена на концептот на живот. Големи се разликите на една мала територија како нашата помеѓу градот и провинцијата нашата генерација го плаќа данокот на нерамномерниот развој затоа јас се помирив со тоа знаејќи го фактот дека имам цел заради која вреди да се борам тука. Провинцијаци како мене знајте дека Скопје е убав модерен современ град кој го фаќа чекорот со времето но дојдете тука да живеете само ако сте спремни да ја платите цената за да бидете дел од тој град, а цената е висока.
 

WOLAND

Messire
Член од
13 септември 2012
Мислења
45
Поени од реакции
22
Ценети провинцијалци не сте ни први ни последни што дошле во град.

Еве што рекол пред многу години на таа тема маестро Шабан Шаулиќ.

S namerom dodjoh u veliki grad
ostade za mnom moje rodno mesto
na rastanku majka grlila me dugo
cuvaj se sine i pisi nam cesto

A ja sam poceo da lutam
ja vise ne znam s kim
vencav'o sam se i razvodio
s kafanama velegradskim

Stanov'o sam negde na kraju grada
trosio oceve poslednje pare
gledao sam raskos i srecne ljude
setio se majke i kuce stare

Mozda i takav postao ne bih
da mi je ona pruzila radost
razocaran u zivot i najvecu ljubav
rasipao svoju nesrecnu mladost
 

rc7

Член од
30 октомври 2012
Мислења
2
Поени од реакции
1
Сакате да кажете Република СКопје? :)
поштено скопјани су 100 посто накурчени ""еј ја сам од најголем град" :vozbud:

Да светив очи на сељаци скопје од авион ке се гледа како лас вегас :pos:
 
Член од
21 мај 2009
Мислења
876
Поени од реакции
466
поштено скопјани су 100 посто накурчени ""еј ја сам од најголем град" :vozbud:

Да светив очи на сељаци скопје од авион ке се гледа како лас вегас :pos:
Имаш нешто против Скопјани,а?
--- надополнето: 2 ноември 2012 во 17:03 ---
......Секој е добредојден во мојот роден град,ако го цени и почитува Скопје како што го почитувам и јас неговиот роден град.....А за мајмуни кои мислат дека се паметни и продаваат селски финти:tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp:....Толку
 
R

Randy

Гостин
Имаш нешто против Скопјани,а?
--- надополнето: 2 ноември 2012 во 17:03 ---
......Секој е добредојден во мојот роден град,ако го цени и почитува Скопје како што го почитувам и јас неговиот роден град.....А за мајмуни кои мислат дека се паметни и продаваат селски финти:tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp:....Толку
Треба да се научат на почит ова све некултурни се собрале. Јас откако сум дојден секое утро по една стихотворба пишувам за градот. Исто очекувам кога ќе дојдат кај мене секој по една книга да напише за возврат. Ама откако умре дедо ми се распуштија ова новиве генерации мама ни се плака. Све сељачана. :tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp:....Толку
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.729
Поени од реакции
897
Море уште живуркала темава... :D
--- надополнето: 17 февруари 2013 во 15:57 ---
Море уште живуркала темава... :D
 
С

Спасе супата

Гостин
Абре луѓе какво Скопје баталите тоа. Едни пријатели ојдоја и ко се вратија шо да ми кажет. Саде гнасотија било то Скопјето.

Златна провинвинција!!! Со ништо не може да се замени, не чаеви вакви, не кафиња онакви, ништо.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Море уште живуркала темава... :D
--- надополнето: 17 февруари 2013 во 15:57 ---
Море уште живуркала темава... :D
Ај да не отворам тема Битола низ призмата на Скопјанец па да видиш вие на што личите. Како мрднати по широк сокак по 10 пати нагоре надоле идете. Мислиш на фешн вик си отишол. Сте имале'' елитен'' хотел Епинал а хотелот фасадата му изгледа како да е пред распаѓање. Радишани било елтина населба абе ти нормален ли си што збориш? Ти сметал материјалистичкиот фетиш во Скопје а во ЊуЈорк да отидеш таму нема да ти смета таму сигурно ќе најдеш духовен фетиш! Џабе си живеел во Скопје ништо ни си научил ни си видел. Скопје немал дух:facepalm: Не Битола има дух што сите избегаа од таму.
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.729
Поени од реакции
897
Ај да не отворам тема Битола низ призмата на Скопјанец па да видиш вие на што личите. Како мрднати по широк сокак по 10 пати нагоре надоле идете. Мислиш на фешн вик си отишол. Сте имале'' елитен'' хотел Епинал а хотелот фасадата му изгледа како да е пред распаѓање. Радишани било елтина населба абе ти нормален ли си што збориш? Ти сметал материјалистичкиот фетиш во Скопје а во ЊуЈорк да отидеш таму нема да ти смета таму сигурно ќе најдеш духовен фетиш! Џабе си живеел во Скопје ништо ни си научил ни си видел. Скопје немал дух:facepalm: Не Битола има дух што сите избегаа од таму.
Извади си шублер и провери колку ти пораснало курето...

Е сеа да се вратиме во реалноста.

Луѓето бегаат Скопје затоа што неможат да најдат работа во останатите градови. Последно со вмро-изацијата на државниот, а сега и на приватниот сектор, ако немаш членска неможеш да дишеш, а не работа да најдеш.

Скопје е голем град, поголеми можности да најдеш парче леб. 99% од луѓето а.к.а провинцијалците доаѓаат во Скопје од што мораат, а не што сакаат. Секој „аргумент“ од типот на „Ако не ви одговара не доаѓајте или одете си“ е само емотивна реакција без никаква вредност.

Конкретно јас и за Битола напишав текст, само толку си прочитал што имам јас пишувано, па најде да коментираш и не штедев воопшто зборови кога го опишував сопствениот град.

Секој град си има сопствена традиција. Тоа шетањето по Широк Сокак „нагоре-надоле“ е нешто што се практицира со столетија, традиции кои ги имаат сите стари градови низ Македонија. И Скопје тоа го имаше - Улица „Македонија“ но пичлемиња како тебе, го нарушија тој шмек на градот кој и покрај земјотресот сакаа старите скопјани да го задржат.

Инаку за Скопје 101, овие т.н Корзо прошетки се правеа од Стара Железничка до Камениот мост. Пропатно паровите одеа на боза, повозрасните седнуваа во Пелистер кафаната, имало многу ликови и карактери кои врвулеа постојано на таа улица. Сега (особено последните 20 години) стана улица на искомплексирани „провинцијалци“ кои себе си нарекуваат скопјани, а влечат корени од некои забаталено источно-македонско село, мариовскиот или галичкиот крај, доаѓаат тука на форум и солат памет за тоа колку нив Скопје им значело и се чукаат во гради за локал-патриотизам.

Пак ќе кажам, целта на темата не ми беше да предизвикам локал-патриотизам или да „хејтам“ за Скопје и скопјани. Тоа е субјективно доживување на Скопје, без пардон, нешто за кое онај што има 1mg мозок ќе рече „Еј, ова не чини, зошто луѓето од другите градови да го доживуваат вака Скопје, дај да видиме што можеме да промениме во нашиот однос. Колку-толку!“

Е ама, благодарение на „анонимноста“ што ви ја дава Интернетот т.е конкретно форумов, само ги истуривте вашите ограничени размислувања и комплекси, олеснувајќи се од секојдневните фрустрации, уништувајќи една добра дебата. Се разбира не е нешто ново, секој ден се соочуваме со вакви проблеми кај нас, за жал нешто што никогаш нема да се поправи.

Но, да не должам многу и така повеќето ова нема да го прочитаат бидејќи ќе им се види долго. Поздрав
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.915
Поени од реакции
41.878
5 месеци живеам во Скопје и е град со најодвртно население, да можам веднаш би се вратил во Штип.
Колегите на работа оние што се сметаат за прави Скопјани а може и се доселени од некое село, серат зошто сум бил на повисока работна позиција од нив и сум земал поголема плата.
Тоа е тој менталитет и култура.
Плукај по својот народ, уништи го па после радувај се.
Нека го избркаат од работа па макар на негово место би дошол и Албанец.

Се извинувам што им ја земав работата. А ако вредиле немало да дозволат работата да им ја земат некои анонимци од источна Македонија. :icon_lol:
Се додека има искомплексирани Скопјани да плачат дека некој Македонец од внатрешноста им го земал работното место и да го напаѓаат својот народ Албанците се изнаместија во државните институции и си купија станови и дуќани во центар. Позз :свиркам:
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.302
Поени од реакции
5.894
Не живеам во СК ама и не би сакал да жевеам. Провиницјалец сум ако град со 50 000 жители е провинција. Од се што носи Скопје со себе на прв поглед таа динамика огромна ме умара и ми е неиздржлива а од друга страна ми фали, ми треба понекогаш.
 
Член од
18 август 2018
Мислења
15
Поени од реакции
3
Не се провинцијалци тие што доаѓаат од друг град. Некој се доселува во Скопје заради работа, некој заради факултет. Инаку Скопје е скап град. Да кажам и за односот на Скопјани. Се изолираат од другите и не сакаат да се дружат со никој од друг град. Не дека сите се такви, ама повеќето се. Што друго да кажам?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom