Во повеќе наврати ја читав темава. Признавам, не ја исчитав целосно
Што имам јас да кажам на темава? Незнам ни самиот, но ајде... ќе се обидам да напишам неколку реда, па кој сфати - сфати, кој не...
Вака:
Студирав во Скопје од 1996 до 2001 година. Скопје ми е драг спомен, еден прекрасен период од мојот живот. Никогаш нема да кажам лош збор за Скопје, или Скопјани.
Се дружев со прекрасни луѓе од цела Македонија, цело време живеев во домови, се дружев и со Скопјани. И ден денес, со многу од нив одржувам контакт, било приватно, било службено. И... си го сакам Скопје на некаков посебен, мил интимен начин, разбирлив само, и исклучиво за мене. Тоа не се објаснува.
Мене Скопје или неговите жители не ме навредија. Никако и никогаш.
Но... јас не се навикнав на Скопје. Едноставно јас неможам да живеам таму. Мене ме влече мојата Струмица. И се вратив дома и си го градам животот тука во Струмица.
Тоа не ме прави мене поголем од некого, ниту ме намалува во нечии очи.
Сите сме луѓе, сите сме од некаде. Односите меѓу луѓето се битни.
Е сега... има насекаде некои надркани фаци, обично искомплексирани, кои нешто демек се дигаат до небеса со некакво си скопско (струмичко, битолско, прилепско, рандом) потекло.
Ништо важно. Имало и ќе има.
Само слатко се насмевнувам на идиотизмот.
Ви препорачувам и Вие тоа да го направите.