Скопје низ призмата на еден „провинцијалец“

Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.281
Поени од реакции
273
Ај ако може некој од СК да стави слики од згради изградени во доцни 50-ти и 60-ти.Ако ги има.Зш гледам многу згради од тоа време ги нема.Или се рушени или фасадирани во модерен стил.Дали членовите на форумов го оправдуваат тоа????Според мене тоа е голема грешка.И да не заборавам од некогашните фабрики-гиганти на времето како Алумина и др. пошто гледам дека сеа пред некој ден кога проаѓав низ алумина гледам некои згради:confused:
 
Член од
13 април 2012
Мислења
269
Поени од реакции
292

Голем дел од зградите изградени во доцните 50-ти години се срушени со земјотресот.Слики секако дека постојат,можеш да најдеш на нет ,има доста слики од Скопје пред и после земјотресот.Јас дома имам доста,но не во електронска верзија.Дел од објектите кои се сега во изградба,проектирани се да изгледаат како старите градби,оние кои постоеле пред земјотресот.
 
Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.281
Поени од реакции
273
Па ако нема од нив може и од тие после 63-та.Знаеш од оние што се градени во социјализмот.
 
Член од
13 април 2012
Мислења
269
Поени од реакции
292
Па ако нема од нив може и од тие после 63-та.Знаеш од оние што се градени во социјализмот.
Кои градби те интересираат посебно?Слика од што конкретно бараш?:)
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
Ај ако може некој од СК да стави слики од згради изградени во доцни 50-ти и 60-ти.Ако ги има.Зш гледам многу згради од тоа време ги нема.Или се рушени или фасадирани во модерен стил.Дали членовите на форумов го оправдуваат тоа????Според мене тоа е голема грешка.И да не заборавам од некогашните фабрики-гиганти на времето како Алумина и др. пошто гледам дека сеа пред некој ден кога проаѓав низ алумина гледам некои згради:confused:
како да ти одговорам (а да не биде навреда)
ти сигурно не си го шетал Скопје пред земјотресот,па не ги знаеш точно кој згради се од тоа време,а кој потоа.Има цели улици.скоро исти како пред земјотресот и тоа во центар: ул 11 октомври,од плоштадот до стара рампа се е како што било пред “63 год.(освен -КЈУБИ, тука беа куќи и фурна)
добро и УДБА ја нема и уште една зграда.( но солитерите се истите)
Потоа улицата од плоштадот до старата жел.станица е истата.
Потоа бул.Кочо Рацин,од Југодрво-Црвен Крст до подвозникот е истата.
Можеби те бунат само оние две стари згради на плоштадот што ги нема сега,а ги има на секоја разгледница-Офицерскиот и Банката.
Фасадирани згради нема (освен годинава-Пелистер,исто така на плоштад) Место кое воопшто сега е непропознатливо од она што беше пред “63 год. е плоштадот Слобода, го нема но може да се види на сликите во темите за „старо Скопје“
И што е грешка незнам. За кој згради збориш.Тие обележани со црвена боја мораа да се рушат,со жолта се поправаа,со зелена се вселуваа.
Театарот еве го направија истоветен,на исто место.Офицерскиот беше срушен само предниот дел,но го срушива цел потоа (можеби згрешива)
Па Алумина остана во сред град и подобро што бидна вака, е сега за работниците греота,ама многу ги снајде иста судбина-транзиција.
И досега многу сум пишувал за овие теми околу старо Скопје.
 
Член од
13 април 2012
Мислења
269
Поени од реакции
292
Од моите родители,кои се родени во Скопје и им е добро познато старото Скопје,еднаш слушнав дека во средината на плоштадот постоел полицаец кој го регулирал сообраќајот:)После дооолго време успеав да најдам слика на која е сликан и полицаецот :) Луѓето кои живееле во старото Скопје се презадоволни од начинот на живот ..едноставно уживале живеејќи во духот на старото Скопје...и велат дека денешново Скопје нема врска со она од минатото.
 
Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.281
Поени од реакции
273
како да ти одговорам (а да не биде навреда)
ти сигурно не си го шетал Скопје пред земјотресот,па не ги знаеш точно кој згради се од тоа време,а кој потоа.Има цели улици.скоро исти како пред земјотресот и тоа во центар: ул 11 октомври,од плоштадот до стара рампа се е како што било пред “63 год.(освен -КЈУБИ, тука беа куќи и фурна)
добро и УДБА ја нема и уште една зграда.( но солитерите се истите)
Потоа улицата од плоштадот до старата жел.станица е истата.
Потоа бул.Кочо Рацин,од Југодрво-Црвен Крст до подвозникот е истата.
Можеби те бунат само оние две стари згради на плоштадот што ги нема сега,а ги има на секоја разгледница-Офицерскиот и Банката.
Фасадирани згради нема (освен годинава-Пелистер,исто така на плоштад) Место кое воопшто сега е непропознатливо од она што беше пред “63 год. е плоштадот Слобода, го нема но може да се види на сликите во темите за „старо Скопје“
И што е грешка незнам. За кој згради збориш.Тие обележани со црвена боја мораа да се рушат,со жолта се поправаа,со зелена се вселуваа.
Театарот еве го направија истоветен,на исто место.Офицерскиот беше срушен само предниот дел,но го срушива цел потоа (можеби згрешива)
Па Алумина остана во сред град и подобро што бидна вака, е сега за работниците греота,ама многу ги снајде иста судбина-транзиција.
И досега многу сум пишувал за овие теми околу старо Скопје.

Е сеа вака тие јес да се исти.Јас не реков дека не се исти него можеби се или рушени или пак нашминкани.Пример кога влагаш во СК во Ѓорче на кружниот тек од десна страна малце повнатре имаше згради од 60-те(знаеш од оние во социјалистички стил)сеа ги нема затоа прашав.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
704
Поени од реакции
260
Aбе дај не ме зафркавај,божем ако си од Скопје си го фатил Господ за мадиња..незнам зошто му се придава толку значење на тоа кој од каде е..па така ако се гледа сите сме од некаде дојдени и сме провенцијалци..само некои завршиле во Скопје некои не,божем ти дал некој да бираш кога си се родил кај сакаш да живееш.Можностите и расплетот на околностите биле тие и така испаднало,никогаш не сум осетил потреба да дискриминирам некој затоа што дошол од некој друг град или место,човекот си ги прави манирите и однесувањето,неможе да му се лепи етикета за провинцијалец(под оваа дефиниција читај сељак-без манири,без однесување,прв пат стапнува во град)на некој без никаква причина и без да го познаваме како личност.

Легендата за провинцијалци си ја створивме самите ние(кои не живееме во Скопје),се сеќавам кога се вртеа муабети кога ќе отидеше некој во Скопје на помали години,па и подоцна:"Леле отидов во Скопје,да видиш што град е,абе нема да ти се верува,уште што нема..абе од пиле млеко,ами зградите па да ги видиш колку ги има и колкави се"демек ако отидеш во Скопје божем си отишол во Шведска или во Финска,па очекуваш да видиш некоја си којзнае колкава културна разлика.Секаде постојат и сељаци и еманципирани луѓе,и во некоја Скандинавска земја да отидеш ќе ги најдеш и едните и другите,само проблемот кај нас е што "провинцијалската" група е многу поголема од "нормалната" или "градската".А и Скопјани сами си се дигнаа демек се класа над другите жители од Македонија,(секоја чест на исклучоците)семоќните староседелци,кој парадокс човече..како да Скопје изникна од подземја и луѓето магично се створија образовани со манири па почнаа да живеат во т.н. "Македонска Утопија"...најголемите пумпачи на сопственото его можеш да ги најдеш во Скопје,ако си од Скопје се те прави кул,како и да се облечеш,како и да изгледаш,што и да купиш..искрено луѓето што Скопјани ги нарекуваат провинцијалци кои доѓаат да учат/студираат/работат во Скопје ќе ги најдеш многу подобро облечени и средени затоа што они знаат што е УМЕРЕНО,а умерено е општоприфатливо за нормално,за разлика од кул-граѓаните кои ќе ги видиш со шалови среде лето,капи за пчели и наочари за сонце во ноќен клуб.

Генерално земено како мала држава ние се замараме со овие глупави работи оти немаме попаметна работа па не интересира другите сонародници што прават и колку "заостануваат" зад нас-додека за тоа време ние како држава одиме уште поназад,на Запад ни ги интересира од кај си ни кој си,важно им е да си корисен за тоа што си се пријавил на професионално поле и да си ја завршиш добро работата.Со право се светлосни години пред нас,само кај нас е уште Балканскиот менталитет-мора секој за секого се' да знае и да му се исмејува за одредени недостатоци,не поради самиот себе си,туку поради околината каде што пораснал и се воспитувал.Ако гледаме низ таа призма моите прапра-родители се од Солун и околината,дали тоа Скопјани ги прави за мене провинцијалци?Смешно и жално..
 
Z

ziko bt

Гостин
Само една работа ќе кажам „ОГРАНИЧЕНО ЖИТЕЛСТВО“ по примерот на Љубљана!
ТОЛКУ!!
Не само за Скопје туку то ке биди услуга и за цела Македонија,ама ми се чини замина возо за та работа,дури и разбрав дека планирале да се градат нови населби низ Скопјево o_O
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
Стефанвил.
се убаво си напишал и во се се сложувам дека е така.
Сега само што напишав по истава работа и во Провинција - Скопје.
Тоа ми било судбина,што сум од овде а што најповеќе не го сакам. Поточно кажано јас сум од никаде.Од овде. Бар да бев од било која страна од некое
друго место: Пуста Брезица,Говрлево,Брњарци,Глуво,Дивље или Кожле.
Значи ќе бев од некаде и ќе имав татково огниште,да не кажам бар двор.
Е баш за тоа Скопје и не сум го сакал толку,колку другите места во нашата Македонија, и богами многу и сум ги прошетал.Сум напишал и за ова доста.
Но тие места никогаш за мене не биле провинција,иако за да стигнеш-стигнам до:Близанско,Растеж,Калуѓерец,Инче,Бенче,Самоков или Белица ми требало тогаш пола ден време, ( и се разбира земјен пат од Брод удоле.
А и луѓето од таму-другарите-девојките тогаш не беа така нарекувани,не.не.
Јас дури се срамам,кога ќе ме прашат од кај си-немам одговор,не го сакам.
Само и несватливо ми е пак некој во мое присуство или сега таму,да се прави скопјанец а мое годиште е отприлика а да не знае кога ќе му речам:
одиме кај Железен мост а тој не знае кој мост е тоа,(а не е железничкиот)
или Женска гимназија, или Воена болница а тој ме носи во Карпош.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Во повеќе наврати ја читав темава. Признавам, не ја исчитав целосно :)
Што имам јас да кажам на темава? Незнам ни самиот, но ајде... ќе се обидам да напишам неколку реда, па кој сфати - сфати, кој не...
Вака:
Студирав во Скопје од 1996 до 2001 година. Скопје ми е драг спомен, еден прекрасен период од мојот живот. Никогаш нема да кажам лош збор за Скопје, или Скопјани.
Се дружев со прекрасни луѓе од цела Македонија, цело време живеев во домови, се дружев и со Скопјани. И ден денес, со многу од нив одржувам контакт, било приватно, било службено. И... си го сакам Скопје на некаков посебен, мил интимен начин, разбирлив само, и исклучиво за мене. Тоа не се објаснува.
Мене Скопје или неговите жители не ме навредија. Никако и никогаш.
Но... јас не се навикнав на Скопје. Едноставно јас неможам да живеам таму. Мене ме влече мојата Струмица. И се вратив дома и си го градам животот тука во Струмица.
Тоа не ме прави мене поголем од некого, ниту ме намалува во нечии очи.
Сите сме луѓе, сите сме од некаде. Односите меѓу луѓето се битни.
Е сега... има насекаде некои надркани фаци, обично искомплексирани, кои нешто демек се дигаат до небеса со некакво си скопско (струмичко, битолско, прилепско, рандом) потекло.
Ништо важно. Имало и ќе има.
Само слатко се насмевнувам на идиотизмот.
Ви препорачувам и Вие тоа да го направите.
 
Член од
13 април 2012
Мислења
269
Поени од реакции
292
Е сега... има насекаде некои надркани фаци, обично искомплексирани, кои нешто демек се дигаат до небеса со некакво си скопско (струмичко, битолско, прилепско, рандом) потекло.
Ништо важно. Имало и ќе има.
Само слатко се насмевнувам на идиотизмот.
Ви препорачувам и Вие тоа да го направите.
Ми се допаѓа твоето мислење, во целост...но за ова последново,порано размислував исто,но веќе преку глава ми е од надркани фаци во Скопјево и мислам дека имам грч на фацава од насмевнување на идиоти:)
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Ми се допаѓа твоето мислење, во целост...но за ова последново,порано размислував исто,но веќе преку глава ми е од надркани фаци во Скопјево и мислам дека имам грч на фацава од насмевнување на идиоти:)
OK... тогаш.... едноставно игнорирај ги. Светот е поубав без нив, нели?
 
Член од
13 април 2012
Мислења
269
Поени од реакции
292
OK... тогаш.... едноставно игнорирај ги. Светот е поубав без нив, нели?
Пријателе,мојот свет е секеко убав...многу ме радува кога ќе прочитам нешто кое е слично на твојот коментар...Значи си бил во Ск,си поминал години од твојот живот во мојот роден град Скопје,ти се допаднал градот и народот,си решил продолжиш да живееш во твојот роден град Струмица,ти не се срамиш од тоа дека си од Струмица...ме разбираш??Според мене овие искомплексираните,тие прават се да можат да го прикријат градот/селото во кое се родиле,правејки се "квази" Скопјани...јас не можам да разберам зошто??Едноставно и да сум ...карикирам ...од Пустец,од Берово,од Росоман, од било каде...јас би била горда,би била таа што сум...секое место си има своја убавина,токму поради тоа не ги класифицирам луѓето по местото од кое потекнуваат...во секој град познавам секакви луѓе,добри,лоши,интересни,досадни...Токму од сите натегања помеѓу луѓето,Скопје ја загуби смислата...јас сум од помладата генерација..можеби не знам премногу...но моите родители се двајцата родени во Скопје,они го тврдат тоа.Велиш "Мене Скопје или неговите жители не ме навредија. Никако и никогаш." А зошто да те навредат кога знаеш да се цениш себеси???
 
Kajgana Shop

На врв Bottom