Aбе дај не ме зафркавај,божем ако си од Скопје си го фатил Господ за мадиња..незнам зошто му се придава толку значење на тоа кој од каде е..па така ако се гледа сите сме од некаде дојдени и сме провенцијалци..само некои завршиле во Скопје некои не,божем ти дал некој да бираш кога си се родил кај сакаш да живееш.Можностите и расплетот на околностите биле тие и така испаднало,никогаш не сум осетил потреба да дискриминирам некој затоа што дошол од некој друг град или место,човекот си ги прави манирите и однесувањето,неможе да му се лепи етикета за провинцијалец(под оваа дефиниција читај сељак-без манири,без однесување,прв пат стапнува во град)на некој без никаква причина и без да го познаваме како личност.
Легендата за провинцијалци си ја створивме самите ние(кои не живееме во Скопје),се сеќавам кога се вртеа муабети кога ќе отидеше некој во Скопје на помали години,па и подоцна:"Леле отидов во Скопје,да видиш што град е,абе нема да ти се верува,уште што нема..абе од пиле млеко,ами зградите па да ги видиш колку ги има и колкави се"демек ако отидеш во Скопје божем си отишол во Шведска или во Финска,па очекуваш да видиш некоја си којзнае колкава културна разлика.Секаде постојат и сељаци и еманципирани луѓе,и во некоја Скандинавска земја да отидеш ќе ги најдеш и едните и другите,само проблемот кај нас е што "провинцијалската" група е многу поголема од "нормалната" или "градската".А и Скопјани сами си се дигнаа демек се класа над другите жители од Македонија,(секоја чест на исклучоците)семоќните староседелци,кој парадокс човече..како да Скопје изникна од подземја и луѓето магично се створија образовани со манири па почнаа да живеат во т.н. "Македонска Утопија"...најголемите пумпачи на сопственото его можеш да ги најдеш во Скопје,ако си од Скопје се те прави кул,како и да се облечеш,како и да изгледаш,што и да купиш..искрено луѓето што Скопјани ги нарекуваат провинцијалци кои доѓаат да учат/студираат/работат во Скопје ќе ги најдеш многу подобро облечени и средени затоа што они знаат што е УМЕРЕНО,а умерено е општоприфатливо за нормално,за разлика од кул-граѓаните кои ќе ги видиш со шалови среде лето,капи за пчели и наочари за сонце во ноќен клуб.
Генерално земено како мала држава ние се замараме со овие глупави работи оти немаме попаметна работа па не интересира другите сонародници што прават и колку "заостануваат" зад нас-додека за тоа време ние како држава одиме уште поназад,на Запад ни ги интересира од кај си ни кој си,важно им е да си корисен за тоа што си се пријавил на професионално поле и да си ја завршиш добро работата.Со право се светлосни години пред нас,само кај нас е уште Балканскиот менталитет-мора секој за секого се' да знае и да му се исмејува за одредени недостатоци,не поради самиот себе си,туку поради околината каде што пораснал и се воспитувал.Ако гледаме низ таа призма моите прапра-родители се од Солун и околината,дали тоа Скопјани ги прави за мене провинцијалци?Смешно и жално..