- Член од
- 21 јануари 2009
- Мислења
- 8.830
- Поени од реакции
- 8.858
И мене не ми е јасно зошто моите постови се извадени од контекст. Познавам тетовчани зошто дечко ми е половина тетовчанец, и се познавам со неговите роднини и нивните пријатели, како и со македонците кои се 1ва година сега на Тетовскиот и на кои јас им позајмувам материјали, ги гледам тетовчани неколку пати кога сум излегла во Тетово, ја паметам журката на Марко Настиќ (тогаш прв пат бев во Тетово, за малце БМВ ќе ме смачкаше на пешачки) каде сите беа облечени во светкави фустанчиња и штиклички, сатенски одела, итн.Значи не читаш како што пишува туку како што ти одговара.
Ја уопште не се увредив за Тетово и слично, тоа најмалку придонесе за постот, спомнав како за споредба само зошто цело време ти се жалиш од провинцијалци, ти го расипувале градот енд шит лајк дет, ама нели треба да ти се нацрта. Нејсе.
Второ, ич не ми ја опишувај ситуацијата на Тетовскиот, знам многу добро како е таму заради тоа и не студирам таму, ама не е тоа темата да се расправаме.
И трето, таков впечаток добив од претходните мислења, дека си родена со сребрена лажица, пошто обично таквите пишуваат куп бесмислености за економија и слично, пошто ептен имаат искуство со недостаток на финансии.
И пошто си единствена македонска на факултет, стварно ме интересира од кај ги сконта Тетовци какви се. Не дека ме интересира или нешто ќе се навредам, пошто си ги знам и јас какви се, и ја знам реалната оцена на градов ама пак не се потепувам по форуми и не окривувам Скопјани за моменталната негова ситуација.
И да, имам големо познавање од недостаток на финансии, сама си го плаќам студирањето.
Не се жалам од сите провинцијалци, но некои од нив направиле слика која за жал, моментално се употребува како генерализација за сите луѓе од внатрешноста.
Ако примети, се трудам да не наречам никого провинцијалец, зошто сметам дека е тоа навреда, а јас не сакам да навредам никого.
Во првиот мој одговор до тебе, те поздравив и ти реков дека луѓе како тебе се пожелни во Скопје.
Но, кажи ми, дали се пожелни оние кои од дома доаѓаат да студираат, а стануваат студентки по проституција и спонзорство, па за на крајот да е очигледен комплексот нижа вредност (ееејјј, студирам на Европскииии, мноооогу ми е тешкоо... лелеее....) а тоа често се сретнува во Скопје.
Јас поназад наведов, дека имам пријатели од речиси секој град, со кои се почитувам и се сакам, и си одиме по гости.
Мене оваа Македонија цела ми е убава, и не, не мислам дека сум супериорна над било кој граѓанин, освен на оној што се фолира и мисли дека живее со сребрена лажичка, а всушност неговите крпат крај со крај за да се прехранат.
НО, тоа се случува, и би било фер да се признае, како што јас мн. отворено кажав дека НЕ ГЕНЕРАЛИЗИРАМ, наведов кои категории на луѓе ми пречат!
Мислам дека те пофалив што зборуваш литературно (не скопски, литературно), зошто зборуваш со луѓе кои дебатираат на некоја тема, а не се од истиот град од каде што си ти.
И мислам дека потенцирав, дека тоа што се однесуваш цивилизирано (и сите како тебе, од каде и да се) мене не само што многу ми значи, туку и се радувам ако такви луѓе доаѓаат во Скопје.
Ми пречи неартикулираноста на одредени граѓани од внатрешноста. Ако дошле со мака во Скопје, не значи дека треба да вриштат во ГТЦ како прв пат од дома да излегуваат, да се шетаат со празни брендирани кеси, да шетаат во 2 попладне како да доаѓаат од јавна куќа.... Мислам дека сум доволно јасна, на кого мислам, и што ми пречи, нели?
А кај тетовчани ми пречи ограниченоста, потребата од оговарање, потребата од уништување некого, потребата од завидливост, потребата од фурање. Најмногу се изнервирав, еднаш, кога не знаев што е тоа ,,слбице,, и сите се смееа наместо да ми објаснат. Божем, ептен паметни испаднаа. Се изнервирав и кога замолив да ми објаснат како да стигнам до Шарена Џамија, зошто само од таму знаев како да си стигнам на факултет пешки, инаку се губев, а немав пари за такси да давам, и добив совет да ја барам Шарена Џамија десно, цело време право по улицата, па завршив во некое албанско село. Да, верувала или не, 5 км пешки поминав. Ама бев едвај, 2-3 пат во Тетово. Ми беше криво, што многу се трудев да се прилагодам на тетовскиот менталитет, дури научив и малку дијалект тетовски. Ама џабе, се пропадна од вода, кога замолив да седнеме во кафич покрај Пена, зошто ми недостигаше Вардар и кеј. Одма сите се исфураа ,,иди си во Скопје, кога ти фали рекиштето,,.
Јас не би ти направила така тебе, ако си осамена во Скопје и ти недостига твојот град. Не би те испратила 10 км да отидеш во Петровец, додека брзаш на предавање. И дефинитивно, ако нешто не ти е јасно, што било, би ти помогнала.
Тоа ми пречи кај тетовчани, најмногу.
Што не значи дека сакам се кај скопјани.
Јас го сакам Скопје, но не и сите скопјани.
Направи разграничување тука. Го сакам Скопје зошто е мојата душа, а не зошто е метропола (не е) или зошто е главен град (голема работа).
Тебе те разбирам, искрено, зошто не би седела во Тетово. И мене понекогаш ми е страв да се прошетам навечер по улицата од ПДШ што оди накај Веро, не знам како се викаат улиците. На таа улица 2 пати ме ограбија. Кај вас не важи ниту еден закон, ниту еден единствен.
Мислам дека сега подобро се разбравме, зарем не?
--- надополнето: Jun 7, 2011 12:51 AM ---
Индивидуално нечие мислење, тешко ќе ме загрижи.Zosto tebe bi te sledel?Ti kazav deka sum alergicen na prostotilak, ako ti se cini deka te sledam tebe, toa treba da te zagrize...
Ne gledas deka e vreme da si legnes? Ke pocnat da ti se smeat. Duri i skriena zad anonimnosta na nikot, suetata ke ti bide povredena. Odi pospij malku...
Мислам дека ми досаѓаш, тоа мислам. Те замолувам да не ме коментираш секаде, во секоја тема... Најди си друг некој да замараш, јас се изморив од тебе.
Најискрено.