Скопје низ призмата на еден Скопјанец

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.967
Поени од реакции
12.499
вреѓам кај што ме вреѓаат мене и мојот град или гледам дека трола/се прави со сила будала

одговорено е. прочитај низ темата

и тоа е одговорено. има и скопски сељаци и ши птраи сељаци и провинциски сељаци. темата е сепак највеќе за третите. другите 2 категории исто не ги оправудвам
Ти веќе се докажа дека спаѓаш во првата група на сељаци ( за прв пат ќе се осудам да те навредам на темава пошо и заслужуваш, многу членови поназад ти укажаа на навредите ама ти си продолжи па ќе бидам дрска сега и јас ).
Не знам како не ви се здосади да се објаснувате со Фаранг,очигледно учениот,нашетан и прилагодлив дечко е само слика за на форумов, пошо немам друго објаснување.
10 страни од темава наполна со едни та исти аргументи и не кажа ништо посебно.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Во Бразил ја направија Бразилија како административен центар од истите побуди само колку да се децентрализира капиталот во една држава и развијат и други подрачја.
Можеби требаше и кај нас да се размисли за Битола да биде нешто слично во смисла за конзуларни преставништва, парламент, и останати државни служби за да се растерети Скопје.
 
F

FARANG

Гостин

Па тие се аргументите зар треба други? Глупо е што не ги сваќате па мора 100 пати да ви се објаснат. Проста маса брејјјј :D

Не се секирај де ема, кажи си што ти лежи на срце ме се вреѓам јас така лесно. Јасно ми е мене за тебе уште пред 10 страни.

Не ме анилизирај премногу, глава ќе те боли. Концентрирај се на правилна комуникација со твојте сограѓани.
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
И во мојот мал град кога ке дојде некое Скопјанче јас морам да го слушам како зборува на неговиот дијалект и не ми пречи....Баш напротив,јас уживам да слушам разни дијалекти...Кумановски,Скопски,Струшки,Прилепски..Дали доколку отидеш во некој од споменатите градови ти ке го зборуваш својот или нивниот.Во право си дека не си должен да ги учиш како што и не си должен да бараш да се зборува во твојот град на вашиот дијалект.

Саншајн, мислам дека Farang покушава да каже дека на нас скопјаните (а тука се вклучувам и себеси), воопшто не ни пречат дијалекти-ја, на пример иам братучетка у провинција и ко ќе ми дојде на гости без нимало нервоза си ја слушам (и она мене), и релаксирано си праиме муабет за све и свашта, секоја на својот дијалект. Неам ја проблем со дијалектите генерално.
Ако почнам да влагам у детаљи, еве, да ти дадам пример на момент кој што ме провоцира да излезам од кожа-на времето имав другарица од провинција, која студираше у Ск, се омажи за скопјанец и сеа живи у центар на Ск, работи во една од поголемите компании во Ск, си роди 3 скопјанчиња (да, ги роди во Ск, па според тоа би требало да се рачунаат ко скопјанчиња)...овие скопјанчиња, и покрај тоа што одат во школи и градинки во Ск, си го зборат увелико мајчиниот дијалект (на нејзино големо инсистирање)-а и сама она, до ден денешен, не уложи ни атом да прозбори скопски.
Епа, да му е*ам мајката, тоа "Скопјанче" во твојата прва реченица, крие многу голема доза на подбив-и не викај не, пошо ми го имаат на нос извадено моите провинциски другарки (сега, во голем број, бивши).
Иначе, коа ќе сретнам на улица некое провинцијалче, и ја, исто ко тебе, гледам на него благонаклоно и генерално сум љубезна (таква ми е природа, шо да правам). Ама, кога тоа провинцијалче (ко она што ти го опишав погоре) ќе пушти корен у Ск и ќе проба да пишуе правила и прописи за зборуење и понашање - тогаш имаме проблем.
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
2.394
Вака сега, за да не испадне дека јас сум за отварање логори за провинцијалци тука во Скопје, ќе кажам прво однапред дека се дистанцирам од ова.Немам ништо против значи што сте во Скопје, мене повеќе ми пречат вашите критики кон нас.Јас тоа не можам да го смислам, на крај крајава на тој што не му одговара Скопје нека си се врати во неговиот роден град и нека си продолжи со својот бавчарски живот.
Објасни ми го инаку еве, процесот како се одвива, како вие на пример го полните буџетот на градот Скопје и со тоа автоматски на мојата општина.Со ДДВ? ДДВ оди во касата на Република Македонија, ако гледаме од таа гледна точка и јас го полнам буџетот на Република Македонија.Тоа е сосем друга работа.За овие дуќани и претпријатија што си ги напишал, па ти на сопствениците на тие локали и дуќани им ги полниш џебовите, но не и на градот.Единствено што ти преостанува тука е ДДВ-то.Не гледам некој друг начин, ако има некаков таков објасни поопширно еве да се информираме сите....
ајде препочитај ја темава да најдиш една критика спрема скопјани.. ајде најди еден навредлив пост на кој се посочува дека Скопјани се вакви или такви
цела тема е дека сите провинцијалци се сељаци и дефакто треба да се иселат од Скопје, оти го грдат градот убав. А еве и ти тоа го потенцираш: „нека си продолжи со својот бавчарски живот.“
од тука следува сите провинцијалци на кој не им се допаѓа изгледот на градот Скопје (најголем дел) да се вратат на својот бавчарски живот, со што алудираш дека грото од провицијалците биле бавчари. Типично размислување на антички Скопјанец .

крај краева слободна држава, немие забрането да критикувам некои работи. Сакаш да лажам, да велам: да супер се чамците во Вардар. исто е супер што ги исекоја сите дрва на булевар Климент Охридски. На жена парк супер е што има толку многу споменици. Добро е што прават хотели на водно.
Така би се чустви=увал подобро? Јебига нешто ако нечини - нечини и крај. Не можеш да очекуваш да немаме сопсвено мислење. Крај краева тие пари се заеднички - буџетски.

за парите. како јас ако потрошам 3000 евра годиншно во Скопје не ја стимулирам економијата на Скопје и Скопјани?
кога купувам производи од Скопје, значи купувам од продавници чии газди (во 95% случаеви) се Скопјани, потоа тие им даваат плата на вработените коишто пак се Скопјани. Кога плаќам кирија пари му давам на Скопјанец. Струја вода парно плаќам на скопски фирми во кои се вработени Скопјани. Незнам како да ти објаснам поинаку.
Значи профитот што го правиме во Прилеп, дел префрлам во Скопје. Така наместо јас да купам сендвич од кафаната на комшијата Петре во Прилеп , јас купувам гиро од Гиро мамас, со што тие 150 наместо да останат во Прилеп , јас ги носам во Скопје. А секоја економија е појака ако има побрз и поголем обрт на пари.
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
238
Поени од реакции
306
1. Да ок е, јасно е, те поправив оти предходно е дискутирана канбера на темата
2. Не би одело се во Скопје. Локална самоуправа нели? Ако се затвори СК ќе мора да се инвестира во внатрешноста, прво на подобрување на патна инфраструктура а потоа и на се друго. Нека се затвори СК и слободно нека се направат 10 СК2014 проекти надвор од СК. Само така ќе се развие остатокот на МКД иначе сите ќе се селите во СК а тогаш сосема нормално е да се гради само СК. Градиш каде што живее народот.
3.Се слагам. Ако си читала што пишувам јасно кажувам АКО се преселам во БТ или Кочани би зборел литературно. Незнам дали би го прифатил дијалектот некој едноставно не ми лежат ама и тоа е можно ако сум таму долго време. Би гледал да се адаптирам на локалната средина. Скопјанец што живее у ОХ а збори скопски за мене е сељак. Истот важи и обратно.
4. Мислам дека тука си грешка. Многу од нас не иритира само ретко некој тоа го кажува јавно оти неќе да те навреди. Гледаш у 3 дена оваа тема 20 страни стана оти никој не сваќа што зборам. Сите скокате ко да сакам да ве потурчам :P никој не сваќа дека само сакам она што е нормала секаде да се применува и кај нас.

Примерот ти е лош. Логично е да се случи тоа што го викаш само ако прилепчаните инсистираат на тоа е не пробуваат да се адаптираат на средината. Постари луѓе свакам ама децата не би требало да се такви. На други места во светот тоа не се случува. Тоа е она што ни смета. Во градот со сила си правите сред село. Значи не ти контрам или пробувам да те вреѓам едноставно ти кажувам како гледам на се ова ко скопјанец.
Болдот: Да бе :) те разбирам, нормално си дискутираме :)

2. Се виде колку функционира локалната самоуправа :) Тоа е лошото, шо и покрај тоа шо се даде одредена власт на општините ПАК некако сите ресурси и инвестиции завршуваат во Скопје, кој е тука крив е сосем друга тема. Но кога државата упорно само една точка од географијата ја развива, скроз сама си го привлекува цело население и предизвикува пренаселеност и останати пропратни проблеми. Државата направи во внатрешноста да не живее народот. Еве сите големи концерти се одржуваат во Скопје. Зошто? Зошто не во Битола пример? Затоа шо локалната самоуправа во толку мандати не најде начин ни распаднатата спортска сала да ја реновира, а не па нова да изгради (спортска, универзална, стадион whatever) Ова прост пример само. А па очајниот обид и Манаки фестивалот во Скопје да го однесат кажува многу...

3. Тотално се согласувам

4. Добро :) те разбирам :) Ама нели ти е јасно дека ако на 50мина едно нешто им е нормала тие нема да го променат заради 10 на кои шо не им е, посебно возрасни, тоа сакам да кажам

А за примерот, возрасните нема да го прават од инает туку едноставно затоа шо имаат едно мало општество (да не речам гето) каде немаат никаква потреба да го менуваат родниот дијалект. Децата се друго, ќе одат на училиште, на факултет, многу е полесно да ги прифатат навиките на широката околина
 
F

FARANG

Гостин
Во Бразил ја направија Бразилија како административен центар од истите побуди само колку да се децентрализира капиталот во една држава и развијат и други подрачја.
Можеби требаше и кај нас да се размисли за Битола да биде нешто слично во смисла за конзуларни преставништва, парламент, и останати државни служби за да се растерети Скопје.
Требаше. После земјотресот требаше во Штип каде е неплодна почвата да градиш град. Само будала гради на плодно земјиште. Скопската котлина нема капацитет за волкав град. Жално е пелагонија да се уништи на ист начин.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.967
Поени од реакции
12.499
Саншајн, мислам дека Farang покушава да каже дека на нас скопјаните (а тука се вклучувам и себеси), воопшто не ни пречат дијалекти-ја, на пример иам братучетка у провинција и ко ќе ми дојде на гости без нимало нервоза си ја слушам (и она мене), и релаксирано си праиме муабет за све и свашта, секоја на својот дијалект. Неам ја проблем со дијалектите генерално.
Ако почнам да влагам у детаљи, еве, да ти дадам пример на момент кој што ме провоцира да излезам од кожа-на времето имав другарица од провинција, која студираше у Ск, се омажи за скопјанец и сеа живи у центар на Ск, работи во една од поголемите компании во Ск, си роди 3 скопјанчиња (да, ги роди во Ск, па според тоа би требало да се рачунаат ко скопјанчиња)...овие скопјанчиња, и покрај тоа што одат во школи и градинки во Ск, си го зборат увелико мајчиниот дијалект (на нејзино големо инсистирање)-а и сама она, до ден денешен, не уложи ни атом да прозбори скопски.
Епа, да му е*ам мајката, тоа "Скопјанче" во твојата прва реченица, крие многу голема доза на подбив-и не викај не, пошо ми го имаат на нос извадено моите провинциски другарки (сега, во голем број, бивши).
Иначе, коа ќе сретнам на улица некое провинцијалче, и ја, исто ко тебе, гледам на него благонаклоно и генерално сум љубезна (таква ми е природа, шо да правам). Ама, кога тоа провинцијалче (ко она што ти го опишав погоре) ќе пушти корен у Ск и ќе проба да пишуе правила и прописи за зборуење и понашање - тогаш имаме проблем.
Дали стварно после стилот на напишаното ти се сметаш за компетентна да кажуваш за правила за зборување и пишување? И воопшто да осудуваш нечиј начиј на зборување и пишување?

Па тие се аргументите зар треба други? Глупо е што не ги сваќате па мора 100 пати да ви се објаснат. Проста маса брејјјј :D

Не се секирај де ема, кажи си што ти лежи на срце ме се вреѓам јас така лесно. Јасно ми е мене за тебе уште пред 10 страни.

Не ме анилизирај премногу, глава ќе те боли. Концентрирај се на правилна комуникација со твојте сограѓани.
Еве пак...уште еден пост а ништо паметно не кажа. Зошо бе Фарангче ја сви опашката последен пат кога те цитирав и ми рече дека сум досадна? :(
Па колку што гледам во темава на секоја страна има минимум 3 твои поста, ти си досадниот овде.
 
Затоа што почна да се преповтараш и видов дека џабе збориме ко и сега. Значи ти реков, нит ќе те убедам нит ти мене. Зар ти гледаш поента за понатака да се збориме на оваа тема?

Ако сум ти досаден не читај. Јас само си реплицирам на тие што ме цитираат. Не ме цитарај повќе нема поента
 
B

Borg_Drone

Гостин
ајде препочитај ја темава да најдиш една критика спрема скопјани.. ајде најди еден навредлив пост на кој се посочува дека Скопјани се вакви или такви
цела тема е дека сите провинцијалци се сељаци и дефакто треба да се иселат од Скопје, оти го грдат градот убав. А еве и ти тоа го потенцираш: „нека си продолжи со својот бавчарски живот.“
од тука следува сите провинцијалци на кој не им се допаѓа изгледот на градот Скопје (најголем дел) да се вратат на својот бавчарски живот, со што алудираш дека грото од провицијалците биле бавчари. Типично размислување на антички Скопјанец .

крај краева слободна држава, немие забрането да критикувам некои работи. Сакаш да лажам, да велам: да супер се чамците во Вардар. исто е супер што ги исекоја сите дрва на булевар Климент Охридски. На жена парк супер е што има толку многу споменици. Добро е што прават хотели на водно.
Така би се чустви=увал подобро? Јебига нешто ако нечини - нечини и крај. Не можеш да очекуваш да немаме сопсвено мислење. Крај краева тие пари се заеднички - буџетски.

за парите. како јас ако потрошам 3000 евра годиншно во Скопје не ја стимулирам економијата на Скопје и Скопјани?
кога купувам производи од Скопје, значи купувам од продавници чии газди (во 95% случаеви) се Скопјани, потоа тие им даваат плата на вработените коишто пак се Скопјани. Кога плаќам кирија пари му давам на Скопјанец. Струја вода парно плаќам на скопски фирми во кои се вработени Скопјани. Незнам како да ти објаснам поинаку.
Значи профитот што го правиме во Прилеп, дел префрлам во Скопје. Така наместо јас да купам сендвич од кафаната на комшијата Петре во Прилеп , јас купувам гиро од Гиро мамас, со што тие 150 наместо да останат во Прилеп , јас ги носам во Скопје. А секоја економија е појака ако има побрз и поголем обрт на пари.
А што очекуваш да ти одговорам при таква твоја критика на пример (доколку би се случило тоа), јас тоа го дадов како пример.Мене кога ме критикува некој и ми говори во лице за тоа сигурно дека нема да молчам.Јас не говорам за тебе или пак за некој друг на темава, говорам општо.
Јас учам и имам колешки од другите градови, ама со нив си имам нормална комуникација.А зошто? Затоа што не се осмелиле нешто (само еднаш имаше еден таков инцидент патем) да ми префрлат, и нормално кога си седат мирни нема што јас тогаш да им префрлам на нив нешто.
За вработените по дуќаните држи донекаде тоа вода, ама така ние сите им го полниме на некој буџетот, па и ние скопјаните на вас зошто мислиш дека тоа не е истиот случај со вас??За киријата ти му го полниш џебот на приватен сопственик.
Во секој случај, пак вие помалку вложувате од нас во овој случај; во овој град и неговата инфраструктура која привлекува економски инвестиции и отвара работни места, ова вака треба да оди поправило ама парите се крадат, но тоа е друга тема веќе да не одиме натаму.....И нормално, ништо немам против што сте тука, ама не сакам бе човек едноставно кога ќе поминам и некој од вас ќе ми рече „скопјанишче“ или пак „скопјанишчава“.Прво јас не сум Евреин во гето или пак во нацистички логор, јас сум човек и имам име и презиме и сакам и како таков да ме третирате; како личност а не како никој и ништо, како грешка на природата.Друго, на пример што ми се случува на мене, од моите колешки ова еднаш само се случи и никогаш повеќе од тогаш па натаму замолчеа.Чекаме автобус пред МНТ и нешто доцнеше, и овие се нервираа што е и нели нормално, и јас се нервирав ама после тоа кога една од колешките рече: „и после овие скопјанишчава ќе се прает нешчо“ - со погледот насочувајќи кон мене, тогаш и реков да си резервира едно магаре од местото од каде доаѓа и да си го носи низ Скопје и да не чека повеќе на „скопјанишчава“ а и таман ќе си има играчка од него гратис да си игра со неа.А на еден друг му го кажав и тоа; му кажав да си се врати во бавчите и да не нè замара нас ако не му е добро тука.Што очекуваш при вакви реакции јас да направам?Истото и ти би го направил...
За градбите и јас имам исто мислење, тоа критикувај, јас говорам за други работи.Вие за сè буквално што се случува во државава, ја лоцирате вината во обичните граѓани на Скопје.За вас секогаш се криви „скопјанишчава“.Во 1969 година Американците слетаа на Месечината, за тоа се виновни скопјаните исто така...
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Требаше. После земјотресот требаше во Штип каде е неплодна почвата да градиш град. Само будала гради на плодно земјиште. Скопската котлина нема капацитет за волкав град. Жално е пелагонија да се уништи на ист начин.
Не мислев да се гради град, туку да се префрли администрацијата тука и живнат на економски план два града како Битола и Прилеп кои се на 40 км растојание.
Со тоа би се намалила миграцијата на студентите кои одат за накај Скопје од овие два града.
 
E

emission

Гостин
Платата никако да се качи,зошто? затоа што у секое време на секое место има некој провинцијалец кој ке работи и за 9000 ден. Само да остане овде.А некој што давал пари за да се школува надвор што стекнал светски признаени дипломи да работи за 15000? или пострашно,да не работи воопшто зашто ке треба да го платат соодветно,ама нормално немораат бидејки у секое време ке најдат некој опинок што ке рмба за да плати кирија и сметки а од дома ке му пратат за да јаде и за да испие по некое кафе.
Не глобализирам,ама огромен процент од провинција е спремен да работи за трошки само за да остане овде.Не се цените самите себе,се плукате самите во фаца со самото тоа што прифаќате да сте газени и понижавани од работодавците за смешни пари. Автоматски и нас не подјебавате. Сфатете дека нема работа за сите! Јас лично имам искуство со тоа,да на мое место земат провинцијалец излезен од клупа и го платат упола од тоа мене што ме плаќале.
Ти си обичен лажго. Доволно е толку да ти кажам на тебе. Меѓутоа има и луѓе што не се такви па го продолжувам овој пост заради нив.

Доста Скопјани работат за мизерни плати бидејќи не плаќаат кирија, сметки дома не плаќаат храна и слично. Тие можат да опстанат со многу помалку пари, т.е. само за бензин и за искачање преку викенд да им останат тие се задоволни. Значи ситуацијата е сосема спротивна од таа што сакаш да ја претставиш. Значи сосема спротивно од тоа што велиш дека луѓето што не се од Скопје ја намалуваат платата кога проблемот е на друго место. Друго. Никој „провинцијалец“ на иста позиција со некој СкУпјанец (не генерализирам за Скопјани туку за вакви примероци што секој втор пост им е фалење дека се нашетани или што мислат дека некој ќе им скрати од плата ако не кажат сељак или опинок по неколку пати во некој пост) не зема помала плата. Тоа е пуста желба на нереализирани типови. Во секоја приватна фирма газдите гледаат да постигнат оптимум во односот плата/квалитет. Остај овој нашетаниов самонаречен австралиски газда што пишува глупотии дека немало да прима на работа некој што не се одвикнува по улица да си зборува на Охридски нема допир со реалноста.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Место Лондон стави Скопје и смени англија за македонија и мање више се е таман. Ако не се смени системот во МКД само кон тоа ќе иде. Побогато Скопје, посиромашна провинција.
Види си имаат градовите свои локални самоуправи итн. Они треба да му ја мислат да отвараат работни места итн, пример почнаа зони индустриски да отвораат Битола;Прилеп;Кавадарци, Штип... убаво ама требаше да им текне порано. Многу нормално е Скопје да има највисок сдандард на живеење и да биде најплатен град. Тоа е заради неговата големина, бројност, образовани кадри итн. Никат нема да се согласам Скопје намерно да се кочи за другите градови да идат напред. Скопје и регионално ако земеш 150 км радиус воздушно е најразвиен економски , финансиски и оразовен центар. Така да исто како и во случајот со Лондон што и да прави Британија Лондон ќе си остане главен центар во секој поглед и најпосакувано и најпрестижно место на живеење. Тоа е и случајот со Скопје. Плус и во поранешна Југославија а и сега ако се спојат Скопје беше трет град по број на жители само Загреб и Белград имаа повеќе. Немам против и од други градови да се доселуваат и да живеат и работат во Скопје но ако живеат во Скопје нека го почитуваат овој град од кај што вадат леб. И кога си во Скопје работиш живееш во него прилагоди се на Скопје , не може Скопје на секој да се прилагодува. Скопје од сите градови во Македонија е најкосмоплитски град. Без разлика од кој град да си нема да ти фаќаат замерки , навикнати се луѓето од Скопје дека во Скопје живеат работат, студираат и други луѓе од Македонија. Иди во Битола, Источна Македонија , само нека те разберат дека си од Скопје одма ќе те гледаат како да си од друга планета, и одма стануваш потенцијална мета да се уништи. Во Скопје на никој не му искршиле глава зошто е од друг град. Тоа доволно покажува каков напреден град е Скопје во секој поглед во однос на друг град во Македонија. А да сите што се од други градови им се свиѓа приватноста што ја нуди Скопје и што никој не се замара за тебе. А истите тие што оговараат по нивните градови му судат на Скопје какво е тоа и какви се Скопјани. Без разлика на се јас Скопје го сакам и се гордеам со него. Кога и да не сум во Скопје ми недостига многу. И со гордост каде и да идам тука или во странство со городост зборам за Скопје.
Фк Вардар, дебар мало(кафаните), ул Македонија , Ленинова., парк ,кеј ,водно,Матка,.................................долг е списокот
 
E

emission

Гостин
Де бе, ви сметаат провинцијалците и нивното однесување,а камо среќа вака да ви сметаа оние на секој чекор баш во Скопје шо ги слушам да зборуваат на вториот официјален јазик во Македонија и притоа се понашаат ко од планина слезени.
Се расправаш со такви еден саат на шалтер,зошо се вработиле ради шо се малцинство и се жалат дека се дискриминирани,ама не еден провинцијалец шо завршил и факултет и се потрудил да најди работа му присметал на скопјанецот, зошо скопјанецот чекаше покана за работа нели како староседелец во град Скопје.
Тие се староседелци од Косово. Тие имаат нормални навики и придонесуваат за унапредување на културата. Ропаците од Радовиш или Кичево се оние што се вистинскиот проблем. За нив треба да се донесат закони за доселување а не за косовари што не знаат 1 реченица на македонски да склопат. Ако не може да се разбереш 50 проценти е во ред, ако разбираш 99 проценти тогаш проблемот е кај ропакот што ги кажува тие 1 посто неразбирливи зборови.
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
2.394
И нормално, ништо немам против што сте тука, ама не сакам бе човек едноставно кога ќе поминам и некој од вас ќе ми рече „скопјанишче“ или пак „скопјанишчава“.Прво јас не сум Евреин во гето или пак во нацистички логор, јас сум човек и имам име и презиме и сакам и како таков да ме третирате; како личност а не како никој и ништо, како грешка на природата.Друго, на пример што ми се случува на мене, од моите колешки ова еднаш само се случи и никогаш повеќе од тогаш па натаму замолчеа.Истото и ти би го направил...
За градот и градбите и јас имам исто мислење, тоа критикувај, јас говорам за други работи.Вие за сè буквално што се случува во државава, ја лоцирате вината во обичните граѓани на Скопје.За вас секогаш се криви „скопјанишчава“.Во 1963 година Американците слетаа на Месечината, за тоа се виновни скопјаните исто така...
никој досега што го знам го нема употребено тој збор. Ни надвор ни пак на форумот.. Еве земија кајгана како македонија во мало, ќе видиш дека нема никој нема почнато пост со: Скопјани биле вакви биле такви ОСВЕН во случаеви кога Анцо попагира чисто Скопје, а ние мариовците назад во мариово, во случаеви кога размазени скопски деца очекуваат првата плата да им е 25000 денари и дека ние неСкопјани сне криви поради тоа што им ја крадеме работата. Вакви постови иритираат. Сите на ФОРУМОТ научивме како внуката на Анцо имала 10.0 просек на УКИМ магистрирала и не ја примиле на работа поради некој од Велес. Таму некој трет се жали дека заради нас провинцијалците платите во Скопје се намалиле, демек сне прифаќале под човечки плати.
Никој негледа дека цела Македонија е во очај и пропаст и дека едвај работа се наоѓа и тоа во Скопје , па ние сме им го земале лебот.
Таму некој член Ал пишал дека како работодавач барал сервисери на компјутери, децата иделе и барале минимална плата од 25000, за што за еден формат?

За колешките верувај дека сите би го направиле тоа... тоа било израз на нивната култура. Сељаци има и во Скопје и надвор од Скопје.
Комшијата над мене џубрето го фрлаше од 5 спрат дирек вконтењер, тој наспроти мене си ја тепаше фамилијата. И двајцата беа стари другари и пропагираа чисто Скопје.... примери има бескрај верувај..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom