Скопје низ призмата на еден Скопјанец

Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.710
Username1
Ти си имал ли ситуација некоја у банка на шалтер да ти зборува на кавадаречки? И ако се случило тоа, колку пати се случило?
 
n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Сакаше Трифун Костовски,кога беше Градоначелник на Скопје да го затвори градот за доселеници.Ова важеше за сите,не само за жители надвор од Скопје туку и за тие надвор од МК.
Да неможе да се добива жителство туку така,него по л.к. кај си роден таму и да останеш.
Но не му дозволија дали советниците дали од партијата,не ми текнува.

Не се разбираме.
Прво, во Скопје помал проблем се доселениците со пријавено живеалиште тука, или што би рекол ти, со лична карта, од доселениците кои не се ни пријавени дека „престојуваат“ тука.

Второ, едно е да се има желба, а сосема друго да се знае дека не постојат низа предуслови да се стори тоа.
Не е тоа плукни - залепи, и тоа што се водела погрешна демографска политика 50 години не се исправа со една единствена одлука.

Трето, денес Скопје не се подготвува да се затвори - се градат нови сообраќајници, катни гаражи, паркинзи, згради, населби, индустриски зони, фабрики, инфраструктурни објекти, градот добива ДУПови за проширување - се` зборува дека се проектира да апсорбира уште повеќе жители.
 
Username1

шо е бе?
Член од
2 март 2012
Мислења
585
Поени од реакции
551
Username1
Ти си имал ли ситуација некоја у банка на шалтер да ти зборува на кавадаречки? И ако се случило тоа, колку пати се случило?
Ми се случувало многу пати,да не набројувам овде сега.У банка два три пати,ама по бутици,оператори,продавници како нептун,техномаркет итн.кај што се бара малце повеќе зборење,ке почнат литературно па ке продолжат по нивно.
Не дека е којзнае колку страшно,не дека одма ке ја фатам за коса ама не е професионално.
Идам да вадам потврда за неосудуваност,и таму на шалтер има едно педерче или е од Кичево или од Охрид,Струга таму некаде. Петпати го препрашував намерно да видам дали ке му текне ама упорно си цепаше без осет. Кој вадел потврда може да го каже истото.
--- надополнето: 27 март 2013 во 00:52 ---
Не се разбираме.
Прво, во Скопје помал проблем се доселениците со пријавено живеалиште тука, или што би рекол ти, со лична карта, од доселениците кои не се ни пријавени дека „престојуваат“ тука.

Второ, едно е да се има желба, а сосема друго да се знае дека не постојат низа предуслови да се стори тоа.
Не е тоа плукни - залепи, и тоа што се водела погрешна демографска политика 50 години не се исправа со една единствена одлука.

Трето, денес Скопје не се подготвува да се затвори - се градат нови сообраќајници, катни гаражи, паркинзи, згради, населби, индустриски зони, фабрики, инфраструктурни објекти, градот добива ДУПови за проширување - се` зборува дека се проектира да апсорбира уште повеќе жители.
Нормално,кога сите упорно доаѓаат овде зашто да се затвори? Згради се градат на секоја слободна педа простор,за кого? се знае,за провинција.Да има закон,да се затвори градот за други,ке се градат и згради и фабрики по другите градови и полека ке се развиваат и економски и демографски.Платата никако да се качи,зошто? затоа што у секое време на секое место има некој провинцијалец кој ке работи и за 9000 ден. Само да остане овде.А некој што давал пари за да се школува надвор што стекнал светски признаени дипломи да работи за 15000? или пострашно,да не работи воопшто зашто ке треба да го платат соодветно,ама нормално немораат бидејки у секое време ке најдат некој опинок што ке рмба за да плати кирија и сметки а од дома ке му пратат за да јаде и за да испие по некое кафе.
Не глобализирам,ама огромен процент од провинција е спремен да работи за трошки само за да остане овде.Не се цените самите себе,се плукате самите во фаца со самото тоа што прифаќате да сте газени и понижавани од работодавците за смешни пари. Автоматски и нас не подјебавате. Сфатете дека нема работа за сите! Јас лично имам искуство со тоа,да на мое место земат провинцијалец излезен од клупа и го платат упола од тоа мене што ме плаќале.
Разберете дека многу Скопјани се без работа и неможат да најдат работа поради тој факт! Имам преку 50 познаници,другари што го јадат тој стап.Школувани луѓе,со работно искуство,со кариера створена позади нив.И сите се тие без работа затоа што тој некојси работодавец решил да земе провинција на работа за дупло помала плата. И немој да видам некој да пишал дека ако е способен или снаодлив ке просперира зашто на таквите гркланот со два прста би им го извадил!
Еден мал бонус: Едно време работев Хјуман ресорс,ми дојде едно створење од провинција,на мое прашање со која плата би бил задоволен,одговори: па не е битно,да се работи нешто.
Викам 3000ден може? Па може вика,да се работи нешто. Викам слободен си излези надвор.
Имало и такви што се ценат самите себе па барале и по 500 евра,но дали 5% биле такви.
 
F

FARANG

Гостин
Ако вистина живееш во Австралија, би знаел дека таму се доселуваат луѓе од сите краишта на светот и сите тие зборуваат, ваљда, англиски јазик, но со различни дијалекти. И не би ти претставувало проблем тоа што некој доселеник во Скопје си зборува на негов дијалект па ти за тоа да се поболуваш овде по форуми. ;)
--- надополнето: 27 март 2013 во 05:58 ---
Тоа е невозможно. Не може некој што се родил во Австралија, а и неговиот татко, неговиот дедо, прадедо итн. се родени во Австралија, со некој што се доселил од Либија да зборува англиски со ист акцент, ни за 100 години. А тоа дека некој врз било каква основа е дискриминиран во Австралија, не сум сретнал, а најмалку не за јазикот.

И сфати дека нема мој, твој, град. Смешен си со ова. :ROFLMAO:
--- надополнето: 27 март 2013 во 06:06 ---
Пријателе, акцент е едно, а дијалект е друго.Акцент е нагласување на слог, односно вокал.
Мене ми е тоа јасно. Он тука меша прво дијалекти па акценти. Веќе тешко е 100 души да ве пратам.

Значи Македонец или конкретно она што он го спомна во неговиот пример Либанец може да има АКЦЕНТ кога зборува Англиски. Значи да зборува англиски со македонски/либански надгласок. Дијалект е кога се зборува ИСТИОТ јазик мегутоа има мали разлики во говорот или сленгот. Пример на ново зеландски дијалект зборот Six (6) се изговара sex или chips се изговара chaps.

Во Австралија МНОГУ ретко има луге што зборат различен дијалект. Обично тоа се туристи. Секој што се преслил овде се труди да збори и го збори АВСТРАЛИСКИОТ дијалект. Исклучок се индијците/пакистанците највеќе ради АКЦЕНТОТ нивен, не дека зборат на паки-индиски сленг или дијалект едноставно акцентот ги прави различно да звучат.
 
Член од
18 јуни 2012
Мислења
477
Поени од реакции
612
Не се праи мутав па ти па стопати ти се објасни кај е проблемот и пак си тераш по свое.
Никој не ти вика зошто збориш на дијалект дома или со другари или со роднини итн.
Проблемот е кога работиш у Скопје и кога комуницираш со луѓе кои не ги знаеш,дали приватно или професионално да збориш литературно Македонски,НЕ СКОПСКИ. Никој не ти стаи нож под грло и да те тера да збориш така.
Според тебе и тие што размислуваат како тебе,значи ако одам да живеам со фамилијата у Србија,треба со тамошните да зборам Македонски? па шо,знам дека ме разбираат,шо има да им зборам Српски,ќе се замарам сеа како не. И тоа не значи дека и дома морам да зборам Српски со моите,ама надвор се знае,ако сакаш да се адаптираш и претопиш у средината мора да се прилагодиш а не да изиграваш локал патриот .
Пак истото се повторува... Значи во Скопје се зборува дијалект на Македонскиот јазик, оти Скопје е во Македонија. А Македонскиот јазик има повеќе дијалекти, кои сите се разбирливи. Не можеш ти преселбата во Скопје да ја споредуваш со преселба во друга држава. Незнам зошто ова не можете да го сфатите. и не ми е јасно зошто на некој би му пречело ако си зборуваме на дијалектот од каде што доаѓаме, а разбирате... И како да се претопам во средината? Па јас во Скопје насекаде слушам струмичи, кумановски, битолски, охридски дијалекти... итн итн, а најмалку скопски.
 
НЕ ТЕ РАЗБИРАМ СЕКОГАШ свати го тоа. НЕ САКАМ некогаш да се мачам да ти ги дешфрувам френки, дфки, тртки, мртки, мазници.... Не очекувам кај тебе да разбираш „искачаме“, „пеер“ итн итн ама ни ти кај мене не збори така.

Под МОЈ ГРАД, спаѓа градот во кој сум роден.

Па ќе слушаш де, јасно ни е дека има многу сељаци :D
 
Член од
18 јуни 2012
Мислења
477
Поени од реакции
612
НЕ ТЕ РАЗБИРАМ СЕКОГАШ свати го тоа. НЕ САКАМ некогаш да се мачам да ти ги дешфрувам френки, дфки, тртки, мртки, мазници.... Не очекувам кај тебе да разбираш „искачаме“, „пеер“ итн итн ама ни ти кај мене не збори така.

Под МОЈ ГРАД, спаѓа градот во кој сум роден.
Мене никој не може да ми кажи како да зборувам во Скопје или во било кој друг град, како што ни јас можам да кажам некому. Ќе зборувам јас како шо сакам, и тоа е тоа, нема причина за нервози.

И да, ако си роден во Скопје, не можеш да го присвојуваш градот како лично твој, и на некој да му кажуваш како треба да се однесува, како да зборува и сл. :icon_lol: Еве јас и понатаму во Скопје ќе зборувам на дијалектот од местотo кај шо сум роден, па шо? Ништо. :)
 
F

FARANG

Гостин
Мислам дека никој не се ни обидува да го „затвори“ Скопје, ниту, пак, некој се обидел некогаш.
Кензо Танге, ако не грешам, го проектирал како град за околу 200 000 жители, а денес има (неформално) околу 1 000 000.
Тоа создава проблеми, ама никој од „провинцијалците“ кои дошле да си го печалат лебот не е виновен што „некој“ ја „насадил“ Железара во Скопје (наместо во Тајмиште, на пример), што гради ТИРЗ во Бунарџик, а не било каде на друго место... Овие капацитети апсорбираат работни места, а во „провинција“ ги нема.

Лесно е да речеш да се „затвори“ Скопје, ама има ли барем јавен транспорт или патишта со капацитет да издржат дневно патување на илјадници луѓе?! Има ли ефикасен начин за патување до/од Скопје за 1 час до било која точка во земјава?
Нема.
Плус, сите услужни дејности се лоцираат во Скопје, разбирам, бизнис логика и сметки, ама ни институциите не се трудат да децентрализираат било што.
Ако се враќаме назад, работата е загрешена уште во 60тите, кога, намерно или ненамерно, почнало уништувањето на македонските села (ама да не го затупуваме муабетов).
Ако се прашувам јас, потребна е барем една смена на генерации за да се создадат услови за внатрешна (па и реверзна) мобилност на населението во Македонија заради работни места.
Од друга страна, не гледам дека институциите градат инфраструктура за поставување на таков правец, така што, Скопје уште повеќе ќе се „полни“ со луѓе од внатрешноста, да, заради работните места.... природно, ќе добива се поинаков лик од оној што го знаеш ти од твоето детство.
Тоа е тоа, тука не се може ништо.
Некои нови деца ќе си поставуваат свои правила.
Детството кое го лоцираш во некое Скопје од минатото е само твое, денешново Скопје веќе не е...

Поздрав.
Првите претседатели на Македонија биле Лазар Колишевски - Св Николе и Љупчо Арсов - Штип. Ако веќе кривиме еве да почнеме од нив. Провинцијалци.

Јас не гледам еден лик од Скопје што го направил ова што денес ние го трпиме. Ние како скопјани секогаш сме биле ОК, кој сака нека дојде нека живее, нека работи. И Танге кога го проектирал Скопје не сме правеле проблем.

Јасно ми е дека на сите нема да им се свиѓа опцијата за затворен град ама ако сакаат да се развие руралната средина друга опција не гледам. Само будала гради инфраструктура на места каде нема да биде искористена. Ако сите се селат во Скопје само таму ќе се гради. Затвори го градот ќе се гради и на друго место. До кога треба ние од Скопје да ги субвенцираме другите? Па над 50% од данокот се собира во Скопје (пред 10тина години беше 70%).

За тоа дека институциите не градат такви услови се слагам, тука има грешка. Кога СК би бил затворен град Велес, Куманово и Тетово одма би просперирале оти автоматски би станале сателити на Скопје. Со брз воз на пример сите би биле на пола саат од Скопје. Станува збор на некој 300-400 мил евра тоа да се направи - 2 мил евра = 1км пруга. Не се многу пари. Може да се почне и треба.

Јасно ми е дека Скопје е жив град и дека се менува. Тоа не го дебатираме овде. Јас едноставно си кажав што ми пречи а дали тоа на некој му се свиѓа или не ич не ми е гајле. Значи тоа си е мое мислење. Темата е СКОПЈЕ НИЗ ПРИЗМАТА НА ЕДЕН СКОПЈАНЕЦ
--- надополнето: 27 март 2013 во 06:34 ---
Мене никој не може да ми кажи како да зборувам во Скопје или во било кој друг град, како што ни јас можам да кажам некому. Ќе зборувам јас како шо сакам, и тоа е тоа, нема причина за нервози.

И да, ако си роден во Скопје, не можеш да го присвојуваш градот како лично твој, и на некој да му кажуваш како треба да се однесува, како да зборува и сл. :icon_lol: Еве јас и понатаму во Скопје ќе зборувам на дијалектот од местотo кај шо сум роден, па шо? Ништо. :)
Јасно де. Не ти реков да се смениш. Тоа си е твое право исто ко што е мое право во тебе да гледам сељак од провинција. :icon_lol:
--- надополнето: 27 март 2013 во 06:43 ---
Не се разбираме.
Прво, во Скопје помал проблем се доселениците со пријавено живеалиште тука, или што би рекол ти, со лична карта, од доселениците кои не се ни пријавени дека „престојуваат“ тука.

Второ, едно е да се има желба, а сосема друго да се знае дека не постојат низа предуслови да се стори тоа.
Не е тоа плукни - залепи, и тоа што се водела погрешна демографска политика 50 години не се исправа со една единствена одлука.

Трето, денес Скопје не се подготвува да се затвори - се градат нови сообраќајници, катни гаражи, паркинзи, згради, населби, индустриски зони, фабрики, инфраструктурни објекти, градот добива ДУПови за проширување - се` зборува дека се проектира да апсорбира уште повеќе жители.
Прво, проблем се и двете групи. Едноставно веќе НЕМА место. Попуштаат ѕидови на Водно. Дебар маало нема паркинг. Во Аеродром се шлепаат подкровја во згради кој не се проектирани за тоа. Уништени се бутел 2 и гази баба. Чаир...

Второ, нема НИКОГАШ да се направат предуслови ако вака продолжи. Почни од некаде. Направи го затворен град па гради инфрастуктура. Почни со железница и така тоа е во план. Од некаде мора да почне АКО сакаме да се реши ова. Ако не, кад тад СК ќе стане 1-1,5 мил и тоа ќе биде тоа.

Трето, јасно ни е на нас тоа. Гледаме не сме слепи дека ич абер немаат да направат нешто друго. Сепак не мора да ни се свиѓа тоа. Ако веќе морам да го делам градот со други тогаш нека има ред и нека не јадат трици за ГРАДОТ КОЈ ГИ ХРАНИ.
 
Член од
18 јуни 2012
Мислења
477
Поени од реакции
612
Јасно де. Не ти реков да се смениш. Тоа си е твое право исто ко што е мое право во тебе да гледам сељак од провинција. :icon_lol:
Нормално. Јас не ти го успорувам тоа. Али, секој, поимот "сељак" го сфаќа различно. Додека за тебе, јас и тие како мене сме сељаци, за мене на пр. сељак е некој што се извишува над другите, и ги потценува другите, како ти. Но не те нарекувам сељак, туку под сељак тоа го подразбирам, а на никој не би му го рекол тоа директно. Зошто пак би дошло дека јас се сметам себеси над тебе, и со тоа, всушност и јас испаѓам сељак. Ме разбираш?

Значи воопшто не ти замерувам за тоа за каков ме сметаш ти мене, оти и воопшо не ми е битно твоето мислење за некој како мене. :)
 
Во тој случај време е да ја напуштиш темата. Сепак овде дискутираме за Скопје низ призмата на СКОПЈАНИ. Вашето мислење многу не не интересира, lets agree to disagree и секој нека си тера по својот пат :coffee:
 
Член од
14 октомври 2011
Мислења
58
Поени од реакции
44
Роден сум во скопје

но преку кур ми е од дрољите што облекуваат тигрести шари чекаат да ги почастиш пијачка
кога ја прашуваш како се вика дрска е и се прави Hard to get
и затоа веќе не идам во дискотеки каде што има сељаци

како што реков погоре да облеката моментално да се смени
Кога сакаш да изгледаш casual брат не се облекувај како русин на Крокодил (Тренерка стил)
Кога несакаш да бидеш casual не облекувај некоа кошула која што е лето 2007

Фризури за машки НЕ беди justine bieber или не биди lady gaga во косата
или кога ке видам фризура како оваа од 90те

исто така ако дома во село те израснале со ПинкТВ незначи тоа дека сите слушаат ТурбоФолк

и се разбира ако немаш Патишта во твоето село во скопје се почитуваат знаците
затоа што преку кур ме од сељаци и таксисти кој што врска немаат од Патна дисциплина

но ова не е само за провинцијата имаме и ние вакви сељаци но кога ке видиш каде се со место на живеење се ти е јасно(Кисела јабука,Сарај итн)
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
2.394
абе што се замарате толку со фаранг и анчо. Нивното време полека поминува, фала богу што новите генерации не се ко нив. Нема смисла јас со 21 година да се расправам со некој од 50+ години за тоа како да се уредува Скопје. Го виделе најубавото Скопје во историјата и сега сакаат да се врати тоа време, притоа не согледувајќи како тоа би влијаело врз економијата и оштествените односи во Македонија.
Како ти Фаранг плаќаш за нас, провинцијалците?
Рече за таксени марки дека уплаќаме во сопсвен град? Па тоа се максимум 10 уплатници во годината. Во меѓувреме јас трошам 2 - 3000 илјади евра во Скопје за престој, со што ја стимулирам економијата во твојот град (читај го полнам газдата на тинекс со пари). Моите дома плаќаат данок во вид на ДДВ 18% на државата за полнење на буџетот. БУЏЕТОТ Е СОБИРАН ОД ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА.
Anco а што дека бил вработен некој од Велес? - зарем неговите родители не плаќале данок на државата, зарем само Скопјани да бидат примани во администрација?
Со тој Буџет наместо да се стимулира цела Македонија, се инвестира само во Скопје (субвенциите пораснаа лани, така да неможеш фаранг да споредиш 20 години трошење во Скопје со една година субвенции), не е само СК2014, туку цела индустрија е во Скопје.
Летово си обезбедив работа (во програмерска фирма). Кажими во кој друг град во Македонија ќе примат 21 годиншен сеуштенедипломиран неискусен електроинжинер? - само во Скопје, оти има недостиг на кадри кој ќе чкрапаат код за 200 евра.
И што би се направило со затварање на Скопје? Како тоа ќе направи да се инвестира во Прилеп?
Пак би се градило Скопје се додека не се исцрпат сите можности, во меѓувреме платата на скараџија во Вили во Скопје би била 500 евра, а во Прилеп кафанџиите ќе земаат по 100 евра....
Тоа би ве радувало со тоа вие ќе бидите странци со високи плати наспрема провинцијалците на кој не им е дозволено живеење во Скопје..

Само фала богу што таквите ко вас се реткост (барем за помадите , а за постарите незнам немам некој контакт)
за пример јас сеуште незнам од кај се грото на колегите, а колегите од скопје многупати ме имаат помаешано дека сум од Скопје, а сум имал и сериозна врска со Скопјанка, така да ич не се замарајте кој од кај е.
Јасно ми е дека на сите нема да им се свиѓа опцијата за затворен град ама ако сакаат да се развие руралната средина друга опција не гледам. Само будала гради инфраструктура на места каде нема да биде искористена. Ако сите се селат во Скопје само таму ќе се гради. Затвори го градот ќе се гради и на друго место. До кога треба ние од Скопје да ги субвенцираме другите? Па над 50% од данокот се собира во Скопје (пред 10тина години беше 70%).

Прво, проблем се и двете групи. Едноставно веќе НЕМА место. Попуштаат ѕидови на Водно. Дебар маало нема паркинг. Во Аеродром се шлепаат подкровја во згради кој не се проектирани за тоа. Уништени се бутел 2 и гази баба. Чаир...

Второ, нема НИКОГАШ да се направат предуслови ако вака продолжи. Почни од некаде. Направи го затворен град па гради инфрастуктура. Почни со железница и така тоа е во план. Од некаде мора да почне АКО сакаме да се реши ова. Ако не, кад тад СК ќе стане 1-1,5 мил и тоа ќе биде тоа.

Трето, јасно ни е на нас тоа. Гледаме не сме слепи дека ич абер немаат да направат нешто друго. Сепак не мора да ни се свиѓа тоа. Ако веќе морам да го делам градот со други тогаш нека има ред и нека не јадат трици за ГРАДОТ КОЈ ГИ ХРАНИ.
 
B

Borg_Drone

Гостин
/\

Да, ама само ти, а ако собереш така едно поголема бројка на студенти од твојот крај тогаш колку ќе изнесува сумата од тие пари што си ги уплатил на твојата општина?И повеќе од десет се.Со твојот престој и трошок во Тинекс не ја стимулираш мојата економија или пак неговата или пак воопшто на целиот град, туку економијата на Владимир Тодоровиќ.
 
F

FARANG

Гостин
абе што се замарате толку со фаранг и анчо. Нивното време полека поминува, фала богу што новите генерации не се ко нив. Нема смисла јас со 21 година да се расправам со некој од 50+ години за тоа како да се уредува Скопје. Го виделе најубавото Скопје во историјата и сега сакаат да се врати тоа време, притоа не согледувајќи како тоа би влијаело врз економијата и оштествените односи во Македонија.
Како ти Фаранг плаќаш за нас, провинцијалците?
Рече за таксени марки дека уплаќаме во сопсвен град? Па тоа се максимум 10 уплатници во годината. Во меѓувреме јас трошам 2 - 3000 илјади евра во Скопје за престој, со што ја стимулирам економијата во твојот град (читај го полнам газдата на тинекс со пари). Моите дома плаќаат данок во вид на ДДВ 18% на државата за полнење на буџетот. БУЏЕТОТ Е СОБИРАН ОД ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА.
Anco а што дека бил вработен некој од Велес? - зарем неговите родители не плаќале данок на државата, зарем само Скопјани да бидат примани во администрација?
Со тој Буџет наместо да се стимулира цела Македонија, се инвестира само во Скопје (субвенциите пораснаа лани, така да неможеш фаранг да споредиш 20 години трошење во Скопје со една година субвенции), не е само СК2014, туку цела индустрија е во Скопје.
Летово си обезбедив работа (во програмерска фирма). Кажими во кој друг град во Македонија ќе примат 21 годиншен сеуштенедипломиран неискусен електроинжинер? - само во Скопје, оти има недостиг на кадри кој ќе чкрапаат код за 200 евра.
И што би се направило со затварање на Скопје? Како тоа ќе направи да се инвестира во Прилеп?
Пак би се градило Скопје се додека не се исцрпат сите можности, во меѓувреме платата на скараџија во Вили во Скопје би била 500 евра, а во Прилеп кафанџиите ќе земаат по 100 евра....
Тоа би ве радувало со тоа вие ќе бидите странци со високи плати наспрема провинцијалците на кој не им е дозволено живеење во Скопје..

Само фала богу што таквите ко вас се реткост (барем за помадите , а за постарите незнам немам некој контакт)
за пример јас сеуште незнам од кај се грото на колегите, а колегите од скопје многупати ме имаат помаешано дека сум од Скопје, а сум имал и сериозна врска со Скопјанка, така да ич не се замарајте кој од кај е.
Јас со тебе немам проблем, ако те мешаат за скопјанец очигледно гледаш да се уклопиш во скопската шема и начин на живеење. Ти би добил виза/жителство :icon_lol: (заебанција е тој дел пред да почнете да скокате пак).

Кусо и јасно во Скопје последен голем проект најавен со толку помпа како СК2014 беше изградбата на населба Аеродром во 80тите. Од тогаш до сега парите на скопјани кој во последните 20 години го полнеа буџетот на Македонија одеа за се освен за изградба на Скопје. Во голем дел тоа беше за социјала на незапослените надвор од СК разни субвенции, заробени девизи и што ти све не. Ред беше нешто да се изгради во СК.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom