Скопје низ призмата на еден Скопјанец

Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.710
Оваа тема нема никаква допирна точка со оваа тема што ја диксутираме. Сосема различно. А партиски вработувања има секаде, и во Скопје и во Прилеп и во Битола.. секаде.
И јас се чудев. Има луѓе кои живеат во Штип, на пример, а работат во СКопје и патуваат секој ден.
 
Член од
18 јуни 2012
Мислења
477
Поени од реакции
612

Да, али уште не ми е јасно каква враска има тоа со "провинцијалците" кои се доселуваат во Скопје и кои зборуваат на нивниот дијалект? o_O
 
F

FARANG

Гостин
Оваа тема нема никаква допирна точка со оваа тема што ја диксутираме. Сосема различно. А партиски вработувања има секаде, и во Скопје и во Прилеп и во Битола.. секаде.
Колку скопјани се партиски запослени во други градови? Дали 100тина? Јас лично не познавам ниту еден кој прифатил или би прифатил нешто такво. Знам неколку на граница/царина ама они возат нагоре надоле секој ден. Колку провинцијалци има во Скопје така дојдено/останато? Сигурно илјадници... Гледај го од таа гледна точка, сепак држат работни места кој нормално би иделе на некој локален.
--- надополнето: 26 март 2013 во 11:47 ---
Да, али уште не ми е јасно каква враска има тоа со "провинцијалците" кои се доселуваат во Скопје и кои зборуваат на нивниот дијалект? o_O
Не мешај сега и ти работи, таа поента нема врска со дијалектот има со зимање работни места... Тоа ти беше тебе оргиналната поента демек ако бил никој не ни е крив ако некој од провинција ни зимал работни места. Работата е што во Скопје има работни места што ни се одземани и дадени на провинцијалци или рамковни од политички причини. Збориме за илјадници места, присилна миграција на грб на скопјани.
 
n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Дијалект, начин на живеење, возење, ред итн инт...

Конкретен пример... Во 92ра кога ЈНА се одсели од СК во стар аеродром се населија купишта провинцијалци. Другар еден што имам таму кога го посетив пред некоја год неможев да поверувам што станало од бараките окулу него. Сељаците си заградиле просторот измегу бараките каде што ко мали сме играле фудбал. Дечкиве си направиле бавчи. Сред село у аеродром. Значи не зборам за нешто ситно него за 70-80м квадратни СЕКОЈ од нив, три бараки. Тротоарот на улицата малку подоле е пропаднат, има дупка оти попуштило тоа асфалтот оти некој кретен со БТ регистрација си го паркирал шлеперот зашто неќел да си плати паркинг. Има цел куп примери може треба една таква тема да си отвориме :D нешто ко МАКЕДОНШТИНА на он нет. By the way бавчите до ден денес се таму
Нели се договоривме дека влијанието и употребата на дијалектите во говорниот јазик ниту некој може да го ограничи, ниту некако да го уреди, ниту нешто да забрани. Природен процес си е тоа - тансформација на јазик.

Во однос на навиките на луѓето, кои се преселуваат од рурални во урбани, или од помалку во повеќе урбани средини, повторно не можеш да генерализираш... или, истата генерализација би можел да ја примениш и за луѓето кои се преселиле од периферијата во урбаните населби....

Како и да свртиш, не можеш да генерализираш на темава.
Зошто никој не спомна поинаков пример на преселници во Скопје?

На пример, го читам фељтонот во Утрински весник - Скопјето по кое кукаат постарите генерации, со тесните улички во Пајко и Карадак Маало, со убавите плажи на Вардар, со палатите на улица Краља Петра и подоцна Маршал Тито и подоцна Македонија, Дебар Маало, Буњаковец итн,... делумно му го должат и на доселениците (читај: провинцијалците) од Велес, Дебар, Гостивар итн...

И ај сега....
 
F

FARANG

Гостин
Зошто бе FARANG?
Сите сме македонци, сите зборуваме ист јазик, тоа што дијалектите варираат и се различни не значи дека не се разбираат.
Еве ќе ти понудам одлично решение, ако ти зборуваш со некој струмичанец, и не го разбираш замоли го да зборува литературно, ако го разбираш не знам шо ти смета?
А ако истиот тој струмичанец во институција зборува со дијалект и јас би го осудила.

Кога зборуваме за дијалекти, дали ти Фарангчо си се запрашал колку на некој битолчанец или охриѓанец им смета коа си гледаат телевизија, и одма скопскиве фаци си ги користат своите сленгови?
А кога ќе отидат во Скопје со потсмев ги зјапаат оти имаат смешен нагласок. Епа неможе бе само за едните да важи тоа.
Чекај сега јас треба него да го молам да зборува литературно за да се разбереме? Колку пати? Он ако си цепа по навика секогаш кога ќе се видиме треба да го молам? Мислиш тоа нема да го навреди? Ако тебе те разбирам а другарка ти струмичанка не ја разбирам тогаш што правиме? Ајде ти се молам доста изигравате паметни имаме литературен јазик затоа постои. Користи го. Си дошла на друго место и треба да се прилагодиш на таа средина. Јас да се преселам во Струмица ќе се прилагодам нема да очекувам они само ради мене да зборат литературно нит пак ќе очекувам да ме сватат ако ги викнам да искочат... Незнам што е толку тешко ова што не можете да го разберете. Само инат водење за џабе. Ем сите зборите литературно ем сите на работа така зборите мање више ем е проблем, а проблем е оти некој ви кажува дека така треба не дека не можете...

За примерот со ТВ, јас овде некогаш гледам ТВ Тера. Си цепаат битолски и тоа е тоа. Мој избор сум одлучил да ги гледам. Исто важи и за нив, секој има избор да смени канал.
--- надополнето: 26 март 2013 во 12:33 ---
Нели се договоривме дека влијанието и употребата на дијалектите во говорниот јазик ниту некој може да го ограничи, ниту некако да го уреди, ниту нешто да забрани. Природен процес си е тоа - тансформација на јазик.

Во однос на навиките на луѓето, кои се преселуваат од рурални во урбани, или од помалку во повеќе урбани средини, повторно не можеш да генерализираш... или, истата генерализација би можел да ја примениш и за луѓето кои се преселиле од периферијата во урбаните населби....

Како и да свртиш, не можеш да генерализираш на темава.
Зошто никој не спомна поинаков пример на преселници во Скопје?

На пример, го читам фељтонот во Утрински весник - Скопјето по кое кукаат постарите генерации, со тесните улички во Пајко и Карадак Маало, со убавите плажи на Вардар, со палатите на улица Краља Петра и подоцна Маршал Тито и подоцна Македонија, Дебар Маало, Буњаковец итн,... делумно му го должат и на доселениците (читај: провинцијалците) од Велес, Дебар, Гостивар итн...

И ај сега....
Јасно дека неможе да се ограничи АМА тоа не треба да ми се свиѓа. Јас не пробав некого да ограничам, јас си кажав јас како гледам на таа работа. Нит ќе ме убедат поразлично нит јас нив. Затоа и реков lets agree to disagree.

За другото побара пример ти дадов. Реков има многу. Генерализација би било ако од 3 бараки 1-2 стана тоа да го направиле. Ако имаш 3 бараки по 8 стана и сите до еден тоа го направиле тоа е веќе правење сред село во населеба другар. Такви примери има и на други места не е само овој. Јасно не се сите такви ама факт е дека дел од нив придонеле кон нарушувањето на квалитетот на живот на мештаните.

Ајде и поинаков пример да видиме. Дебар маало го спомна. Да делумно е изграден од дебарчани на времето. Си видел ли денес што се случува таму? Паркинг? Пумпање вода во горните спратови со пумпи? Урбана мафија? Сите тие придобивки другар се уништени. Уништени се и парковите, зелените површини, водно, од брачава парк шумата гази баба итн итн.

Побарувачката на станови во огромен дел е креирана од дојденците тоа е факт. Факт е и дека плаќаме ненормални цени за квадарат, дупло па и тродупло од остатокот на Македонија. Тие секогаш може да се вратат од кај дошле си имаат резервна варијанта. За многу од нас Скопје е се што имаме. Покрај се тоа го делиме со нив, не е проблем и пак не им чиниме. Темава беше отворена ко контратема на една друга каде отворено се плукаше по Скопје. Тешко им било да се понашаат нормално и да зборат литературно. Ако толку им значи дијалектот слободно нека си се вратат назад од кај што дошле и нек си зборат како сакаат. Јасно ми е дека неможам никого да го натерам да збори литературно и не ни пробувам, нивно право ко што е и мое право на се тоа да гледам како што гледам.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.496
Поени од реакции
28.858
Чекај сега јас треба него да го молам да зборува литературно за да се разбереме? Колку пати? Он ако си цепа по навика секогаш кога ќе се видиме треба да го молам? Мислиш тоа нема да го навреди? Ако тебе те разбирам а другарка ти струмичанка не ја разбирам тогаш што правиме? Ајде ти се молам доста изигравате паметни имаме литературен јазик затоа постои. Користи го. Си дошла на друго место и треба да се прилагодиш на таа средина. Јас да се преселам во Струмица ќе се прилагодам нема да очекувам они само ради мене да зборат литературно нит пак ќе очекувам да ме сватат ако ги викнам да искочат... Незнам што е толку тешко ова што не можете да го разберете. Само инат водење за џабе. Ем сите зборите литературно ем сите на работа така зборите мање више ем е проблем, а проблем е оти некој ви кажува дека така треба не дека не можете...

За примерот со ТВ, јас овде некогаш гледам ТВ Тера. Си цепаат битолски и тоа е тоа. Мој избор сум одлучил да ги гледам. Исто важи и за нив, секој има избор да смени канал.
--- надополнето: 26 март 2013 во 12:33 ---
А за странциве шо идат да не треба и курс по македонски да им ставиме услов? Да се прилагодат де побрзо, да не ти сметат на тебе.

Без веза си.
Ајде летс агри ту дисагри оти ти снемуат аргументи.
 
Страците што живеат во Скопје ИДАТ на курс. Конкретно имав комшија што холанџанин женет за македонка и типот збори македонски перфект секако има благ холандски акцент. На пратеникот од Австралија жена му е австралка и она денес збори македонски. Види ги амбасадорите, нивните фамилии итн итн. Они можат ама тебе тешко ти е. Браво...

Јас уште незнам уопште сакаш да кажеш?
 
Член од
18 јуни 2012
Мислења
477
Поени од реакции
612
Колку скопјани се партиски запослени во други градови? Дали 100тина? Јас лично не познавам ниту еден кој прифатил или би прифатил нешто такво. Знам неколку на граница/царина ама они возат нагоре надоле секој ден. Колку провинцијалци има во Скопје така дојдено/останато? Сигурно илјадници... Гледај го од таа гледна точка, сепак држат работни места кој нормално би иделе на некој локален.
--- надополнето: 26 март 2013 во 11:47 ---

Не мешај сега и ти работи, таа поента нема врска со дијалектот има со зимање работни места... Тоа ти беше тебе оргиналната поента демек ако бил никој не ни е крив ако некој од провинција ни зимал работни места. Работата е што во Скопје има работни места што ни се одземани и дадени на провинцијалци или рамковни од политички причини. Збориме за илјадници места, присилна миграција на грб на скопјани.
Кај тебе и сличните на тебе, најголем проблем е што Скопје го сметате за ваше, лично ваше (а не е), и имате некоја замисла дека вие треба да бидете пред сите што доаѓаат во Скопје, без разлика дали ти едвај имаш средно завршено, а некој од провинција има завршено 3 факултети со просек 10.00, битно е ти да мислиш дека имаш право на подобро работно место во Скопје, од тој од провинција. А кога сме кај партиските вработувања, има и скопјани вработени на тој начин, како што има и од другите градови. И никој не ти забранува да се преселиш во друг град, и да побараш работа таму. Ете, веќе ако толку ти пречиме ние во Скопје, за инает можеш и ти да се преселиш во друг град/село во МК и да бараш работа, да студираш.. што сакаш, тоа. Не гледам причина зошто ти и сличните на тебе не би го направиле тоа.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.974
Поени од реакции
12.518
Фаранг гледам се поправил, пишува литературно сега, гуд фор ју.
Некој имаше спомнато за тоа како дојденците не плаќаат данок на градот Скопје. Па како да плаќам данок кога газдата на станот не ме пријавил како кираџија? Тоа е негова обврска, не моја. Ама нели алчноста за пари е поголема, зошто да плаќа данок кога може да си ги земе парите за него. Тука самите си се уништувате, никој не ви е крив. Буквално никој од моите пријатели кои седат под кирија не е пријавен. И ќе кукате после....епа кукајте

Страците што живеат во Скопје ИДАТ на курс. Конкретно имав комшија што холанџанин женет за македонка и типот збори македонски перфект секако има благ холандски акцент. На пратеникот од Австралија жена му е австралка и она денес збори македонски. Види ги амбасадорите, нивните фамилии итн итн. Они можат ама тебе тешко ти е. Браво...

Јас уште незнам уопште сакаш да кажеш?
Па тие зборуваат сосема ДРУГ јазик, ние сите зборуваме македонски. Вујко ми 15 години живее во Холандија и не зборува холандски, на работа комуницира на англиски и нема проблем, никој не му замерил.
И кога зборувам на дијалект се трудам да употребувам зборови кои се разбирливи за сите, и сите го прават тоа, не знам како само тебе ти смета.
 
n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Јасно дека неможе да се ограничи АМА тоа не треба да ми се свиѓа. Јас не пробав некого да ограничам, јас си кажав јас како гледам на таа работа. Нит ќе ме убедат поразлично нит јас нив. Затоа и реков lets agree to disagree.

За другото побара пример ти дадов. Реков има многу. Генерализација би било ако од 3 бараки 1-2 стана тоа да го направиле. Ако имаш 3 бараки по 8 стана и сите до еден тоа го направиле тоа е веќе правење сред село во населеба другар. Такви примери има и на други места не е само овој. Јасно не се сите такви ама факт е дека дел од нив придонеле кон нарушувањето на квалитетот на живот на мештаните.

Ајде и поинаков пример да видиме. Дебар маало го спомна. Да делумно е изграден од дебарчани на времето. Си видел ли денес што се случува таму? Паркинг? Пумпање вода во горните спратови со пумпи? Урбана мафија? Сите тие придобивки другар се уништени. Уништени се и парковите, зелените површини, водно, од брачава парк шумата гази баба итн итн.

Побарувачката на станови во огромен дел е креирана од дојденците тоа е факт. Факт е и дека плаќаме ненормални цени за квадарат, дупло па и тродупло од остатокот на Македонија. Тие секогаш може да се вратат од кај дошле си имаат резервна варијанта. За многу од нас Скопје е се што имаме. Покрај се тоа го делиме со нив, не е проблем и пак не им чиниме. Темава беше отворена ко контратема на една друга каде отворено се плукаше по Скопје. Тешко им било да се понашаат нормално и да зборат литературно. Ако толку им значи дијалектот слободно нека си се вратат назад од кај што дошле и нек си зборат како сакаат. Јасно ми е дека неможам никого да го натерам да збори литературно и не ни пробувам, нивно право ко што е и мое право на се тоа да гледам како што гледам.
Немој да ме сфатиш погрешно дека оправдувам правење на земјоделско домаќинство сред урбана џунгла.
Но, ваквите работи се уредуваат на поинаков начин - комунална полиција, казни и изненадувачко инстантно менување на навиките.

За некои од проблемите кои ги адресираш, попрво би рекол дека причината е широко раширената култура на корумпираност, отколку на „провинцијалците“, но тоа е сосема друга тема.
За вискоите цени на становите, исто така...

Е, кај болдот доаѓаме до главното прашање кое се провлекува низ целата дискусија, а не го ни начнавме: „чиј е еден град, дали воопшто може да биде нечиј?“.
Потоа, кои се социолошките и културолошките аспекти на трансформацијата на еден град и колку и дали/колку тоа може било како да се ограничи/дефинира/стандардизира?
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=115101450255&id=13&setIzdanie=22126
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1112101543541&id=13&setIzdanie=22132

Што мислиш за размислувањево на Русјаков?
 
F

FARANG

Гостин
Фаранг гледам се поправил, пишува литературно сега, гуд фор ју.
Некој имаше спомнато за тоа како дојденците не плаќаат данок на градот Скопје. Па како да плаќам данок кога газдата на станот не ме пријавил како кираџија? Тоа е негова обврска, не моја. Ама нели алчноста за пари е поголема, зошто да плаќа данок кога може да си ги земе парите за него. Тука самите си се уништувате, никој не ви е крив. Буквално никој од моите пријатели кои седат под кирија не е пријавен. И ќе кукате после....епа кукајте

Па тие зборуваат сосема ДРУГ јазик, ние сите зборуваме македонски. Вујко ми 15 години живее во Холандија и не зборува холандски, на работа комуницира на англиски и нема проблем, никој не му замерил.
И кога зборувам на дијалект се трудам да употребувам зборови кои се разбирливи за сите, и сите го прават тоа, не знам како само тебе ти смета.

Хахаха... абе не заебавај сега и ти... Пак вадите од контекст, види на што реплицирав. Праша за странци и одговорив.

Да знам дека има такви ко вујко ти. Ги има и во Австралија, цел живот овде а само македонски цепаат оти работат кај газда македонец. Има кафичи, ресторани и све живо и диво македонско овде доволно да немора да научи англиски а да опстане. Мислиш дека тоа е решение? Јас на нив гледам ко шип тари у Македонија.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.496
Поени од реакции
28.858
Страците што живеат во Скопје ИДАТ на курс. Конкретно имав комшија што холанџанин женет за македонка и типот збори македонски перфект секако има благ холандски акцент. На пратеникот од Австралија жена му е австралка и она денес збори македонски. Види ги амбасадорите, нивните фамилии итн итн. Они можат ама тебе тешко ти е. Браво...

Јас уште незнам уопште сакаш да кажеш?
Фаранг, за твоја лична информација, мојот дијалект е 100 пати политературен од твојот и е всушност темел на литературниот македонски јазик. И со гордост си го зборувам.

А не ги видов белгијцине пред неколку дена дека одеа на курсеви. Којзнае како сте ги разбрале ох сироти скопјанчиња. :(
 
Член од
18 јуни 2012
Мислења
477
Поени од реакции
612
Хахаха... абе не заебавај сега и ти... Пак вадите од контекст, види на што реплицирав. Праша за странци и одговорив.

Да знам дека има такви ко вујко ти. Ги има и во Австралија, цел живот овде а само македонски цепаат оти работат кај газда македонец. Има кафичи, ресторани и све живо и диво македонско овде доволно да немора да научи англиски а да опстане. Мислиш дека тоа е решение? Јас на нив гледам ко шип тари у Македонија.
Ако вистина живееш во Австралија, би знаел дека таму се доселуваат луѓе од сите краишта на светот и сите тие зборуваат, ваљда, англиски јазик, но со различни дијалекти. И не би ти претставувало проблем тоа што некој доселеник во Скопје си зборува на негов дијалект па ти за тоа да се поболуваш овде по форуми. ;)
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.974
Поени од реакции
12.518
Хахаха... абе не заебавај сега и ти... Пак вадите од контекст, види на што реплицирав. Праша за странци и одговорив.

Да знам дека има такви ко вујко ти. Ги има и во Австралија, цел живот овде а само македонски цепаат оти работат кај газда македонец. Има кафичи, ресторани и све живо и диво македонско овде доволно да немора да научи англиски а да опстане. Мислиш дека тоа е решение? Јас на нив гледам ко шип тари у Македонија.
Не, туку работи во светски позната фирма, што е уште еден доказ дека на пазарот се бара квалитет. Се додека си ја работи работата како што треба, јазикот кој го употребува е најмал проблем.
 
F

FARANG

Гостин
Немој да ме сфатиш погрешно дека оправдувам правење на земјоделско домаќинство сред урбана џунгла.
Но, ваквите работи се уредуваат на поинаков начин - комунална полиција, казни и изненадувачко инстантно менување на навиките.

За некои од проблемите кои ги адресираш, попрво би рекол дека причината е широко раширената култура на корумпираност, отколку на „провинцијалците“, но тоа е сосема друга тема.
За вискоите цени на становите, исто така...

Е, кај болдот доаѓаме до главното прашање кое се провлекува низ целата дискусија, а не го ни начнавме: „чиј е еден град, дали воопшто може да биде нечиј?“.
Потоа, кои се социолошките и културолошките аспекти на трансформацијата на еден град и колку и дали/колку тоа може било како да се ограничи/дефинира/стандардизира?
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=115101450255&id=13&setIzdanie=22126
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1112101543541&id=13&setIzdanie=22132

Што мислиш за размислувањево на Русјаков?
Русјаков има јаки текстови од време на време. Ми се допаднаа колумните за Велес и демонстрациите против топилницата таму. Ова го немав читано....

Е сега вака сум за децентрализација до некој степен. Значи јас од последниве 20 год 10тина мање више ги имам пројдено во Австралија. Главен град на Австралија е Канбера за кој ретко кој чул. Обично сите одговараат Сиднеј или Мелбурн. Она што Русјаков го пишува до некој степен го имам видено овде. Некој работи работат некој не. Значи судството може да се тргне од Скопје. Јас сум за Вевчани и би го направил со платени странци судии или дијаспорци кој би ги платил дебело за да неможе никој да фаќа врски.

Парламетот да се префрли би бил чист промашај. Речиси сите пречеци Австралија ги извршува во премиерската резидеција во Сиднеј. Едноставно тоа е позгодно а пази Канбера има услови ко ниеден друг град во МКД од аеродром до тотално дизајниран град (ко Вашингтон) направен да ствари страв во очи на секој дипломат. Дури ни политичарите не престојуваат таму, доаѓаат и истиот ден си одат назад или во Сиднеј кој е 2 саати од Канбера. Тоа нема да работи.

Секаква децентрализација на високото образование мислам дека е погрешна. Сум за дисперзирани студии под услов да има доволно спремни професори тоа да се изведе. Мислам дека немаме, бар не доволно квалитетни. Разводенување на образовниот систем може да биде катастрофално и веќе е. Мислам дека во ОХ треба да се обнови климентовиот универзитет и во иднина да стане со скопскиот главен образовен центар.

Остатокот е горе доле ок.

Интересно е тоа што тој тип на развој го има Словенија. Љубљана е затворен град. Мене ме напаѓаат овде оти тоа не им чинело. Дека секој нели има право да дојде во СК. Никој не сваќа дека ако го затворат СК откако ќе се среди СК и остатокот на МКД ќе просперира почнувајќи од градовите најблиску до центарот.
--- надополнето: 26 март 2013 во 13:47 ---
Ако вистина живееш во Австралија, би знаел дека таму се доселуваат луѓе од сите краишта на светот и сите тие зборуваат, ваљда, англиски јазик, но со различни дијалекти. И не би ти претставувало проблем тоа што некој доселеник во Скопје си зборува на негов дијалект па ти за тоа да се поболуваш овде по форуми. ;)
Сите зборат англиски, не знам за какви тоа дијалекти збориш друже да не мешаш акценти? И да тука дискриминираат исто ако не знаеш да збориш добро или ако збориш со голем акцент...
--- надополнето: 26 март 2013 во 13:56 ---
Фаранг, за твоја лична информација, мојот дијалект е 100 пати политературен од твојот и е всушност темел на литературниот македонски јазик. И со гордост си го зборувам.

А не ги видов белгијцине пред неколку дена дека одеа на курсеви. Којзнае како сте ги разбрале ох сироти скопјанчиња. :(
Не збориме за чиј дијалект е политературен... Не ме занима тоа. Во мој град се збори мојот дијалект. Кај тебе твојот. Ако не го збориш мојот дијалект а не ни очекувам тоа да го правиш тогаш збори литературно дур си во мојот град. Исто важи ако се преселам кај тебе. Јас би зборел литературно сваќаш?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom