Немој да ме сфатиш погрешно дека оправдувам правење на земјоделско домаќинство сред урбана џунгла.
Но, ваквите работи се уредуваат на поинаков начин - комунална полиција, казни и изненадувачко инстантно менување на навиките.
За некои од проблемите кои ги адресираш, попрво би рекол дека причината е широко раширената култура на корумпираност, отколку на „провинцијалците“, но тоа е сосема друга тема.
За вискоите цени на становите, исто така...
Е, кај болдот доаѓаме до главното прашање кое се провлекува низ целата дискусија, а не го ни начнавме: „чиј е еден град, дали воопшто може да биде нечиј?“.
Потоа, кои се социолошките и културолошките аспекти на трансформацијата на еден град и колку и дали/колку тоа може било како да се ограничи/дефинира/стандардизира?
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=115101450255&id=13&setIzdanie=22126
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1112101543541&id=13&setIzdanie=22132
Што мислиш за размислувањево на Русјаков?