Скопје - има ли вишок на станови?

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.406
Абе чичко Анчо и набавна цена на Кока Кола е иста секаде ама во кафиќ во центар ти ја наплаќаат 90 денари а во некое збутано кафанче во Ѓорче ќе ја најдеш за 60.
Логика малце не е на одмет.
Тука се работи за цени на станови и градежен материјал.
На пример вреќа цемент „Титан“ (скопски) е иста цена тука и во Штип или Берово
а можеби поради превозот и во Скопје да е поевтин. ( или железото на пример)
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.406
Анчо, не ми мудрувај многу. Ја отвори темата за да се просераваш за стари скопјани. Откога виде дека почнаа да те шутираат, почна да изведуваш, демек за цените била темата. Стар си, не те личи...
Сега повторно ја прочитав од прво темата-воведот,
ама баш никаде не се спомнати некои си С.С. од каде доби таков впечаток.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Anco,ako dobro sum razbral ti si kupil stan kaj novite zgradi vo Lisice. Nemam nisto protiv doseluvanjeto i provincijalcite,ama stvarno ne mi e jasno,grninja zlato li site imate ili kako be gi kupuvate stanovite,a site kukaat deka nemaat ni za leb. Kaj tie novite zgradi pola od registraciite ne se skopski,mozebi i poveke.
Aj kazi ni ,kaj go iskopa ti tvoeto grnence?.
:D
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
934
-----------------
Па навалете македончиња, за да наскоро станете скопја......
Еве го делот со кој се обиде да поентираш проектирајќи некоја елитност во фактот дека си жител на главниот град, макар и преку поседување стан...

Реално, пред ерата на помасовната интернет социјализација, ми беше непознат феноменот на исфрустрирани граѓани од главниот град, кои постојано кукаат како им ги зеле работните места, жените, мажите... И до некаде е добро што вака стана видливо постоењето на оваа фрустрација кај некои од вас, инаку чисто за информација, мислам дека од сите можни фрустрации на македонштината оваа е во најпатетичните и најкомичните...
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.737
Поени од реакции
18.481

Oк.

Сега едно прашање за тебе, која од овие 2 појави е по патетична.

Да не збориш на скопски дијалект, (иако со години живееш во Скопје) затоа што ќе те викаат "предавник" кога ќе се вратиш во својот роден град.

Или да плачеш зошто ти ја зимаат работата, мажите или жените.

Избери едно.
 
Самата аналогија која се обидуваш да ја наметнеш е патетична, да те информирам уште веднаш. И нема што да ми наметнуваш да бирам, кога никако не сум засегната.

Инаку продолжи си со плачењето, иако знаеш дека е патетично, ама не ме дави мене во твојата патетика, ОК ;)?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: n/a

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.737
Поени од реакции
18.481
Кој плаче? си видела мој пост во темава? само ме провоцираат вакви мислења, во кои се прозива едната страна како полоша од другата, проблематиката е бедна, победник нема двете страни се губитници.

И доста глумиш интелектуално ниво, далеку си од тоа.
 
Ти се најде стручен да оценуваш нечие интелектуално ниво :icon_lol:?

Плачко. И тоа полуписмен.
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.662
Поени од реакции
14.536
Верувам дека и таму се гради но сигурно по една - две згради во годината,во помалите градови а во Куманово,Штип
У Штип можам да избројам минимум 6 згради што се прават моментално
--- надополнето: 27 јуни 2013 во 01:52 ---
ѓНикој не ви брани да доаѓате да учите и студирате во Скопје,ама по завршување на средно или факултет секој да се врати од кај што дошол.

A ти си? Пиноче?
--- надополнето: 27 јуни 2013 во 01:59 ---
Да не збориш на скопски дијалект, (иако со години живееш во Скопје) затоа што ќе те викаат "предавник" кога ќе се вратиш во својот роден град.
Aко си на работа таму и ако комуницираш со колеги/странки/трети лица многу нормално дека ќе збориш на литературно и ушите ќе ти пукаат. И зашо да не зборам на штипски во слободно време? Мора да зборам скопски со деца од Скопје? Мало морген

Тие клошари што 30 години и повеќе живеат тука и уште цепат на српски се за стрелање. Баба ми која беше чиста србинка порасната во Војводина збореше перфектно македонски + штипски. Прабаба ми дојдена од Русија била прва руска учителка во Штип, зборејќи перфектно македонски + штипски. Е тие стари магариња кои што зборат пола македонски- пола српски иако скоро цел живот се тука ме иритираат страшно
 
W

Werther

Гостин
Еве го делот со кој се обиде да поентираш проектирајќи некоја елитност во фактот дека си жител на главниот град, макар и преку поседување стан...

:pos::pos::pos:

Елитност !? Вака одамна не сум се смеел.

Скопје, балканското Монте Карло, каде секое утро ќе ве буди пријатниот звук на шмишајбна или шлајферица.

Елитност што да ти кажам.

Ах, бре чичко Анчо бре.

:oops:
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Тука се работи за цени на станови и градежен материјал.
На пример вреќа цемент „Титан“ (скопски) е иста цена тука и во Штип или Берово
а можеби поради превозот и во Скопје да е поевтин. ( или железото на пример)
Земјиштето каде што се купува зградата најчесто е неколкукратно поскапо за разлика од Штип и Берово, тука е секако и работната рака која што е поскапа во Скопје за разлика од споменатите градови.
И на крај секако и побарувачката на станови која е поголема во Скопје, ако одиш со истата аналогија еден квадрат во Менхетн на 5-та Авенија веднаш над цвеќара чини колку еден ранч во Кентаки со се коњи.
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.406
Еве го делот со кој се обиде да поентираш проектирајќи некоја елитност во фактот дека си жител на главниот град, макар и преку поседување стан...

Реално, пред ерата на помасовната интернет социјализација, ми беше непознат феноменот на исфрустрирани граѓани од главниот град, кои постојано кукаат како им ги зеле работните места, жените, мажите... И до некаде е добро што вака стана видливо постоењето на оваа фрустрација кај некои од вас, инаку чисто за информација, мислам дека од сите можни фрустрации на македонштината оваа е во најпатетичните и најкомичните...
Можеби е некој друг ЕЛИТЕН,но не јас ( а има секако такви со куќи на водно)
Не сум барал јас да бидам жител на овој град,и не сум јас виновен што некои предци
живееле тука и ме направиле(да не објаснувам како не е тоа темата)
Јас не кријам тоа што поседувам овде а тоа е голема 0 према према некои други.
Ако нешто и мразам тоа само тоа што сум од тука и што сум уште тука.
:pos::pos::pos:

Елитност !? Вака одамна не сум се смеел.

Скопје, балканското Монте Карло, каде секое утро ќе ве буди пријатниот звук на шмишајбна или шлајферица.

Елитност што да ти кажам.

Ах, бре чичко Анчо бре.

:oops:
Кај ме најде мене за ЕЛИТА во овој град и јас се чудам.
Е јас Кв бравар - ЕЛИТА во Скопје, кога работниците би биле ЕЛИТА во еден град кај ќе и биде тек крајот наа таа држава. Јас ЕЛИТА што сум почнал од немаштија да работам уште и кога сум учел,а сум учел и за тоа кратко.За побрзо да „тргнам“.
Јас ЕЛИТА кога се оженив немаше ни кај да легнеме со невестата.Живеевме како и повеќето овде во стан (мал) родители,брат ми женет со мали деца јас +. Потоа и мене ми даде жената и господ деца па си отидовме под кирија на Гемиџиска улица.
Јас ЕЛИТА во сопствениот град се селев на неколку места под кирија.
Јас ќе бидам ЕЛИТА кога ќе го напуштам овој град и оваа џунгла од асфалт и смог.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Земјиштето каде што се купува зградата најчесто е неколкукратно поскапо за разлика од Штип и Берово, тука е секако и работната рака која што е поскапа во Скопје за разлика од споменатите градови.
И на крај секако и побарувачката на станови која е поголема во Скопје, ако одиш со истата аналогија еден квадрат во Менхетн на 5-та Авенија веднаш над цвеќара чини колку еден ранч во Кентаки со се коњи.
Državnoto puig gradi na državna zemja, izveduvačite-firmite što gradat za puig se istite i vo Skopje i vo Štip so istite rabotnici. Znači? Ako ova ne e striženje na ofci ne znam što drugo e.
So se tiče farmi,rančovi itn,pa i kaj nas za bakšiš ke najdeš nešto po zapuštenite sela od istokot (i zapadot), verojatno poskapa e garaža vo SK nego farma vo okolinata na radoviš npr.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
934
Можеби е некој друг ЕЛИТЕН,но не јас ( а има секако такви со куќи на водно)
Не сум барал јас да бидам жител на овој град,и не сум јас виновен што некои предци
живееле тука и ме направиле(да не објаснувам како не е тоа темата)
Јас не кријам тоа што поседувам овде а тоа е голема 0 према према некои други.
Ако нешто и мразам тоа само тоа што сум од тука и што сум уште тука.
Има и такви граѓани на Скопје, кои сметаат дека со самото тоа што се родиле во главен град се подобри од останатите, мене овој феномен не знам дали ми е повеќе смешен или за жалење.

Елитноста, која ја употребив во преносна смисла, за да предизвикам пародичен ефект на појавата, не се однесува на статусот во општеството, финансиската или образовна позадина, туку е состојба на умот.

Една од најтрагикомичните ситуации е што бранејќи се од провинцијалци по територија не можат да се ослободат ваквите од својот духовен провинцијализам... кој е многу, многу пострашен од тоа дали селани од Свирипичино, продавајќи ги нивите, ќе се населат и ќе ти бидат соседи во стан во метрополата.

Скопјани исфрустрирани од провинцијалци има, како што има и исфрустрирани провинцијалци, овие категории имаат проблем и меѓусебе и со себе, останатите (кои не припаѓаат на ниедна од овие категории) немаат никаков проблем.

И сега ако веќе разјаснив, баталувам понатамошна дискусија, бидејќи препукувања на релација Скопје-провинција се меѓу најдосадните и најглупавите што постојат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom