Скопје - затворен град

General Centar

Се колнам... за ослободување на Македонија...АМИН
Член од
31 март 2011
Мислења
350
Поени од реакции
188
Дали мислите дека треба и понатаму Скопје да се полни со луѓе од внатрешноста или како што е предвидено да биде град за максимум 300.000 жители по теркот на Љубљана?
Милам на тоа да се вложува и во руралните средини за рамномерен рурален развој!
 
џо!

Фаличниот Ром
Член од
31 октомври 2009
Мислења
519
Поени од реакции
52
Нека ги задржи жителите кога веќе ги има - нејќеме ghost town...
Мислам дека главно се пуни бидејќи нема работа на другине места...т.е. да , мислам дека треа да се вложи у њивине‘...:)
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Добра тема ама насловот ќе привлечеше доста други води во темава, така да - вака е боље. Продолжете.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Нека ги задржи жителите кога веќе ги има - нејќеме ghost town...
Мислам дека главно се пуни бидејќи нема работа на другине места...т.е. да , мислам дека треа да се вложи у њивине‘...:)
Работни места и универзитети.
Трето нема.
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Многу нормално дека не треба да се полни повеќе.Дури треба и да се испразни доста.Никогаш не е добро кога огромен дел од населението живее во главниот град.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.324
Поени од реакции
7.785
Треба да се накрца дури не стане ситуација пешки ако се оди побрзо да се стаса отколку со кола или јавен превоз :icon_lol:.

Рамномерен развој е фраза или израз слоган од политичар за политичка кампања или слична глупост, така да ништо од тоа.
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Сеа моето мислење. Според мене градот треба да се затвори. Поради една глава причина. Проблемот со изумирање на помалите градови. Крушево, Пехчево, Македонски Брод и слични градови на нив буквално изумираат. Работни места велат дека нема во тие градови. Секако дека ќе нема зашто си одат луѓето и нема причина за нови бизниси, немаат на кого да продаваат. Студирање во Скопје веќе не е потребно, си има факултети и на другите градови (со исклучок на тие што ги нема али лесно е тоа да се среди со дозвола за студирање во Скопје) Па "тужно" е, толку убави градови низ Македонијава да изумираат заради овој сив монструм од град.
 
Џони.

Не е Џони.
Член од
4 ноември 2009
Мислења
1.554
Поени од реакции
1.037
Треба максимум до милион и крај. Повеќе од тоа ќе биде премногу. Мада и вака е многу....
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.136
Поени од реакции
18.135
Maксимумот на Скопје е одамна надминат.Не според гужвите на улица (го имаме и во поголем израз во поголеми и посредени ГРАДИШТА,не па во Скопје).Причини имаме доста,едни од најбитните:

1.Здравство.Потребна е изградба на добри здравствени институции во секој град,без разлика дали е 16432 или 112034 жители.Клиничкиот центар во Скопје е страшно преоптоварен ,значи можда 50 проценти од пациентите се отстрана,а најтрагично е се пуштени од другите места поради недостиг на опрема итн.Со ова би се намалила големата дневна миграција кон Скопје и доста возила.
2.Образование.Голем дел од студентите идат во Скопје од причина шо во нивниот град или во близина немало факултет кој им е по кеиф.
3.Транспорт.Брза железница Тетово-Скопје-Куманово и Велес-Скопје -Блаце би завршило добра работа за овие луѓе да не седат во Скопје.
4.Институции.За најситни работи одредени фирми те испраќаат во Скопје,а странските фирми поради малиот пазар имаат централа само во Скопје и не дај Боже да чекаш да ти испратат нешто од Скопје до твојотград ќе окапиш неколку дена.

Итн.
 
Член од
9 мај 2011
Мислења
84
Поени од реакции
35
Незнам на кого му паѓаат вакви идеи.Скопје затворен град!? Па на што би личел Скопје без луѓето од внатрешноста.Би бил премногу осамен, премногу пасивен.Луѓе да се разбереме Скопје не треба да се затвори тоа би било неразумно.Секој град си гради своја култура но не самостојно.На еден град како Скопје му требаат уште жители, а не да се затвори.
Проблемот драги мои е во тоа што не ни чини државата бре.Не се криви луѓето што дошле во Скопје, криви се управителите на градот (сите од 1963 година па навака).Овие проблеми со кои се соочува Скопје и неговите жители се еден вид на тортура од страна на градот кон неговите жители.Овие проблеми се "мачкина кашлица", се решаат со неколку потези кои би можел да ги направи секој разумен човек кој мисли слободно со своја глава, секако доколку би имал целосна автономија во вршењето на својата дејност.
 
Да де глупи се Словенците што не дозволуваат вселување во Љубљана. Грешка си дечко и тоа многу. Повеќе од 1 000 000 жители на ова подрачје неможе да собере па какви сака сообраќајници и булевари нека има. А со сегашниве патишта и овие ~800 000 сега му се премногу. Ептен е гужва кога сите идат и се враќаат од работа... Дефинитивно Скопје треба да се ,,затвори''.
 
General Centar

Се колнам... за ослободување на Македонија...АМИН
Член од
31 март 2011
Мислења
350
Поени од реакции
188
Реалниот број на жители на Скопје според тоа што ми го збори татко и дедо ми како што го паметат изгледот на градот се гледа за време на празник, кога од пр.центар до карпош или до аеродром возиш за 3-4 минути а не по 40 минути.
Не е работата да се дигнат цените да биде изгор и да бркаш луѓе така него да се враќаат сами зашто подобро би живееле во другите делови на земјата.

--- надополнето ---

Да де глупи се Словенците што не дозволуваат вселување во Љубљана. Грешка си дечко и тоа многу. Повеќе од 1 000 000 жители на ова подрачје неможе да собере па какви сака сообраќајници и булевари нека има. А со сегашниве патишта и овие ~800 000 сега му се премногу. Ептен е гужва кога сите идат и се враќаат од работа... Дефинитивно Скопје треба да се ,,затвори''.
Инаку според истражувања Скопје за време на шпицот има 1.200.000 жители, а плус се револтираат и Скопјаните зашто нема работа за нив и сл.без навреди ама за некое време ова многу ќе ескалира според муабетите што се вртат по град.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.731
Поени од реакции
9.840
Реалниот број на жители на Скопје според тоа што ми го збори татко и дедо ми како што го паметат изгледот на градот се гледа за време на празник, кога од пр.центар до карпош или до аеродром возиш за 3-4 минути а не по 40 минути.
Не е работата да се дигнат цените да биде изгор и да бркаш луѓе така него да се враќаат сами зашто подобро би живееле во другите делови на земјата.

--- надополнето ---

Инаку според истражувања Скопје за време на шпицот има 1.200.000 жители, а плус се револтираат и Скопјаните зашто нема работа за нив и сл.без навреди ама за некое време ова многу ќе ескалира според муабетите што се вртат по град.
Прашај ги компаниите зашто отвараат бизниси само у Скопје.. тука е грешката..ние од другите градови од што да живееме..кога нема доволно работни места
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
like na temava. definitivno treba da se zatvori makar i na odreden period. Paralelno so ova lugjevo sto se od strana za da ima sto da rabotat tamo da se otvoraat biznisi. A toa mislam deka ako vo skopje ostanat samo ziteli na skopje a "dojdencite" gi nema togas ke bidat primorani i vo drugite mesta da otvoraat rabotni mesta bidejki i tamo ke ima kadar. Gradov vise mislam deka odamna e stanat gz preku glava, sekako ne po vina na lugjeto od koi povekjeto se dojdeni zaradi opstanok. No da bideme realni ima i mnogu takvi sto doagjaat vo Skopje zatoa sto tuka nesto "ima".
 
_Vlatko_

Rossonero
Член од
2 ноември 2008
Мислења
759
Поени од реакции
45
cmx1000 нема шанси скопјево да се затвори затоа што секој што дошол овде не си заминал од градов тоа е докажано :nenene: само не знам до кога вака.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom