Незнам на кого му паѓаат вакви идеи.Скопје затворен град!? Па на што би личел Скопје без луѓето од внатрешноста.Би бил премногу осамен, премногу пасивен.Луѓе да се разбереме Скопје не треба да се затвори тоа би било неразумно.Секој град си гради своја култура но не самостојно.На еден град како Скопје му требаат уште жители, а не да се затвори.
Проблемот драги мои е во тоа што не ни чини државата бре.Не се криви луѓето што дошле во Скопје, криви се управителите на градот (сите од 1963 година па навака).Овие проблеми со кои се соочува Скопје и неговите жители се еден вид на тортура од страна на градот кон неговите жители.Овие проблеми се "мачкина кашлица", се решаат со неколку потези кои би можел да ги направи секој разумен човек кој мисли слободно со своја глава, секако доколку би имал целосна автономија во вршењето на својата дејност.