Скопје во иднина

Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
Самиот народ го контаминира :back:

Племенит дух :))) сантели овде да го средиш целиот град како што треба пак ќе биде тиње баш поради народот едноставно не знаат да бидат среќни :)

Срањава се трпат само да не беше оваа атмосфера на очај и мизерија која владее. :smir:
Во моментов е голема егзистенцијална криза, не се криви луѓето... Кога немаш за леб, матно го гледаш моментот камоли идните визии... Малку им треба на луѓево да живнат и да се насмејат.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.793
Поени од реакции
12.275
Се надевам дека свативте нешто
Сценарио за новиот дел на терминатор или Пила седми дел...според градбите и трошењето во Скопје...сци-фи.

Само мала корекција.
По улиците има помалце возила воглавно бидејќи просечниот граѓанин не може да си дозволи кола.
По улиците има се повеќе возила, кучиња трујат или шетаат ради НГО, европратениците и...
Раселувањето беше најголемо во 70-тите години на минатиот век (ако не рачунаме претходните векови под окупација), сега само се продолжува традицијата на иселување. Сивилото не е до толку изразено, сепак сме учени на две децении сивило (па и перење на рака, плата 20-50 марки, работници на улици...). И покрај прогнозите, надвор е малку поинаку, не е така црно (или одувек било црно па не можам да распознам разлика) :)
 
M

marsovka

Гостин
Сценарио за новиот дел на терминатор или Пила седми дел...според градбите и трошењето во Скопје...сци-фи.

Само мала корекција.
По улиците има се повеќе возила, кучиња трујат или шетаат ради НГО, европратениците и...
Раселувањето беше најголемо во 70-тите години на минатиот век (ако не рачунаме претходните векови под окупација), сега само се продолжува традицијата на иселување. Сивилото не е до толку изразено, сепак сме учени на две децении сивило (па и перење на рака, плата 20-50 марки, работници на улици...). И покрај прогнозите, надвор е малку поинаку, не е така црно (или одувек било црно па не можам да распознам разлика) :)
:) Направи споредба денес и пред 20 години како било :back:
Веруј ми дека сме овде не осеќаме дека градов се повеќе ни наликува како град од некое апокалиптично сценарио .
Прашај некој кој не бил неколку години овде да видиш што ќе одговори :)

О да ја опишував иднината :) знам дека и пред тоа се иселувале
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.793
Поени од реакции
12.275
:) Направи споредба денес и пред 20 години како било :back:
Веруј ми дека сме овде не осеќаме дека градов се повеќе ни наликува како град од некое апокалиптично сценарио .
Прашај некој кој не бил неколку години овде да видиш што ќе одговори :)
Пред 20 години...во СРМ беше поинаку. Сега сосем поинаку. Доколку е од осамостојувањето наваму, тоа е трет случај. Сепак, според број на возила, потрошен бензин, техника кај народот, градби за становање, квадрат живеачка, литро бензин...мислам дека многу е пошаренолико и побогато неголи тогаш.
Може да се направи и споредба според критериумите и белезите, но очигледно (колку и да сме сиромашни, колку и да се лоши показателите) богатството на понудата (и побарувачката) во ова време и пред 20 години се разликува бааги. Можеби ова се должи на големиот талас лица дојдени од други места вон Скопје, продадени имоти, ниви, девизи...не знам.
За оние што подолго не се тука е више мање исто. Мој роднина, кога се осамостои Македонија, сакаше да дојде од Австралија тука да живее за постојано. Се пишмани ради прљавштината, корумпираноста и несигурноста на живеење. Затоа велам дека се нијанси-додуша зависи за што, некои населби повеќе, некои помалку
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
Пред 20 години...во СРМ беше поинаку. Сега сосем поинаку. Доколку е од осамостојувањето наваму, тоа е трет случај. Сепак, според број на возила, потрошен бензин, техника кај народот, градби за становање, квадрат живеачка, литро бензин...мислам дека многу е пошаренолико и побогато неголи тогаш.
Може да се направи и споредба според критериумите и белезите, но очигледно (колку и да сме сиромашни, колку и да се лоши показателите) богатството на понудата (и побарувачката) во ова време и пред 20 години се разликува бааги. Можеби ова се должи на големиот талас лица дојдени од други места вон Скопје, продадени имоти, ниви, девизи...не знам.
Значи какви носталгичари сте.. :smir:
Пред 20 години единствено автобусите биле нови па се изгледало многу похигијенски...
Една метропола е составена од различни, втаени, менталитети, народи и култури...
Стандардот е нешто сосема друго...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.793
Поени од реакции
12.275
Значи какви носталгичари сте.. :smir:
Пред 20 години единствено автобусите биле нови па се изгледало многу похигијенски...
Една метропола е составена од различни, втаени, менталитети, народи и култури...
Стандардот е нешто сосема друго...
Па више сум по старо време ради младоста :)
Инаку тогаш имаше многу помалку народ во Скопје, помалку гужви, па и проблеми...помалку партии...и ред слични ствари. Едноставно со постоечката инфраструктура, градби...Скопје се гуши. Градовите имаат (или треба да имаат) политика на доселување, престој и жителство. Без тоа ќе колабираат (како Скопје што полека но сигурно иде кон колапс) доколку не се зголемува површината, сообраќајниците, водоводот, канализацијата, електриката, јавниот превоз...крвните садови. Капацитетот е тој, треба да се надградува.

А за стандардот, шо знам, мислам дека е доста променлива и релативна работа. Генерално постојано се намалува што не значи и крај на светот...пошто за некого постојано се зголемува.
За некого пад на стандард е ако вечерва прескокне да излезе у град, а за некого ако, наместо во 20-22 степени живее во 15-18 или наместо нови чевли, ги носи од синот/ќерката...релативно е :wink:

Инаку и ја не се двојам од мнозинството, често се жалам...некогаш оправдано (од мој аспект), некогаш не.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.793
Поени од реакции
12.275
Секој кој смета дека ние сме доле, најниско, кој гледа црнила во Скопје, нека го погледне филмот Tony и сличните на него (животот во Лондон).
Нека го занемари дејството околу серискиот убиец и нека се сконцентрира на околината, становите, зградите, начинот на живот...некако не делува на онаа наша претстава за добар живот и западен стил градби.Живот као у некое зафрлено руско гратче.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308

Споредбата не е на место. Ако се прави споредба за она како изгледаат грдите делови на Скопје, тој треба да се спореди со Slumdog Millionaire, не со Tony. Бидејќи ниските класи на Скопје се далеку поблиски до оние на Мумбаи, не до оние на Лондон.
 
Член од
5 декември 2008
Мислења
698
Поени од реакции
211
Искрено од уметничка страна гледано :) ова е голем срам за денешната архитектура, кој и да прашате што е современ архитект ке ви каже дека никогаш архитектурата од минатите векови не се зема готова и да се копира тоа е многу чкарт и фалш , се земаат елементи од традицијата но пропратени со личната визија на архитектот и дел во согласност со духот на времето. Кој го знае духот на старото Скопје? тоа можат да го кажат некои постари генерации а не некој пилиштар што само 2 години се завртил во градот. Сепак кога се прави концепт за некоја работа особено како што е оваа (а не е воопшто мала) се консултираат различни експерти, се прават јавни дебати што е најдобро... најпосле, кој проект е најдобар? - дали имаме избор тука? очигледно не.

И овој споменик на Никола Вапцаров, во никој случај не е побитен од скопските шмизли и бикови...

Треба да продолжувам?
Која срамота еј, не можиме да го зачуваме она што го имаме друго ке сме граделе.. Стварно има толку работи во земјава каде 200 милиони добро би дошле само правилно да се распоредат и да се испланираат во секоја сфера ама то е, има една група на фејсбук змејови да се поставеле :) радо би го подржала тој проект и мислам до него да го ставиме принц Гујо витешки облечен онака со средновековен панцир и она лименоно одозгора ..шлем :pos2:
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
...Скопје 2014...

-„Започнатите објекти да се стопираат во оваа прва фаза на изградба", апелираше Асоцијацијата на архитекти на Македонија на завчерашното вонредно собрание.
Не дојдоа, иако поканети, министрите за култура и за транспорт и врски, градоначалниците на Скопје и на Општина Центар и деканот на Архитектонскиот факултет.
Не дојдоа ниту авторите на проектот "Скопје 2014", затоа што, како што рече Билјана Филиповска, претседателка на Собранието на ААМ, признале дека имаат забрана од директорите да учествуваат на какви било јавни собирања и да даваат јавни изјави, но и се плашеле од линч од колегите.
"ААМ се оградува од проектот 'Скопје 2014' ваков каков што е, затоа што во целост му недостига и временски, и географски, и политички, и економски, и културен, и социјален контекст. Тој е стручно неиздржан. Тој не ја антиципира иднината", е ставот на Асоцијацијата, кој во форма на декларација го соопшти претседателката на ААМ Даница Павловска - Циги.
На прашањето дали не е доцна за ваква реакција, Викторија Еремеева рече дека ако Асоцијацијата била вклучена порано, немало да дојде до вакви решенија. Таа додаде дека за нивниот стручен став било потребно време. Филиповска рече: "Никогаш не е доцна да се каже стручното мислење. Проектот се развиваше со таква молскавична брзина, што ние не очекувавме дека наеднаш ќе поприми вакви димензии".
Декларацијата од Асоцијацијата на архитекти, според нив, е цивилизиран начин да ги искажат нивните ставови, и беше речено оти таа ќе биде испратена до Владата и до премиерот. Од Асоцијацијата најавија дека во иднина ќе ги употребат сите инструменти кои им се на располагање како на невладина организација, за да ги прифати нарачателот како стручни соговорници.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=7D53517E2D3ADB49B222B0D9ABC7EE2B

Јас би им порачал на сите овие „издржани“ архитекти и на опозицијата да спремат нивен проект за уредување на скопскиот плоштад и да го презентираат како свој против проект, па да видиме како тоа професионално би требало да се направи. Лесно е да се критикува и напаѓа едно дело со зборови само, треба да се направи нешто што ќе му парира т.е. ќе го побие она „неиздржаното“, празните муабети не палат!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.793
Поени од реакции
12.275
Можеби стои тоа со делата наместо зборовите, но се поставува прашање дали некој ги консултирал ААМ во врска со целокупниот проект пошто ова
Не дојдоа, иако поканети, министрите за култура и за транспорт и врски, градоначалниците на Скопје и на Општина Центар и деканот на Архитектонскиот факултет.
носи сомнеж во сета оваа работа. Зошто не се одзвале на поканата и не присуствувале. Можеби на тој начин ќе дојдат до некое заедничко прифатливо решение, а посебно што е несериозно и чудно официјални лица од тој ранг (градоначалници и министри/заменици министри) да не присуствуваат на најверојатно битен состанок.
Мислам, добро е да се работи, но подобро е тоа заедно да се сработи :smir:
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Можеби стои тоа со делата наместо зборовите, но се поставува прашање дали некој ги консултирал ААМ во врска со целокупниот проект пошто ова
носи сомнеж во сета оваа работа. Зошто не се одзвале на поканата и не присуствувале. Можеби на тој начин ќе дојдат до некое заедничко прифатливо решение, а посебно што е несериозно и чудно официјални лица од тој ранг (градоначалници и министри/заменици министри) да не присуствуваат на најверојатно битен состанок.
Мислам, добро е да се работи, но подобро е тоа заедно да се сработи :smir:
A kaj си ги видел ти да одат или да се консултираат со некого овие гореспоменатите гарнитури??

Нигде. Работат сами на глава, ниту на дебати одат, ниту со експерти се консулитраат ништо. Сами на глава работат, и после само со реклами се фалат и ја полнат главата на сељаците шо не можат сами да размислат.

Колку пати повикани на дебата во А2(единствено место каде се прави каква таква дебата) околу актуелните прашања, не одат. Грујо само кај Јанко( јаката емисија), Томиќ и Миленко се појавува.
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Нигде. Работат сами на глава, ниту на дебати одат, ниту со експерти се консулитраат ништо. Сами на глава работат, и после само со реклами се фалат и ја полнат главата на сељаците шо не можат сами да размислат.
Па, нормално е тоа.
Идејата треба да се реализира, не некои пропаднати архитекти да даваат свои досетки и да одоговлекуваат.
Во проектот се вклучени голем број и на архитекти и на уметници.
Не значи дека ако некоја маргинална организација не е консултирана, дека се врши непланирана и нестручна изградба.
Сите параметри се задоволени, ќе бидете сите задоволни кога Скопје ќе го добие новото лице.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Па, нормално е тоа.
Идејата треба да се реализира, не некои пропаднати архитекти да даваат свои досетки и да одоговлекуваат.
Во проектот се вклучени голем број и на архитекти и на уметници.
Не значи дека ако некоја маргинална организација не е консултирана, дека се врши непланирана и нестручна изградба.
Сите параметри се задоволени, ќе бидете сите задоволни кога Скопје ќе го добие новото лице.
Архитектонскиот факултет е маргинална институција? :pos: А што не е, штабот на ВМРО? :tapp:

Се`, апсолутно се` во државата ни е партизирано. Дури и кога еден министер би се решил да се консултира, најдоброноманерно, со некој од архитектите, секако ќе ги одбере неговите партиски пријатели, никако оние од спротивниот табор или неутралните, а овие ќе се почувствуваат повикани да го одобрат тоа што “господинот“ министер го замислил.

Суетите на нашите политичари се толку големи што тие не можат да се соочат со зборот “не“, во ниту еден случај. Затоа ни се случува 2014. Цврсто сум убеден дека проектот можеше да се направи на многу подобар начин, но, да бидеме реални и државата можеше да се направи на многу подобар начин последниве дваесетина години.
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Па јас мислам дека одбиваат да дебатираат кога за секое едно дело направено во изминатиов период (на владеење) тие се, ништо друго, освен напаѓани и критикувани за секое едно дело , проект, реформа, закон и тн...
Некој колку и да е глуп и непрофесионален , несакајќи ќе направи едно добро и ќе биде пофален. Не разбирам зошто опозицијата и нејзините војници (па и архитектите кои се дел од СДСМ или се симпатизери и поддржувачи) толку критички и непријателски настроени! Кога би се создала една искрена работна атмосфера, во која добрите дела ќе бидат соодветно наградени , тогаш можеби ќе има место и за критики, кои би имале позитивни ефекти.
За танго се потребни двајца, нели ?

Јас дадов предлог... велиш : „Цврсто сум убеден дека проектот можеше да се направи на многу подобар начин, но, да бидеме реални и државата можеше да се направи на многу подобар начин последниве дваесетина години“. ... јас би сакал да видам план како тоа би се направило, тогаш можеби и го сменил моето мислење , конкретно за „Скопје 2014“ (кој сеуште мислам дека е прекрасен проект за овој град) , би увидел дека навредените професионлаци - архитекти, кои не се конслутирани за проектов , изготвиле проект „Скопје 2015“ да речеме и истиот изгледа поубаво, пофункционален е, поквалитетен, а можеби и поекономичен!?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom