Skopje Remixed - кратко видување на еден младиќ
Најбитното прво:
Морам да најавам дека во овој текст ќе има:
- Траги од филмот а.к.а спојлери
- Вулгаризми
- Скопски дијалект
- Неправилно напишани зборови
и ако некој има против тоа, нека продужи да чита или не, зашо ич не ми чуе.
Имено, како го видов Скопје Ремиксд:
Прво морам да кажам конечно после Тетовирање БРАВО за македонски филм. Да, после Тетовирање од све ми е онака преку тасе, шо би се рекло по ново и фенси клише јебига. Исти пцофки, исти ташаци се шетаат, те тоа те овоа, те овака те онака.
9 приказни, 10 режисери, 1 саат по полноќ и така натака до иљада и една, филмов ми напраи да се чувствувам ПАРЧЕ. Јес да сум евентуално според Мирко Попов „младич" у градов, али сепак сум прошол и сито и решето низ градов, а особено го застапуем моментот на решето (од многу мал итн. итн.) па можам да кажам дека ДА ПЕР ТОА Е ТОА ШО МИ ТРЕБАШЕ, значи незнам дали да мислам дека треба да си згнам ножот и да си ебам матер, или да почнам да кревам револуции ко некојси јак шизик и да пробуем да се врати Скопје тоа шо беше.
Пичку матер значи, седнав на место, се чекирав, отворив сок, гнетев пуканки ко да не сум видел и дел по дел го глеав филмов без да трепнам.
Нема да го дрвам за дел по дел поединечно, зашо за тоа мора уше едно седумнаес пати да го глеам филмот на трезно, пет шес на пијано и месец дена пред легнуење за да го всадам у мозок. Вака ќе опишам општо шо се дешаваше...
Ми ебаа матер ко шо кажав прееска, уште незнам дали сакам да си згнам нож зашо ептен ми фали Скопје ко шо беше или сакам да напраам некои чуда и врагови и да се врати Скопје ко шо беше. За да го сфатиш филмот, требало да го живееш филмот, пример да идеш да испиеш пиво кај Жабарот у 3 сабајле зашо баш тебе ти пукнал кејф на курот да го напраиш тоа. Да го затвориш Елемент и да продужиш на афтер кај некој шо е сам дома или е надвор од Скопје и живее под ќирија. Да ти текне у 3 сабајле да си купиш пиво и бурек од маало, да седиш на зграда и да пушиш буксна и да тропаш безвезе. Тоа беше животот у Скопје, не да молиш у продавница у седум и петнаес за две лименки пиво, не е да се тенчиш у дванаес и минута дека треба да напуштиш кафана. Едноставно сеа е монотоно, све е некојси сектор петнаес, сектор осамнаес нешо пичке мајчине шо нема никакво везе со тоа шо се дешаваше.
Колкав бед ме удри коа го видов Retox, оноа солзи на очи викаш пичка му матер ете го каде беше пред две години, а изглеа ко да поминале сто. Културно местенце со секакви музики од Мирко до Славко, до Трајо и Васо, некои рокери металци свиреле, али сума сумарум местенцено збираше и ќоро и сакато и тужно и весело внатре. Е, тури му кур, сеа се праат турбофолк забави внатре.
Секој у Скопје имал по некој другар-брат-братучед-братучед од мушка тетка шо немал нишо попаметно у животот да праи, па дувал буксни по цел ден и зборел дека е уметник. Јебем ли га, тоа ми фали, да седиш и да го слушаш тој шизик како ти дрви за општество и нехуманост и негови концепти за погледот на животот или шотијазнам. Едноставно прајслес моменти поминати на зграда, клупа, градинка, позади школо...
Искрено, анимираниот дел од филмот ми беше катастрофална утка, океј тоа беше муабетот, ама се можело и без него. Не е битно, тука поштовањето го давам во саблиминал месеџингот шо го праевте кога свиреа Поган и Паган (БРАО).
Скопје е град у кој живеат сто миљони фаци, сите различни по сурат и карактер, сите своја прича... зелени, црвени, виолетови, заљубени, изгубени. Тие се од Скопје. Секоја фаца е своја прича, а тука сите фаци се стаени у 9 кратки филмови.
Од као заврши филмов се заслушав шо збореа луѓето и као некои ептен им беше зашо филмот бил сниман кај нив у маало, други за тоа што Лилиќ рекол ПУШЕТЕ МИ ОД КУРОТ, трети зашо пушеле буксна било закон, а ја тивко му се радуев на мунгосот.
Многу ме кејфа шо е опфатено Скопје у „цутот на младоста", шо фаќа таргет група на младиќи шо сеа имаат жени и деца и ретко се дрогираат, младиќи шо уше немаат жена и деца и ептен се дрогираат, татковци и мајки на деца шо тогаш се дрогирале онака кежуал и некои нови скопски фаци шо треба да си исечат тоа крилата и да се спуштат на земја за да сфатат дека Скопје ги контролира нив, а не они него.
Хипстерски саундтрак до јаја, али уопште не сметаше на све шо се дешава у филмот. Поштовање за PMG, The John, Anomalia Nativa, Bei The Fish и останати шо активно придонесуваат колку толку Скопје да си пичи музика каква шо доликува.
Ќе се слуша и хејт, како филмот за кур не го бива, како е само за пушење џоинт и 103-ка, ама за тие хејтери нема шо да се каже освен тоа дека они никад не живееле у Скопје, туку само се фурале.
Толку е сеа за сеа, ме збрчи некоја мрза да го тупам уште многу, кој сака да го тупиме заедно увек сум расположен за пиво
Гоце Велески