Скопје Ремикс (Skopje Remixed)

Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
Не велам дека ги нема, ама не е тоа цело Скопје и не е тоа реалната слика на Скопје. Никаде не се прикажани луѓето што водат нормален, да не кажам “досаден“ живот. Јас само во нашите филмови гледам толку дрога и секс. Цело време само таа страна се прикажува, андерграунд страна, као само тоа да е Скопје. Има Скопје многу повеќе убавина и шарм од она што е прикажано во филмов. Поискривена слика за Скопје, одамна не сум видела. Не мора постојано да се форсира одредна слика од одреден начин на живот на одредени поединци. Тоа не е Скопјето кое јас го обожавам. Скопје е микс од многу различни нешта и различни луѓе, а овој филм само еден правец и горе-доле една страна застапува. Да сум од друга држава, сликата која би ми се создала за Скопје воопшто не би ми се допаднала гледајќи ги нашиве последни филмови (Скопје ремикс и Панкот не е мртов (пошо делумно е во Скопје дејствието)). И од толку фурање на 103 радиото во филмот, мислам дека никогаш нема да го уклучам 103 повторно (не дека и претходно го слушав нешто баш).

Не е дека сакам да наметнам мислење, но ја кажувам мојата страна, затоа што очигледно во филмов се промовира сосем поинаква страна и начин на живот, кој не е толку присутен колку што тоа сака филмот да го прикаже.
А која би била поентата и возбудливоста на било кој филм да прикажува досаден, обичен живот, прошетка покрај Вардар.
Јас то не очеквев од ваков филм, по изгледаниот трејлер и највпечатливо по постерите низ градов отприлика знаев дека филмов нема да е наменет за лица над 50-60 години. И не знам зошто си очеквела филмов да е прикажува некаква реална и автентична страна на Скопје. Пошо според мене тој филм би бил сив, смрдлив и апла досаден.

И финтата со 103ка мене не ми беше ни малку иритантна. Реклама? Најверојатно да, ама сепак беше вклопена во филмов добро, како прелаз од еден филм во друг и како таква функционираше океј.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
А која би била поентата и возбудливоста на било кој филм да прикажува досаден, обичен живот, прошетка покрај Вардар.
Јас то не очеквев од ваков филм, по изгледаниот трејлер и највпечатливо по постерите низ градов отприлика знаев дека филмов нема да е наменет за лица над 50-60 години. .
Филмот имаше 9-10 приказни. Сите беа мање-више за истиот начин на живот. Можеа поразновиден да го направат. Мене ми беше екстремно досаден. Екстремно. Јас сум млада и филмов ми пробуди само рамнодушност и неопислив излив на среќа кога заврши.

И не знам зошто си очеквела филмов да е прикажува некаква реална и автентична страна на Скопје. Пошо според мене тој филм би бил сив, смрдлив и апла досаден
Е па мене ваков каков што го направиле ми беше сив, смрдлив и апла досаден. :) Она со цртанот ми беше епик fail.

И финтата со 103ка мене не ми беше ни малку иритантна. Реклама? Најверојатно да, ама сепак беше вклопена во филмов добро, како прелаз од еден филм во друг и како таква функционираше океј.
Не знам, искрено мене ме напињаше тоа, премногу. Знам дека Мирко Попов има удел во саундтракот, ама можеа да олабават малку. :)

Од сосема различни перспективи го гледаме филмов.
Јас знам дека Скопје може да биде весело, шарено и среќно. А тоа го немаше никаде во филмов. :)
 
Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
Интересно филмче, необично, несекојдневно, добра продукција и квалитет на слика. Једино не ми се свиѓаше цртанот и тоа што нонстоп на одредени делови само поимите Скопје Скопје Скопје и Скопјани се спомнуваа.
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.492
Поени од реакции
8.003
Крејзи, ај иди у филмски фонд, земи пари и сними си филм за Скопје какво што ти го гледаш.

И гледам све нешто мрчите Мирко Попов (на топов). Па Срѓан Јанакиевиќ се појавува многу повеќе у филмов ама никој не го приметува, пошто е кул момак :)
Енивејз, шо сакав ја да кажам... Да, овие 10 режисери снимиле 9 филмови за тоа како они го гледаат Скопје.

И нешто што ми е најинтересно и ме прави љубопитен. За песната „Градот шугав“ од Поган Паган во темата за Распени Скопјани се фрлаат дрва и камења, додека тука у филмов никој не ја спомна, а уствари песната доаѓа од тука, дури и сум на ум дали Распеани Скопјани, уствари се обидоа да го рекламираат филмот пеејќи ја таа песна?
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Крејзи, ај иди у филмски фонд, земи пари и сними си филм за Скопје какво што ти го гледаш.
Не сум јас режисер за да снимам филмови. Ама мое е ваљда да дадам сопствено гледиште како гледач. Не е темава ваљда само за љубителите на филмов. 10 режисери имаат мање-више исто гледиште за Скопје и мене тоа ми пречи. Воопшто не се ни потрудиле да дадат разноврсност, туку се трудат само својот филм да го профураат. Мое мислење. Реков во првиот пост, поддршка за трудот, но дефинитивно не ми се допадна тоа што го видов.

И гледам све нешто мрчите Мирко Попов (на топов).
За Мирко Попов, не мрчам. Да, ме напна моментот со постојано повторување на 103, небаре се работи за најдоброто радио на светот, ама против човекот немам ништо, немам ни мислење за него воопшто, ниту се замарам за неговото дело и тоа што го работи, затоа што неговата музика не ја чувствувам за блиска и не ги ни слушам ПМГ.
 
Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Не велам дека ги нема, ама не е тоа цело Скопје и не е тоа реалната слика на Скопје. Никаде не се прикажани луѓето што водат нормален, да не кажам “досаден“ живот. Јас само во нашите филмови гледам толку дрога и секс. Цело време само таа страна се прикажува, андерграунд страна, као само тоа да е Скопје. Има Скопје многу повеќе убавина и шарм од она што е прикажано во филмов. Поискривена слика за Скопје, одамна не сум видела. Не мора постојано да се форсира одредна слика од одреден начин на живот на одредени поединци. Тоа не е Скопјето кое јас го обожавам. Скопје е микс од многу различни нешта и различни луѓе, а овој филм само еден правец и горе-доле една страна застапува. Да сум од друга држава, сликата која би ми се создала за Скопје воопшто не би ми се допаднала гледајќи ги нашиве последни филмови (Скопје ремикс и Панкот не е мртов (пошо делумно е во Скопје дејствието)). И од толку фурање на 103 радиото во филмот, мислам дека никогаш нема да го уклучам 103 повторно (не дека и претходно го слушав нешто баш).
Не е воопшто искривена слика за Скопје. Не е, затоа што не постојат досадни луѓе со нормални животи. Стереотипизирани родови улоги, изразито лоши и изразито добри ликови, фригидни и наивни до бескрај.Тоа е измишљотина на Холивуд, и мислам дека најголем проблем е тоа што упорно Холивуд ви е критериум за филм. Кога би гледала Европски филмови колку што имаш гледано Американски би рекла дека филмот е еден од понормалните што си го гледала.
За сексот не се согласувам, зошто баш во романтичните комедии кои ги барате од Македонските режисери, најчесто двајцава херои прво имаат секс, па се караат зошто се сфатиле погрешно, па тек на крај си признаваат дека се сакаат и живеат засекогаш заедно. Ама тоа е така добро нашминкано, а психолошки недоследно, да ти мислиш дека типкава дури е и невина после тоа. Си правеле они романтични муабети цела вечер, па играле шах.
Од друга страна нашите филмови не се ништо кога станува збор за сексот, во споредба со филмовите на Макавејев на пример, кој е Југословенски режисер. Да не правам муабет за Ханеке итн.

И сега ми текна ако ви се допадна филмот, гледајте го Оптимисти или Honeymoons од Горан Паскаљевич (Paskaljevic), сигурно ќе ви се допаднат. Прекрасни филмови, поквалитетни од овој.
 
P

PewDiePie

Гостин
Кој секс бе со Камка Тоциноска бештијана,најодвратната македонска глумица ?
Гадна во секој смисол гадна.

Со неа ли секс да гледам ?

Извртена сликата за Скопје скроз. Само неизживеана сељачана може да си мисли дека живее во таков град на дроги,сексови,убиства и што ти јас знам. .!.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Не е воопшто искривена слика за Скопје. Не е, затоа што не постојат досадни луѓе со нормални животи. Стереотипизирани родови улоги, изразито лоши и изразито добри ликови, фригидни и наивни до бескрај.Тоа е измишљотина на Холивуд, и мислам дека најголем проблем е тоа што упорно Холивуд ви е критериум за филм. Кога би гледала Европски филмови колку што имаш гледано Американски би рекла дека филмот е еден од понормалните што си го гледала.
.
Е извини, ама јас она што беше прикажано во филмов воопшто или сосема ретко го имам слушано или среќавано во Скопје. Цртанот? :facepalm: Не е проблемот сексот, проблемот е што убутуваат секс таму каде што нема потреба. Значи секс сцените немаат поента, туку ги ставаат само за да се палат мали деца. Секс во македонска Опера и Балет, пред СИТЕ? А бе да бееее:pos: Во кој свет живеам? :icon_lol: Како бе српскиве филмови се ем смешни, ем реални? Таму многу ретко гледаш секс, само може да се имплицира и мене ми се одлични и многу ми се допаѓа српската кинематографија. Ако филмов ми е благо речено одвратен, тоа не значи дека само Холивуд е мерка за филм. Нека има секс, ама да биде вклопен, а не само го лупаат без врска. Ама баш без врска.
И да, постојат досадни луѓе со нормални луѓе.
Не сите преферираат да бидат џанаци ко во филмов. Тој процент на луѓе прикажан во филмот е највеќе, ама НАЈВЕЌЕ преку сила15 посто од Скопје. Каде се останатите 85 посто. Реков, да не сум од Скопје и да не сум го видела Скопје, после филмов ќе ми се повраќаше од него. Не сите се е*ат како зајаци и се дрогираат. Цело Скопје наркомани, или оној дел со Ромите? :facepalm: Убер фејл обид за хумор. Не е фората постојано да се фура некој андерграунд филм, ко шо го прават тоа нашите филмови. Или “обичниот“ живот не е предизвик, а?
 
Дека нема досадни луѓе кои живеат нормални животи нема. Кога би прочитала било чив дневник (хипотетички кажано) и би можела да видиш што тоа размислуваат и праватпозади затворени врати, што сонуваат и какви идеи имаат, би го сфатила тоа.
И знаеш, луѓето маструбираат навечер кога никој не ги гледа, и многу повеќе луѓе од колку што мислиш, често се драпаат на пијано во парк, замисли? И тоа без врска, баш кога нема потреба. Знаеш сексот не мора да има некое возвишено морално значење. И сите се сексуални, иако не зборуваат за тоа, дури и твоиве нормални и досадни. Таа карактеристика на луѓето,се крие во ,,нормалново општество“, и тоа се прикажува во филмот. Браво! Демистифицирање на водењето љубов.
Холивуд не ти е мерка за филм, ама другиве не ги знаеш доволно нели?
Сексот е одличен начин за претставување на едно општество, исто како и дрогата, патем. За пример, ќе дадам еден виц, иде вака.
Како стенкаат Американките при секс?
-Faster, faster..
A како Германките?
- Schneller, schneller.
A како Македонките?
- Не кажувај на никој, не кажувај на никој.
Мислам дека е доволно.
 
Gixxer

Premier Сasual Dating - Verified Ladies
Член од
9 декември 2010
Мислења
131
Поени од реакции
89
Да не го има случајно некој филмов на компјутер? Ми треба само Фото финиш....
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Дека нема досадни луѓе кои живеат нормални животи нема. Кога би прочитала било чив дневник (хипотетички кажано) и би можела да видиш што тоа размислуваат и праватпозади затворени врати, што сонуваат и какви идеи имаат, би го сфатила тоа.
И знаеш, луѓето маструбираат навечер кога никој не ги гледа, и многу повеќе луѓе од колку што мислиш, често се драпаат на пијано во парк, замисли? И тоа без врска, баш кога нема потреба. Знаеш сексот не мора да има некое возвишено морално значење. И сите се сексуални, иако не зборуваат за тоа, дури и твоиве нормални и досадни. Таа карактеристика на луѓето,се крие во ,,нормалново општество“, и тоа се прикажува во филмот. Браво! Демистифицирање на водењето љубов.
Холивуд не ти е мерка за филм, ама другиве не ги знаеш доволно нели?
Сексот е одличен начин за претставување на едно општество, исто како и дрогата, патем. За пример, ќе дадам еден виц, иде вака.
Како стенкаат Американките при секс?
-Faster, faster..
A како Германките?
- Schneller, schneller.
A како Македонките?
- Не кажувај на никој, не кажувај на никој.
Мислам дека е доволно.
Не ми ја разбираш поентата. Никој не вели дека сите се сексуални, ама начинот на кој што го прикажуваат сето тоа во филмов е одвратен. Глупав е. И филмов воопшто не го прикажува општеството, туку само еден дел од него. Да, луѓето маструбираат. Дома. Имаат секс. Дома. А имаат и други активности освен одење во дискотеки. Не сите се џанаци и се дрогираат и живеат некој стил на живот прикажан во филмот. Муабетот ми е дека немаат сите ист начин на живот како што тоа се форсира во филмот. Не можеш да ми докажеш дека сите се разуздани вака. Во ред тоа е еден пристап и еден начин на живот, кој не го живеат сите. Јас тоа што е прикажано во филмов го немам или сосема малку го имам сретнато во секојдневниот живот.
 
Па немаат сите баш дома :pos: Ја после читање на една таква тема на форумов решив да не одам више во пола од кафичите во кои одев.
Ја те разбирам, ама не е цел филм таков. Тоа со типот шо лепеше стихови во книга беше дури патетично романтично, и тој шо стана поп пејач исто. Целиот филм за тие двајцата е посветено на љубовта, песната на беј д фиш е прекрасна. Не се сите ни џанаци во филмот.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.216
Поени од реакции
34.484
Skopje Remixed - кратко видување на еден младиќ

Најбитното прво:
Морам да најавам дека во овој текст ќе има:
  • Траги од филмот а.к.а спојлери
  • Вулгаризми
  • Скопски дијалект
  • Неправилно напишани зборови
и ако некој има против тоа, нека продужи да чита или не, зашо ич не ми чуе.
Имено, како го видов Скопје Ремиксд:

Прво морам да кажам конечно после Тетовирање БРАВО за македонски филм. Да, после Тетовирање од све ми е онака преку тасе, шо би се рекло по ново и фенси клише јебига. Исти пцофки, исти ташаци се шетаат, те тоа те овоа, те овака те онака.

9 приказни, 10 режисери, 1 саат по полноќ и така натака до иљада и една, филмов ми напраи да се чувствувам ПАРЧЕ. Јес да сум евентуално според Мирко Попов „младич" у градов, али сепак сум прошол и сито и решето низ градов, а особено го застапуем моментот на решето (од многу мал итн. итн.) па можам да кажам дека ДА ПЕР ТОА Е ТОА ШО МИ ТРЕБАШЕ, значи незнам дали да мислам дека треба да си згнам ножот и да си ебам матер, или да почнам да кревам револуции ко некојси јак шизик и да пробуем да се врати Скопје тоа шо беше.

Пичку матер значи, седнав на место, се чекирав, отворив сок, гнетев пуканки ко да не сум видел и дел по дел го глеав филмов без да трепнам.

Нема да го дрвам за дел по дел поединечно, зашо за тоа мора уше едно седумнаес пати да го глеам филмот на трезно, пет шес на пијано и месец дена пред легнуење за да го всадам у мозок. Вака ќе опишам општо шо се дешаваше...

Ми ебаа матер ко шо кажав прееска, уште незнам дали сакам да си згнам нож зашо ептен ми фали Скопје ко шо беше или сакам да напраам некои чуда и врагови и да се врати Скопје ко шо беше. За да го сфатиш филмот, требало да го живееш филмот, пример да идеш да испиеш пиво кај Жабарот у 3 сабајле зашо баш тебе ти пукнал кејф на курот да го напраиш тоа. Да го затвориш Елемент и да продужиш на афтер кај некој шо е сам дома или е надвор од Скопје и живее под ќирија. Да ти текне у 3 сабајле да си купиш пиво и бурек од маало, да седиш на зграда и да пушиш буксна и да тропаш безвезе. Тоа беше животот у Скопје, не да молиш у продавница у седум и петнаес за две лименки пиво, не е да се тенчиш у дванаес и минута дека треба да напуштиш кафана. Едноставно сеа е монотоно, све е некојси сектор петнаес, сектор осамнаес нешо пичке мајчине шо нема никакво везе со тоа шо се дешаваше.

Колкав бед ме удри коа го видов Retox, оноа солзи на очи викаш пичка му матер ете го каде беше пред две години, а изглеа ко да поминале сто. Културно местенце со секакви музики од Мирко до Славко, до Трајо и Васо, некои рокери металци свиреле, али сума сумарум местенцено збираше и ќоро и сакато и тужно и весело внатре. Е, тури му кур, сеа се праат турбофолк забави внатре.

Секој у Скопје имал по некој другар-брат-братучед-братучед од мушка тетка шо немал нишо попаметно у животот да праи, па дувал буксни по цел ден и зборел дека е уметник. Јебем ли га, тоа ми фали, да седиш и да го слушаш тој шизик како ти дрви за општество и нехуманост и негови концепти за погледот на животот или шотијазнам. Едноставно прајслес моменти поминати на зграда, клупа, градинка, позади школо...

Искрено, анимираниот дел од филмот ми беше катастрофална утка, океј тоа беше муабетот, ама се можело и без него. Не е битно, тука поштовањето го давам во саблиминал месеџингот шо го праевте кога свиреа Поган и Паган (БРАО).
Скопје е град у кој живеат сто миљони фаци, сите различни по сурат и карактер, сите своја прича... зелени, црвени, виолетови, заљубени, изгубени. Тие се од Скопје. Секоја фаца е своја прича, а тука сите фаци се стаени у 9 кратки филмови.

Од као заврши филмов се заслушав шо збореа луѓето и као некои ептен им беше зашо филмот бил сниман кај нив у маало, други за тоа што Лилиќ рекол ПУШЕТЕ МИ ОД КУРОТ, трети зашо пушеле буксна било закон, а ја тивко му се радуев на мунгосот.
Многу ме кејфа шо е опфатено Скопје у „цутот на младоста", шо фаќа таргет група на младиќи шо сеа имаат жени и деца и ретко се дрогираат, младиќи шо уше немаат жена и деца и ептен се дрогираат, татковци и мајки на деца шо тогаш се дрогирале онака кежуал и некои нови скопски фаци шо треба да си исечат тоа крилата и да се спуштат на земја за да сфатат дека Скопје ги контролира нив, а не они него.

Хипстерски саундтрак до јаја, али уопште не сметаше на све шо се дешава у филмот. Поштовање за PMG, The John, Anomalia Nativa, Bei The Fish и останати шо активно придонесуваат колку толку Скопје да си пичи музика каква шо доликува.

Ќе се слуша и хејт, како филмот за кур не го бива, како е само за пушење џоинт и 103-ка, ама за тие хејтери нема шо да се каже освен тоа дека они никад не живееле у Скопје, туку само се фурале.

Толку е сеа за сеа, ме збрчи некоја мрза да го тупам уште многу, кој сака да го тупиме заедно увек сум расположен за пиво :)

Гоце Велески
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.492
Поени од реакции
8.003
Ацид требало да го побарате Zewlean Icarus да ви напише рецензија за филмов. Верувам дека ќе предизвикаше реакција кај Крејзи ин Лав како кај Дивајн кога Долфин и Меги-ХТЗ правеа муабет за секс под дејство на дрога :pos:
 
noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
Кратко видување на хејтерка шо по се изгледа никад не живеела у Скопје туку само се фурала:

Пред десетина години, кога искочи емисијата Досие Скопје и коа многу малку луѓе знаеја за неа, иако бев копиљ, бар од прилика сфатив што уствари ми раскажувале старите (сосе баба и дедо, наравно) за тоа како се живеело у Скопје. Значи, далеку пред да не има милион жители и пред да ступи у мода муабетот за провинцијалците и земјотресот, еден генијален режисер но пред се сосема обичен човек собра обични луѓе кои ја раскажаа скопската прикаска и тоа го направија крајно непретенциозно без ронка снобизам. И тоа беше Скопје какво што го знаат неговите Скопјани.

Е сега, увек ќе постои таа група неразбрани од општеството, шо им е криво дека им прошло времето за кое дур го тупат по фејсбуци и твитери никого не го занима, па ај ќе снимиме филмче, зашто само така може да се фати вниманието на македонскиве луџе шо више научија дека македонските филмови у старт идат со спојлер алерт *голи цицки* па ај.... Барем да беше нешо сменето, ама у место у кое шо 20 години НИШТО не мрднало, срамно е да тупите за колку порано било кул и као сеа све е срање. Као чувече, шо знаат денес копиљациве ние шо сме кркале коа сме иделе у Ритокс по трењерки бе бачко ако си немал жутица на маса не сме те примале и такви муабети... демек ако не си си го фурал тој нивен стотројка филм......извини вака ама 1,2,3,4,5,6 ти не си од Скопје и не разбираш.

Се вика носталгија, и го задесуе секој човек коа ќе сфати дека му прошол , убав период од животот, не е битно дали бил клабер или сељачиште од кафана. И океј е да си напраиш филм инспириран од таа носталгија. Ама исто као шо вас ви е доено преку кур од некои нови фаци шо ви го зимаат местото у градов (не знам како се збива тоа али ај) и на некој од страна што гледа му е смачено да живее у град населен од огорчени граѓани додека у исто време тој град е нешо најбоље што у моментот ти е понудено. Шо треба да напраат луѓето од другите градови, да го тупат као пред 10 години уште живееле луѓе надвор од Скопје? Ама забораив, шо знаат сељачиштата од провинција шо значи да си андерграунд арт фаца за инат на општеството.

И да, ако мислите дека сте го фатиле господ за муда шо сте се дрогирале, сите заедно немате толку напраено колку шо имаат напраено Аца Лукас или Џеј сам по сам. А сеа, или живејте молкум у “градот шугав“ или марш у пизду матер зашо у моментов.......ова е Скопје. Sincerely, Распеани Провинцијалци (и останати Скопјани ама шо не разбираат).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom