Скопјанки - спремајте бикини!

Плажа на Вардар?


  • Вкупно гласачи
    186

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.208
Поени од реакции
34.448
Од вчера почна со работа игралиштето за одбојка на песок. До недела ќе се одржува турнир во одбојка на плажа. Од понеделник теренот ќе биде бесплатен за користење, со претходно закажување (дополнително ќе бидат објавени детали за ова).
Браво за фотката Тончи, сигурен сум дека ќе бидат задоволни со галеријата :)

Како и да е, јас спремив една мини галерија од својата сопствена колекција.
Мислиш ќе им се допадне и оваа? Епа, и на нас некако не ни се допаѓа...













































Ете, ова е нашето секојдневие. Така да, мене стапот ме здоболе ако некој направил игралиште за одбојка за (колку пари?) покрај кеј, кога низ ова поминувам секој ден.
Фино е тоа се, ама ако си ретардиран и не сфаќаш што е приоритет на еден нормален граѓанин на оваа чудесна држава.
 
H

HITCH

Гостин
Абе има народ на плажата? Јас ич не сум била, си стојам на збор дека не идам на тоа место, ама ме интересира дали иде некој
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
@Acid - затоа јас ги оправдувам луѓево што не купуваат нови коли, зошто да ја купи кога после година дена од суспензијата ни С нема да има. За во градов, да купиме сите тенкови, само тоа, кој има одвишак пари (од тие што ќе му отидат за казна за плукање шлајм по улица) за гуми, амортизери и сл. нека вози кола.
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
Скопјанки спремајте и бикини.....и 3 евра ако ви се пие пивце на плажа,а немате најдено кавалер да ви го плати тоа задоволство...
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.324
Поени од реакции
15.576
Абе има народ на плажата? Јас ич не сум била, си стојам на збор дека не идам на тоа место, ама ме интересира дали иде некој
И јас си стојам на зборот, само поминав покрај плажата, ме утепаа од молење да седнеме таму, али дадениот збор не си го прекршувам. Башка воопшто не е нешто посебно.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.793
Поени од реакции
12.275
@Acid - затоа јас ги оправдувам луѓево што не купуваат нови коли, зошто да ја купи кога после година дена од суспензијата ни С нема да има. За во градов, да купиме сите тенкови, само тоа, кој има одвишак пари (од тие што ќе му отидат за казна за плукање шлајм по улица) за гуми, амортизери и сл. нека вози кола.
Не случајно дозволија увоз на крнтии од Словенија, Бугарија, Швајцарска...то пак се грижат за нас, да не ни е мака. И така увезените коли 90% се крш, нема што да се докрши низ дупкиве.
Паметни се тие, се е тоа плански...со ум :)
 
?

..........

Гостин
Пред некое време ми пукна цевка у купатило..знаеш ли колку силен млаз вода е тоа,едвај ја сопрев поплава да не направи, а пукнатината беше мало дупче.. епа ти замисли какви се тие пумпи,што исфрлаат 30 метра вода,колкава сила имаат,па ни ветер ни незнам што не и може ништо...така да тоа е банална забелешка,да не кажам злонамерна...едина примедба би прифатил ако имаш нешто против фонтаните,ама незнам зашто би имал некој..стварно ќе изгледа убаво..а Вардар да треба да се чисти,треба..не бегам од тоа
Хаха како бе ни ветер не и може ништо? значи ти сметаш дека брзината со која водата се испумпува ви воздухот е еднаква со брзината на слободно паѓање на водата. хаха
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.488
Поени од реакции
7.982
Acid, знаеш дека најчесто користам ЈСП 66 и возот за Куманово од превозни средства.
Првиот мост пред неколку дена заврши со реконструкција. Сега се средува Првомајска, Благоја Стефковски... се работи на проблемот. Покрај Улици и патишта работат и приватни фирми на средување на улиците. За жал требаше да помине време додека да се распишат тендери за средување на улици, па да се почне со работа, ама ќе ја биде работата, не бери гајле. Rome wasn't build in a day, а не па Скопје :)
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.208
Поени од реакции
34.448
Acid, знаеш дека најчесто користам ЈСП 66 и возот за Куманово од превозни средства.
Првиот мост пред неколку дена заврши со реконструкција. Сега се средува Првомајска, Благоја Стефковски... се работи на проблемот. Покрај Улици и патишта работат и приватни фирми на средување на улиците. За жал требаше да помине време додека да се распишат тендери за средување на улици, па да се почне со работа, ама ќе ја биде работата, не бери гајле. Rome wasn't build in a day, а не па Скопје :)
Да де, гледаме на терен колку се работи :icon_lol:

Еве, баш сабајлево пропаднав со колата у кратер со обем 2 метри и длабок околу 20 сантиметри. И се накурчив за сите пари.

Секако дека Рим не бил изграден у еден ден. Али затоа, кај нас камери се поставуваат за еден ден и игралишта за одбојка за 2 дена. А дупки, за 2 мандати стојат незакрпени... :bravo:
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Ја не викам дека во Скопје нема дупки, вдлабнати шахти и све остало, само што горе се работи за фотки претежно од Илинденска, и точно оној дел кој што сега е готов. Додека сега се работи на делот после Влада и на делот пред гимназијата Орце Николов. И не ми е јасно како може да се реконструира улица ако не се напраат дупки на истата. Од останатите фотки две три се од мостот Обединети Нации кон Влае кој што се реконструираше уште лани, а друга е од мостот кај Ману, кој е исто така готов, фамозната шахта на рекорд е од богзнае кога и не превземал никој ништо, најверојатно поради тоа што улицата е високофреквентна и проаѓа низ централно градско подрачје. Инаку дека има дупки има, особено на Партизанска на која и е потребно ново гребење и асвалтирање, ама не може да се каже дека и тука ништо не се работи затоа што тротоарите беа целосно обновени уште прошлото лето.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Абе има народ на плажата? Јас ич не сум била, си стојам на збор дека не идам на тоа место, ама ме интересира дали иде некој
На плажата најмногу гужва праат вработените во кафиќите :icon_lol:

--- надополнето ---

кај нас камери се поставуваат за еден ден и игралишта за одбојка за 2 дена.
И тоа игралиште за одбојка од 8.000 евра :nesvest:
Тоа мрежата на игралиштето мајка му на Коце да не ја плетела па шо чини 8.000 евра :tapp:
А дупки, за 2 мандати стојат незакрпени... :bravo:

:uvo:
 
H

HITCH

Гостин
Значи идејата за Коцекабана испадна крш, баш како што предвидовме. Невидени пари испраа, овај заработија де :pos: Правев муабет со една другарка денес и ми рече дека ни оние со членски книшки од ДПМНЕ не иделе таму :pos:
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Некој да не знае нешто повеќе за другите плажи што ќе се дигаат покрај нашиот бисер Вардар?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.793
Поени од реакции
12.275
Штета немаме море, ќе си ја пееја на градскава

 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Мене ми е страв да седнам на плажата на по едно пивце.
Слушам комуњарите ќе ни пуштиле цунами... саботажа !
 

Kajgana Shop

На врв Bottom