Отворена првата градска плажа на кејот на Вардар
Морски песок среде Скопје. Со бразилска капуера отворена првата градска плажа на кејот на Вардар. Идејата е за помладите да стане монденско место, за постарите да разбуди спомени од минатите времиња.
Скопјани задоволни од градската плажа направена по урнек на некои европски градови. Во неа од шанкови за освежување до безжичен интернет и трамболини за најмалите.
„На прв поглед супер е направено, добри импресии има.
- Буди спомени, на сите стари Скопјани.
- Без примедби, спомени, се потсетуваме“, изјавија анкетираните граѓани.
Се чини децата најрадосни во играњето со песок. Некој ги зафатија лежалките, други пак само се шетаа. Некогаш место за средби дружење и нови љубови, нема причина историјата на градската плажа да не се повтори, ќе рече хроничарот на Скопје, Данило Коцевски.
„Девојките не играа олди, но затоа изведуваа пируети и секоја од нив си замислуваше дека е Естер Вилијамс, од Бал на вода“, рече Коцевски.
„Сакаме да го оживееме духот на Скопје и традициите на градот. Сакаме повторно Скопје да го има својот препознатлив градски дух, да освојува со својот шарм и да ја продолжи својата урбана традиција“, вели Коце Трајановски.
Бањањето во Вардар е забрането, но граѓаните секојдневно ќе имаат на плажата многу забава. Вечерва таму во чест на отворањето, Скопјани ќе ги забавува дј-от Дерик Меи.
Видео вести