Скопски фестивал 2009 - одбери го твојот победник (анкета)

Победник на Евросонг!

  • Сленг – Генгста оро

    Гласови: 127 48,3%
  • Ристо Самарџиев feat. Зоран Џорлев – 103 бели лебеди

    Гласови: 14 5,3%
  • Next Time - Нешто што ќе остане

    Гласови: 29 11,0%
  • Проект Македонија – Помалку наивно

    Гласови: 10 3,8%
  • Рок Агресори - Динг донг

    Гласови: 20 7,6%
  • Даниел – Сила на љубовта

    Гласови: 2 0,8%
  • Александар Белов - Застани

    Гласови: 9 3,4%
  • Костадин Папа – За неа постојам

    Гласови: 3 1,1%
  • Влатко Лозаноски - Блиску до мене

    Гласови: 20 7,6%
  • Верче Пандиловска – Северно од мене, јужно од тебе

    Гласови: 0 0,0%
  • Браво Бенд - Девојко

    Гласови: 2 0,8%
  • Влатко Илиевски - Најбогат на свет

    Гласови: 13 4,9%
  • Калиопи & Наум - Рум дум дум

    Гласови: 12 4,6%
  • Кристијан - Нема да зборам

    Гласови: 1 0,4%
  • Дејан Трифуновски - Љубовта доаѓа

    Гласови: 0 0,0%
  • Андријана Јаневска – Дрво без корен

    Гласови: 1 0,4%

  • Вкупно гласачи
    263
Статус
Затворена за нови мислења.

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
И за крај сепак мојот фаворит. Веќе кога има ваква јака конкуренција да ги пратиме најдобрите (изроди).

Македонски етно елементи, измешани со најпопуларната музика моментално. Уште Слаткар им фали мора да признам. Ама охриџани ќе не претстават во најдобро светло. Типично селска песна, за селски Евросонг.
Ајде момци гласам за вас да прошетате до Москва.
Само забелешка тој првиот рапер нека не го криви микрофонот толку и да влегува во филм ептен гангстерски оти ич не се слушаше што пееше, а греота таква песна да не се слушне.
И ова ќе се преведи ли на англиcки :icon_lol:
Вака, два три збора уште од мене: ако некој мисли дека момците се исмеваат со традиционалната музика, греши. Ако некој мисли дека се исмеваат воопшто со традицијата, повторно греши. Јас песнава ја доживувам, уметнички гледано, како едно "спрдавање" (од глаголот "спрдува") со локалните фаци, шемаџии...просто речено, ѓенгста ликови. Нема да одам во поопсежна опсервација, со цел да не им скинам некој глас на дечките, ако некој се најде повреден :)

Од аспект на перформанс, одамна трубам дека на Евросонг треба да пратиме момци кои ќе направат шоу. Се обидовме со хистеричниот пристап на Калиопи, не влеговме во конкуренција. Се обидовме со плавото одело и специјалните кондури на Владо Јаневски, не успеавме повторно. Се обидовме со слатките и тотално-амузикални Икс Икс Ел, имавме колапс (дал троа саботирано од организаторот или единствено од органот и центарот за слух во нивните мозоци, не знам). Го пративме Тоше со Life, имавме финале, и толку. Наредната година, Мартин Вучиќ беше коректен, пак имавме финале, и пак толку. Пласмани околу 13-16 место (ако добро паметам). Елена ги нинанајноса (руслана лајтмотив: дајригидигидај) ама не колку шо требаше. Пак слаб пласман. Ланска година, Тамара, Врчак и Гаџа испеаа добро, имавме фина песна - ама без никаков спектакл особено во настапот - така и поминавме со гласовите.

Значи, пративме ПЕЈАЧИ неколку пати, ни дојдоа дома со моралната сатисфакција дека Евросонгот е политика, и добро сме се претставиле. Јас викам: ајде оваа година да не бараме глас, туку песна која ќе ги размрда олигофрените гледачи од западниот свет, а ќе им призвучи познато и на источњаците. Генгста оро звучи несериозно и "селски" бидејќи токму таква намена и има. А пак ќе се претставиме добро на македонските вечери со ајварче и сирење беровско, не се сомневам ич....само овој пат сакам и на сцена да рокаме! Ако ништо повеќе, таа европа на која "ментално мастурбираме" секоја година во месец мај кога е во прашање музиката барем, да и го дадеме она што ни го даваше таа досега: лимони :) И овци на сцена би дотерал да можам, ако тоа не се коси со пропозициите.

А дечките се млади и енергични, ги знам повеќето "од град". Со едниот од нив сум многу добар другар, ама сум објективен и не ги бранам априори локалпатриотски. Навистина сметам дека заслужуваат ваква шанса. Воедно, многу успех во понатамошната кариера, и честитки за вчерашното деби пред поширока публика без воопшто да затреперат од страв....утре може да биде само подобро.

Ако сакате и ви е по воља, поддржете со глас, а не само вербално. Јас ќе ги. Напред Сленг!

п.с. Ма, каков превод росоњерке?!?!?! :)))))) Не идат во обзир.
 

-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Не бре каков превод, тогаш ќе биде сосема 6та песна, нема врска да има со ова, нема да се долови уметноста... уствари нема ништо да се долови ако се испее на англиски. Може да испеат на англиски на крај еден рефрен (нешто нека смислат, исто вакво откачено) ама пак и тоа нема да е тоа.....

Вака се ПЕРФЕКТ!
 
Член од
7 мај 2008
Мислења
2.818
Поени од реакции
368
Годинашниот избор на Евровизија според клиповиве на YouTube што се ставени може да се каже дека е ЖАЛ ВИД ГРЕОТА !!!
 

Vetrence

...believe in yourself! :)
Член од
2 јули 2007
Мислења
7.469
Поени од реакции
676
Од година на година се покатастрофа песни и изведувачи.:toe:
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
На Браво Бенд не е лошо рефренчето, од тие вечер што ќе настапуваат...
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Годинашниот избор на Евровизија според клиповиве на YouTube што се ставени може да се каже дека е ЖАЛ ВИД ГРЕОТА !!!
Од година на година се покатастрофа песни и изведувачи.:toe:
Па бираме песна за Евровизија а не песна од која зависи цела Македонија. Заебавање само. Незнам зашто очекувате многу...
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
ам то ти е балкански менталитет, ај шо да речиме за Лорди шо победија тогаш? Дека во Финска живеат само некој кретени?
Ај то шо сум од Охрид, туку стварно песнава баш е оргинална и конечно нешо необично ... Евровизија веќе не бара најквалитетна песна,туку кој појќе ќе напрајт циркус. Плус како што во преетходниве мој постој кажав Евровизија не се сваќа сериозно за да се праќаат најквалитени пејачи.. да беше за така Британија немаше да праќат онакви аматери..туку од нивните(а богами и на нас шо ни се познати)пејачи професионалци
Епа што не го пратија тогаш пред неколку години Боки 13? поголем циркус од тоа здравје :helou:
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Епа што не го пратија тогаш пред неколку години Боки 13? поголем циркус од тоа здравје :helou:
Боки е фрик и за фриковите. Педер и за педерите. Кич и за кичастите. Премногу е и за Евровизија.
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Ајде генгста оро можете да победите...
Подобро генгста оро да не посрамотат отколку ристо самарџиев со неговите стооооо ии трииии леееебеееедииииии:tapp:
Eви ја на јутуб
Има линк за инфо, за симнување на песната и лирикс :)
кој тоа го уредува тој ме читаш порталот, та шо ми го собрал лириксот рачна изработка од драга кајгана? :pishtoldz

барем целосен да беше :nesvest:

ау ќешки да победат Сленг со Гангста оро и замислете го преводот на песната на англиски пошто мора секоја песна да го има :vozbud:
не заебавај бе, каков англиски, уба си е вака, незнам шо текст ќе напишиме на англиски, та да не сфатат, дај не заебајте...
можит нешо стих, два, три ак мојме да склопиме заебантско на енглески колку да не е без ич...
Ако случајно ги одберат генгста оро за на евровизија, јас најверојатно ќе се откажам од македонсково државјанство... :uvo:
еми ај со среќа нека ти е ново државјанство :pipi:
Вечер сите на гласање за Сленг мора да ги подржиме или ќе бидеме последно или меѓу првите места подобро ќе не престават оти смешниве песни се атракција на Евровизија инаку првиот што пееше во песнава микрофонот што го зафркаваше најдобро пее од сите.
не се вечер, утревечер се

Вака, два три збора уште од мене: ако некој мисли дека момците се исмеваат со традиционалната музика, греши. Ако некој мисли дека се исмеваат воопшто со традицијата, повторно греши. Јас песнава ја доживувам, уметнички гледано, како едно "спрдавање" (од глаголот "спрдува") со локалните фаци, шемаџии...просто речено, ѓенгста ликови. Нема да одам во поопсежна опсервација, со цел да не им скинам некој глас на дечките, ако некој се најде повреден :)
Колку шо ја ја разбира песнава, а ја разбира бајаѓи пошо нон стоп ми е на рипит...

Целта е да се исмеат сељаците (не селаните), а такви ги има со лопата да ги риниш, и можам да претпоставам од кои охридски примери се инспирирале. Исто така се исмева и естрадава и ѕвездиве наши македонски итн, итн...

Е сега, од прво слушање може да се сфати како навреда баш кон луѓето што живеат во село, али не е тоа замислата.
Иако сепак можело подобар текст да се направи, поточно повнимателен, бидејќи сепак има моменти од кои некој може да се почуствува навреден.

А дека е закон песнава, закон е!!!

 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
Капа им симнувам ако не дозволат да се преведи песната.Вакво нешто уникатно нема шанса да се преведе, само на македонски треба да си остане песната.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Чек бе на нероден Петко, капа му кроите. Кога ке победат тогаш.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.753
Поени од реакции
9.520
Чек бе на нероден Петко, капа му кроите. Кога ке победат тогаш.

Да,да.Прво да победат па после ќе видиме.Зашто ако гласа жирито утре како вчера тешко тоа да се случи...
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.220
Поени од реакции
34.502
Кај може да се слушнат на Белов и Next Time?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom