Serpico
Сковинистратор / I'm Batman
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 11.166
- Поени од реакции
- 691
Вака, два три збора уште од мене: ако некој мисли дека момците се исмеваат со традиционалната музика, греши. Ако некој мисли дека се исмеваат воопшто со традицијата, повторно греши. Јас песнава ја доживувам, уметнички гледано, како едно "спрдавање" (од глаголот "спрдува") со локалните фаци, шемаџии...просто речено, ѓенгста ликови. Нема да одам во поопсежна опсервација, со цел да не им скинам некој глас на дечките, ако некој се најде повреденИ за крај сепак мојот фаворит. Веќе кога има ваква јака конкуренција да ги пратиме најдобрите (изроди).
Македонски етно елементи, измешани со најпопуларната музика моментално. Уште Слаткар им фали мора да признам. Ама охриџани ќе не претстават во најдобро светло. Типично селска песна, за селски Евросонг.
Ајде момци гласам за вас да прошетате до Москва.
Само забелешка тој првиот рапер нека не го криви микрофонот толку и да влегува во филм ептен гангстерски оти ич не се слушаше што пееше, а греота таква песна да не се слушне.
И ова ќе се преведи ли на англиcки
Од аспект на перформанс, одамна трубам дека на Евросонг треба да пратиме момци кои ќе направат шоу. Се обидовме со хистеричниот пристап на Калиопи, не влеговме во конкуренција. Се обидовме со плавото одело и специјалните кондури на Владо Јаневски, не успеавме повторно. Се обидовме со слатките и тотално-амузикални Икс Икс Ел, имавме колапс (дал троа саботирано од организаторот или единствено од органот и центарот за слух во нивните мозоци, не знам). Го пративме Тоше со Life, имавме финале, и толку. Наредната година, Мартин Вучиќ беше коректен, пак имавме финале, и пак толку. Пласмани околу 13-16 место (ако добро паметам). Елена ги нинанајноса (руслана лајтмотив: дајригидигидај) ама не колку шо требаше. Пак слаб пласман. Ланска година, Тамара, Врчак и Гаџа испеаа добро, имавме фина песна - ама без никаков спектакл особено во настапот - така и поминавме со гласовите.
Значи, пративме ПЕЈАЧИ неколку пати, ни дојдоа дома со моралната сатисфакција дека Евросонгот е политика, и добро сме се претставиле. Јас викам: ајде оваа година да не бараме глас, туку песна која ќе ги размрда олигофрените гледачи од западниот свет, а ќе им призвучи познато и на источњаците. Генгста оро звучи несериозно и "селски" бидејќи токму таква намена и има. А пак ќе се претставиме добро на македонските вечери со ајварче и сирење беровско, не се сомневам ич....само овој пат сакам и на сцена да рокаме! Ако ништо повеќе, таа европа на која "ментално мастурбираме" секоја година во месец мај кога е во прашање музиката барем, да и го дадеме она што ни го даваше таа досега: лимони И овци на сцена би дотерал да можам, ако тоа не се коси со пропозициите.
А дечките се млади и енергични, ги знам повеќето "од град". Со едниот од нив сум многу добар другар, ама сум објективен и не ги бранам априори локалпатриотски. Навистина сметам дека заслужуваат ваква шанса. Воедно, многу успех во понатамошната кариера, и честитки за вчерашното деби пред поширока публика без воопшто да затреперат од страв....утре може да биде само подобро.
Ако сакате и ви е по воља, поддржете со глас, а не само вербално. Јас ќе ги. Напред Сленг!
п.с. Ма, каков превод росоњерке?!?!?! ))))) Не идат во обзир.