Сколиоза - Општо за неа и совети за лечење

Член од
20 август 2012
Мислења
1
Поени од реакции
0
Imam skolioza. Mi ja dijagnosticiraa pred okolu 2 meseca. Iskrivuvanjeto e so 11 stepeni, a isto taka i kifoza so 10 stepeni. Dali iskrivuvanjeto e golemo i sto bi mi pomognalo okolu ispravuvanjeto. Inaku imam 14 godini. Sega praktikuvam vezbi sekoj den redovno, a mi preporacaa da nosam korset no mislam deka nema vrska toj so toa deka moze rbetot da se ispravi. Sto mislite vie i dali na ovie godini skoliozata e izlecliva ? :D
 
Член од
17 декември 2011
Мислења
3
Поени од реакции
0
Tuka mozi da najdite informacija za skolioza. borcekukunoski.wordpress.com Za 11' skolioza ne e potreben kosrset, konzervativen tretman mozi da vi ja podobri vashata sostojba. Vo centarot se raboti po germanski metod- Schroth. Pozz
 
Член од
29 декември 2010
Мислења
64
Поени од реакции
16
Вака, имам скоро 17 год и пред една година на систематски ми кажаа дека имам мало искривување , нешто карлицата или... не памтам баш , но го занемарив дека на повекето од клас им најдоа секакви искривувања. Инаку активен сум, спортувам сигурно повеке од пола од мојава генерација, но сум мн мрзелив,никогаш не седам во правилна положба, дури ни кога јадам ... Летоска мн често бев без никаква маичка на мене , така да моите, но и самиот јас приметив дека имам искривување.

Не до волку, но сепак рамна лева страна и видлива, но помала длабнатина на десната слично како на сликава.

Конечно се решив да појдам на физиотерапевт и тој ми кажа дека имам сколиоза и мала кифоза, но дека токму на време сум дошол. Ми предложи да земам косет, да искористам бидејки до 18 год. биле безплатни. Исто така ми кажа да правам вежби кој лесно ке сум ги нашол на нет дури и на мак.
Овие ги најдов од темава, но некако ми изледаат комплицирано и не би можел да се снајдам и да издржам секојдневно да ги правам... Знае ли некој слични вежби и ако некој најде видео ве замолувам постирајте го.
И да, имаат ли ефект основните вежби кој вообичаено се прават за загревање и истегнување кои ги правиме на почетокот на час по физичко? (за жал се поретко, речиси никогаш)

Исто така не најдов конкретен одговор, корисни ли се склековите и стомачните вежби или пак несмеат да се прават ?
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
И да, имаат ли ефект основните вежби кој вообичаено се прават за загревање и истегнување кои ги правиме на почетокот на час по физичко? (за жал се поретко, речиси никогаш)

Исто така не најдов конкретен одговор, корисни ли се склековите и стомачните вежби или пак несмеат да се прават ?
Вежбите за истегнување вредат ама мора да ги правиш со задршка инаку немаат ефект за исправање.

Смееш да правиш секаков тип вежби но склековите и стомачните нема да имаат никаков ефект за исправување на рбетот.
 
Член од
31 март 2010
Мислења
24
Поени од реакции
12
ајде вака мало лично искуство...најголемата заблуда е дека сколиозата се лечи со вежби. Научно е докажано дека вежбите не можат да ја излечат туку може само да ти олесни некои работи како на пр. поразвиена мускулатура и слично..ама да ја излечи јок! јас имам сколиоза од кога сум родена, точен степен не знам (т.е. го имам заборавено), но доволно голем и видлив со голо око. Ајде тоа што е видливо и не е толку страшно се помирив, но почна внатрешно да ми се дешава збрка, оштетување на срцето, бели дробови и слично и тоа замислете од што од тој **** корсет кој буквално ме вклештил. Лекот си го најдов лани кога од Охрид ме испратија дома и ми рекоа немало што да се прави зашто со моите 18 год сум била стара! И по толку тортури, рехабилитации, упати за на операции најдов човек што ми рече дека не сум стара и дека може да се излечи. Веќе 6 месеци одам кај Туран и сколиозата ми е излечена повеќе од 70% и уште ќе се лечи. Повеќе не е видлива освен ако не се забуљаш ептен за разлика од порано кај што се приметуваше од авион. Баталете ги тие заебанции, вежби и сл., а особено корсетот кој очигледно е најголемиот виновник за сите фрки.
 
Член од
22 јануари 2013
Мислења
481
Поени од реакции
669
јас имав,т.е уште имам,ама пред 3 години носев корсет за да ми се испрајт 'рбетот.Многу гадна работа,секој ден го имав то на мене,не би ти препорачала.Имаше и деца на твоја возраст,па го носеа корсетот.Јас би ти препорачала да ојш на терапија,ако ти е мало искривувањето. :smir:
и јaс носев корсет. Бев и нa физикaлнa.. осетив подобрувaње, но зa жaл пaк чувствувaм болкa. Ме интересирa, дaли осеќaш јaкa болкa во р'бетот некогaш и нaпред нaд желудникот кaко со нож дa те прободувa некој и одеднaш имaш потребa дa легниш..проследено со тешко дишење? Јaс осеќaм и мaлку сум исплaшенa не знaм дaли е сето тоa од сколиозaтa.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.920
Поени од реакции
12.411
и јaс носев корсет. Бев и нa физикaлнa.. осетив подобрувaње, но зa жaл пaк чувствувaм болкa. Ме интересирa, дaли осеќaш јaкa болкa во р'бетот некогaш и нaпред нaд желудникот кaко со нож дa те прободувa некој и одеднaш имaш потребa дa легниш..проследено со тешко дишење? Јaс осеќaм и мaлку сум исплaшенa не знaм дaли е сето тоa од сколиозaтa.
Не до тој степен, ама ако долго време седам/стојам имам болки.
Ова ти што го опишуваш повеќе ме асоцира на проблеми со бубрегот, татко ми имаше проблеми и баш вака ги опишуваше, така да провери се за секој случај.
 
Член од
22 јануари 2013
Мислења
481
Поени од реакции
669
Не до тој степен, ама ако долго време седам/стојам имам болки.
Ова ти што го опишуваш повеќе ме асоцира на проблеми со бубрегот, татко ми имаше проблеми и баш вака ги опишуваше, така да провери се за секој случај.
Ке се проверaм. Фaлa нa одговорот. :)
 
Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.013
Поени од реакции
7.730
ајде вака мало лично искуство...најголемата заблуда е дека сколиозата се лечи со вежби. Научно е докажано дека вежбите не можат да ја излечат туку може само да ти олесни некои работи како на пр. поразвиена мускулатура и слично..ама да ја излечи јок! јас имам сколиоза од кога сум родена, точен степен не знам (т.е. го имам заборавено), но доволно голем и видлив со голо око. Ајде тоа што е видливо и не е толку страшно се помирив, но почна внатрешно да ми се дешава збрка, оштетување на срцето, бели дробови и слично и тоа замислете од што од тој **** корсет кој буквално ме вклештил. Лекот си го најдов лани кога од Охрид ме испратија дома и ми рекоа немало што да се прави зашто со моите 18 год сум била стара! И по толку тортури, рехабилитации, упати за на операции најдов човек што ми рече дека не сум стара и дека може да се излечи. Веќе 6 месеци одам кај Туран и сколиозата ми е излечена повеќе од 70% и уште ќе се лечи. Повеќе не е видлива освен ако не се забуљаш ептен за разлика од порано кај што се приметуваше од авион. Баталете ги тие заебанции, вежби и сл., а особено корсетот кој очигледно е најголемиот виновник за сите фрки.
А како поточно ја лечиш?
 
Член од
10 јануари 2010
Мислења
136
Поени од реакции
25

Може да ми кажеш нешто повеќе за Туран? Кај се наоѓа,колку плаќаше кај него...?
 
RoSsOnErKaA

Milanista
Член од
28 април 2013
Мислења
4
Поени од реакции
0
Не сум била досега информирана за искривувањето сколиоза. Но,пред 2 недели ми беше дијагностицирана сколиоза. (само не ми кажаа кој степен е).Бев во болницата во Велес кај доктор Киро Марковски. Ми кажаа да носам корсет постојано до Мај другата година. Сега чекам потврда од лекарска комисија да го одобри помагалото. Гледам многу од вас се жалеле од корсетот дека правел рани. Е сега дали е така навистина не знам. Сепак, имам 14 години и сакав да прашам дали може да се излечи со помош на корсетот.
 
Носи го упорно ќе има резултат имаш 14 години и сосема таман време за да ја санираш дури е порано, ако е истиот корсет како шо го имам јас нема опасност од рани.
 
RoSsOnErKaA

Milanista
Член од
28 април 2013
Мислења
4
Поени од реакции
0
Носи го упорно ќе има резултат имаш 14 години и сосема таман време за да ја санираш дури е порано, ако е истиот корсет како шо го имам јас нема опасност од рани.
Ме охрабри со ова што ми го кажа. Корсетот што ќе го носам се вика Шено. Баш денес ми земаа мерка, сега чекам да го направат па ќе видам како ќе биди за носење.
 
Член од
19 октомври 2013
Мислења
49
Поени од реакции
37
Корсетот не помага!!! Сум носел еден куп корсети и само може да ти наштети. Операција никако, бидејки ако останало нашиве неспособни доктори операција да те прават на р'бетот, голем процент е дека и парализиран ќе останеш.

Единствен спас е вежбањето, но не на "физикални терапии" и не вежби од интернет. Има една жена одев порано кај неа и за 3 месеци ми го исправи р'бетот(потврдено од ортопед) со секојдневно вежбање и масажи. Се вика Лазаринка, во Штип се наога. Ако неможете да ја најдете неа или некој сличен на неа, почнете да вежбате, но не сами и не дома. Најдобро би било во група или пак теретана, некаде каде што нема да изгубите мотивација и нема да престанете.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom