Сколиоза - Општо за неа и совети за лечење

Член од
12 мај 2014
Мислења
1.007
Поени од реакции
1.799
Јас сум физиотерапевт имам слушано за Туран и работи на брахијален-сплет главно и официјално "киропрактиката" влегува како признаена струка во мк и киропрактичарите ке немора да се кријат повеке. Исто така и акопунктурата пред еден месец добивме за ова информација од примариус.*Стојановска-физиатар во козле прво и самата беше против а сега и самата ги поддржува дека ке бидат признаени од стана на Министерство за здравство.Како се врти бакарданикот така и вработените. позз. Имам борба уште 2 семестри:duel:
Па добро он не се ни криеше ко што знам, многу луѓе го знаат и знаеја кај му се наоѓа ординацијата. И добро или лошо имаш слушнато за него? И што мислиш ти за корсетот, ако тоа спаѓа во твојата област?
П.С Со тебе сме во твојата борба, ама искрено се надевам дека нема да имаме потреба да доаѓаме кај тебе:D. Ако веќе дојде до тоа, знаеме дека ќе те најдеме на форум:D
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.502
Поени од реакции
11.570
Година дена по смртта на 9 годишната Тамара Димовска, родителите на децата кои боледуваат од сколиоза и понатаму се оставени на милост и немилост на околностите, а единствен спас за своите деца наоѓаат во приватните донации.

Очигледно самопрогласениот менаџер кој ја загрева министерската фотеља во министерството за здравство, сеуште е презафатен со штедење пари, додека болните умираат поради недостиг на терапија, лекови, или уште полошо, поради неточна дијагноза.

http://www.24vesti.com.mk/dva-novi-sluchai-kako-malata-tamara

Два нови случаи како малата Тамара

09.02.2016 | 16:44

Ханета Салиу има 11 години и боледува од сколиоза. Ја има истата дијагноза како и малата Тамара која пред една година почина чекајќи ја помошта од институциите. За животот на Ханета смртно е исплашен нејзиниот татко. Тој стравува дека ажурноста на институциите ќе потфрлат и нема да ги добие средствата за третата операција на своето чедо. Од Фондот не неколкупати бил одбиен со образложение дека станувало збор за вродена мана.



Ханета на операција во Анкара треба да замине за две недели и дотогаш во својот дом во скопско Нерези секојдневно прави третмани како подготовка за операцијата. Според турските лекари девојчето мора да го направи хирушкиот зафат годинава бидејќи постои ризик засекогаш да остане неподвижна. Во Турција Ханета досега имала две операции. Едната на колкот, а другата на оштетен нерв, сега турските лекари треба да ги оперираат ‘рбетните пршлени.

Со истиот проблем - искривување на ‘рбетот се соочува и малата Ивана Прочкова од Богданци. Операцијата на 9-годишната Ивана чини 50 000 евра и треба да се направи во Неустад Германија. Семејството на малата Ивана бидејќи не е во состојба само да ги собере потребните средства отвори број за донации.

Од Фондот за здравство одговорија дека и за двата случаи нема добиено конзилијарно мислење и затоа се закажани прегледи во петок на Универзитетската клиника на ортопедија каде лекарите ќе го дадат својот наод и стручно мислење. И во двата случаи од Фондот соопштуват дека родителите немаат поднесено барање за лекување во странство и доколку ги поднесат потребните документи Фондот максимално брзо ќе одговори доколку лекувањата се конзилијарно потврдени со соодветните клиники и во согласнот со законските прописи.


Христина Новевска
 
Последно уредено:

Mr.Bear

"The prince of darkness is a gentleman!"
Член од
14 декември 2010
Мислења
128
Поени од реакции
118
Каде можам да набавам квалитетна ортопедска столица?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom