Misery
30% off
- Член од
- 3 април 2011
- Мислења
- 1.598
- Поени од реакции
- 2.394
Носи го корсетот, ама ако ти прави рани одма пријави кај ортопедот/физиајатарот кој ти го препишал. Исто така ако започне да ти притиска на гради (често кај женски лица во пубертет) пријави.Не сум била досега информирана за искривувањето сколиоза. Но,пред 2 недели ми беше дијагностицирана сколиоза. (само не ми кажаа кој степен е).Бев во болницата во Велес кај доктор Киро Марковски. Ми кажаа да носам корсет постојано до Мај другата година. Сега чекам потврда од лекарска комисија да го одобри помагалото. Гледам многу од вас се жалеле од корсетот дека правел рани. Е сега дали е така навистина не знам. Сепак, имам 14 години и сакав да прашам дали може да се излечи со помош на корсетот.
Со оглед на тоа што имаш 14 години - голема е шансата за успех од третманот, ако не со корсетот после одреден период ќе ти препишат и вежби, само биди упорна и следи ги инструкциите и ќе биде.
Секојдневно вежбање и масажи е физикална терапија, не е дека жената магии ти правела.Корсетот не помага!!! Сум носел еден куп корсети и само може да ти наштети. Операција никако, бидејки ако останало нашиве неспособни доктори операција да те прават на р'бетот, голем процент е дека и парализиран ќе останеш.
Единствен спас е вежбањето, но не на "физикални терапии" и не вежби од интернет. Има една жена одев порано кај неа и за 3 месеци ми го исправи р'бетот(потврдено од ортопед) со секојдневно вежбање и масажи. Се вика Лазаринка, во Штип се наога. Ако неможете да ја најдете неа или некој сличен на неа, почнете да вежбате, но не сами и не дома. Најдобро би било во група или пак теретана, некаде каде што нема да изгубите мотивација и нема да престанете.
Има поспособни и понеспособни физијатри и физиотерапевти, ама физикалната терапија како таква е најдобрата шанса за намалување на сколиозата.
Вежбање во теретана не е воопшто препорачано кај сколиози без претходно некој да ги обучи, мошне лесно ќе си влошат состојбата. .