Ски центрите во Македонија прескапи

pap

Член од
18 април 2007
Мислења
12
Поени од реакции
4
Kako i 90% od tie sto odat na zimski odmor taka i on odi da se modernise i da bide viden. Skijanjeto e samo izgovor deka uziva vo nego.
 
Член од
6 септември 2009
Мислења
2.553
Поени од реакции
841
Многу е скапо, ебаго.

За наши услови е доста скапо. Шапка има најубави стази овде, но е многу скапо.

Дневна карта е 800, полудневна 600 денари, а сезонска е 12 000 денари, што е многу е многу. Среќа ја не скијам,па кога идам горе само да се прошетам, да пивнам и толку.

Заклучок : Скијањето е скап спорт и не може секој да си го дозволи.
 

B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
Многу е скапо, ебаго.

За наши услови е доста скапо. Шапка има најубави стази овде, но е многу скапо.

Дневна карта е 800, полудневна 600 денари, а сезонска е 12 000 денари, што е многу е многу. Среќа ја не скијам,па кога идам горе само да се прошетам, да пивнам и толку.

Заклучок : Скијањето е скап спорт и не може секој да си го дозволи.
Ако на Шапка ти е скапо скијањето да не правиме муабет за другите ски центри. Шапка со тоа што може да го понуди таа цена е пристојна.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.614
Поени од реакции
10.863
дечки ај чим сте буквалисти, терајте си на пасење...поз "скијачи"
 
Член од
26 април 2010
Мислења
501
Поени од реакции
21
Преценувањето на себеси и своите квалитети во туризмот не поминува.Од надвор се бара квалитет и според него и цени.Овие претерувања доаѓаат поради алчноста на оние кои ги нудат дестинациите - преку ноќ сакаат да заработат вреќе пари.Е тоа не може.Штетата вака само е поголема!.:toe::jaj:
 
С

Спенсер

Гостин
Дечки,некој да не знае овогодинешни цени?? Каде да прашам??? Дневна карта и изнајмување скии?
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Интересот годинава е опаднат. А се прашувам кога Кожув ќе стане барем пола од тоа што се најавуваше со години вака секоја сезона пропаѓа ако Маврово е нешто и во однос на цена и во однос на два ски лифта тогаш не знам за што збориме
 

B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
Дечки,некој да не знае овогодинешни цени?? Каде да прашам??? Дневна карта и изнајмување скии?
Можам да ти кажам за шапка само 800 денари дневен 600 полу дневен билет изнајмување скии 400-500 ден зависи од скиите.
 
С

Спенсер

Гостин
Можам да ти кажам за шапка само 800 денари дневен 600 полу дневен билет изнајмување скии 400-500 ден зависи од скиите.
Бев у Маврово денес :) 500-600денари скии,преку недела дневна карта е 850, а за викенд 1150 :)
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Бев у Маврово денес :) 500-600денари скии,преку недела дневна карта е 850, а за викенд 1150 :)
Да ти доловам атмосфера... грција имаш олимписка патека од 3 километри, 10 ски лифта, а на една патека од 1 километар прат снег со топ. Дневна карта 10 евра, сезонска 100 евра, за сите лифтој и жичари. Ски центарот е на 40 км од Битола. Ебати и Кожуф и Шапка и Маврово. Одам Грција и ич не се замарам. Овие кај нас, кај претеруваат со картите кај Т немаат од топ... шо ако му текни на дедо Боже и недава снег да заврни цела зима а си извајл сезонска?
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Сите во Банско13:11 | 31 јануари 2011 ПЕТРЕ ДИМИТРОВ
Зимска сезона


Неконкурентните цени, невложувањето во инфраструктурата и пристапот до зимските туристички центри и годинава на туристичките работници не им ги донесоа посакуваните гости и заработувачка. Кајмакот го собира Банско, зимскиот туристички центар во соседна Бугарија

Банско, родното место на Никола Вапцаров и местото каде што Гоце Делчев извесно време работел како учител, за кратко време стана еден од најпознатите ски-центри во регионов. Во што е тајната на неговиот успех? Градот, сместен на источните падини на планината Пирин, важи за место со најголеми инвестиции во туризмот во Бугарија и пошироко. Ски-центарот има 75 километри ски-патеки и може да опслужи околу 24.500 луѓе. Опремен е со жичарници и ски-лифтови долги 27 километри и 17 патеки. Тие се со врвен квалитет и се голем предизвик и за професионалните скијачи. Една од нив е и патеката „Томба”, која е во сопственост на легендарниот италијански скијач, Алберто Томба и бара врвно познавање на овој спорт за да може да се помине. На истата патека се одржува трка од Светскиот куп во алпско скијање. Ски- центарот располага со многубројни хотели со спа-центри, бањи и сл., со капацитет од 17.000 легла.
Овој зимски скијачки центар ги привлече туристите, и со ниските цени оформи група од огромен број редовни посетители. И покрај тоа што последниве години, цените почнаа да растат, барем кога се во прашање гостите од регионов и Македонија, Банско сè уште е дестинација број еден. Дневната ски-карта за сезонава чини 28 евра, а за седум полупансиони, просечната цена изнесува околу 280 евра. Аранжман за неколку дена може да се добие и за цена од 99 евра.
„Пред сè поради конкуретните цени, најголем интерес, и годинава, за зимување има за Банско. За љубителите на скијањето, Банско е број еден, а баран е и Боровец”, велат од струмичката туристичка агенција „Атлантис”.
Истото го констатираат во речиси секоја позната туристичка агенции во земјава.
„Банско успеа да се наметне не само над нашите туристички центри, туку го претрка и Копаоник. Како и минатата година и оваа сезона нашите туристички центри се засенети од Банско. Поисплатливо им е таму, а и понудата е побогата”, велат од туристичката агенција „Орфеј”.
Туристичките агенции ретко имаат понуди за Маврово, Попова Шапка, Пелистер или Кожув, бидејќи велат дека нема никакво интересирање за нив. „Домашните ски-центри ни се на дофат на раката, па заинтересираните одат во сопствена режија”, велат од агенциите.

НИ ИНВЕСТИЦИИ, НИ СНЕГ

Неконкуретните цени на нашите зимски, но и на летните туристички центри не се единствената причина поради која не му оди на македонскиот туризам. Неинвестирањето во инфраструктура и пристапот до туристичките центри се суштината на нивниот неуспех. Ситните поправки нема да донесат гости, коментираат експертите.
„Нашиве туристички центри секогаш имаат причина зад која го затскриваат својот неуспех. Ако нема снег, тој е виновен. Ако им снег, нема патишта”, вели Арсение Јаневски, од турстичката агенција „Компас”.
И покрај тоа што сезонава некои од нашиве зимски туристички центри решија да ги намалат цените, почетокот на сезонава им го упропасти немањето снег. И покрај тоа што информациите од Управата за хидро-метеролошки работи се оптимистички по оваа прашање во периодот што следи, загубите веќе се книжат. Сезоната официјално почна од 15 ноември, а веќе сме во фаза на врвот (периодот од 25 декември до 31 јануари). Во зависност од снежните врнежи, сезоната на зимски спортови може да трае и до средината на април.
„Немањето снег си го направи своето. Исполнетоста на капацитетите е половична, а лошо поминавме и за новогодишните и божиќните празници”, вели Огнен Циговски, директорот на ски-центарот „Заре Лазаревски” во Маврово.
Според актуелниот ценовник ски-картата за пет дена овде чини 4.600 денари за возрасни, и 3.300 денари за деца.
Слична е и состојбата во најстариот скијачки центар на Балканот, Попова Шапка, каде што првиот планинарски дом на Балканот се изградил во далечната 1934г.. Таму доправа се очекува некаква заработувачка од најавените врнежи на снег.
„Во текот на изминатите месеци, Друштвото за угостителство и туризам кое раководи со овој скијачки центар, работеше на реновирање на сместувачките капацитети и подобрување на инфраструктурата за скијање. Од годинава имаме и нов ски-лифт и нови бачила за одмор на скијачите. За скијачите од големо значење е тоа што е оспособен ски-лифот на скијачката патека Церипашина, која се смета дека е една од најдобрите”, велат од друштвото за угостителство и туризам „Попова Шапка”.

СКИ ЦЕНТАР „КОЖУВ”-ПРИМЕР ЗА СИТЕ

Договорот за стратешко партнерство со групацијата „Селект контракт”, склучен во октомври минатата година, на најмладиот зимски туристички центар (почна со работа пред две години) во земјава ќе му донесе инвестиција од 200 милиони евра во следните три години. Природните убавини и близината до Егејското Море се главните адути на овој ски-центар. Од ски-центарот „Кожуф” велат дека е завршена примарната инфраструктура, а во периодот што следи треба да се изградат вкупно 200 илјади метри квадратни простор. Дел од нив ќе бидат хотели и апартмани, а дел дуќани и маркети. Во план е и изградба на катна гаража, а на врвот на гаражата ќе има голем супермаркет. Во планот на групацијата која сега менаџира со Кожув се предвидени 16 хотели, од кои четири со пет ѕвезди, 7-8 хотели со четири ѕвезди и два до четири хотели со три ѕвезди, со кои ќе менаџираат светски хотелски синџири. Според проекциите и плановите на стратешкиот инвеститор, предвидена е и изградба на хелиодром за да има побрз и полесен пристап до ски-центарот. До Кожув од солунскиот аеродром со хеликоптер ќе се стигнува за 12 минути, а на хелиодромот ќе има и царинска контрола и контрола на пасоши. Ски-центарот сега располага со два ски-лифтови, еден шестосед, ресторан, бачило, 16 апартмани и 16 километри ски-патеки.
И како во секоја македонска туристичка приказна, најголемиот проблем е пристапот до овој центар. Стигнувањето до таму е вистински предизвик. Ветувањето на државата дека ќе го изгради регионалниот пат во должина од 17 километри, кој го поврзува центарот со селото Смрдлива вода, сè уште не е остварено, иако требаше да биде готов минатата година.

http://www.time.mk/read/fd9ea575df/ccefa0924b/index.html
 
С

Спенсер

Гостин
а превоз до ски центриве има ли??? поточно за Маврово ми треба... кобме/автобус,што било :)
 
M

macgowan

Гостин
Znaci Mavrovo ista prikazna so cenite na skikartite.A mene mi velea `gi namalile`!
Da dade gospod ski centarot Kozuf da stane kako so treba,konecno nesto da mrdni vo MK.Dotogas Vigla ke odime nie od Pelagoniskiot kraj,ko lugje da skijame - kartata e 15eur za vikendite.
Bev pred nekoe vreme vo Bansko,se iznaskijav kako covek i alal da im se parite,so da recam drugo!
 
Член од
1 декември 2011
Мислења
2.680
Поени од реакции
3.053
Abe, godinava kolku e ski karta u Mavrovo?
Utre na ekskurzija treba da idam -.-
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Не знам зошто воопшто постојат кога владата советуваше да не се оди во зимските центри кога падна снегот, мислам дека имаше и некоја неофицијална забрана.
Што убаво ќе беше да се можеше во лето да се скија кога се чисти патиштата и нема снег.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom