Ски центрите во Македонија прескапи

M

marsovka

Гостин
Море што се замарате..скопје има водно има ридови.
Ајде да замеме санки и скии и по нив да се санкаме и скијаме
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
A, зарем некој може некако да им влијае на приватните сопственици за цените, кога и покрај тие цени прават пари како луди? Принцип не принцип, на кој му се оди, а може да си дозволи, ќе појде... : )
Баш затоа. Meне лично посреќен ќе ме направи да искористам 500 евра за нешто друго, отколку за 7 дена на Маврово : )
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
А сепак капацитетите се преполни...
Не се воопшто.
Се жалат дека нема туристи. Па нормално ќе нема.

Лани задоволни биле само крушевчани. Тој ски центар е најевтин и плус сите знаеме зашто македонците лани најмногу одеа во Крушево а и годинава ќе е така.

А бев лани во Маврово на викенд и беа многу разочарани поради слабата посетеност. А годинава не им дојде памет. Кажаа на вести прееска дека 10% се зголемени цените.
Не знам што сакаат да постигнат али ако им е.

Еден зимски одмор доаѓа како 2 летни просечни одмори.:nesvest:
 

rossoner stefan

Модератор
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.770
Поени од реакции
192
Што е прескапо е прескапо....ке тераат вака уште некоја година...скапи цени полни капацитети(мада мое мислење е дека најголем дел од туристите се странци)..а после ке доживеат исто сценарио ко Европското во ракомет...6.000 за финале...е празна сала...епа ке има и празни терени.
 
Член од
18 септември 2007
Мислења
2.547
Поени од реакции
33
Создава револт цената. И да имам да платам не би отишла ако знам дека истите пари можам да ги искористам за нешто подобро. Не дека зимскиот одмор не би бил добар, но што е многу - многу е!
Доколку не ги смалат цените ќе имаат слаба посетеност. Немаме ние европски плати за да можеме да се расфрламе со пари.
 
Член од
4 јануари 2009
Мислења
11
Поени од реакции
0
Шо е скапо скапо е а башка шо нај солиден ски центар у Македонија е Маврово, другиве ски центри шо ги наброја н работат пелистер нема стаза нема нишо само Маврово е онака солидно а скапо е и неаме избор воопшто.
 

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Скијањето полека станува спорт и сатисфакција само за оние побогатите.Со една просечна плата едно четиричлено семејство може само да сонува да отиде на викенд а не па на целосно зимување.Дневна карта е 1100 денари што е премногу за џебота на македончето да си пружи едно такво задоволство.Нормално е дека ќе има огромна посетеност од туристи бидејќи за нив и не е така скапо.А македончето и понатаму ке се надева дека ќе падне снег и ке си се санка пред врата..
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Ја ролерки и скии мрзам:wink: Инаку... Среќа што не сум страственик по скијање, инаку ќе банкротирав.
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
3.000 скијачи дневно во Маврово

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Скијачката сезона во Маврово, која почна на 22. минатиот месец, ќе биде најдобра во последните неколку години, тврдат од ски-центарот "Заре Лазаревски".
Деновиве дневно на трите жичарници и на 11 ски-лифтови минуваат над 3.000 скијачи, а хотелите и приватните куќи се преполни. Иван Симески, директор на скијачкиот центар "Заре Лазаревски", вели дека годинава скијачката сезона многу добро почнала и оти и самите се изненадени од бројот на туристи што доаѓаат дневно. Тој објасни дека најмногубројни се домашните скијачи, но оти има гости и од Србија и Албанија.
"Годинава и времето не послужи, бидејќи во Маврово веќе има снежна покривка од 60 сантиметри, а деновиве се очекуваат и нови врнежи. И самите сме изненадени од олку големиот број скијачи", вели Симески.
Дневната карта за жичарниците и на ски-лифтовите чини 1.100 денари, а картата за деца до 12 години е 750 денари. Жичарниците и ски-лифтовите работат секој ден од 8.30 часот до 15 часот. Симески објаснува дека билетите за возрасни годинава ги покачиле за 100 денари, а за деца за 50 денари поради поскапувањето на струјата.


Заклучок: Не се прескапи!
Штом има над 3000 скијачи дневно кои треба да издвојат 1100 денари, а децата 750 одлично е.
Значи македончето има пари и ќе оди да скија :vozbud: на европски терени со европски цени :vozbud:

Догодина задоволни од оваа сезона ќе бидат картите уште поскапи.
[/FONT]
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Можеби не ни целат на домашни туристи, ништо чудно да се јавила поголема заинтересираност од страна од која сакаат да заработат повеќе.

Ќе видиме дали ќе им се исплати коцкањето, почекајте уште малце... доколку нема да има заинтересираност, ќе ги симнат цените.

Но, инвестициите во зимските центри се огромни, а снег има во краток период.
Нема шанси инвестицијата да се врати во една сезона.
Не заебавај... :))) Странците ќе ги прескокнат Алпите, Словенија, Хрватска и Копаоник, за да дојдат на Маврово? :) Цените се горе-доле исти, ама Маврово е улична лизгалница во однос на овие наведените...

Последна цена која јас ја имам платено во Маврово за скијање беше 200 денари целодневна....200 ДЕНАРИ!!! На Шапка незнам како е ама јас не би да одам на сскиање за толкава цена, колку да се курчам кај познаниците „ете можам да си дозволам да фрлам толку пари“...Можам, ама шипак!
 

noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
Од психолошки аспект, не знам дали ски центар може да предизвика емотивна реакција кај човек, ама мене ова Маврово толку ме нервира да не можам да објаснам. Шо им е на нив бе? Си мислат Аспен дека се... Ама ако, додека има овци (читај: тикви покондирани што сакаат да ги има на Ексклузив), ќе има и в‘на... Си знае фино вчера збогатената раја дека ако отидат во Бугарија или Србија на скијање никој нема да ги сними, па оттаму знае и кај да отиде.

И немојте сега одма со оноа: “подобро во Македонија да трошам пари него на друго место“ зашто не држат вода. Тоа на странците ќе им дигате цени. Нели сме си наши, Македонци, тогаш зашто да се крадеме еден со друг?

А тоа што квалитетот на ски-центарот во Маврово и на тие на други места не се споредува е прича за себе...
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Нездрави... Што е премногу, премногу е!

Еве ви краток осврт за Пелистер и неговите запустени ски ценри:

На Пелистер има 2 патеки Ниже Поле и Молика.
Молика е патеката до хотелот Молика. Супер патека со одлична жичара-двоседалка, која не работи веќе 5 години поради немање средства да го сменат главниот кабел. Патеката е опасно стрмна, така да почетници неиди во обзир да скијаат. Но, поради негрижата, на патеката веќе пораснаа борови молика кои се високи по еден метар.

На Пелистер, единствената патека која е способна за работа (Ниже Поле) е во сопственост на ј.п. Стрежево. Дневна карта чини 300 денари, а сезонска за средношколци е 2.500, за возрасни 3.000 денари. Но, од друга страна местоположбата на која се наоѓа, и одржувањето се катастрофа. Местоположбата горе долу и не е толку лоша, но цел ден е на сонце. Снегот денеска веќе и го снема!

За одржувањето не зборувам. Одиш на скијање на половина од патеката (која патем е 700 метри :() се расипува ски-лифтот, и му треба цел ден да го поправат. Тоа се случи во вторникот, отидовме во 9 ски-лифтот проработе дури во 1 (а во 2 и 30 ја сопираат) а на крај бараа целодневна карта. Кој здрав би платил? Кога ке поразмислиш, одам два дена за да скијам (две дневни карти 600 денари).

Во средата, пак, ски лифтот беше ок (денес пак се расипа) но имаше проблем со капацитетот. Има капацитет од 900 скијачи на час, на патеката беа околу 300 со тоа што да се качиш ти требаат 7-10 минути, да слезеш 2-3. Се направи гужва, па и ред по 15-20 минути да чекаш. И пак ништо од скијањето. Да не спомнувам за некој познаник на чичкото што контролира карти кој скија преку ред или децата кои се учат по патеката и треба да внимаваш да не собереш некое, бидејки воопшто не гледаат дали одгоре доаѓа некој засилен или не.

И кога ке поразмислам, подобро би платил дневна карта во Маврово, каде што ке се качам како човек, и како човек ке слезам + кеиф ке направам отколку да си играм играчки натаму наваму. Ке платам, ама барем знам што плаќам.
 

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Стварно ја претераа :( Колку ми се иде само, а неможам... Секоја година се` поскапо, и секоја година наоѓам начин да отидам, ама ова е претеризам... Не е фер... Кожуф се поефтини ама патот до таму у пм... Крушево е исто ефтино, бев сега, ама еден скилифт е само, се чека по 10 минути ред, а има стазичка што се спушта за 15 секунди.... Уопште не се исплати.... За другиве незнам ама сигурно не се нешто боље... Глупости... Идиоти се....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom