Ски центрите во Македонија прескапи

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
На зимување во Македонија може да одиме во Маврово, Попова Шапка, Пелистер, Крушево и новиот ски центар Кожув.

Но дали македонците можат да си дозволат зимување во овие ски центри?

Годинава картите во ски центарот Маврово се прескапи. За другите ски центри не ја знам точната цена, но во Маврово дневна карта за ски центарот чини 1100 денари, додека годишна над 20 000.
А плус скии, плус сместување, плус јадење.

Не е тоа премногу за нашиве услови и македонските плати?
Само високата класа може кај нас да оди на зимски одмори.
Сами си создаваме цени кои се превисоки и недостижни за македонскиот народ. Така да ски центрите ќе бидат полни од неколку странски туристи, а обичниот народ ќе сонува само за снег, планина, скијање и уживање.
Кога цените би биле пониски сигурно би имале и поголема посетеност и поголем профит.
А вака фураат само европски цени на неевропски граѓани.
 
Стварно се занесуваат неам отидено на зимување 6-7 години сигурно.ако идам би идел во странство на овие апашиве да им даам пари нема шанси боље дома ке седам не одам за инат не дека неам пари.Ке идам ко ке ги намалат цените да моеш и со друштво да отидеш.
 
Скијањето од секогаш, и секаде било скап спорт.
Мене лично цената не ми претставува толкав проблем, колку што ме иритира услугата, односно она што го добивам за моите пари.
Што добиваш за тие 1100 денари во Маврово ? Стаза за пола минута возење, и огромна редица ?
 
Не се нормални. За еден викенд-провод во македонски ски центар, треба да си оставиш пола (или цела) плата. Пази да не им отиде некој со здрав разум. Пат, бензин, сместување, ски-карти, опрема... Луда работа. Поисплатливо испаѓа да тркнеш до Бугарија на зимски одмор, отколку да отидеш на Кожув или Маврово еден викенд. Шупаци. Мислат така, за една сезона се враќаат инвестиции. Е курац, дур не се освестат нема да има посетеност.
 
Се согласувам со Acid. Наместо да направат поефтино да е, да идат луѓе од сите категории, па и странци ќе можат некако да привлечат, а не само наши. Се знае дека Македонија има планинчиња и услови за развој на зимскиот туризам. Ама не вака. Не знам што е работава. Скапо = малку луѓе. Ефтино (релативно) = појќе луѓе, а то значит дека, иако ти е поефтино, ќе извадиш појќе пари.
И нормаално, вака, поефтино е да појдам во Бугарија со скии, отколку во Македонија. Во тој случај си предавник, ваков или никаков. Аба аманннннн
 
Скијањето од секогаш, и секаде било скап спорт.
Мене лично цената не ми претставува толкав проблем, колку што ме иритира услугата, односно она што го добивам за моите пари.
Што добиваш за тие 1100 денари во Маврово ? Стаза за пола минута возење, и огромна редица ?

Ееееее исто! Маврово го направија незнам шо. Го држи господ за муда! За годишната карта слушнав дека е 16000 ама не сум многу сигурна.:toe:. На Попова е поефтино, околу 700 денари било.
 
Скијањето од секогаш, и секаде било скап спорт.
Мене лично цената не ми претставува толкав проблем, колку што ме иритира услугата, односно она што го добивам за моите пари.
Што добиваш за тие 1100 денари во Маврово ? Стаза за пола минута возење, и огромна редица ?
Па не баш. Ако си повозрасен, сигурно ти текнува колку беше ски-карта пред десетина години, а платите беа исти. Тогаш беше најнормална работа да тркнеш за викенд на Маврово или Шапка и да скијаш, секој можеше да си дозволи.

Работата е што некој ги купил ски-центрите, инвестирал, и сака многу брзо да си ја врати инвестицијата. Затоа, нек се ебат со вакви цени, не одам.
 
Затоа повеќе од 3 дена не седам Маврово :icon_lol:
 
Епа тоа е. Кој може да си дозволи нека појде кој не, здравје, нека собира пари за следна година. Не е задолжително.

А за споредбата погоре Мистичен шо ја направил за ски картата со од пред 10 год, те молам, кои цени се исти со од пред 10 год па и таа да биде?

Кога цените би биле пониски сигурно би имале и поголема посетеност и поголем профит.
А вака фураат само европски цени на неевропски граѓани.

А сепак капацитетите се преполни...
 
Леле,не сум знаел дека цените се волку скапи.Планирав оваа зима да одам на викенд у Кожув, ама ако се вака скапи картите,тешко дека ќе одам.
Каде е рачунот?Карта,скии,превоз,храна и сместување.Испаѓа дека треба да земиш кредит за да одиш на зимување.:jaj::jaj:
Него на вестите кажаа дека во Маврово вриело од народ,исто така имало и доста туристи.:uvo:
 
Епа тоа е. Кој може да си дозволи нека појде кој не, здравје, нека собира пари за следна година. Не е задолжително.
Ja можам да си дозволам, ама не сум глуп.

А за споредбата погоре Мистичен шо ја направил за ски картата со од пред 10 год, те молам, кои цени се исти со од пред 10 год па и таа да биде?
Пред 10 години, ти уште си имал млечни заби.. Така да, колку и да не се исти цените на другите производи/услуги од пред 10 години, не можеш да се сеќаваш дека ски картата од тогаш е поскапена не дупло, туку за 1.000%. Кажи ми еден производ/услуга кој од пред десет години до сега толку рипнал? Бензин? Злато? Платина? Бурек? : )


А сепак капацитетите се преполни...
Eбате капацитетите со неколку стотини туристи капацитет. Секогаш ќе се најдат неколку стотини будали за да ги наполнат преку викенд. Не се работи секогаш за тоа дали нешто можеш да си го дозволиш или не, некогаш е принципот во прашање.

Има и други производи кои се скапи, па не ги купуваш не дека не можеш да си ги дозволиш, туку дека не вредат за парите, нејкеш будала да те прави некој, нели?
 
Можеби не ни целат на домашни туристи, ништо чудно да се јавила поголема заинтересираност од страна од која сакаат да заработат повеќе.

Ќе видиме дали ќе им се исплати коцкањето, почекајте уште малце... доколку нема да има заинтересираност, ќе ги симнат цените.

Но, инвестициите во зимските центри се огромни, а снег има во краток период.
Нема шанси инвестицијата да се врати во една сезона.
 
Eбате капацитетите со неколку стотини туристи капацитет. Секогаш ќе се најдат неколку стотини будали за да ги наполнат преку викенд. Не се работи секогаш за тоа дали нешто можеш да си го дозволиш или не, некогаш е принципот во прашање

A, зарем некој може некако да им влијае на приватните сопственици за цените, кога и покрај тие цени прават пари како луди? Принцип не принцип, на кој му се оди, а може да си дозволи, ќе појде... : )
 
Леле,не сум знаел дека цените се волку скапи.Планирав оваа зима да одам на викенд у Кожув, ама ако се вака скапи картите,тешко дека ќе одам.
Каде е рачунот?Карта,скии,превоз,храна и сместување.Испаѓа дека треба да земиш кредит за да одиш на зимување.:jaj::jaj:
Него на вестите кажаа дека во Маврово вриело од народ,исто така имало и доста туристи.:uvo:

Па фала богу дека ќе има туристи, која плата ја имаат они, кој плата ја имаме ние. И да, кога ќе сумираш стварно за карта, смештај.. така испаѓа. Повеќе ти се исплати да идеш во Бугарија за таа цена отколку овде.

п.с случајно некој да не знае дали од скопје организираат еднодневни превози со комбиња или мини бусеви за до таму? Кои агенции, како се движат цените?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom