Си купив книга

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.704
Поени од реакции
22.125
Ако можам лесно да ги најдам, би ги зел. Да не имаш препорака?
Немам затоа што останатите што не се од Микена не се од еден издавач туку се распределени на повеќе. Затоа и овој можеше како комплет да го земеш, дури и на налепницата уште стои Микена, како ги спакувале така стоеле. Јас сум влегувал во подруми и магацини каде што овие поснабдените препродавачи ги чуваат книгите и сум пливал низ пајажини и прашини за да докомлетирам едиции секако без никаква гаранција дали ќе најдеш се што ти треба или воопшто нешто. Тој пат не верувам дека ќе го одиш. Друг начин е да направиш список со сите останати, да го испечатиш во некои си 10-тина копии да одиш на препродавачите со тезги, дел на кеј на Вардар карши Холидеј Ин, дел на главен плоштад, дел на улица Македонија, дел на плоштадот пред музејот на холокаустот и да им оставиш телефон они тебе да те бараат ама познавајќи ги какви се немам високи надежи. И третиот е да ги бараш книжарите што ги издале да ги исконтактираш дали ги имаат тие книги ама во тврдите копии и дали би ти ги продале тебе. Истите овие Нобеловци беа објавени од издавачите и во меки копии за комерцијална продажба. Во Магор на пример ми рекоа дека имаат од тврдите по неколку копии за архива но дека не ги продаваат додека други како Бегемот на пример ми излегоа во пресрет.
Ама во секој случај нема да можеш со еден потег да ги решиш останатите како што ги реши овие. Како бе не ти дадоа попуст за 3 комплета?
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.220
Поени од реакции
35.824
На Блага и викам за 500 Незнаење и Проштален валцер. Вика, не благодарам :D
проштален валцер го продава по иста цена како реизданието во Литература, а Незнаење како да е од книжарницата на Рекорд :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.793
Поени од реакции
33.608

Мене не ми се од кај Блага. Она бараше 300 за која било од Кундера. Овие ги зедов по 250 (Бавност и Незнаење) а 300 за Книга за смеата и заборавот.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.220
Поени од реакции
35.824
Мене не ми се од кај Блага. Она бараше 300 за која било од Кундера. Овие ги зедов по 250 (Бавност и Незнаење) а 300 за Книга за смеата и заборавот.
Мене малце ме накурчи зашо глеам во четот дека претходно лани за Проштален валцер и Незнаење ми дала пониски цени а сеа истите ми дава други повисоки, епа викам Ај ќе се ценкаме :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.793
Поени од реакции
33.608
Мене малце ме накурчи зашо глеам во четот дека претходно лани за Проштален валцер и Незнаење ми дала пониски цени а сеа истите ми дава други повисоки, епа викам Ај ќе се ценкаме :D
Еднаш и мене така ми направи, ама и пререков и ми ја даде по старата цена што ми ја кажала. Не се сеќавам за која книга беше.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.159
Поени од реакции
25.650
Немам затоа што останатите што не се од Микена не се од еден издавач туку се распределени на повеќе. Затоа и овој можеше како комплет да го земеш, дури и на налепницата уште стои Микена, како ги спакувале така стоеле. Јас сум влегувал во подруми и магацини каде што овие поснабдените препродавачи ги чуваат книгите и сум пливал низ пајажини и прашини за да докомлетирам едиции секако без никаква гаранција дали ќе најдеш се што ти треба или воопшто нешто. Тој пат не верувам дека ќе го одиш. Друг начин е да направиш список со сите останати, да го испечатиш во некои си 10-тина копии да одиш на препродавачите со тезги, дел на кеј на Вардар карши Холидеј Ин, дел на главен плоштад, дел на улица Македонија, дел на плоштадот пред музејот на холокаустот и да им оставиш телефон они тебе да те бараат ама познавајќи ги какви се немам високи надежи. И третиот е да ги бараш книжарите што ги издале да ги исконтактираш дали ги имаат тие книги ама во тврдите копии и дали би ти ги продале тебе. Истите овие Нобеловци беа објавени од издавачите и во меки копии за комерцијална продажба. Во Магор на пример ми рекоа дека имаат од тврдите по неколку копии за архива но дека не ги продаваат додека други како Бегемот на пример ми излегоа во пресрет.
Ама во секој случај нема да можеш со еден потег да ги решиш останатите како што ги реши овие. Како бе не ти дадоа попуст за 3 комплета?
Ах, тешко да истерам такво нешто до крај, ќе го баталам на пола...

Инаку, веројатно не дадоа, зошто не инсистиравме. А не инсистиравме, зошто ми набија на совест дека парите што ќе ги заштедам не дека ќе го потрошам на нешто попаметно.
 
Член од
22 август 2006
Мислења
494
Поени од реакции
1.000
Дали некој ја има само првата книга дупликат или за продавање (Бедни луѓе и Двојник мислам дека се во таа книга) од комплетот на Достоевски на македонски со тврд повез од 80та?
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
Мишулин е тежок подпросек. Учебниците по историја за средно имаат повеќе информација.
 
Член од
19 април 2014
Мислења
407
Поени од реакции
1.135
Мишулин е тежок подпросек. Учебниците по историја за средно имаат повеќе информација.
Ја имам читано во средно и ми беше многу интересна, лесно четиво е нафрлани се општо познати информации за неколку стари цивилизации. Инаку ја добив на подарок со направената нарачка. Не е купена ама исто како да е.

За оваа од Робер Фласелјер прочитав многу позитивни критики на goodreads. Ја разлистав и изгледа како добра историографска книга.

Третата од Ј. Борза ја меркав уште како студент пред 4-5 години ама на плоштад ја продаваа околу 1000ден а тогаш и книга од 400дeн ми беше прескапа, кога ја видов за 500ден викам сега е шансата. Малку е оштетена од влага ама небитно.
Инаку Ј. Борза е еден од ретките историчари од странство кој ја застапува теоријата дека Македонците и Грците се различен народ.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom