- Член од
- 18 ноември 2007
- Мислења
- 609
- Поени од реакции
- 41
Оди смирено низ шумот и забрзаноста, помисли на мирот кој се наоѓа во тишината... Колку што е можно биди во добри односи со сите луѓе ... Кажи ја својата вистина мирно и јасно и слушај ги другите , дури и глупавите и неуките ,имаат своја приказна. Одбегнувај ги гласните и агресивните , тие се товар за душата ... Ако се споредуваш со другите можа да станеш разочаран или горд затоа што секогаш ќе има поголеми и помали од тебе ... Радувај им се на своите достигнувања ,како и на своите планови . Задржи го ентузијазмот за својата професија, колку и скромна таа да е , тоа е вистинско богатство во овие променливи времиња...... Биди претпазлив во својата работа ,зошто светот е полн со лага ... Но нека тоа не ти попречи за да осознаеш колку чесност има . Многу луѓе тежнеат кон високи идеали и сегде животот е полн со хероизам.... Биди тоа што си биди свој ...
Особено немој да се преправаш дека сакаш. Но не биди ни циничен спрема љубовта, бидејќи и покрај сите свои разочарувања , таа е вечна како тревата. Спокојно прими ги искуствата на годините, складно напуштајќи ги нештата од младоста. Негувај ја духовната сила за да те заштити од неочекувани несреќи... Но не растажувај се самиот себе си со измислени нешта . Многу стравувања настануваат од замор и осаменост . Освен одржување на здрава дисциплина биди благ спрема себе.
Ти си дете на вселената, ништо помалку од дрвјата и звездите. Имаш право да бидеш тука. Дали ти е тоа јасно или не ,нема сомнение дека вселената се развива како што би требало.
Значи биди во мир со Господ, како и да го замислуваш и независно од тоа каква ти е работата и какви ти се аспирациите во шумниот врвеж на животот, задржи го мирот во својата душа. Покрај сета нечистотија , жалење, срушени сништа,ова сепак е прекрасен свет... Биди внимателен ..
Обиди се да бидеш среќен !